1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    А знаеш ли дека според закон во МК тргувањето со криптовалути е нелегално?
    Така што ниедно правно лице не смее да наплаќа и тргува во криптовалути без разлика дали некој му платил на него со картичка или биткоини..
    Така што ако отвориш ти онлајн продавница во русија, ќе подлежиш на нивни закони. Ма да за македонец е долга и широка постапка отварање фирма во странство..
    За да вршиш дејност во МК ќе мора да регистрираш подружница тука и пак ќе мора да плаќаш даноци..
    А ако немаш подружница во мк не можеш да си платиш ни здравствено ни стаж..тогаш која е поентата во имањето на фирма?!

    Од кои тоа даноци си ослободен во Русија ако секако си го плаќаш ддв-то?
    И кои даноци плус ги плаќаш во МК а не ги плаќаш во Русија? Бидејќи рече дека си ослободен од СЕ а испаѓа дека сепак не си..
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тука не се плаќа за онлајн бизнис. А во северна кај вас гарант и за дропшипинг се плаќа. ДДВто што го плаќаш при купување на производ го има секаде. Сакав да кажам дека немаш даноци овде доколку сакаш да отвориш онлајн бизнис ама доколку сакаш да отвориш фирма тогаш треба. Како што знам кај вас било каков приход да остваруваш треба данок да плаќаш, тука не треба, разликата е таа. Криптовалутата е нелегална кај вас бидејќи немаат контрола и власт врз неа властите и неможат да крадат тоест да земаат данок а притоа ништо да не прават подобро и да вложуваат и мотивираат инвеститори или луѓе кои сакаат да започнат бизнис. Така да криптовалута е добра опција да се обики таканаречен легален рекет или данок. Ти кога плаќаш данок со тоа би требало да придонесуваш за подобро утре, да се плати тоа што државата го понудила како услуга или помош а не некој да се богати од тие пари како што е тоа случај во нашата држава тоест недржава.
     
  3. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Здраво:) не знам каде дс го поставам прашањето па еве тука. Сакам да почнам свој бизнис како занаетчија, дали некој работи така? Ме интересирњ плаќањето бидејќи некој ми кажа дека се плаќа 5000ден на годишно ниво, а некој дека е 5000 на месечно. :worried:
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.564
    Пол:
    Женски
    8000 денари беше пред неколку месеци упис во регистар за занаетчиите..
    Оданочувањето ти е паушално
    После си плаќаш придонеси а немаш обврска за исплата на нето плата..
    Немаш обврска да поднесеш завршни сметки ниту пак да имаш фискална каса..
     
  5. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    Јас имам прашање ако знае некој. Како оди процедура да се пријавиш како самовработено лице односно да си ги плаќаш самиот придонесите без да отвараш фирма. Ова знам дека е случај со некои од странските дипломатски преставништва во земјава каде вработените ја добиваат бруто платата па сами си уплаќаат придонеси и данок. Но незнам како оди процедурата. И исто така доколку веќе си вработен дали можеш самиот да си доплаќаш придонеси од дополнителен приход и како се прави тоа. Фала :)
     
  6. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Некој да ми објасни подетално што значи ако се пријавам како занаетчија и дали се плаќаат даноци на државата?
     
  7. Dorsy

    Dorsy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Размислувам некое време да отворам игротека за дечиња. Знам во ова време не се знае ништо, но желба имам одамна. Ве молам доколку некој знае повеќе за бизнисов, дали треба некоја лиценца, колку е потрбен почетен влог, документи какви се потребни, од каде треба да се почне....ве молам пишете некој совет,идеја што може да помогне....благодарам однапред
     
  8. mari_kali

    mari_kali Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
     
  9. mari_kali

    mari_kali Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2018
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    И jас размислував за игротека,ама немаше коj да ме упати.Пишав и неколку меjлови на министерства дали треба дозволи ,никоj не ме упати.Ако сака да ни пише за информациja што веке има игротека би биле благодарни
     
    На Dorsy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Chiara/EvilEye

    Chiara/EvilEye Нов член

    Се зачлени на:
    4 јули 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Имам бизнис идеја која сакам да ја воведам во Македонија(постои веќе во USA, а можеби и во др земји). Се работи за производство на медицински производ/козметика. Е сега прашањето ми е од каде да почнам ? Дали да барам некоја од фармацевскиве куќи да го изработи или можеби познавате некој што се занимава со изработка?
     
