Ова ме интересира и мене ... Сакам да вложам пари во овој бизнис но не знам од каде се нарачува роба ???
Здраво женски,сакам да ве прашам нешто.Сигурно има посебна тема за ова меѓутоа јас не успеав да најдам па видов дека овде сте најактивни и добро би ми дошол совет или да ме препратите во соодветната тема.Сакам да произведувам домашни прозиводи како домашна нутела,џем,путери и така натаму значи од дома.Па ме интересира дали има некои посебни закони нешто што треба да пријавам пошто се работи за храна сепак? Ви благодарам однапред !
Ако сакаш да работиш легално има мал милион процедури и документи шо треба да ги извадиш, да регистрираш фирма, е-commerce, да имаш соодветни услови за работа кај што ќе се приготвува тоа, докази за потекло на состојките итн. Другата опција ти е “на диво”, да си продаваш на инстаграм, не ти треба ништо, само акаунт и волја за работа.
Здраво ме интересира дали некој знае како оди процесот со отворање на фотокопир/книжара, од каде се набавуваат машините, материјалите, како и колку е исплатливо, колку би требала да вложам на почетокот? Ви благодарам.
Ух..тоа е мојата последна дејност на која што почнав да работам пред да се разболи татко ми... А сега ќе продолжам.. Ти треба објект уреден според хасап стандардите, ти требаат мал милион одобренија... Од дома не можеш да работиш легално.. Селско домаќинство можеш да основаш ако живееш во таква област и тоа само ќе ти ги олесни условите затоа што нема да ти бараат целосно имплементиран хасап.. ама друго се си треба.. Плус треба нон стоп да фрлиш еден куп пари за лабораториски испитувања.. Во принцип не сакам да се расфрлам со бројки, но мене објектот кој што е релативно мал, ме чинеше околу 15000 евра да го приспособам по хасап..Да беше поголем веројатно без 30000 евра немаше да бидам..
Едно прашање. Ја разгледувам идеата за сопствен бизнис. Персонализирани подароци..од кај се почнува? Што се ми треба за овој тип на бизнис? Дали се исплати? Има ли некој во групата пто го рсботи тоа?
Имам бизнис идеа да отворам слаткарница. Ми треба консултација со некој што има ваква идеа или што веќе има сопствена слаткарница. Не сум започнала досега ниеден бизнис. Кажете ми од каде е најдобро да набавам потребни материјали односно опрема.
Ме интересира околу отворање на фирма односно трговец поединец кои се трошоците и пример ако сакам онлајн да продавам производи да речиме од алибаба дали може увоз да направам ?
Zdr dali nekoj moze da me upati sakam da otvoram stand za gotova hrana i beli peciva dali moze nekoj da mi kaze kolku mi treba za pocetok i slicno sekoj sovet e dobredojden
И јас чекам одговор. Дали може набавка без одење во Турција да речеме онлајн или некој друг да ја врши таа постапка? Или некаде од Македонија
Пишувате на бутици што ќе ги најдете на инстаграм претежно сите имаат број на whats up. И Ви ги пуштаат со карго има едно карго во мк што носи од турција ќе ви го донесат. Само плаќање е моментот...
Мислам дека не се бутици, му доаѓа како набавувач само. Иначе ако незнате како се бараат пишете на инстаграм во пребарување toptan ќе ви искочат повеќето. Мајка на другарка овака набавува.
Здраво, сакам да почнам сопствен бизнис здравје од следната година. Во план ми е да отварам пекара, ако некој од вас може да ми даде совет што ќе ми помогни (околу цена на опрема намирници каде можам да најдам и околу законите и помош од државата) ќе бидам благодарна. Фала ви однапред
Планирам да почнам бизнис со dropshipping, со господ напред ако ми тргне и ако почнам да добивам некој си профит ме интересира легалната страна на оваа работа. Дали морам да регистрирам фирма (не планирам да препродавам во Македонија туку во САД и други поголеми држави) Како оди за пријавување приход во УЈП и плаќање данок?
Мојата неостварена желба Значи прво, со регистрација во Македонија има една најголема препрека, (и јас сеуште барам начин да ја решам), а тоа е начинот на плаќање. Пример не само во САД, туку и сите развиени пазари како ЕУ, Австралија.. достапни се платежни процесори како PayPal, Stripe, transferwise, итн. а ние во тој поглед сме една голема дупка и никој од тие не соработува со наши банки поради застарени регулативи и други проблеми. Патем речено, нема да дојдат сами освен ако институции како НБРМ не се потрудат да ги донесат. Ако немаш начин како да ти платат муштериите нема ни да работиш. Е сега има многу наши регистрираат фирми во Естонија или Делавер САД, баш од оваа причина и знам дека добро заработуваат. Секако за да се пробиеш на пазар како САД мора да инвестираш мин 10000$, многу трошоци има околу маркетингот и промоции, дури повеќе и од самата вредност на производите кои би ги пласирале, особено на почетокот.
Прашање, ваш прашував по банкиве за paypal и ми кажаа дека функционира кај нас(и комерцијална и тутунска ми потврдија), можам да направам акаунт до платежната картичка и да имам прилив на пари, што е проблемот тогаш
Не си го поставила правото прашање. Да, како физичко лице можеш да имаш, да ставаш пари на сметка и да си плаќаш со нив. Не можеш да примаш средства со нив.