А шо да ти објаснам џонка.. тоа си го има на страната на аврм само што моментално нема активен оглас за таа мерка.. Ќе чекаш кога ќе има, треба да си невработен и пријавен во аврм и си аплицираш.. ќе одиш на обука, ќе направиш бизнис план и ќе чекаш..
Секоја година нов издаваат негде февруари го објавуваат повикот и трае додека не се дадат сите средства. Мене малку ми беше зезнато што е само за основни средства и материјали. А ако отвориш фирма веќе следниот месец дури и да немаш други трошоци плата и придонеси мораш да си платиш. Ако немаш промет од што ќе ги платиш тие. Грантот тоа не ти покрива. Така да сепак треба да имаш некој износ за да почнеш. Мене ова највеќе ме кочеше. Баш би сакала да чујам други мислења и искуства.
Зошто? Знаеш ти дека неповратните средства, не се неповратни до одреден период? Значи имаш период одреден што мораш да го држиш бизнисот отворен, ако затвориш порано ги враќаш средствата(има опис таму за колкав период станува збор). Во секој случај ако не дај боже не успееш првата година да речеме кога најмногу се откажуваат ти ги враќаш средствата. Ова е мн битна инфо за тие што би аплицирале за неповратните средства. @John Snow
Јас земав пред 2 години 4000 евра неповратни преку АВРМ Пред некој ден официјално направив 24 месеци како ми е активна фирмата. Разликата меѓу неповратните и кредитирање е тоа што неповратните никогаш нема да ги вратиш ако успееш 24 месеци да си активен..а можеш и да не платиш придонеси и плати 5 месеци.. После 3тиот месец ти стига опомена дека за 2 месеци мораш да платиш.. Ако затвориш после првата година мислам 80% се враќаа, не запамтив не ме интересирало тоа Кредитирањето МОРАШ да ги вратиш без разлика колку време ти е активна фирмата, плус па и некоја минимална камата ќе треба да платиш.. И? Подобро е кредитирањето?!
Така беше да, ако не ја затвориш 2 години не враќаш ништо, а што викаш за придонесиве... тоа е као некоја мерка за олеснување или мислиш онака чисто кога не плаќаш до 15ти после нели се смета камата ама незнам колку е крајниот рок, за тоа збориш? Онака да си тераш како доцнач?
Онака да си тераш како доцнач..јас не знам, не сум доцнела ама една од тие што беа во моја група (а ми е блиска па знам) доцнеше и 5тиот месец почна да плаќа од првиот задоцнет месец, не знам до кај е..
Инаку тие 4000 евра се таман да платиш придонеси 24 месеци, 24 месеци сметководител и 2 год фирмарина.. Сакам да кажам дека се им е тоа пресметано барем да не мораше да ги даваат само за репроматеријали, туку како пари..па да ни ги скратат маките, барем да имаат за придонеси луѓето
Sega проитав дека имаш искуство со тие работи. Сега сум на пр невработена, не сум се одлучила сеуште и сл.Се пријавувам во Завод акли несум активна. Кажи ми кои ми се условите? Дали морам на имам бизнис план? Друго што ме интересира е дали би ми ги дале стриктно во пари, или мора во материјали. Како би обезбедил најосновни потреби за работа ако не сум финанскки. Еве немам пари. Како ке функционирам првите „2 месеци?
Се пријавуваш за тој грант, па одиш на една неделна обука по 8 часа, потоа чекаш листа дали си поминат или резерва или па одбиен. Потоа ако си поминат правиш бизнис план. Потоа си има таму други процедури, па чекаш еден добар период. Средствата не се парични, само материјали, исплаќаш преку фактури. Неможеш да искористиш за кирија и слично. Само материјали.
Од збор до збор би го пишала истото што и @Adeline ама да не се повторуваме.. Само ќе додадам - обуката беше за пишување бизнис план, а на крајот само концепт б.план имавме а б.планот ни го правеше консултант платен од аврм Јас не чекав многу, ама бев последна група во таа година што мораше да помине. Се пријавив крај на октомври, почеток на ноември бев на обука, декември одлучија и средина на јануари отворив фирма. Сега во јануари направив 2год
Да вака е процедурата,а се чека неколку месеци додека да се заврши се и имаш ограничен рок до кога можеш да ги потрошош средствата.
2 недели имавме за праќање фактури и требаше за 2 недели ундп да ги исплати ама толерантни беа, до 20тина дена не правеа проблем. А ундп ги исплати парите за недела дена.. Само глуп им е процесот што бараа фактури а фактура никој не ти дава, сите профактури се за плаќање.. Па треба да се ебаваш, да губиш време и да молиш по фирми
Точно,исто така се убедуваш со газдите на фирмите им објаснуваш на кој начин се врши плаќањето пак често пати се дешавало да не им се прави ќеиф да завршат работа,на фактурата како што се сеќавам бараа печат и штембил удрен а не испечатена фактура со се печат нема да ти ја прифатат од UNDP и сл. заебанции.
Да. Прочитав назад дека фирмата треба да биде активна 2 години,но како што се сеќавам ќе да беа 3 или грешка сум!?