1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сопствен бизнис

Дискусија во 'Барање работа' започната од fairy, 17 февруари 2010.

  1. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Има да...напиши на ФБ success day event и ќе видиш докази..секој втор месец се одржува настан на кој се наградуваат зачленетите..Тој настан се одржа вчера во Holiday Inn во Скопје. Оние кое вредно работат и ќе зачленат повеќе членови се наградени од фирмата. Тимот што сами ќе си го создадете(пријатели,роднини..)ќе работи за вас додека вие не работите. Условите се предобри само без да си дозволоте да пробате нема да знаете. Јас можам само на празно да објаснувам. Доколку сакате може да се организираме и да дојдите на презентација за подобро да ви се објаснат работите.

    Јас добивам околу 500 ден. на сметка од порачката на моите клиенти. Тоа се 20% од цената на производите. Добивам 35% попуст на секој производ што ќе го порачам. Значи ако цената на производот е 1.800 јас го добивам за 1.170ден со тоа 630ден се за мене. Со искачување на поголемо ниво процентот на добивка е поголем.
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2020
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    173.145
    Пол:
    Женски
    И колку производи треба да продадеш за плата од 30000 која патем не ти е ни фиксна а не плаќаш ни данок ни придонеси?
    Тоа не е сопствен бизнис.. твој бизнис ќе биде кога ти ќе го донесеш брендот во Мк. А сега сте само пиунчиња на некој бизнисмен што лежи дома а вие парицму правите
     
    На mssuniquee, LiliBoz, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Секако платата не ти е фиксна..Секој месец може да добиваш повеќе и повеќе. Па 30.000 плата можеш многу лесно да добиеш. Потребни ќе ти се да зачлениш 5 члена. Од секој член кој ќе направи 2 бода ти на сметка добиваш околу 6.000ден. Се нарекува сопствен бизнис бидејки си создаваш тим кој ќе работи за тебе. Можеш да одиш на одмор и да не се замараш но ти повторно на секој 15ти ден во месецот ќе ти стигне плата на сметка. 75% од профитот компанијата го дава на дистрибутерите.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    Пирaмидa. Ќе oдиш пo рoднини и пријaтели дa мoлиш дa се зaчленaт и дa купувaaт прoизвoди штo не вредaт ни третинa oд ценaтa пo кoјa се прoдaвaaт, зa дa имa ситнеж зa сите и дa се нaдевaaт декa бизнис прaвaт. Ќе oделa нa oдмoр и плaтaтa секoј 15ти ќе и стигнувaлa :D aхa. Зa дa стигнеш дo тoa целa екипa требa дa имaш пoд тебе штo немa дa се oткaжувaaт и редoвнo ќе трoшaт пaри нa глупoстите твoи штo ги прoдaвaш, a 90 и кусур пoстo се oткaжувaaт зaтoa штo гледaaт декa немa ќaр. Штo знaчи, 10 луѓе дa зaчлениш, зa еднa гoдинa 9 ќе се oткaжaт. И тaкa ти ќе требa пoстoјaнo дa бaрaш луѓе, дa убедувaш, дa се кaрaш и лутиш нa твoите дoмa штo не ти гo пoддржувaaт бизнисoт и не купувaaт oд тебе. Пa кoгa ќе пoчнaт сите дa те избегнувaaт кo чумa пoштo дoсaдни и нaпaдни сте...милинa.
     
