Ја отварам темава, за жал испровоцирана од лично искуство. Знам дека има многу жени, па и мажи кои што се жртви на манипулација од своите партнери, и знам колку е тешко да се препознае тоа. Во одреден момент личноста која е манипулирана, се буди и сфаќа што се случува, и што понатаму... На нет има многу примери, психолошки статии кои ги опишуваат карактерните особини на еден манипулатор, но во пракса кога си жртва е многу тешко да препознаеш и да прифатиш дека си изманипулиран... Ве повикувам на дикусија, да се искажеме, да си помогнеме, да се советуваме...
За жал најчесто манипулаторството како вештина не е присутна само во партнерските/брачните врски. Ја има насекаде, буквално. Само тие се (според мене) посебен профил на луѓе на коишто им доаѓа доволно природно за да е непрепознатливо на тие околу нас. И тука е заебот, зашто излегува дека жртвата е параноична или држи теории на заговор. Решението е сечење на врските од корен (без разлика какви се и по кој основ), буквално инсталирање на delete копче во мозок, а секој еден што ве дразне во ваша околина сте слободни да пресечете исто така комуникација. Блиски што ве дразнат после препознавање на манипулативно однесување (дури и после одредени докази од ваша страна), што ве гаѓаат со јасни реченици и ви лепаат етикета на жртва исто така треба да ве охрабри за да ги шутнете од животот.
За жал, многу е тешко да го откриеш манипулаторот. Пошо они си го кријат вистинскиот карактер а пред тебе создаваат добра слика за нив. Прво ќе ти се прават дека се најдобри на свет, ќе ти ја даваат цела љубов шо ти фали, ќе ти кажуваат се што сакаш да слушнеш. Ќе ти кажуваат дека си во право за се и ќе те бодрат во се. Најчесто се случува жртвата да си ја отвори душата на манипулаторот и он тоа го искористува во своја полза. Второ, откако ќе дознаат дека си паднала во стапицата, ќе почнат да ти се лутат. "Ако отидеш таму, ќе ти се налутам" " ако излезеш со тој/таа значи дека не ме сакаш и ќе раскинеме". Ова се случува паралелно со тоа шо ти всадуваат чувство на вина, дека правиш нешто погрешно. Трето, те оддалечуваат од сите блиски, ќе те скарат со нив на секој можен начин, за да бидат сигурни дека нема кој да те спаси, кој да те советува. Со роднини, пријатели, другарки, па и родители. Сите не чинат за тебе, не ти го мислат доброто, само он ти го мисли доброто. И кога ќе заврши и тоа, ти веќе си падната во стапицата, во кругот на манипулаторот. Тука веќе како сакаат така можат да ти прават. Ќе играш како шо они свират. Се осеќаш ко да паѓаш во бездна, знаеш дека ова не е правилно ама и чувствуваш вина дека можеби нешто не е во ред со тебе. Манипулаторот на секој можен начин пробува да те обесхрабри, да те остави без самодоверба, затоа шо само него треба да го слушаш. Шо и да направиш за него не чини. И да направиш нешто он шо сака, пак ќе ти навива вина оти не си го направила тоа како треба односно како сака он. Ќе почнат и караници, некаде и тепање. И веќе е доцна. Треба мнооооогу сила за да се спасиш од овој магичен круг. Многу храброст, која манипулаторот ти ја одзел во текот на претходните настани. Обично жртвите се свестуваат кога веќе е доцна, кога немаат никој. Ама не е доцна, побарајте помош. Избегајте, било каде, кај другарка, во друг град. Кажете на родителите, на полиција. Има спас. Единиот спас е да бидете шо подалеку од него и од неговите зборови... затоа шо само така он неможе да допре до вас и да ве манипулира.
Па кога ќе виде дека си решен да си одиш па се мења па љубов бомбардирање па ако не се вратиш ќе почне дека ќе се убива за тебе неможе без тебе па закани дека ти ќе бидиш крив, па после ќе го фатиш со некоја па ќе направи дека ти си крива не си давала доволно внимание… Бегајте подалеку колку можите ма ич не се мислите болест е нарцисизмот и тоа тешка а најтешко поминуваат луѓето шо имаат партнер нарцис. Мислам дека има ваква тема
Да, тоа е болест, и затоа викам, едини спас од тоа е да бидиш подалеку од манипулаторот. Да прекинеш секаков контакт. Апсолутно секаков контакт. Ни пишување ни јавување ни видување со нив. Оти можат одма да те навлечат пак во истата игра само со неколку зборови шо ќе ти кажат.
Оф колку е точно е се ова, браво се до детал си опишала. Тој што имал среќа да не налета на манипулатор многу лесно е да каже дека ќе го пресече за две секунди. Затоа и ја отворив групава, да се свестат, да ги свестиме тие што се наоѓаат во таква ситуација, да побарааат помош. Да знаат дека не се тие виновни, пошто така им е набивано да веруваат, да знаат дека имаат право на живот и да бидат своја личност.
Манипулаторот често има нарцисоидно пореметување и како таков често бира емпатична личност за партнер.
Одредени рандом особи: - " Ќе умрам без тебе. " - " Ќе се убијам без тебе. " Јас : - "Умри де, убиј се, ајде земи нож и убиј се на лице место, што чекаш?! " И еве, сите си живееме раат и одвоено без да ни чуе. Живот, шта чеш...
