1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. MaceMalo

    MaceMalo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дечки јас ке ви кажам од сопствено искуство општо, без разлика за кој вид на бизнис станува збор. Прво работите за државата, а потоа што и ако остане за вас, ако не остане или не дај боже немате ни за државата одите во минус од кој потоа тешко се враќате на нула па дури потоа одите во плус, а да не ги спомнувам овде ракетите што се плакаат секој месец на одредена набилдана група на луѓе. Плаќате милион давачки, осигурање на вработени, даноци, фирмарини, и зависно од бизнисот и многу други глупости, подложни сте на инспекции, кои ти бараат игла во сено за да ви пишат казна, а до тебе гледаш некој што воопшто не го посетила инспекција бидејќи има некој кој го држи. Морате да бидете подготвени на ризик на тој бизнис, ако нешто тргне наопаку да имате резервни финансиски средства за да го издржите и откако ќе помине да продолжите. Доколку сте добро финансиски ситуирани, доколку имате доволен приход секој месец, можете да се обидете, меѓутоа доколку планирате со позајмици или со кредити да започнете или да го одржувате вашиот бизнис, знајте дека не успевате, бидејки мислата дека на некој морате на одредена дата да му вратите позајмица или дел од позајмица или рата од кредит , а вие не сте сигурни колку дали ке имате ве убива, а сето тоа се одразува на бизнисот. И на крај кога гледате дева вие во месецот вртите милионски суми на пари, а од тие на вас остануваат околку 500 или 1000 евра, психички пропаѓате, почнувате полека да тоните во мислата дека вие не можете да го одржите тој бизнис, дека притисокот е премногу голем и сето тоа што на почетокот ви изгледаше и не толку тешко сега ви изгледа нешто не возможно и се откажувате и ако се откажете на време е добро, мегутоа ако се тешите со тоа дека ова е период и ке мине ке биде подобро и продолжувате а вие всушност свесно тоните во тој случај ке се каете многу многу години зошто воопшто го започнавте тоа. Мој совет ви е ако имате доволно финансии или доста познат татко, вујко владика што велиме, силно ваше јас, пробајте, во спротивно НЕ !
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Моето искуство е нешто поразлично, ако имаш добра идеја, почетен капитал и добри партнери и пред се интелигенција за бизнис можеш да успееш ама се разбира ќе треба стварно да запнеш :) .

    Да си супер квалитетен во тоа што го правиш се подразбира :).
     
  3. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363

    Многи ми се допаѓа твојот претприемачки став кон бизнисот и го делам истово мислење со тебе.

    Пред се ако сакаш да започнеш некој бизнис пред се тестирајсе самиот себе си да видиш дали си способен да се справиш во секаква ситуација. Потоа испитај го пазарот(кога мислам на пазарот мислам на нас потрошувачите), види преку свои пријатели дали е сепак тоа добра идеја!
    Но, едно она најважните работи за еден бизнис е Идејата, Финансиската состојба(која треба да биде многу добра) и секако Реализација( да ја погодиш идејата во вистинско време, а богами и местото)! :)
     
    На Missbutterfly и XMaN им се допаѓа ова.
  4. DaciTDac

    DaciTDac Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    jas si rabotam 3 sopstveni biznisi i toa preku internet.i taka sum 24/7 na net rekov daj barem da vidam neso preku net da zarabotam nekoj denar.celata rabota e vo mlm multi level marketing , prodazba na proizvodi za slabeenje, i prodazba na dodatoci vo ishranata.super mi e.em si sedam doma em si zimam paricki
     
  5. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Луѓе дај кажете некој предлог за започнување на добар бизнис.Одамна планирам да почнам со нешто,но не знам во денешно време што е најдобро :(
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.935
    Bluberry пред завземање на ваков верувам голем чекор во твојот живот треба добро да седнеш и да размислиш.
    Отвори ги картите на маса , консултирај се со некој кој има претходно искуство .

    Не почнувај сама - повеќе мислат подобро од еден .
    Твоево мислење ми е повеќе како : Дајте нешто да се работи па ако оди оди , ако не - јбг !
    Jaс знам дека сме во таква држава каде понекогаш се задоволуваме и со помалку отколку што заслужуваме ...но , имај верба и коцките сами ќе си се наредат треба само време и среќа ..

    Можеби ова мое размислување потекнува од тоа што моите ме советувале од мала пред да правам нешто да размислам 2 пати и што викаат овде кај нас - да ги отворам 24 ! ...
     