    На golemiotmalisan, Trxmx, Mrs. Lovett и 11 други им се допаѓа ова.
  5. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Шта да ти причам кад све знаш..Се гледа дека не си ги пробала производите па лупаш без врска. Не молиш никој, доколку има некој проблем му ги понудуваш. Пред да се зачленам ги користев производите неколку месеци. Мене ми помогнаа, помогнаа и на моите блиски. Оние кои се трудат успеваат да постигнат голем успех.
    Пиши ми бројче. На следната презентација те носам со мене да видиш со свои очи колку заработуваат луѓето кои не се ограничени и сакаат да пробаат нешто ново а не да тапкаат во место цел живот.
    А до тогаш разгледувај си ги сликиве...
    https://m.facebook.com/pg/ForeverMacedoniaHQ/photos/?ref=page_internal&mt_nav=0
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    А дa, сликите. Презентaции, семинaри кoи сaми си ги плaќaте, дoбивaте некaкви измислени признaнијa и диплoми штo ништo не вредaт вo реaлен свет, нaсмеaни, дoтерaни зa дa види нaрoд кoлку дoбрo ви oди a пoвеќе зијaн сте негo ќaр.
     
    На Mrs. Lovett, Dust, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  7. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    58.522
    Пол:
    Женски
    Зошто нудите опција на продавање Алое Вера , Авон, фармаси бизнис..Кој е тој бизнис кога треба да продаваш производи кои не ти требаат секој месец. Еве ајде малку просветли не @mrsfreak како се заработуваат толку пари кога производите не се употребуваат-трошат баш на амесечно ниво? Знам за фирмата за која збориш, да убави се, имам користено некои од нив, ама секој месец пари од тоа не се прават..
     
  8. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm) и јас бев скептик на почетокот. Не верував дека може толку да се заработува. Мојот спонзор ми предложи заедно да појдеме во банка. Најпрво ми покажа на емаил колку и добивката за тој месец. Затоа ако не сте 100% сигурни не осудувајте пред време. Подобро молчи си. Зошто мора да сте толку негативни кој ве знае. Никој не ве тера на сила. Ништо не си во загуба. Се што си порачал за себе ќе ти помогни, се што си порачал за другите добиваш процент. Добиваш процент од порачките на вашите клиенти. Сега можам да си порачувам и кога ми стигаат парите на сметка исто како бесплатно да сум ги порачала. Ова е последно од мене. Истражете пред да осудувате а не да ширите дезинформации.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.972
    И мене директoрoт мoже дa ми пoкaже кoлку зaрaбoтувa aмa тoa не знaчи декa и јaс ќе бидaм кaкo негo. Некoлкуминa нa врвoт гo сoбирaaт медoт oд вaс, вие сте нивните муштерии.
     
    На najjacha, gjoker4e и referentka им се допаѓа ова.
  10. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Би сакала да ве замолам за информација во однос на отворање своја веб страница на која се нудат услуги, доколку некој има искуство или има сигурна информација.

    Конкретно, знам дека треба да се отвори фирма, но ме интересира дали важат истите услови за почетен влог од 5000 евра доколку истата е регистрирана како ДООЕЛ (со оглед на тоа дека нема потреба од физички простории и вработувања по смени како што е случај со офлајн бизнисите)?

    Исто така, дали некој од вас знае која од банките кај нас има свој систем за онлајн наплата (за да избегнам создавање на софтвер за наплата)? Во НЛБ прашав, ми рекоа немаат.

    Благодарам
     
  11. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    За да отвориш Дооел се потребни 5000 евра влог, кој немора да е паричен може предмети да се стават само треба да се проценат. Предноста на дооел е што нема да одговараш за обврските на фирмата со сиот твој личен имот туку само со тој на фирмата... ( во случај да неможеш да ги платиш обврските).
    Други форми ти се трговец поединец каде мислам не треба почетен влог но одговараш со сиот твој имот.
    Занаетчија ти е друга форма каде исто немаш почетен влог и мислам дека и тука одговараш со сиот имот но имаат доста поволности и олеснувања за придонеси и данок.
    Прочитај си закон за трговски друштва а за занаетчиите види во занаетчиска комора...имаат и сајт и веројатно можеш и да ги контактираш да ти објаснат подетално.
    Консултирај се и со сметководител и адвокат најубаво ќе ти објаснат.
    За е-комерц баш ме чуди што нлб ти кажале дека не нудат пошто јас лично знам дека го правеле тоа..може престанале, мада неверувам прашај си пак.
    Не сум толку стручна да ти објаснам како се поставува се тоа, странците користат платформи од типот на shopify или што се базираат на paypal ама кај нас тоа неможе. Еве ти линк од е- комерц асоцијација на мк, можеш таму да најдеш одговор.
    https://ecommerce.mk/en/homepage/
    Мада, ако нудиш услуги незнам колку ти е неопходно онлајн плаќање, рачунај дека се ова ќе ти биде екстра трошок. Мислам дека тоа ти треба само во случај да треба да испраќаш производи и за странски купувачи. Ако ти е само за кај нас можеш да си пројдеш полесно со карго сервис плаќање на врата.
    Со среќа :) па пиши што си направила.
     
