Тоа се првите муштерии, тие ќе те препорачаат понатака, ќе ти дадат совет за тоа што им треба, ќе ти помогнат. Освен ако не отвараш тобако.
До некаде држи вода, но не може да се ослонува само на пријателки. Најдобро за да донесе нови муштерии е ,,од човек на човек". Ова важи за било каков бизнис.
Добро, не реков дека не може да се ослони на пријателите, но вистинските муштерии не се они. Вистинските муштерии ќе разберат преку добар збор, а за да разберат преку добар збор, треба добро да работи.
Дечки ај ако може некој да ми помогне. Како оде процедурата за отварање на Издавачка куќа, како што се Сакам книги, Литература и сл, која е процедурата.
Ти треба маркетинг, а ако немаш голем круг на пријатели кои ќе ти прават маркетинг на почетокот џабе ти е
Здраво Во последно време почнаа да искачаат онлајн продавници за производи од свила... Цените на производите им се прилично високи... Дали мислите дека има заработка од таков тип на производ или не се исплати инвестиција со оглед на тоа дека исти производи се достапни и на Тему по многу пониски цени и релативно брза достава...
Едни пријатели до пред короната имаа игротека, месечно имаа чист профит околу 1000е, мајка и ќерка работеа, после ќерка и отиде во Скопје да студира и немаше кој да и помага на мајка и и престанаа да работат
Има една интересна реченица, оваа година уште полициска станица не ми текна да отворам хахах Кажете ми за цртање на порцелан, стакло, хендмејд и да продавам на инста, да пуштам по карго, може некој да ме пријави? Дали сите плаќаат некој данок за такви хендмејд или не?
90% se sto e onlajn nikoj ne prijavuva danok, nemora nikoj da znae koj stoi zad taa online prodavnica taka da good luck
Не е баш така... Ако сакаат, може да те проверат... Зашо во курирската служба кога ги подигнуваш парите се потпишуваш, и плус оставаш тел број за контакт...а во мк за да активираш сим картичка оставаш лични податоци