  7. gabby23

    gabby23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    јас би сакала да работам со трајна шминка и гелни нокти,ама тука во мкд набавката на машинчето за трајна шминка е мн скапо исто така и геловите,глитерите,типсовитеи.т.н...... ;( :$
    А на сртаницата EBAY ми е многу исплатливо-но за жал незнам како да го реализирам тоа,би сакала ако сте запознати со порачувањето,да ми помогнете....ВИ БЛАГОДАРАМ ... :sweat: :worried: :tmi:
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    незнам што да кажам
    ама би сакала и јас да почнамсо некој бизнис ама и тоа со одгледувањена јагоди ама......не сум баш сигурна за тоа......што викате вие за ова?
    :geek: :geek:
     
  9. sanja-bt

    sanja-bt Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    jas ziveam vo stranstvo a zainteresirana sum da otvoram biznis vo mk e sega mazotmi raboti vo picerija i ima golemo iskustvo okolu toa pa me interesira kako e procedurata za otvoranje na picerija vo mk kolku pari od prilika treba da se vlozat?kolkavi se trosocite?i otprilika kolku cista zarabotka ostanuva?vi blagodaram i ve molam da mi pisite koj ima iskustvo so picerii
     
  10. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Не треба да се лакомиш по големи пари,треба да се отвори нешто што не бара голема инвестиција.
    Мојата комшика отвори палачинкара,си изнајми дуќанче под кирија, прави палачинки, ги носи по продавници, и сите ја научија дека има супер палачинки и продава по 5 ден. палачинка и неможе да постигне од луге што доаѓаат да си купат по 10,20, 30 палчинки.
    Од таа плата живеат дома и раснат две деца, плаќаат кредит за кола и одат по одмори. Значи за просечна живеачка има, нема пари да купи вила на море и џип ама тоа е луксуз.
    Стварно работи напорно ама работи за неа, нема газди над глава.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sanja-bt

    sanja-bt Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    па да јас не лакомам сакам доволно колку за нормален зивот а не многу богатство да вадам несто појке од плата а како со рече никој нема над глава да ти наредва
     
  12. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Имам неколку идеи за сопствен бизнис за понатаму во животот сега ми е ептен рано,ама ете идеите остануваат,можеби еден ден некоја ќе остварам..

    :)
     
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Доста сум размислувала на ова тема, ако не ризикуваш нема ни да добиеш
    е сеа секој почеток е тежок, но кога се сака сè се може.
    КОга би имала доволно средстав за да си направам сопствен бизнис не би размислувала два пати
    би направила и готово... Бизис да си отвориш ама да биде нешто уникатно, нешто што го нема во вашиот град да немате конкуренција, инаку тешко ќе оди...
     
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    другарка ми сака да почне бизнис па ме замоли да побарам совет тука..
    Значи мајкаи е аптекарка се разбира во многу работи и прави разновидни креми за стрии, за брчки и др. е сега најпрвин и требаа кутии за кремите не знае каде на најде и доставата нели луѓето ако порачаат некоја крема како да ги достатавува .. ако има некој предлог или некоја идеа добро би и дошло :)
     
  15. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Дали некој од вас размислувал за идејата да се донесе некој нов ланец на маркети во Македонија , и дали имате некоја идеа за одпоцнуванје на свој, со оглед на тоа дека денес има секакви кредити за одпочнување на свој бизнис?
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Тешко е денес да отпочнеш свој бизнис а камоли да развиеш ланец, за носење ланец маркети исто не е лесно имајќи во предвид дека мора низ владин кабинет да помине сето тоа, колку јас знам сите странски маркети што дошле во МКД поминале низ тоа.

    Јас лично сакам да видам нови маркети во Мк, после Веро ништо друго странско не дошло освен Кам маркет, ДМ и Бриколаж, еве конечно после толку време влегува Карефур, што едвај чекам да видам што маркет е. Од странските сакам да го видам Интершпар, ЛИДЛ, МЕТРО, Била, од дрогерии покрај ДМ сакам да ги видам Милер, Бипа, Даглас, Сефора, Росман, итн. Но тешко едвај дојде ДМ и Карефур...овие у нека далека будучност. :D
     
  17. melody.7

    melody.7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    :hai: Би сакала да замолам некој што е добро упатен, да ми помогне околу отворање салон за убавина. Нека напише се пто е потребно и колку пари се потребни? :worried:
     
    На Dzulija* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Прв пост и сакаш одма некој да ти направи бизнис план, со среќа :D

    Зависи каде ќе биде салонот, што услуги ќе нудиш, колку и какви справи ќе набавиш, колку вработени, има повеќе фактори што ја одредуваат цената ;)
     
  19. melody.7

    melody.7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Планирам да почнам со фризерка и покрај неа шминкање и надградба на нокти. Па понатаму можеби и солариум и масажа. Знам дека првите неколку месесца ке биде тешко, и ке бидам во загуба. Но се надевам на успех.
    Па ако има некој што има таков вид на бизнис, нека ме упати и нека ми даде совет. Ве молам!

    Однапред благодарам!
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Отворање на салон за убавина

    Ако имаш ти претстава што и како ти треба за салон, ќе си пресметаш, па добро ќе ти биде еден бизнис план да скоцкаш без него ништо од бизнисот и да ги прашаш тетките од завод за вработување или кај и да беше, дали ќе ти дадат 3 илјади евра да почнеш бизнис. Ама чудна си, сакаш бизнис да почнеш а не знаеш ништо за бизнис. Па од форум сигурно нема да научиш. Мора некој да ти објасни во пракса што треба и како.

    Без салон не почнувај, и да биде убав, дека нели за убавина ќе биде :lol: