1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    1.228
    Здраво, во одреден дел ми се совпаѓа прашањето со некои од членките погоре, ама нема потполн одговор.

    Некој упатен, или што ја поминал таа процедура ако може да ми каже (значи не тоа промоција, реклами и сл, туку правниот дел околу регистрацијата):
    - од каде и каква дозвола треба како за оние Вело Кафе, како што се продава во парк кафе и цедени сокови, сладолед ...
    - од каде и каква дозвола треба за домашно производство на пример пинџури во тегла, намази, путери и сл.
    - од каде и каква дозвола имаат овие што прават палачинки на улица и таков некој тип .. мене конкретно ме интересира за салати и нешто здрава храна.

    Некои се регистрираат како занаетчии (знам една леб што произведува и еден путер, ама не ми се доволно блиски да ги прашам) и во кој случај занаетчија ќе заврши работа , а во кој случај треба друга правна форма.

    Ако има некој упатен, да ни даде исцрпен одговор мислам многу членови овде ќе бидеме благодарни.
     
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.106
    Пол:
    Женски
    Јас сум со регистрирано производство за ова

    Ти треба регистрација во храна и ветерина, треба да ти го регистрираат објектот и да ти е секако по пропис.
    Дома не можеш да правиш..

    Имаш опција за продажба од куќен праг и тие производи не можеш да ги продаваш по маркети. Треба да ги исполнуваш барањата од правилникот за производство и продажба од куќен праг, односно правилниците за ДПП и ДХП..АМА за продажба од куќен праг мене ми бараа да имам земено земја под закуп која има насади на овошките што сакам да ги преработувам па да ме регистрираат за продажба од праг.
    Затоа се регистрирав како ДООЕЛ за производител од мал обем, морав и HACCP да имам имплементирано

    За се друго ти треба хасап стандард.. 400 денари се уплаќа со барањето ако е за производи кои не содржат инпути од животинско потекло и мислам околу 22000 за животинско потекло..

    Последно што знам е дека можеш да бидеш регистрирана како занаетчија во занаетчиска комора .. Ама ќе прашаш за кои производствени категории

    Овие како Вело кафе поднесуваат барање за поставување на опрема до град Скопје, баш скоро имаше повик за тоа. Мислам дека и они подлежат на регистрација во храна и ветерина..
     
  3. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    1.228
    Dust, ти си една прекрасна личност. Фала ти многу.
    Ми произлегоа уште многу потпрашања во однос на ова:
    Значи од куќен праг, фактички мораш да ги произведуваш репроматеријалите? Ако се на пример колачи или нешто така што не е баш земјоделска гранка?

    Да не знаеш за занаетчија кои се предности и слабости?
    Дали претставништва храна и ветеринарство има по поголемите градови или се треба преку Скопје?

    Дали се дефинираат точно кои производи се продаваат со состав и се тоа, дали се впишува секој производ некаде или само дејноста се утврдува...
    Фала ти премногу.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    583
    Си има закон за безбедност на храна и правилници, ги има на официјалната страна на Агенција за храна и ветеринарство како и обрасците и барања што треба да се потполнат, во секој град имаш инспектори можеш со нив некако да ги прашаш да те упатат но сепак ќе оди преку Скопје мислам. Исто мислам дека ќе треба да те посетат инспекторите да видат дали ги исполнуваш условите и врз база на тоа ќе ти издадат решение
     
    На b.o.n.i му/ѝ се допаѓа ова.
  5. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    1.228
    Фала ти многу. Работава е што ептен идеиве се на почеток и не знам од кај да се почне и што е најпаметно за почеток. Ем да не се залетам и да биде со најмал ризик и трошоци.

    Тоа до Вело Кафе ми изгледа најисплатливо, ама покрај дозвола за поставување од градот не знам која правна форма се. Не се кафич...дали покрај кафе и сокови на пример може да се продава и нешто друго ( на пример од сабајле спакувани салати и сл...) Затоа и се обратив тука оти не знам што е со најмалку административни заврзлами, а добар потенцијал и да се развие во иднина па да премине во друга правна форма...
     