    Последна измена: 22 јануари 2020
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    ДООЕЛ законски мора да има влог во висина од 5000 евра, влогот може да биде паричен и непаричен (тоа треба да одлучиш пред да се регистрираш). Без одглед на тоа што нема да имаш простории и работно време класично, влогот без разлика каков ќе го одбереш, имаш 1 година за а го внесеш. Ако тоа го направиш на старт е полесно, ако е непраричен секако треба проценка, ама ако го впишуваш подоцна тоа мора да го направи адвокат или агент за Централен регостар (една промена е околу 3-4000 денари, секоја дополнителна е по 618 денари мислам). Како што ти пишаа погоре, за ТП и занаетчија (иако не знам дали може да си занаетџија во твојов случај), одговараш со целиот личен имот, ДООЕЛ одговара со имотот на друштвото.

    За онлајн наплата има Халк и Стопанска со сигурност. За Халк не знам како се условите, на СТБ плаќањето е во зависност од месечниот обрт, односно колку повеќе пари правиш месечно, помалку пари и плаќаш на банката како месечна провизија. Околу 3200 беше месечно и за тоа. Стопанска мене ми е супер како правен субјект, со тоа што електронското банкарство им е најлесно и најевтино.
    Фирмата може да ти ја регистрира сметководител, или адвокат, за почеток имаш минимални трошоци од типот печати, вадење решение и уште некоја ситница имаше.
     
    На Трепетлика и ~Allure~ им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    173.145
    Пол:
    Женски
    Мојот систем за наплата е преку Касис..како и мнозинството во МК.
    Колку што знам секоја банка има електронски паричник за вакви намени, јас конкретно сум во стопанска.
    Се плаќа годишна провизија во зависност од обртот и провизија по трансакција.
    Најубаво е плаќањето да е преку интернет затоа што ако е предмет за испорака, сигурна си дека е платен и ќе го земат и платат каргото. Ако не го земат можеш да им го вратиш ама да задржиш сума за карго итн

    Најдобро ти е дооел и влогот може да е непаричен 5000 евра ама не мораш одма да го уплатиш или да викнеш проценител (кој што патем најчесто не ни иде туку средува документи на невидено)
    Имаш цела година фора да уплатиш..
     
  14. ~Allure~

    ~Allure~ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2019
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    560
    Пол:
    Женски
    А како точно иде тоа, треба касис или банката да ја контактираш прво? И како го инсталираш на сајтот, ти треба ли дивелопер или можеш сам? Дали се плаќа иницијален првичен износ и колку? Колку е годишна провизија? Таа по трансакција веројатно е процент ок тоа нормално на поголем обрт да ти ја намали банката. Фала ти однапред :)

    Еве за e-commerce најдов одговори од друг форум ги копирам постовите оригинално како што се напишани од 23.08.2019. Малку ги сплескав ама мислам се разбира:

    За македонски системи се можни три опции (толку беа последно кога јас лично барав информации и имплементирав, и колку што имам забележано на македонскиве сајтови):

