Сопругата на италијанскиот богаташ (Хелен Брукс)

Discussion in 'Книги' started by ocila, Oct 23, 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Мејзи е обична девојка со неколку килограми повеќе, со една пропадната свршувачка зад себе, бидејќи нејзиниот свршеник ја напушта за девојка која личи на “стап”, а за ситуацијата да биде уште полоша таа работи како ветеринарна сестра во неговата ординација и после таа немила случка останува и без работа. Сосема случајно додека оди на кафе со своите две другарки го запознава Блејн Морозини - чичкото на нејзината пријателка Џеки.
    Блејн Морозини е најпривлечниот, најубавиот, најнеодоливиот и најбогатиот маж кој Мејзи некогаш го запознала.
    А тука секако е и неговата неодолива насмевка. Уште од првиот миг кога ќе ја запознае Мејзи тој чувствува привлечност кон неа. Откако ќе дознае што ѝ се случило Блејн ѝ дава необична понуда на Мејзи- да тргне со него во Италија и да се грижи за животните на неговата мајка.
     
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2011
    Messages:
    1,689
    Likes Received:
    18,858
    Сопругата на италијанскиот богаташ - Хелен Брукс

    Само што ја читам ,лимонатка е да кој што сака нека речи и нека мисли јас си обожавам вакви лесни книгички.