    На Dust и nice-girl им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.106
    Пол:
    Женски
    Храна и ветерина има подрачни единици во сите градови

    Продажба од куќен праг значи дека можеш да продаваш од таму каде што произведуваш (во случајот со мене, продажба само во Берово)
    Зависи што ќе произведуваш ама во принцип и други што ги знам дека се регистрирани за продажба од куќен праг, им барале земја на нивно име.
    Ама јас знам само такви од моја бранша.. Значи производители на мармалади, сокови, слатка, сушени овошја..
    Дали и за продажба на леб, готови салати и слични работи ќе ти бараат - не знам. Треба да си прашаш во храна и ветерина. Најчесто инспекторите таму се сите фини, особено во помалите градови. Има инспектори за животинско потекло и за неживотинско.. Ќе си прашаш кај соодветниот

    За занаетчија не знам како се регистрираат (не знам дали е секоја дејност посебно)
    За ДООЕЛ уписот на дејноста е според националната класификација на дејности - НКД.. Има и ревизија на табелата со шифрите последниве години откако ми е отворена фирмата па не знам да ти кажам која шифра би била, ама има да ја симнеш од страната на завод за статистика.
    Како Дооел можеш да произведуваш и мармалади и ајвари и да ги продаваш, да продаваш и кафе и мафини и леб и тостови, дури и боенки за да занимаваш деца додека мајките им пијат кафе:D

    Нормално, мораш да имаш влезни фактури, ваљда нема и боенки да печатиш:D


    За да продаваш било каков производ во тегла/шише (ајвар, мармалад, сок итн) мораш на секој да имаш декларација со состав, нутритивна табела, грамажа, производител/пакувач, назив на фирма, седиште, контакт

    Колку што знам од пред некое време истата треба да е и на албански.
    Јас уште пркосам само со македонски додека не ми залепат некоја честитка. Мислам дека е внесено тоа во правилниците..не сум 100% сигурна

    И мало предупредување од мене.. Од моја дејност..
    Секоја анализа на производ ти чини 150 евра :D со тоа што нутритивната табела од околу 100 евра само еднаш ја правиш, освен ако не смениш состав.
    Секоја година мораш на испитување да ги праќаш производите во акредитирана лабораторија
    Се праќаат по 5 примероци од секој.. Чини околу 2-3000 ден зависи каде ќе правиш
    Зависи од производот, ќе ти кажат што мораш да испитуваш..мувли, квасци, аеробни бактерии, 353 чуда зависи од производот..
    Ова ти го пишувам за да знаеш што те чека ако избереш зимници, да не биде после како мене.. леле мајко. :D
     
    На b.o.n.i и nice-girl им се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.106
    Пол:
    Женски
    И да..
    ДООЕЛ ти е најбезбедна форма.. Одговараш до висината на внесениот влог.
    Ако си ТП на пример (трговец поединец) за својата работа одговараш со сиот свој имот.


    И не заборавај фискална каса.. 15000-17000 денари..
    И секоја година pain in the ass мораш да ја носиш таму кај што си ја купила.. за меморијата. И за да платиш едно 3-4000ден..


    И пос терминал за картички.. И провизии..и одржување на сметка во банка секој месец 500+ денари.
    И сметководител едно 50 евра секој месец, зависи од промет и фактури
    Така.. Да не те плашам ама зијанот и ќарот се браќа :D
     
    На SummerGirl и b.o.n.i им се допаѓа ова.
  8. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    583
    @Dust секоја чест што ги имаш запазено сите правила и процедури за да продаваш безбедна храна на пазарот.Сепак има многу што работат од дома бар во мојот град па и во цела држава и мислам дека немаат ништо запазено од ова но тоа си е нивен ризик @b.o.n.i во врска со дооел , тп и и слично треба да се распрашаш во централен регистар или во бирото.
     
