1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Па од твојата сметка на него. Баш прашај со фирма дали може?
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bliznak rock

    bliznak rock Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2021
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Мислам дека во Грција може да ти ги префрлаат парите на сметки и нема да плаќаш данок ама пази не на долг рок нее баш легално така незнам точно ама мислам може
     
  3. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    12.968
    Пол:
    Женски
    Еве ја првата моја голема караница со мм...

    Му фркнало нешто, со пријател заеднички да отвараат пет шоп. За да отвори треба да ја напушти сегашната работа, која е дупла од мојата, слободен е викенди и празници. Да не речам у оваа наша мизерна државичка, луѓе плачат за работа ко неговата.

    Денес ми кажува, а веќе разгледувале дуќани во Аеродром и Ѓорче. Тоа најмногу ме налути.

    Што мислите луѓе, вреди ли, не ли.
     
  4. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    15.056
    Пол:
    Машки

    А ме интересира доколку имаш познавање, кои закони и прописи ги има во нашава држава и треба да се почитуваат за овој вид на работа. Сигурно дека треба да плаќаш некој данок или нешто. не е само да креираш профил на инстаграм и фејсбук.

    Може малку повеќе помош и инфо?

    Замислата е купување производи од Кина и препорадавање низ Македонија.
     
  5. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    648
    Што е потребно за да се отвори златара?
    Како се прави сопствен бренд на алки или обетки? Дали постои онлајн опција за креирање на накит? Каде би ги изработиле потоа тие алки тука во мк?
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Доколку направил сериозен бизнис план и проценка на ризик, најверојатно вреди, но убеди го да не си ја остава работата, барем додека да тргне бизнисот. Подобро да плати работник привремено барем да види како ќе тече процесот.
    Е сега моментот со ортакот и мене би ме загрижил. Едно е дружењето, друго е ортакувањето. Кога веќе ризикува и вложува, секогаш е подобро сам да носиш одлуки околу сѐ поврзано со фирмата макар и тие биле погрешни отколку се што си вложил да ти зависи од волјата од некој друг.

    Па со фирма можеш сѐ од трговија да работиш освен со производи за кои се потребни посебни дозволи. Околу набавки и сѐ друго е секако полесно со фирма, пример ако набавуваш на големо од било која земја, како физичко лице не можеш увоз да правиш.
    Е сега твоево не е дропшипинг, туку класично набавување роба и продавање, ако разбрав убаво. Можеш да пробаш прво само на социјални мрежи па да видиш како ќе ти оди.
     
    Последна измена: 10 август 2021
    На Stark и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.694
    Допаѓања:
    15.056
    Пол:
    Машки

    Значи не би можеле да ме казнат само ако имам страници онлајн инстаграм фејсбук итн и да си продавам производи?
     
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Па гледаме безброј страници кои функционираат вака, јас досега немам слушнато да е некој казнет и воопшто да е превземено нешто, но сепак е нерегистрирана дејност и спаѓа во т. н. сива економија.
     
    На tina2018 и Stark им се допаѓа ова.
  9. Frestonia

    Frestonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.021
    Не..затоа што денес ретко се наоѓа стабилна работа, за биснис што не знаеш ни дали ќе тргни некогаш, и плус со партнер, нема да има доволно пари и нрма да е слободен цел ден треба да е таму.. искуството зборува
     
  10. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.478
    Минатата година кај мене се отвори пет шоп за неколку месеци гледам се затвори. Не беа баш добро снабдени, а и тој човекот викаше ради ситуацијава имало застој во нарачките, така да, потребна е стварно добра проценка на пазарот
     
  11. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам во врска со онлајн продажба:
    1. Што би прошло подобро: облека или некој специфичен продукт?
    2. Како да направам да имам достава низ цела МК, во карго склучуваш договор или директно ги носиш и како им плаќаш/како ги добиваш парите од потрошувачите?
    3. Од каде да набавам облека по набавна цена?
     
  12. sunshinebabe

    sunshinebabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    6.545
    Пол:
    Женски
    Пиши во ЛП, ќе ти објаснам:)
     
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    А зошто да не пишете овде?
     
