За ваков вид на бизнис најдобро е на почеток Трговец поединец или занаетчија, понатаму ако се зголеми обемот на работата тогаш ДООЕЛ, али јас искрено би почнал со ТП, исто се смета за фирма и не треба основна главнина за основање. Ако те интересира нешто повеќе за основање на ТП пиши ми во порака.
Никако не е подобро ТП. Претпоставувам дека си адвокат и отварате ТП но Доел е многу подобра опција. Со ТП одговараш и со движен и недвижен имот и многу други сметковотствени негативности. Доел само со основачкиот влог. @Рив Разговарај со сметководител пред да отвориш.
Точно е, одговара со сиот свој имот неограничено, но со оглед на бизнисот кој го отвара според мене најисплатливо е ТП еве ќе набројам неколку поволности отварањето и затварањето се вршат во рок од 2-3 дена, додека за ДООЕЛ да се затвори треба или ликвидација или стечај што чини три пати повеќе од секој аспект. Понатаму за ТП не треба 5000 евра основна главнина додека за ДООЕЛ задолжително е основна главнина при основање или најдоцна во рок од 1 година од основањето односно минимален износ од 5000 евра во пари и/или ствари. Друг пример фирмарина за ДООЕЛ е 4000 денари додека за ТП е 1300 денари годишно. Вообичаено сметководителите за ТП наплаќаат 1500 ден./месечно додека за ДООЕЛ е минимално 3000 ден./месечно. Во останато е исто како ДООЕЛ може и ТП со менаџерски договор. Исто важно е што кај ТП не се плаќа данок на добивка, односно се плаќа само персонален данок на доход. Единствено ТП има 2 негативни работи и тоа што основачот одговара неограничено со сиот свој приватен имот кај неговите доверители, и дека со ТП не може да се работи со странство, односно дејноста на ТП може да се врши само во границите на Македонија. Но со оглед дека се работи за салон за нокти нема ништо страшно да се отвори ТП, и после година кога ќе се разработи да се трансформира во ДООЕЛ или да се затвори и да се отвори ДООЕЛ. Сепак ова е мое мислење, според мене се' зависи со колку капитал се располага на почеток, затоа што отварањето на фирма е најлесна работа, има доста непланирани трошоци за отварање на салон/дуќан на пример ПП апарат чини минимално 50 евра, фискална каса чини 300 евра, да се опреми за работа, итн. ДООЕЛ е најсигурно затоа што се одговара само со имотот на фирмата. Ако влогот на пример за ДООЕЛ е во ствари сега проценките се движат од 150 евра нагоре, тоа е плус трошок. Со други зборови работата е со што помалку трошоци да се отвори бизнис истиот да се разработи и после веќе се прави во ДООЕЛ, затоа што треба да се има предвид ако не тргне бизнисот како со помалку трошоци истиот да се затвори.
Јас веќе работам 8год. со тоа и верувам дека би имала работа заради тоа што деловниот простор што го најдов не е ни многу далеку од салонот каде што работев. За ТП не ни помислив. Дооел или Занаетчија ми беа само опции. Занаетчија ми изгледа како да има многу по мали трошоци. А иначе ме плашат малку инспекциите (трудова, санитарна и пазарна) што требале да дојдат на увид откако ќе регистрирам фирма. Искуство или некој совет околу тоа...
Дефинитивно тп, но за да бидеш ословодена од фискална, треба да поднесеш барање за паушал да бидеш. (Тоа го прави комора или ако имаш некој сметководител да ти направи услуга).
Претпоставувам дека ако тие работи ги извршува правно лице (кое ќе го платам за да ја истрчка работата по институции) ќе може и тоа да го направи. Благодарам на сите за советите.
Здраво. Не знаев каде да го поставам прашањево, најсоодветно ми беше тука. Сестра ми се занимава со рачни изработки и сака да почне да продава. Првично преку инстаграм и фејсбук. Не можам да откривам за што станува збор но размислувавме колкави цени би ставиле на производите, кои се 100% рачно изработани. Израчунавме дека за еден таков производ трошокот е околу 350 денари (материјали за изработка и кутија за пакување за праќање). Е сега неа ѝ е потребно околу 3 часа ефективна работа за да го сработи тоа. Дали би било соодветно да кошта 1000 денари (650 денари да е добивка) или да оди и поскапо. Не знаеме како да ја формираме цената па ме замоли да прашам некој. Јас мислам дека 1000 денари би било минимум што може да го понуди зашто навистина е уникатно и вложува баш време и труд. Нејзе целта не ѝ е да може или сака секој да го купи, за почеток нема да прави некоја голема количина, зашто си има и друга редовна работа од 8-16 часот, ама верува дека има луѓе што ценат рачна изработка и истата ја плаќаат. Што мислите? Доколку има некој што се занимава со рачни изработки нека ми пише ЛП.
Треба да разгледате дали на пазарот има сличен таков производ и која е неговата цена. Пример ако се работи за блуза/минѓуши од рачна изработка споредете ги цените со плетениците во Зара, Дути, наши работилници ..(поскапи, поефтини продавници, направете просек). Сигурно има нешто што е барем слично на производот шо сакате да го продавате. Каква е понудата, како се движат нивните цени и каква е побарувачката.
Здраво. Гледам дека се разбираш од вакви прашања па да те прашам дали фирма на онлајн продавница што е регистрирана како ДООЕЛ, може да отвори и физичка продавница?
За инстаграм продажба дали може да ми дојде инспекција? Фирма немам, и прашањето ми е при достава дали можам да го ставам името на инстаграм профилот, да не ставам мое име и презиме и тел. број? Едит: не се работи за фејк брендирана облека, нешто кинеско ситно е. @Forca
За достава не знам од карго како бараат, а за другото не се грижи, износот од продажбите пријавувај го годишно во даночната пријава за личен доход како доходи по друг основ, и тоа е тоа, иако препорачливо е да имаш фирма ако годишно имаш висок обрт на пари од продажбата.
Скоро во сите карго компании можеш твоето име да го оставиш во карго ИЛИ назив на фирма.. Јас со карго експрес работам, треба и лична карта при подигање откуп ако си физичко лице. Додуша јас од помало место сум, па не ми бараат стално на увид ама ме имаат во систем.. Инспекција нема да ти дојде ако некој не те пријави, особено ако немаш ставено адреса од која се подига каргото.. Реално, секој праќа работи со откуп во МК, никој не пријавува на крај година приход..
Malesia , мене ме интересира што кога робата ќе ти стигни во Скопје , каде стигнува ? Плаќаш царина и како ја ценат стоката , според тоа колку пари си платила ти за нејзе или килограми ?
Јас си порачував мала сума до 200 евра ( повеќе како шопинг за мене, мој број на облека, мене што ми се допаѓа) на моја адреса и се обидов да ја препродавам на инстаграм (пола ја продадов (не ми се исплатеше, многу трчање ми се виде, јас и онака многу обавези и лични причини имам да не можам да работам моментално). Облеката си ја носам. За понатаму би работела само бренд.
Zdravo, planiram da otvoram samousluzna avtoperalna pa me interesira dali nekoja od vas ima iskustvo, dali ima zarabotka, od kade da pocnam, dali mi treba firma (vrabotena sum na drzavno dali smeam da otvoram) i sl. Sekoe mislenje mi znaci.
Ти треба фирма Можеш да отвориш иако работиш За заработка никој не може да ти каже, зависи од локацијата.. Ако не знаеш да го работиш тоа што планираш да го почнеш, ич не почнувај