    На b.o.n.i и Dust им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.106
    Пол:
    Женски
    Едноставно морав. Бев дооел и сакав тоа да го работам па вложив едно 4000 евра само за анализи на производи:tmi:
    Плус опрема едно 20.000 евра :rofl:

    Има по Берово 15-20 производители што продаваат на езеро горе и произведуваат во подрум со хигиена НУЛА. Не слушнале ни за ДПП ни за ДХП. За квалитет не ни зборувам.. Не сакам никого да кудам, ама знаеме како е..

    Само 2 сме со дооел што работиме..
    И плаќаме даноци...
    И поминавме обуки за HACCP..
    Обука за безбедност на храна..

    (овие се задолжителни ако сакаш да си регистриран во ахв)

    Одиме на редовни санитарни прегледи..
    Влегуваме во погон само со униформа, каљачи, маски
    Праќаме брисеви од површини на анализа бидејќи и тоа се бара..
    Брисеви и од нас..


    И срце ме боли кога ќе ми рече некој - скапо ми е.
    Ок, 50 денари од шише/тегла сум поскапа од дивите продавачи на браната горе..
    Секој сам бира што ќе купи:puke:
     
    На Milobebence, SummerGirl, b.o.n.i и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Леле...и после зошто цветало она што цвета во државава. Која бирократија! И кои пари уште од старт!

    А баш мислев да почнам нешто органско да одгледувам, и барав правилници, потенцијални откупувачи...информации онлајн нула. И, сега страв ми е да прашувам по институции, богзнае што ќе бараат, а јас сум си без вујко владика, така да...
     
    На Dust и nice-girl им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    8.075
    Пол:
    Женски
    Се рекламираш ли Даст? Како да те најдеме, некој хинт даваш ли, да те поддржиме кога веќе толку си вложила.
     
    На b.o.n.i и Dust им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.106
    Пол:
    Женски
    Тука уште кога бев модератор ми се заканија со бан ако се рекламирам, а фрчеа прикриени реклами секаде по форумов.. Така да, не се рекламирам. Да не ги вознемирам Боговите :D

    Инаку не доставуваме никаде до 1 април..веќе 2 месеци сме по болници туто комлето:x
    А хинтови имам милион пишано :lol:
    кога на мојот град ќе додадеш едно К за претпоследна буква:wasntme:
     
    На Abel, Stark и nice-girl им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.785
    Допаѓања:
    173.106
    Пол:
    Женски
    Мери ако можам да ти помогнам, пиши слободно. Дали тука, дали во порака..
    Ќе имам насад на органски малини, овие до сега што ги преработуваме се само диви шумски..

    Има правилници за одгледување, за употреба на пестициди, каренца итн..

    За да е органско, прво мора да е органско во преод..
    Имаш неколку фирми кај нас што вршат сертификација.. Одобрени и лиценцирани од министерство
    Околу 600 евра ќе те фати сертификатот.. Барем толку беше, кој знае сега..

    Потенцијални откупувачи тешко, освен ако немаш барем по неколку тони
    Има локални продавници што продават македонски органски производи, ама малку се.. Маржите се по 30%..

    Многу подобро е да склучиш договор со мали преработувачи па да ти го откупуваат тоа што ќе произведеш..

    Инаку и за нас производителите треба сертификација ако сакаме да декларираме органски производ.
    Затоа и не се нафаќам натаму да заглавувам..
    И другите би ти го откупиле производот (без разлика што и да е, има преработувачи кај нас) ама по цена за конвенционално производство бидејќи само така им се исплати.
    Немаат додадена вредност, не можат да пишат (пример) органски мармалад од малини ако не се сертифицирани..
     
