Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Можеш да отвориш на твое име.
    Сметководител може да ти објасни, може и адвокат.

    Отварањето фирма со непаричен залогот беше околу 200-250 евра, ако се прави проценка на недвижни работи за залог (со тоа што имаш цела година да го впишеш)
    Сега може ја кренале тарифата ама отприлика толку беше.

    Има овластени регистрациони агенти кои регистрираат.. Не секој сметководител регистрира и не секој адвокат..

    Месечно имаш трошоци за плата и придонеси, (можеш и ти да се пријавиш на некој саат, не мора друго лице) имаш трошоци за сметководител и годишно за фирмарина и завршна сметка (некои сметководители не ја наплаќаат завршната)
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    А бидејќи јас веќе сум вработена на друго место, дали морам да се пријавам како вработена и тука, или дали воопшто морам да имам вработен?
     
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.367
    Допаѓања:
    22.586
    Пол:
    Женски
    Ако си вработена на 40 саати не, не можеш да се пријавиш во твојата фирма.
    Можеш да бидеш сопственик(основач).
    Ти треба и управител, тоа не можеш да бидеш ти, а за трошоци не знам.
    Ова е се што знам моментално до сеа што сум бркала.
     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    2.859
    Пол:
    Женски
    Дали може и од каде нарачувате брендирана гардероба за да ја продавате во мк?
    Која е процедурата ме интересира?
    Фала
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Можеш да бидеш и сопственик и управител и покрај тоа што работиш во друга фирма.

    Во принцип ЗТД мислам во член 29 беше утврдува кој НЕ МОЖЕ да биде управител или основач, но бидејќи немала фирма досега најверојатно нема забрана по членот. Така да може да биде управител и може да отвори фирма иако веќе работи.


     
    На tigrica92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Може ли некој ако знае да ми објасни нешто...еве ја ситуацијата
    Основав фирма, се пријавив како вработена,значи сум и Управител и вработен... Е сега, сакам да се одјавам на некој месец, зашо ми се многу трошоци моментално, а немам приходи...
    Прашањето ми е, Дали фирмата ако остане само на Управител, без вработени може да функционира...во стил дали можам како Управител да плаќам некои фактури, или па некој друг да ми уплаќа (за онлајн продажба дека е)?
     
  7. gorjann

    gorjann Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Можеш, нема потреба од вработени. Фактура се плаќа у банка и таму не те прашуваат дали си вработен или не, само ја приложуваш картицата.
     
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.367
    Допаѓања:
    22.586
    Пол:
    Женски
    Преку фирма ако плаќаш директ фактури, мора на налогот да се потпише лице кое е овластено во банката. Во случајов тоа си ти.
    Вчера баш прашував во банка за ова.
    Јас на пример, не можев да уплатам административна такса, иако сум управител, зошто немав оовластување од основачот.
    За дневен промет може да уплати било кој.
     
  9. gorjann

    gorjann Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Некој што работел во агенција за недвижности? Ми треба совет.
     
  10. NanaMal

    NanaMal Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Здраво, постапка да се отвори угостителски објект за здрава храна? И доколку има некој пресметано од прилика почетни трошоци?
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Зависи дали ќе готвиш (печеш) или не..
    Дали ќе продаваш можеби сирови торти, ладни оброци, салати итн...многу малку информации даваш
    Ама без 12.000 евра тешко...
    Витрини, фрижидер, замрзнувач, каса, иноксни работни маси, печка/горилници/шпорет .. Ао треба да купиш комора за стасување ете ти плус пари..
    Мали ситни апарати дозволени за работа никако не ти се испод 400 евра еден..
    Итн итн

    За моите производи, мојата математика беше 25000 евра, ама мене и дупликатор ми требаше:D


    Постапка..
    Прво регистрираш фирма, после имаш трчканици.. Санитарни книшки, дозвола за работа/производство, ујп, обука за хасап, ред други глупости... Ако не се откажеш од одма, после другото е лесно
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.367
    Допаѓања:
    22.586
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да поставам прашање...
    Многу размислувам, а и не брзам во моментов, ова може и тек за година дена да биде.
    Сакам продавничка, ајде така ќе ја крстам.
    Значи планот е во стилот на пррсонализирани подароци, хартиени торти, топери, кутивчиња, чашки, тањири, сламки...
    Како и други ситници..
    Привезочиња, магнети, чаши, рамки, здравје боже па и покани, визитки, флаери..
    Не знам дали се ова би можело да оди под една дејност. И што се ми е потребно.
    Со оглед на тоа нели дека би ги полнела тортите со чоколатца, како и персонализирани чоколатца, вина...
     
  13. Bluegirll

    Bluegirll Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2023
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Сакам да отворам нешто како книжара да има материја што ги има секоја книжара и плус да има материјали за декорација како што се монистри волници конци , плишани играчки балони со хелиум можеби и персонализирани украси, за почеток без копирање,печатење би работела. Ме интересира колку би бил првичнио влог од прилика за да се отвори вакво нешто. Ако има некој што воде ваков или сличен бизнис имам и други прашања.
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Мислам дека под 20000 евра нема да бидеш, зависи и колку снабдена сакаш да биде. Хелиумот е скап на пример.
    Можеш да прашаш во Тримакс да направите договор да продаваш нивни производи, можеби ќе ти помогнат за првичниот влог, а за балони и остали декорации можам да прашам за контакт, па да ти пишам да одиш да прашаш, познавам фирма што увезува и може да те снабди со квалитетна роба.
     
  15. kekberg

    kekberg Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Сакам да отворам мала градежна фирма. Во моментов имам точно 29 години, ме интересира кои од мерките би можеле да ми користат?
    Исто така, со оглед на тоа што сакам да земам механизација која кошта повеќе од сумата што ја даваат, дали има можност со тие грантови да се плати дел и остатокот да си го доплатам?
    При отварање на фирмата, пошто претпоставувам треба да е ДООЕЛ, дали веднаш треба основачки влог или може подоцна да се впиши? И последно, бидејќи сум веќе вработена, дали може да отворам фирма и во неа да сум пријавена на дополнително работно време?
    Фала
     
  16. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Основачкиот влог можеш да го внесеш до една година од отварањето на фирмата ама и не мора да биде паричен, може да биде и некоја опрема. Ти ќе бидеш сопственик на фирмата ама не можеш да бидеш пријавена ако на другото место си на полно работно време. Инаку, @Forca може да ти помогне да ја отвориш фирмата.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со работење онлајн/продажба. Дали може да се работи без да се отвори фирма?
    И друго прашање, дали склучиле договор со карго служба или рандом ги испраќате пратките кои се за во друг град?
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Градежна фирма за да може да се работи треба барем да може да извади лиценца Б
    За неа 5 или 6 вработени требаше да имаш најмалку, од кои 2 инженери со лиценца
     
  19. kekberg

    kekberg Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ги знам и исполнувам потребните услови во однос на работење на градежна фирма, сепак ти благодарам. Прашањето ми е во однос на отварање на фирма, и дали можам да добијам некој од пакетите мерки за започнување бизнис.
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    Моментално не, бидејќи нема мерки за грантови

    Мислам нема да влезеш во тие до 29год, мене тогаш така ми рекоа и ме префрлија во обичната група:D
    За нормалните грантотви можеш да аплицираш кога ќе има повик.
    ДООЕЛ ќе си отвориш после тоа..