1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Според мене најсигурно е да инвестираш во акции со право на дивиденда во некоја од стабилните и успешни македонски компании, на пример Алкалоид, ем парите нема да ти изгубат на вредност (акциите на Алколоид се најстабилно во земјава заради тоа што се монопол во индустријата) ем секоја година ќе си земаш убава и сигурна дивиденда, сѐ зависи колку пари имаш за таква инвестиција, но најдобро за ова советувај се со брокер, не било каков економски консалтинг туку со брокер затоа што тој од пракса ќе ти каже како стојат работите, ти посакувам успех :)
     
    На Stefani_1992 и ~Allure~ им се допаѓа ова.
  2. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Е од прилила колку треба да се вложи, за да биде добра годината :D
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Нема врска ова што го збориш..
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marcus1

    Marcus1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
    За да отвориш онлајн продавница не ти треба фирма да имаш регистрирано?
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Пoрaнo зa 50 еврa мoжеше фирмa дa се oтвoри.
     
  6. Marcus1

    Marcus1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Машки
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Потребна ти е фирма.

    Тие што ги викаш 5000 евра можат да бидат паричен и непаричен влог. Паричниот - треба да ги имаш на сметката на фирмата..
    Непаричниот - ти прави проценител документ, пишува маси столици, бироа итн
    Влогот паричен или не може да го внесеш до 12 месеци по основањето..
    Значи не мора да ги имаш..

    50 евра кошта сметководител т.е рег.агент ако ти регистрира фирма. Ако потпишеш договор за сметководствени услуги основањето нема да ти го наплатат..
    Адвокат ако ти основа е 9000-9500


    Впишувањето на непаричен влог чини 7300ден
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    52.101
    Пол:
    Женски
    Имам многу желба за свој бутик со бебешки и детски алишта. Потикната од тоа што тука има многу слаб избор за алишта за деца, и треба да идам за Турција да си донесам:rofl: И мм ме подржува, он би набавувал роба од Турција што овде ја нема. Но дали мислите дека би успеала? Знам многу фактори имаат улога но ете сакам од некаде да почнам. Прво би онлајн па после би си отворила бутик..
     
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Секој нов бизнис подлежи на ризик од неуспех, меѓутоа ако никогаш не пробаш нема ни да знаеш. Мое лично мислење е дека дефинитивно треба да си ја исполнеш желбата доколку имаш можност за тоа. Луѓето се повеќе ги користат социјалните мрежи за онлајн купување. Многу е полесно и поедноставно, а и твојот влог на почеток би бил доста помал во споредба со отворање на бутик. Со добар избор и вистинска професионалност, можеш да успееш и тоа како. Доколку се решиш, секоја чест на храброста и со среќа (fingers)
     
    На Itsaleks и mssuniquee им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Јас сум сигурна дека ќе ти успее бизнисот. Само не треба да биде прескапо и добра реклама.

    Види од форумов. Една ќе стави слики и ќе пише 'Нарачав за бебуш комплетчиња од mssunigie преубав е памукот' и трчаме ние да нарачаме.
     
    На АнеАце, duffi и mssuniquee им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,Јас имам моментално идеа за да почнам со бизнис,т.е take and go кафе....Ме интерсира каде можам да се информирам што е почетно потребно и од каде да почнам?Доколку некој работи со тоа или знае нека ми пише што и како!Поз девојки
     
  12. tejcheeeee

    tejcheeeee Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, вака сеа, отворив сопствен визнис пред некое време и не можам да се пожалам дека лошо ми оди, но пред некој ден еден познаник ми рече што не де пријавиш на wish и ќе ти оди уште подобро. Сакав да прашам да не знае некој како оди продавање на wish и дали воопшто може од македонија.
    Фала виии.
     
  13. Loli24

    Loli24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2019
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки во план ми е да отворам салон за убавина во кој ке има депилација трепки и нокти ме интересира дали се наога лесно кадар за тоа секоја вработена да знае барем 2 работи од овие 3
     
  14. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Би сакала да почнам онлајн бизнис за што би основала дооел. Тоа што ме ибтересира е дали морам да имам вработен кому ќе му исплаќам плата, или може да функционира само со мене како управител (затоа што јас веќе сум вработена и ми уплаќаат придонеси, а не знам дали би имала воопшто редовни приходи од фирмата за да можам некому, макар и на познат да му уплаќам редовно придонеси)?

    Покрај тоа, уште едно малку глупаво прашање :D: дали морам да имам договор со сметководствено биро (во смисла на: ако не исплаќам никому плата и придонеси кои активности би ми ги завршувале тие)? :)
     
  15. blue_butterfly

    blue_butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    јас аплицирав оваа година,во февруари,добив,мислам ми одобрија....веќе го чекам да ми излези решението од централен регистар(на првото решение беше згрешена адресата на фирмата,па затоа чекам ново,дополнителни 4700 денари)).Со оглед на кризата со пандемијава.немавме некоја си обука,само ни дадоа прирачници,он-лине си одбравме советник кој ни го изработуваше бизнис планот,се видовме само еднаш со него.и неколку пати по телефон....Искрено мене ми е малку потешко,затоа што јас немам искуство со фирми,бизниси,тука се потпирам на сопругот :D
    Што се однесува на влогот,избрав не паричен влог,па дојде проценител,си ја збрка работата,сликаше предмети во износ од 5000 евра,и си побара 6000 денари,кои си ги стави в џеб,па морав јас да му побарам некоја белешка,сметкопотврда.......дека сум платила нешто.затоа што очигледно тие не беа пари кои ке поминат со фискална сметка....
    Оваа година има еден новитет,еден услов,да мора со самата регистрација на фирмата да се пријавиме како вработени,што значи,јас сум веке вработена од 22ри септември,а веќе доаѓа време да се внесат придонеси,да се помини плата......а јас сум во фаза на набавка на она сто ми е пишано во мојот бизнис план,што значи,јас немам почнато со работа,немам приходи...
    Само сакав да кажам дека доколку се решите за оваа варијанта за отворање на сопствен бизнис,ќе ви требаат плус парички.....
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nefi

    nefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2020
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Dobar den, bi sakala da se informiram za otvoranje na picerija, mozebi ima nekoj iskustvo, ili nekoj prijateli Sto imaat, sekoja informacija e dobredojdena
    Blagodaram
     
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Прво што е најбитно е локацијата. После тоа многу е битно да ти бидат сите состојки за пицата како што треба. Барем и поскапа да е малку, но да е вкусна.

    Јас гледајќи по мене, не ми е проблем и малку поскапо да ја платам пицата, но да е како што треба (тесто, кашкавал, печурки, шунка, сирење и тн.)

    Персоналот мора да ти биде услужлив, тоа е исто многу битно.

    И според мене, битно е и да имаш достава.
    Можеш сама да си купиш мали моторчиња или да соработуваш со Кликни јади.
    Мада мене како муштерија, скапо ми е доставата преку нив. А скоро сите сендвичари, пицерии и останати ресторани имаат своја и бесплатна достава.

    Ова ти се побитните работи, гледајќи од аспект на муштерија.
     
    На cresa-jagoda, raww, nefi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво. Би сакала да ги прашам тие што веќе имаат бутици, во време на пандемија, дали им се исплати да имаат бутик? Имено постојано размислувам да отворам мал бутк со тоа што роба би носела од Турција. Јас живеам во Турција, Македонка сум, и сакам во Скопје да си отворам бутик. Дали сметате дека се исплати? Не очекувам некоја голема заработувачка, за почеток колку да можам да покријам кирија за дуќан, сите трошоци, вработени еден или двајца. И мене колку да ми тече стажот. Што мислите вие? Како ви оди со оглед на пандемијава? Бидејќи ако чекам да заврши пандемијата, може уште две до три години најмалку да чекаме. А тоа никој од нас не може да си го дозволи.
     
  19. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    233
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, дали некоја од вас има онлајн продавница за рачно изработени производи? Доколку може или некоја ако се разбира да ми каже совети за започнување ве молам пишете ми порака:)
     
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.118
    Пол:
    Женски
    И јас исто прашувам
    Како до свој бренд и онлајн продажба?