Види ги ти нив, дискусија си развиле на сметка на нечија неписменост Озбилно ова, имам гледано кај другарка нејзина оставала коментари и со 4чиња и 6ки напишано беше Така да нема шанси овде да пишува, јас ќе бидам прва што ќе и се изнасмејам, без да знам дали е таа или не е 20 годишна, уште со 4чиња пишува. Фуј. Едит, во контекст на насловот "можна пријателка". Никогаш нема да бидам пријателка со некој што пишува со четворчиња, одма тие луѓе ми е јасно дека се прости и нема зошто да контактирам
4 и 6 се користат многу во бугарското јазично подрачје нема врска од која возраст си,меѓутоа кај нас не пасува на јазикот,многу ретардирано ми делува....Лигушки некако.... П.С. Се извинувам за офф топиков но морав да го искоментирам ова,на врв на јазик ми стоеше..Ќе ме гушеше ако не го кажев
Лелееее која иронија би била тоа бе...Уствари нели тие таквите се зафатени со апашки дејности,имаат ли време да разврзат некој нормален муабет??...ХМММММ... ..Сепак не,кој е бре тој што ке им објаснува нив што е тоа форум воопшто
Хахахах баш би било интересно.Вистински парадокс,во вистинскиот живот се мразиме а тука делиме мислења
Оти вие би му дале совет на некоја да се вмеша во туѓа врска ? Јас никогаш не би му помогнала на некоја да се бори за некој што е зафатен... А инаку за другарки по форумов..знам дека неколку мои другарки го читаат форумот овде ама не сум препознала ниедна и не знам дали се зачленети а на фејсбук си ја имам Енца
Za razlika od site vas, jas sum slobodna FREE AS A BIRD , i nema koja da mi zagorci nasto sto ne postoi, no koga bi mi se slucilo takvo nesto.... neznam sto bi pravela, arno se veli NEVER SAY NEVER [mod-kirilica:31mhshuu][/mod-kirilica:31mhshuu]
Не е писмена за да се снајде тука а и веднаш ќе ја препознаам по тоа сељачкиот начин на изразување ни л од Литературно одма ќе се издвои ....
Би било многу иронично. Ама се е можно. До душа, немам соперничка, но би можело да биде и некоја другарка зарем не? А и двете не знаете
Кога дојдов на форумов ама ич немав намера да останам и да пишувам тука, но ме заинтересираа темите, девојките и почнав да пишувам. Кога одеднаш добив една ѕвезда од девојка со име исто како бившата на мојот сегашен дечко, девојка со која тие двајцата биле предолго во врска.... поради што дури и не сакав да почнам со него, бидејќи демек моја логика двајца со предолги врски зад себе нема како да издржат заедно, бла бла, пак и тоа нивното беше толку тазе, девојката можам само да претпоставам дека се измачувала, been there done that и очекував дека секој момент ќе си се смират, па затоа не ни сакав да почнувам... но е се решив поради премногу работи. Дента ги прочитав сите мислења на девојката, потрошив буквално цела вечер останав до прилично касно и се што прочитав така ми се совпадна, таа поминуваше низ нешто слично, пак и по работите што ги сака, толку ме потсети на дечково што бев дури и убедена дека тоа е тоа и во главата си реков крај, јас завршувам со тоа, повеќе немам што да барам со тој човек дури и почнав да се нервирам како сум можела да дозволам такво нешто да се случи, пошто по напишаното испадна тие се пред раскинување али се гледаат повремено и се трудат да си ја оживеат врската. Оф ќе полудев скроз таа вечер, сто пати се фатив за телефонот за да напишам порака и решив да не ја пишувам воопшто да издржам до утредента и да му кажам. Мислам дека таа вечер ми беше најдолга од сите претходни и се осеќав страшно ружно поради се што се случуваше и се случува со тој човек, и баш поради тоа што после претерано долго време е единствениот што ми се свиѓал воопшто, а да не зборам дека тоа свиѓање е прилично уао експлозивно, кога успеав во ист ден кога го сретнав да заборавам на се што било претходно во мојот живот. Ми стана жал за девојката, си се изнаплакав за неа и за себе си цела вечер и наредниот ден сфатив дека сум најголемата идиотка на планетава пошто немало врска, но важно плачев за тебе не се сеќирај ти девојко, али тоа би јас тебе лично некогаш кога ќе се запознаеме. Лудото е што девојката ми е страшно интересна и се уште кога ја читам ме потсетува на тој ден
По се, ништо чудно да е зачленета, стварно. Обично така си оди ова, а јас едно направам, мора да биде и од другата страна сторено. Е аман. Во секој случај, валда нема да и обрнам внимание. Барем меѓу овие кои љубам да ги читам сигурно не е, така што..
Со оглед на тоа дека ги има 1000000 бивши кои си го сакаат назад не ми е чудно некоја од нив да е зачленета на форумов, а и да е ма не се замарам, мој си е!
Можеби нема да бидам во право и ќе речете да ќутам, ама неможам бе ме револтираа неколку постови од темава. Имено, неколку девојки пишаа дека не е возможно соперничката да биде на форумов затоа што е проста, глупава, неписмена, неинтелегентна и незнам уште што. Дајте ве молам да бидеме реални, знаеме дека кога некоја ни е соперничка или ривалка ги преувеличуваме негативните особини, ја мразиме (условно кажано), и доделуваме карактеристики и епитети кои можеби и не се вистинити, но ние би сакале да биде така. Не викам дека можеби вашите зборови не се вистинити, но да не се залажуваме сум била и јас многу пати во таква ситуација.....ние жените сме едноставно такви со наострени канџи (зборови) се нафтламе на она кое го чувствуваме како закана и опасност. Можеби во друга ситуација да сте ја запознаеле соперничката ќе ви изгледала како фина личност Најверојатно има некоја која пишува од ОНИЕ кои му се лепат на тој мојот симпатија, но колку помалку знам толку помалку се нервирам и поубаво ми е така Затоа што психата е опасна работа, читајќи го постот на жапче ме натера да се подразмислам,..... ако имам соперничка овде, немора да знам која е спочерничката и мирна ми глава