Овие брачни манипулаторски вештини понекогаш се прават несвесно гледајќи свој личен интерес. Само разговор помага и нормално гледање во очи вистината. Има разлика од манипулатор до манипулатор.
Браво Адидас за примерите. Мада, ова што го пишуваш е повеќе воспоставување контрола отколку манипулација. Јас манипулација подразбирам како напредно ниво на контрола, нечии зборови и дејствија за ти да реагираш во правец кој тој некој го посакува. Ко што дете те манипулира со плачки и остали керефеки за да добие тоа што сака. Ниеден друг сериозен пример не ми текнува, само да објасниме дека не станува нужно збор за неверство, насилство и финансиско искористување.
Па се тоа шо го пишав е практика на манипулаторот, прво воспоставува контрола и после може да те манипулира како сака.
Може и не мора. Во смисла, не мора да те изолира од сиот свет на можна поддршка, доволно е емотивно да те има под контрола. А луѓе сме, подложни на заљубување.
Бравос за постот на Адидас потполно се согласувам исто така би дополнил и дека. Е тенка линијата помеѓу љубовта и контролата. Секогаш сака да те контролира што каде, кога и со кого... Знам дека е убаво да знае партнерот каде си шо си, ама се препознава низ овие мали разлики помеѓу контрола и љубов/почит. Исто така често се случува кога не се во право или ги фатиш во лага се лутат, бегаат од тема, те напаѓаат со некои минати работи се со цел да ти сменат внимание или евентуално ти даваат silent treatment. Горе-долу, врска со манипулатор(плус нарцис) цел живот ќе живееш во лага, криење работи, обвинување, исцрпен емотивно, секогаш би бил крив ти... Обично не сакаат да бидат игнорирани така да тоа им е најголемиот удар за нив, а најдобар за вас во животот, ќе ви олесни доста..
Сопруг манипулатор и некој кој што си го сретнла и си го откачила не е исто. Манипулатор од тип што го збори Вивеки е опасен тип на луѓе, и не збориме за секојдневна мала љубомора или некој испад. Ваквите луѓе се најлесто нарциси, може да бидат и социопати и со други ментални пореметувања и животот со нив прво е мед и млеко и многу доцна сфаќаш(а може и никогаш нема да сфатиш) дека си манипулиран и со кој си имаш работа. Најчесто се сфаќа во брак или после години и години психичка тортура. Не е едноставно и не се работи за тоа дека некоја била глупава и дозволила да дојде до тоа. Лесно е да откачиш тип после прв состанок ако не ти се свиѓа понашање, не е толку лесно да се ослободиш од маж со кои имаш и дете… Имајте малце осет некогаш како коментирате, сериозни за вакви теми мислам дека треба да се намали осудувањето и обвинувањето на жртвата. И не најчесто ако ја манипулираат жената не ги манипулираат и сите други, жените се тие кои го вадат дебелиот крај и целта им се тие.
На оваа тема има доста психолози, лични тренери објаснуваат на Јутјуб. Има доста видеа на српско - хрватски јазик, за брак со манипулатор.
Што кажа лошо таа? Има доста луѓе што кажуваат на оваа тематика, односно алгортимот на инстаграм би можел наскоро да ти пушта видеа и ќе се увериш...
@Viveki инаку и јас пишувам од лично искуство, за жал. Не мое ама во фамилија. Дедо ми е манипулатор и нарцис, во блага форма, јас го сакам многу и го почитувам ама животот на баба ми со него не и бил сјаен. Мајка ми и најстарата сестра се омажени млади само да избегаат од дома, има три женски деца и ниту едно од нив немало право да избере што сака да учи оти он знаел најдобро. Многу учен човек е, бил професор, меѓу првите студенти на универзитетот во Белград кога се отворил тогаш и стварно е многу паметен, начитан, шармантен… а баба ми останала без мајка на 14 год и ги одгледала своите 4 браќа, ни учење ни ништо и многу е добра, душа човек, таков човек што на мравка не гази, таа нејзината слабост ја има искористено да си го билда егото врз неа. Мајка ми и сестрите денес не му дозволиваат да биде толку нападен со неа, го сечиме сите, ама буквално ја има баба ми убедено дека не е добра со мозокот и жената и после сите проверки на доктор не можеме да ја убедиме дека се е во ред со неа. Постојано и вели дека ништо не помни, дека заборава, дека не ја бива за ништо, дека он знае најдобро, кога он не е арен сите течаат на лекар со него, кога она не е арна крие од нас оти и се кара дека не и е ништо. Жената работела за он да плаќа студии, деца исчувала, машка работа работела, додека он живеел боемски и се пијанчел по кафани. Баба ми не смее на телефон да збори ако он не и диктира што да каже, баба ми не смее да каже дека нешто сака да и купиме оти ќе и се кара, дека она е глупава, она ништо не знае. Баба ми нема излезено од дома откако престана да работи оти нема што да излегува, ние сето ова се трудиме да го подобриме кога сме со нив, тогаш нема сила толку, ама кога не сме пак иста песна. Жената секако дека сега веќе нема ни моќ и буквално игра како он што свири, ама и те како ми е пример што да не дозволам да ми се прави во животот. И дедо ми со нас внуците е најдобар дедо, и пак ќе кажам он е блага верзија на оваа болест. А има и многу многу пострашно. Секоја подршка жено, знам дека е неверојатно тешко да замислиш дека животот каков што го знаеш ќе заврши. Ама мораш да бидеш пример за ќерката, оти ако останеш ќе завршиш вака некако. Со среќа.