Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соперничката како можна пријателка на форумов

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од stella83, 14 јули 2010.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Само да се надоврзам ДУРИ и во случај таа да е неколку скалила погрда и поглупава и уште многу компаративи во негативна конотација :D ТОЈ пак може да ја избере неа бидејќи може е пофина и повеќе има разбирање за него и сл. Ова е трајно како жиг некој врежан за компетитивности и споредби само едно сум сфатила може да извојуваш умствена или интелектуална надмоќ или па физички да си над некоја но тоа не ти гарантира ни повеќе успех ни повеќе среќа од неа, едноставно на љубовното бојно поле во игра е само едно правило - нема правила.
    А од друга страна жени ко жени ќе си најдат заедничка тема може искуства од лечење некоја вагинална инфекција која тој им ја примопредавал наизменично ок ова беше црн хумор ама се‘ е можно :wasntme: .
    И имаат заедничко што имаат ист вкус за мажи и немојте со тие куршуми јас и таа немаме ништо заедничко, а-ха мислете си така :D .
     
    На Acerola, LivingGlam, Bibko и 4 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    :D :worried:
    Бреј, да знаев дека ќе ве ставам во мисла ќе го ставев во спојлерче и минијатурен целиот оној текст :D :rofl: :wasntme:
    Страшно глупаво би било да кажам дека дечкото со кого сум, бил само со неписмени и ефтини девојки, види бугати, да не би да сум јас мис универзум, сврх интелегенција пак сум го омаѓосала.
    Сосема нормално е дека пред вас имало девојка која, како и вие вредела прилично многу. Особено ако со таа девојка поминал години во врска. Од години во врска, знаете што испаднало од тие двајца?!?
    Симбиоза од некогаш две различни личности.. сега тие две личности шетаат околу со по малку од другата личност, а може и со по многу. Уживале во истите работи, бидејќи и се научиле да уживаат дури и во работите што не ги сакале... се научиле да ги сакаат и недостатоците на другиот, впрочем како и вие во вашите претходни врски.
    Дури сега видов дека сум разбила монотонија во темава. Дента кога го напишав постот ич не обрнав внимание на тоа над мене. Ништо не прочитав, само имав потреба да го истресам сето тоа од себе. И да грдо е, бидејќи таа девојка од тука, макар што вистински не е таа, сепак доволно духови разбранува за да се подзамислам на сето она што го поседува таа вистинската личност ;) и не да не е фино, а е ужасно тешко така да тера човек врска
    уф! што сте се распишале бре луѓе тука ]:) да окцево мое види дека има ново и да мора да прочита
     
    На Hiii, Go-Girl и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јас морав да се изјаснам- доизјаснам се пронајдов во твојот пост најверојатно мислиш и на мене ...

    Кај мене не беше тоа случај , тоа беше една стварно искомлексирана , дрољичка со мене го делат мислењето баш сите кои имале било каков контакт па макар и фејсбук. Да не одам многу оф топик јас сум реална за тоа беше згодна море авион ама за глупа :tmi: и мизерна :rock: . И двајцата сега ми се минато тој има девојка која по мое лично видување му одговара :) ама навистина е така исто се убави и си одговараат :P :D не го зборувам ова во иронија ма да така изгледа и оваа е за ајде да кажам класа погоре . :rofl: a за стил став .... не би да коментирам да не бидам опет лошо сфатена бај да веј не ни битно :)
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Немам сопернички но кога би имала никогаш не би ми била пријателка на форумот затоа што би ја препознала и не би контактирала со неа. Кратко и јасно.
     
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Ако ја имам, нека ми пише ;)


    ПС: Апсолутно ми е гајле за виртуелни сопернички!
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Па неам некоја си соперничка. Барем не знам дека имам.
    Ако на некоја сум и соперничка нека ми се пријави, ќе ја средиме работата ;)
     
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Тешко тоа да се случи. xD
     
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Ехх па сега ќе испадне дека никоја од нас тука нема соперничка ?! :?: хмм хмм :?:
    И ја дури живеев со тој филм во главата лесно ми беше, ама кога правевме пауза кога видов уствари дека моите "другарки" со кои имав здраво или нешто повеќе од здраво биле тие соперничките- кои ни на крај памет не ми паднале ! Неможеме да знаеме кој мисли на нас дури ние сме во врска, кој секоја вечер се моли да раскинеме и кој плаче кога ќе не види заедно... Ехх се би било полесно ако не постоеја сопернички или па соперници :) :rofl: мира главата и свиркај си :wasntme:
     
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sea-star

    sea-star Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    абе како што викате се си е можно.немам сопернички но имам некои кои ми завидуваат а и да ги има овде на форумот не би ги препознала така да не се замарам дали некоја :lol: ќе ме препознае или не.
     
