1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. Simona❤️❤️❤️

    Simona❤️❤️❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ima li nekoj sto ima sopstev decki butik da mi pise
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.111
    Пол:
    Женски
    Нема пари во тоа

    А за домеин .мк ти треба фирма. За .com не треба
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Helenic

    Helenic Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo dali znaete kade mozam da zemam matrijal za lash lift na golemo po okej ceni? Kosovo? Turcija? I ako znaete tocno koja strana
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.257
    Допаѓања:
    6.745
    Искрено порано и јас размслував за помал маркет отворање ама сега со сегашниве цени не се осудувам ни да размислувам. Големи давачки има, од фирмарини, плати и придонеси, набавка на роба, инспекции..
    Куповната моќ на потрошувачот е многу намалена, па дури и за странците се скапи цените во маркети. Велат дека е исто како кај нив. Тогаш што остаува да испазари еден Македонец?. И да има околу тебе маркет и да нема исто ти доаѓа. Скептик сум многу.
    Кренаа цени на се до плафон, а платите исти останаа кај повеќето. Јас некои работи не можам да си дозволам ко порано - не е веќе истото.
    Друга идеја немам.
     
    На Шатци-, gjoker4e, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Flooora96

    Flooora96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2021
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Здраво. Се мислам да отворам игротека, не знам од кај да почнам. Не сакам со неповратен кредит, имам нешто на страна парички. Дали пак ми треба бизнис план, дали треба некоја лиценца. Дали некој од вас има искуство?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Имам на мисла да почнам со декорација со балони за свечености
    Дали треба да сум пријавена нешто?
     
    На Шатци- му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Не, ќе си работиш така, секако ќе работиш на почеток да не речам колку да се покриваш и да извадиш нешто за себе. Потоа, дај Боже да ти тргне ќе направиш фирма.
     
    На Шатци- и mama11 им се допаѓа ова.
  8. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ако некој е заинтересиран да купи онлајн продавница за женска облека, веќе разработен профил, со веб сајт нека ми пише, ќе го препратам кај пријателка
     
    На Шатци-, Две Принцези и Capricorn96 им се допаѓа ова.
  9. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Vo MK da si imas sobstven biznis treba rizikuvas , no od iskustvo ti vikam vredi da ravortis poveke za sebe so sobstven biznis od kako da zives so plata
     
    На Шатци- му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Здраво, што конкетно те интересира можам да помогнам, јас имам 15 годишно искуство со работа на мои личен спортски портал, работам како спортски новинар. Од идеја до реализација, преку комплетна изработка на порталот, до маркетинг, воведување на некои нови иновативни алатки (кои сам ги програмирам) како графика за преноси во живо на спортски натпревари и слично.

    Може да поразговараме околу делот на маркетинг, многумина започнуваат но треба да знаат и како да дојдат до можност за реклами, има различни платформи како што е google adsense и слично, дополнително можеш да додадеш и некои видеа кои би ги снимала, а ги постираш на веб сајтот, со што би можела да заработуваш и од youtube.

    За онлајн заработка од некои платформи не е потребна фирма, фирма ќе ти биде потребна за веќе ако имаш сериозни и големи компании за реклама и со долгорочни соработки од 3 месеци и повеќе. Дополнително, фирма не ти препорачувам, подобро здружение на граѓани со цел да може да аплицираш на проекти, така да можеш дополнително и од оваа да заработиш.
     
    На Шатци-, Milobebence, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    3.905
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да отворам здружение на граѓани, што е потребно?
     
  12. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Здружение можат да основаат физички и правни лица.

    • Здружение можат да основаат најмалку 5 основачи од кои тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на Република Македонија.
    • Здружение на граѓани може да основаат малолетни лица со навршена 15-годишна возраст преку изјава за согласност за основање на здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението во согласност со закон.
    Основање
    Здружението се основа на основачко собрание. На основачкото собрание се донесува акт за основање, програма, статут и се избираат органите на здружението.

    1. Акт за основање
    Актот за основање на здружението содржи:

    • име, седиште и адреса на здружението,
    • име, адреса или седиште и единствен матичен број на основачите на здружението и
    • цели на здружението.
    Актот за основање или негов дел може да се менува, ако за тоа има изречено волја на основачите додека трае процесот на регистрација.

