1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    5.502
    Пол:
    Женски
    здраво, дали нешто направивте??
    Сакам и јас во град каде немс па добро би дошло да слушнам искустбо
     
  2. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Здраво. Имам 8 годишно искуство во големо сметководствено биро и лиценца за овластен сметководител. Во последно време многу размислувам за отварање сопствено биро бидејќи на работното место имав огромен мобинг и морав да напуштан. Сега се прашувам како понатаму. Дали да барам некаде или да отварам нешто мое. Се плашам дали ќе успеам да најдам доволно фирми од една страна, од друга страна знам дека со промените од оваа година доста станува дефицитарна професијата. Од Струмица сум инаку. Кое е вашето мислење?
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Машки
    Ќе ти кажам за себе не знам дали ќе те мотивира или не, али едно знам среќата ги прати храбрите, започнав со адвокатура веднаш по положување на правосуден без искуство, без познанства во правна фела, без контакти, без канцеларија, сум остварувал средби со странки во слаткарници, кафичи додека заработам и заштедам за сопствена канцеларија.
    Трчање по институции, посветеност и напорна работа од прв ден, одење на семинари, конференции, тркалезни маси итн., за да стекнувам континуирано знаење и искуство од други поискусни правници, за да на крај таман кога ми тргна работата дојде КОВИД и буквално ме тресна од земја, ајде пак од почеток, сè што изградив до пред КОВИД периодот сè се сруши како кула од карти, башка да напоменам живееме во Македонија каде довербата во судството е 2%, и со огромна конкуренција (не од колеги и колешки туку од надриписари) и стигнување до работа (предмети) е уште потешко, но не се предавав, затоа после КОВИД започнав да се адаптирам кон меѓународно право и влегов во тогаш сосема непознати води за мене но еве за две - три години имам напредок, и најинтерсно сега за заработката, кога започнав првите 3 месеци имав 0 ден. заработка, бев во минус, во првата година се радував ако имам заработка 50 евра месечно, за денешен аспект нема да пишам износ колку се заработува прво е неблагодарно, второ овој пост не го пишувам со цел да се пофалам, туку поентата ми е ако работев за некој друг немаше да успеам да растам како професионалец, и немаше да ја имам истата љубов кон правото, сега веќе имам што да дадам како пример на моите деца дека ако се работи чесно со труд, и посветеност кон работата може да се успее и во Македонија без разлика колку и да е тоа тешко.
    Затоа мое мислење е отвори сметководствено биро на почеток година - две ќе ти биде многу тешко ќе имаш моменти кога ќе сакаш да се откажеш ама ќе помине и тој период и ќе дојде моментот кога ќе го почуствуваш благодетот од сопствениот труд, најубаво е кога човек работи за себе. :)
     
    На Alex.T и IwyMe им се допаѓа ова.
  4. Shy&Glam

    Shy&Glam Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2018
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу. Искрено јас имам самодоверба околу познавањето на професијата и во текот на сите овие години имам и контакти кои би ми биле важни околу работата, ми фали само храброст бидејќи кога живееш цел живот од плата и потекнуваш од работничка фамилија знаеш дека финансиски нема кој да те поддржи. Но иста така знам дека штом некоја идеја почне да тлее во мене јас нема да се откажам од нејзино остварување без разлика дали ќе биде тоа сега или после една година бидејќи така функционирам за се досега. Сепак, фала ти многу. Многу ми значи на денешно време ваков совет покрај сите скептици околу мене.
    Ти посакувам многу успеси во иднина.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Машки
    Благодарам :)
     
    На Shy&Glam му/ѝ се допаѓа ова.