Па не ни знам да ти кажам, било каквл усвари се шо ми треба за да прсжавам покани, свадбени роденденски..
Имаш мнооогу непознати во равенката Каква хартија ќе користиш? Кај нас нема некој голем избор... Колку грамска? Дали ќе принташ и онакви како пвц проѕирни покани... Која димензија... Дали ќе има златно/сребрено по нив.. Ти треба и опрема за сечење, за превиткување...
Па се сакам да знам, не сум упатена ич у тоа а заинтересирана сум.. Значи каков печатач треба за подебела хартија, за почетокот не пвц само обични покани од подебела хартија
Тука веќе не станува толку збор за исплатење, колку што она треба да одлучи со каква хартија ќе работи. За некои хартии ласерскиот е ужас .. Некои принтери имаат ограничување во поглед на грамажата на хартијата (дебелината) Да ти дадам еден најдобронамерен непобаран совет? Ако појма немаш од работата ич не почнувај.. можеш како хоби ама не како бизнис. За бизнис си треба вложување во квалитетна опрема за да бидеш конкурентна .. а ти немаш ни основно искуство во дејноста.
Планирам да почнам сопстевен бизнис,да набавам машина,фритеза за правење крофни.Па да прашам дали има некој во оваа област,дали е исплатливо.
Зависи од локацијата и градот. Никој не може да ти каже дали е исплатливо.. Кај мене во Берово иако сум скоро на плоштад тешко исплатливо ќе биде.. Ама да си во аеродром на пример, ќе ти биде барем 3 пати поисплатливо Помножи си, подели си, собери си и види ги трошоците наспрема приносот и ќе видиш дали ќе ти се исплати
Здраво, да прашам до каде си со идејата, дали имаш инфо бидејќи сакам слично да отворам во Битола. Од каде си
Интересно, и јас сум размислувал, али кај нас во Прилеп има две такви се отепуваат од работа на одручек до вечер, али само во лето.
Точно,исплатливо само во лето доколку си како на свој штанд или имаш ,,тезга,, како тие што се,најчесто работат до октомври негде,во зима ги нема воопшто,но ако сакаш да бидиш во локал,ќе работиш преку цела година. Тие преку лето тука имаат доста работа.
Во Скопје, на плоштад, има мали палачинки.Mini pancakes, одлични се.Ги има и во Fluffy и повеќе се барани од пржените крофни.
Можеш за почеток поканите да ги печатиш во некоја добро опремена фотокопирница па ако видиш дека имаш работа тогаш купи печатач.
Не знам дали е соодветна тема, но каде треба да се објави оглас за да биде јавен и според кој може да те пријават? Дали на овие странице вработување,кариера или директ во АВРМ? Зборувам за оглас кој ќе биде само формален да се испочитува закон.
Што мислите за отворање сопствена веб-страница? Дали може да се заработува и дали уште веднаш е задолжително отворање фирма? Имам повеќе исксутво со пишување статии и слично, па моментелно кога сум невработена, ова некако ми се гледаше како добра опција, но се плашам од отворање фирми и слично. Некое искуство или совет би ми биле добредојдени