  11. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Здраво ми треба мала помош, имено сакам да отворам онлајн продавница, некаде прочитав дека мора да имаш 5000евра на сметка, вистина е ова? Исто така како се зимаат тие грантови и помош за бизнис на млади лица? И кои се давачките како онлајн продавница, даноци и тие работи?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marcus1

    Marcus1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    Па отвараш фирма законски мора да имаш 5000 евра на сметка.
     
  13. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да отворам продавница за детска облека, има некој инфо од кај земаат роба продавнициве?
     
    На АнеАце му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да знам,ама за возрасни. Знам од Турција ама како оди тоа со царина дали мора јас да одам таму или некој ги носи овде?
     
  15. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Праќале по карго, 5 евта на кило. Ама не можам да научам од кај порачиваат
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Сигурно има некои страни. А знаеш ли како се регулирани со закон онлајн продавници?
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Не знам :| Искрено во потрага по рпба сум, другиот дел воопшто го немам разгледано. Ако научиш нешто пиши :)
     
    На Seli20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annaaquarius

    Annaaquarius Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Пошто сеуште сум млада и мн ме интересира оваа тема...Дали и како можам за првпат да отворам мој брз сопствен бизнис во Скопјево што ќе ми трае само 1 месец?пошто сакам да живеам и да работам на тој тропски остров после тој 1 месец.Дали ми треба виза ако работам на тропскиов остров и кој документи и вакцини ми требаат за у странство?И како е првпат да се живее у странство и каде седиш таму(ако си на тропскиов остров )ако сакаш цел живот да си у странство(на плажа)?
     
  19. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Не мора да е основниот влог од 5.000 евра во пари. Значи проценител ќе ти даде едно пусулче каде се' што вложуваш во фирмата проценува дека вреди 5.000 евра. На пример, ќе вложиш лаптоп, принтер, две столчиња, биро, клима, рафтови итн итн, и сето тоа е 5.000 евра.
    Значи не мора да е влогот во пари. Мислам ме разбра :)

    Инаку за грантовите за кои прашуваш, обрати се во АВРМ.

     
  20. Stefani_1992

    Stefani_1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2018
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Ќе скршнам малку од темава....
    Кажете мислење, совети, идеи во однос на инвестиции...Инвестиции во смисла пасивен приход.Одамна помина времето кога се ставаше пари во функција на депозит во банка, па солидно се заработуваше 5, 6 % годишно.Сега мислам дека тоа е залудно, имајќи предвид дека инфлацијата ги 'коси" депозитите си нивната моментална добивка од околу 1% годишно.
    Колку и да е тешко, нереално (посебно во Македонија), сепак мислам може да се најде нешто што би носело некој приход константен....Дали би било тоа недвижност (кирија), инвестициски фондови, животно осигурување, берза (дивиденди), p2p (за ова речиси нема ништо во Македонија објаснето, станува збор за онлајн финансирање на кредити или нешто како споделено кредитирање) итн...
    Сите посочени имаат различен ризик, приход (годишна стапка на поврат), влог итн..
    Не дека сум некој "инвеститор", имам само вложено во инвестициските фондови (околу 6% годишно), се мислам за P2P во иднина (понекогаш може да се достигне и до 12% годишно).
    За жал во државава нема баш некој развиени страници, форуми во однос на поимот инвестирање, сеуште луѓето под поимот инвестиција мислат реновирање на домот, купување нов автомобил итн...
    Прашањето ми е, дали сте запознаети со онлајн инвестиции, според мене тие би биле иднината?
    Мислења, совети, предлози....

    Поздрав до сите
     
    На ~Allure~ и Корнелија им се допаѓа ова.