Zdravo Se spremam da naracam obleka od turcija za prodazba moze li ve molam dokolku znaete da mi dadete kontakt od kargo blagodaram
Здраво, јас наскоро планирам да отворам бутик за женска облека. Дали некоја членка има бутик, би сакала да прашам неколку информации, во врска со заработка, набавка на роба, итн. За информациите секако ќе си платам.
Ако сакаш онлајн плаќање со картичка, мораш да имаш фирма. Нема друг начин. Вака како шо продаваат по фб и на друго место, можеш и без фирма. Ама сепак најправилно е со фирма. Ако продаваш нешто што ќе изработуваш, можеш како занаетчија да се регистрираш - имаш бенефити како ослободување од данок.
Искрено, многу неисплатливо е... Другарка отвори лани, и кај и да е ќе престане... Секој ден се отвараат нови, сите ги продаваат истите ствари, како почетник мораш да спуштиш цена максимално, кога ќе собереш набавка, карго маркетинг....во минус си... Прескапи се рекламите на социјалните мрежи, а ако не пушташ на никого не му искачаат твоите постови
Здраво. Дали можеби добивте некаков одговор или информација поврзана со тоа што прашувавте? И сакам да додадам, дали можеби знаете каде може да се набават кукли за излог, а да не бидат од физичко лице, односно да бидат од фирма кај која ќе се регулира плаќањето преку профактура? Ви благодарам однапред!
Здраво. Ако може некој да ми даде идеја за бизнис? Мислам на нешто што мора секојдневно да се продава. Со високо образование сум. Аптека - ама неможам тоа да го работам, бидејќи немам соодветно образование. Инаку станува збор за Охрид. Порано имав бутик, но траеше кратко. Се мислам за самопослуга но ми бара месечно 1000 евра кирија. Имам кредит. Него сакам да го рефинансирам и така да почнам. Работам, но воопшто не го сакам тоа што работам. Од нервоза почна и шеќерот и притисокот да ми се качуваат. Ако има некој идеја и нормално ако сака да ја сподели ќе бидам многу благодарна.
Добра е идејата за самопослуга, само ако се одлучиш за тоа гледај да биде на место кај што во блиска околина нема поголем маркет.
Здраво, сакам да отворам фирма но ми треба помош, не знам кој назив да го има дали ТП или нешто друго. Дејност на фирмата би бил увоз на одредени продукти и воедно и интернет продажба. Дел од производите би биле увоз од соседна држава а би ги пласирала и продавала кај нас. Ве молам за повеќе детали ако има некој искуство да ме советува и подучи.
Ова што ти го сакаш не може со ТП Регистрирај дооел ТП е исто така лошо што одговараш со целиот твој имот во работењето..
Девојки јас имам прашање ако е некоја од вас запознаена, како иде процедурата за добивање на бизнис кредит? Дали лесно одобруваат банкиве, можеби ако некој од вас работи во банка да ми даде совет, предлог? Дали е условот само хипотека да понудиш или ти требаат врски и за одобрување кредит? Или да ми дадете предлог како до средства има ли кај нас инвеститори кои би помогнале? Фала на секое инфо
Доколку некој знае карго со база во Турција и во мкд и врши достава до сите градови до мкд нека ми пише порака, итно ми е. Фала
Добро вечер , ќе ве замолам за совет/ мислење/ ваше лично искуство . Сакам да отворам бутик за женски високи потпетици, дали некој знае како иде цел тој процес со набавка на роба, царина, онлјан продажба, дополнителни трошоци кој се ? Каде се сите нивни фабрики во Турција што сите купуваат роба било каква во Скопје ? Ви благодарам однапред
Здраво дали некој има центар за физикална терапија, масажа и кинезитерапија? Би сакала нешто да прашам ако имате, ќе ве замолам да ми пишете.
Здраво, ми треба мала помош, планирам да отворам спортски медиум , но сакам прво да основам дооел, па потоа да си терам со страната, што е потребно за основање, колкав капитал и тн....??