    На cresa-jagoda и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  14. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    6.641
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истово, само не за облека. Накит, додатоци и слично.
     
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Тајна е тоа, многу доверливо :?:
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    ем нуди да ти помогне, ем вакви глупи индиректни коментари...
     
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    Кој нуди да помогне?

    Врати се 3 постови назад, прашала членката што е цитирана но е поканета во ЛП.

    Баш би сакала да се отвори дискусија, и мене ме интересира стриктно онлајн продажба, но ете ги прашав зошто не пишуваат овде, не ми одговорија.
     
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам. Не работам продажба и не знам од кај набавуваат, но работам во услужен сектор и сѐ, апсолутно секој сегмент од работава го истражив и дознав сама. Гуглав и најдов добавувачи на материјали и машини кои ми требаат за работа, барав решенија, подоцна кога веќе навлегов повеќе и запознав контакти наоѓав и други добавувачи кои нудат пониски цени на потрошните материјали итн. да не должам. Нормално дека нема некој кој ми е мене конкурент во работава да ми каже од кај зел машини или како го донел од странство или кој му носи материјали за работа и сл. Тоа е водењето сопствен бизнис, сам да се снајдеш.
    Општо познато е дека 80% од бутиците кај нас носат роба од Турција, Кина и Грција. Точно од каде треба малку сам да се помачиш да најдеш. Дали има поедноставен начин него увоз од таму? Исто сам треба да си бараш извори. Вие очекувате конкурентот сам да ви каже од кај набавува и тоа уште ако е некој со фирма со сѐ, сам да си стави трн во здрава нога и да му каже некому од кај да ја земе истата роба за да ја продава онлајн поефтино пошо ќе нема давачки ако работи на црно.
    А вие да имате толкава желба за сопствен бизнис нема да чекате на форум некој да ви одговори туку ќе засукате ракави и ќе го најдете одговорот. :)
     
    На Malesia, Alessandr0 и raww им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.259
    И јас имам и бизнис и клиенти, веќе кога се фалиме :P Многу добро знам од каде се наоѓа роба, мојата дејност е тесно поврзана со бизниси од секакви дејности, од услужни, продажни до клиенти во странство. Секогаш истражувам за што понатаму, планирам и барам за можен развој на истата и за кои чекори би можела да ги превземам во иднина.
    Бидејќи работам повеќе со странски клиенти, најмногу подршка и одговори во врска со било што ми требало во моментот сум го дознала на форуми, онлајн заедници, блогови и сл. Секоја поголема фирма ги има посебно на нивните веб страни, сепак дефинитивно секаде форумите водат во подршка.

    Е сега зошто само во Македонија е тајна да пишуваш за сопствено искуство на форум не знам, као ќе дојдеме утре ќе ви ја затвориме фирмата? .

    Заклучок, да ја затвориме темава, нема што да се прашуваме овде. Не уште подобро, да го затвориме форумот, нема што да се прашуваме, кој ќе се снајде нека се снајде на Google и тоа е тоа.
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Супер е форумот (или било која онлајн заедница да биде од помош за некое прашање или проблем), но навистина ако прочитате некои коментари тука, човек да се шашардиса, луѓе не знаат дека данок се плаќа за ова или за она. Буквално, еј сакам маици да продавам, сеа некој да ми каже како. Луѓе со сопствени бизниси крв проплукале дур изгуглале, смислиле, организирале и спакувале сѐ за да почнат од нула, едноставно непочитување е да дојдеш тука ко од Марс паднат да прашуваш некој да ти смисли све, ти само ко готован да скролаш форум и да праиш пари. На крајот на денот, постојат професионалци кои прават бизнис планови и проценка на ризик, ако веќе сакате easy way out. Секоја чест на сите кои успеале. Според мене, периодов е толку лош, што све освен продавање храна ми е ту мач ризик. Куповната моќ толку се смалува, дури и за оние кои не останале без работа. На накит не мислам, облека скоро ич, ионака све од дома се работи, ама мора да се јаде :)
     
    На Alessandr0, sunshinebabe, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.