    На b.o.n.i му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Даст, ти си грутка злато сред каллив мочвар.Ова го мислам ама најискрено и од срце. Се надевам не ти е проблем, ќе ти пишам изутрина, сеуште не можам да се свестам од сите нули и ХУЦВЛДРСЛ бирократии кои ги наброја.:drunk:
     
    На b.o.n.i му/ѝ се допаѓа ова.
  15. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    1.228
    Браво Dust, ти благодарам премногу и ти ја посакувам цела среќа да те води низ бизнисот и животот. Ретко вака некој посветен и образован, и пред се морално чист пред законот :l: твоите информации се буквално прирачник :*

    Ти си се предодредила за твојата работа, си нашла нишка што те исполнува и идеална за поднебјето.
    Ние останатите што не ни дала многу природата, ќе лутаме малце додека не пресечеме што да биде конкретно. Но твоите корисни совети многу ми (ни ) значат.
     
    Последна измена: 16 март 2025 во 08:27
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.099
    Допаѓања:
    8.075
    Пол:
    Женски
    Оф леле, ајде да сте живи здрави, да ви помине што побрзо, а ќе откријам јас, па не ја читам за џабе Агата Кристи :D:D:D:D
     
  17. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Здраво може ќе се најде некој тука да ми помогне. Бидејќи ова адвокативе гледаат само што побрзо да се согласиш со нив и спремаат документи. Вака сакаме со мм да отвориме продавница за автоделови.
    За почеток јас ќе бидам управител да си отвориме со свои пари, а потоа ако државата распише конкурс за неповратен кредит да аплицира мм ако му одобрат јас да затворам фирма тој да ја отвори на негово име.
    Е сега се мислиме дали да бидеме како трговец поединец дали ДООЕЛ. Едни ни викаат ТП други ДООЕЛ. Овој сега последен адвокат ни рече таа дејнос ние што сакаме не може ТП.
    Барам совет од вас некој што е искусен околу оваа работа.
     
  18. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    3.091
    почекајте уште малку би требало да излезе огласот за самовработување преку аврм.
    Во однос на формата најдобро ви е ДООЕЛ/ДОО бидејќи одговаратате само во висина на влогот, додека кај ТП или занаетчија одговараш со целиот свој имот.
    Недајбоже ако заглавите и на пр. ви ги блокираат, кај ДООЕЛ ќе ја блокираат сметката само на фирмата и никому ништо се додека не се направи прилив на истата. Додека кај тп во тој случај и личната сметка ќе ви биде блокирана.
     
    На Oxsana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Oxsana

    Oxsana Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Така ни и рекоа дека околу Април/Мај би имало оглас, но потоа се чека уште 6 месеци додека да се одобри кредитот. Затоа сакавме прво со сопствен капитал да почнеме па ќе се пријавиме и за самовработување.
    Многу убаво и јасно ми ја објаснивте негативната разлика ве разбрав. Е сега за ДООЕЛ прочитав дека треба да имаш најмалку 5000€ на сметка за да отвориш фирма, ме интересира дали може место пари како влог да влезе робата од дуќанот. И дали може јас да сум и сопственик, управител и вработена. Можели само 1 вработен да има во таа фирма или треба повеќе дека е ДООЕЛ.
    Тоа малку не ми е јасно кај ДООЕЛ колку лица треба да има фирмата.
    Ми рекоа дека сопственик и управител не било исто. Може некој друг да е сопственик, а јас управител.
     
  20. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    3.091
    немора да биде 5000е паричен влогот може да биде во форма на опрема т.е на пример работна маса, клима, компјутер. Само ќе треба проценител да ви направи проценка на вредноста на истите.
    Во право си со самовработувањето дека не почнуваш одма.
    Во однос на формата Дооел значи дека основач е едно лице и истото може да биде и и управител и вработен и да има уште вработени.. А кај доо може повеќе лица да бидат основачи, нема некоја голема разлика.
    Е сега ако планирате така подоцна да аплицирате најдобро е да основате дооел за да може другиот да аплицира после. Зошто нетреба да си управител ниту вработен на денот на објавување на огласот.
    Не е исто сопственик и управител, и истите можат да бидат различни особи.