  10. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Глуп ми е зборот сопернички, повеќе би кажала бивши пријателки или девојки со кои не се мирисаме.
    Ако се тука верувам ме препознале, ама не ми смета, баш би сакала и да ми пише некоја од нив, да видиме што како :D
    Уствари не, ако имам некоја екс другарка, нека не ми пишува :wasntme:
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Јас имам само една таква што ми моча по нервен систем. Бивша на дечко ми, инкогнито психопат. Ми пишува порачиња на фејсбук кога и да стигне. Да дознаам дека е овде...веднаш и ги прегледувам мислењата, гледам што пишала во темата „На што сте алергични“, и и праќам по брза достава доволна количина од истото да ја остави оштетена дур е жива.

    :D
     
    На feminamk и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. EVA19

    EVA19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    37
    хахах интересна тема сите имаме по некоја таква,значи никого не мрзам али неја не ја поднесувам органски,психопат е мал збор за такво глупо створение ;)
     
  13. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Далеку од соперничка али има една личност на форумов да не речам бивша другарка и можно е да ми го проверува секој пост али едноставно не се замарам..
     
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    И да има некоја, не ме знае дека сум јас :)
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Баш преска помислив на темава.... па, добро би било да ја имаме тука (ако веќе не е). Девојката има што да каже, барем јас по една наша кратка средба ја доживеав како интелектуално зрела особа која не лупа безвеза нешто.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Пих па што? Ќе си разменуваме искуства ...
    Јас лично никој девојка не ја доживувам како соперничка, не сум ја сретнала во реалниот свет а во овој виртуелниов тешко да ја сретнам и препознаам.
    Можеби некоја екс другарка да се најде и да ја препознаам идејки ете ми била другарка и сум ја познавала, ќе проработи оној ѓавол во мене и може да ја провоцирам по малку, а може и да ја игнорирам...
    А со бившите на Петко, не се замарам ама баш ич, а 100% има некоја, ама мене баш ми е гајле :P
     
  17. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Сум помислувала и јас на ова...ама не знам.се надевам дека нема такво нешто.. :?:
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Една бивша другарка ама ако е тука ке ја препознаам. Нејзината глупавост и алчност просто не може да остане незабележана од моја страна

    Едвај ке чекам совет да побара.
    Ако е за секс ке и кажам да апстинира
    Ако и е позитивен тестот за бременост ке и кажам да не се секира грешка е
    Ако ја оставил дечкото фино и културно јас ке си го приберам
    Ако бара работа ке ја пратам во Теранова куклите на мочење да ги носи
    Ако сака да ослабе ке и кажам диета од 25000 калории (ии така глупа е не се разбира)
    итн итн
    Нели де пријателки сме на форумот да и помогнам


    Ауу ама ако ме открие која сум па ако ми врати на секоја тема ке гледате кавги
     
  19. Aniche

    Aniche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Не знам што се замарате со личности кои немаат никаква позитивна улога во вашиот живот. Ма каква соперничка. Не постои такво нешто. Не дека треба човек да се преценува и да смета дека никој не му е рамен, туку едноставно некои луѓе од бес себе си се местат да бидат сметани за сопернички. Зошто на некој (пак ќе речам, што нема позитивна улога во твојот живот) да му дадеш повод да се рамни со тебе?
    Нема потреба од смислување замки, злобни сопки и слатки одмазди. Тоа не те прави поразличен од она што го мислиш за истата личност (нели проста, неписмена, некултурна и сл.). Колку побрзо заборавиш дека постои таква личност, толку побрзо ќе се ослободиш од сета негативна енергија која ти се акумулира заради некој друг.
    Јас немам сопернички. За да имам соперничка треба да сме двете заинтересирани за ист маж, а ако тој ист маж не ја ферма „соперничката“, тогаш губи на значење и самиот збор и самата личност. Имајте доверба во партнерот (ако ја заслужил) и немате зошто да се секирате која го демне како некој плен вашиот партнер. Ако се нема доверба во него и во себе, тогаш треба да се поработи на самата врска, а не на тоа како да си попретпазлив во врска со некоја личност која не е ни виновна што нашла дупка во врската и смета дека може да се протне.

    А ако има некоја заинтересирана за мојот мажјак, слободно нека проба да го земе. Јас ич не се секирам, знам дека нема да и успее :)
     
  20. mirna0911

    mirna0911 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    18
    баш сакам да ја препознаат девојката на мувачот мој . таа кутрата што седи дома и што го чека додека тој спие кај мене . таа кутрата што му прака пораки дека далечината не е проблем за нивната врска и дека го сака и дека нема ништо никогаш да искрсне мегу нив. Ах пуста таа :) :x