    2. Статут и содржина на статутот
    Здружението има статут. Со статутот на здружението се уредуваат:

    • името и седиштето,
    • целите на здружението,
    • дејностите со кои се остваруваат целите,
    • начинот на одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членувањето во здружението,
    • правата, обврските и одговорностите на членовите,
    • видот на органите и нивниот состав, начинот на избор и разрешување, траење на мандатот на членовите во органите и начинот на одлучување,
    • застапувањето по закон,
    • начинот на стекнување и располагање со средствата,
    • начинот на донесување на финансиски и други извештаи,
    • начинот на остварување на јавност и отчетност во работата,
    • начинот на донесување, изменување и дополнување на статутот,
    • начинот на одлучување за статусни промени и престанок на здружението,
    • начинот на донесување на планови и програми,
    • постапувањето со средствата и/или имотот во случај на престанок на здружението и
    • други прашања утврдени со закон.
    Со статутот на здружението можат да се уредат и:

    • знакот и симболот на здружението,
    • внатрешните организациони форми (подружници, ограноци и слично), ако ги има,
    • начинот на донесување на другите акти,
    • судир на интереси,
    • начин на разрешување на спорни прашања и
    • други прашања од значење за работата на здружението.
    3. Членување во здружение
    Членувањето во здружението е доброволно. Основачите се членови на здружението со еднакви права и одговорности, како и другите членови на здружението. Физичко лице може да биде член на здружението независно од неговата возраст во согласност со статутот.

    • Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон.
    • Лицата со ограничена деловна способност или лицата на кои им е одземена деловната способност можат да бидат членови на здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за зачленување во организацијата во согласност со закон.
    4. Регистар на членови
    Здружението води регистар на членови и евиденција на членовите на органите. Пoдатоците се ажурираат најмалку еднаш на 2 години. Здруженијата ја гарантираат анонимноста на личните податоци на членовите кои тоа го побарале. Податоците се заштитени во согласност со прописите за заштита на личните податоци и класифицирани информации.

    5. Управување на здружението
    Со здружението управуваат членовите непосредно или преку избраните претставници во органите на здружението. Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членови. Со статутот може да се определи начинот на претставување на членовите на здружението во собранието на здружението, преку свои избрани претставници.

    Собранието:

    • донесува статут, програма и други акти,
    • усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на својата веб страница,
    • доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,
    • одлучува за промена на целта на здружението,
    • одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здружението,
    • избира и разрешува членови на органите,
    • одлучува за статусните измени на здружението,
    • одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението и
    • врши и други работи во согласност со статутот и актите на здружението.
    Собранието работи на седници. Собранието, по правило, одржува седница најмалку еднаш годишно, а со статутот на здружението може да се определи и рок пократок од една година за одржување на седница. Вонредна седница на собранието може да се одржи по писмено барање од една третина од членовите на здружението. Вонредната седница на собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување. Начинот на свикување на собранието, работата и донесувањето на одлуките и одлучувањето без присуство, се уредуваат со статутот на здружението.

    Застапник на здружението
    Здружението има едно или повеќе лица овластени за застапување на здружението (во натамошниот текст: застапник) избран, односно именуван на начин утврден со статутот. Застапник на здружението може да биде деловно способно физичко лице кое има живеалиште или престојувалиште на територијата на Република Македонија во согласност со закон. Правата и обврските застапникот на здружението ги врши во согласност со закон, статутот и актите на здружението.

    Со статутот на здружението може да се предвидат и други органи на здружението.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    3.905
    Пол:
    Женски
    Да, ова е техничкиот дел, ама дали функционира така. Знам едно здружение што проектите ги бара надвор, па ги спроведува тука, а обуките се надвор. Не знам нашиве домашно здруженија како работат и со што, веројатно треба да бараат средства за помош на одредена група на граѓани. Стварно не ми е јасно дали наоѓаат доволно средства.
     
    На Шатци- му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Зависи за која цел е здружението. Дојди во порака да го забрзаме начинот на комуникација.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Martina991

    Martina991 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Нај исплатлив бизнис:
    Банка.
    Кладилница.
    Казино.
    Аптека.
    Погребално.
    Продажба на алхохол - нели тој нема рок колку што знам.
    Продажба на градежни материјали.
     
    На Шатци- му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    За првите работи кои ги наведе треба премногу капитал, ова го кажувам од искуство како менаџер на кладилници во Македонија (регионален), таму треба сериозна сума на пари. За последните две да, со тоа што алкохол зависи како, дали како тобако или слично, треба многу дозволи за тоа
     
    На Шатци-, Alex.T и Martina991 им се допаѓа ова.
  17. Martina991

    Martina991 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Па добро за последните 4 не ти треба нешто опрема за работа
    Додека за првите 3 да, опремата е скапа.
     
  18. Alessandr0

    Alessandr0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Машки
    Не само опрема, за кладилница мислам дека треба да приложиш банкарска гаранција од над 30.000 евра... за аптека имаш исто така доста дозволи и тука имаш разни сопки... ако зборуваме за нешто мало за сопствен бизнис без многу вложување, овие се тешко остварливи работи
     
  19. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.986
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    За туристичка агенција влогот е 100 000 евра, башка други трошоци.
     
    На Шатци- и Alex.T им се допаѓа ова.
  20. Martina991

    Martina991 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2024
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ok, но за последните 3 мислам дека скоро секој може тука да се проба.