    - cPay (овој е на касис):
    не можеш директно да работиш преку овој систем, туку тие имаат договор со банки, а ти како продавница поднесуваш барање до банката, а потоа тие ти праќаат документација. Имаше листа на банки кои работат преку нив, ама не знам кои се сега, јас лично имам разговарано со УниБанка (пред околу 5 години). клиентскиот интерфејс им е заостанат во времето (го поправија малку пред некое време, ама ...), кога го имплементирав пред 5-6 години за клиент имаа грешки во документацијата па едвај најдов што е проблемот, се надевам се имаат поправено

    - НЛБ Тутунска Банка:
    На нивниот сајт има информации, барај e-commerce, го користат матичниот систем од Словенија, не се комплицирани за имплементација (последно пред 2 години имплементирав), само се малку гњаважа додека одобрат

    - Халкбанк
    Низ годиниве неколку пати имам пратено маил со барање за информации, не ми имаат одговорено, па немам лично искуство со нив
    Од друг член: Халк ПОС неприма Дајнерс и Американ Експрес, а бидејки работиме со доста странци често ни е тоа, па имаме друга сметка во Тутунска, кај што има поголема провизија и понеубави ПОС али барем ги прима тие картици.

    Со македонски провајдер средствата одат директно на сметка на фирмата бидејќи склучуваш договор со банка.

    Од друг член: Финтата е дека некои од системиве се pain in the ass да се имплементираат у некои технологии, пошо се назад системите на банките. Некои треба да се доста едноставни, и дури има и плагини за вордпрес и останати популарни платформи.

    У секој случај ќе ти треба кодови од самата банка за да работи системот (нешто ко API клучеви), така шо директива у банка и таму ќе ти кажат се.

    Друга можност ти е со странски payment gateway, ама досега не сум работел имплементација за македонски клиент, па не би знаел да кажам како одат процедурите.

    Сега јас додавам: Ваков странски gateway најчесто користен е 2Checkout. Се закупува од нив опцијата ...незнам точно колку е цена. Во овој случај парите кои ќе се наплатат од купувачот одат кај нив па они тебе неделно или месечно ти ги исплаќаат на твојата сметка и си ја задржуваат нивната провизија. И во овој случај веројатно ќе ја немаш поддршката или упатсва за инсталирање кои би ги добила од банката туку си повеќе сам на себе. Само што очигледно интерфејсот им е подобар па затоа луѓе се одлучуваат за таа опција.

    Сега ова мое мислење дека ако користиш темлејт за сајт какo wix на пример во payment settings ти дава автоматски recomended provider 2Checkout и целата постапка за инсталирање ти е автоматска. Додека ако сакаш да имплементираш решение од локална банка ќе треба да се помачиш и тука ти требаат они со поддршка и упатства. Ова последново лупам скроз моја претпоставка е чисто од логика ако некој знае точно нека ме поправи.

    Тоа успеав да ископам информација, кој знае подобро нека пише. Извините на долгиот пост.
     
    Последна измена од модератор: 24 јануари 2020
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    173.145
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми го правеа сајтот вака идеше...
    Потпишав договор за e-commerce во стопанска, потпишав договор со фирмата за изработка на сајтот (бараа само тековна состојва од ЦР), не памтам да потпишав договор со Касис, мислам тоа стопанска го средуваше некако..
    Дечките ја направија страната, од Касис ми стигна фајл на мејл со некаков код, го препратив кај фирмата што ми ја правеше страната, тие инсталираа што и да требаше и ми дадоа готов производ. Сама не можеш освен ако не си информатичар па да се разбираш во тоа
    Провизијата колку што видов си ја одредува банката во зависност од клиентот, ќе ти даде понуда.. Годишно исто така зависи колку ќе платиш од обртот, барем така беше кога потпишав договор

    Системот на нлб решив да не го користам по препорака на фирмата што ми ја правеше страната, имало доста проблеми со нив..барем тогаш, сега не знам
     
    На ~Allure~ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас женски има неодамна отворено Фризерски салон? Имам некој прашања.
     
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.933
    Допаѓања:
    2.160
    Еве јас например имам желба да отворам сопствен бизнис но сум слаба со финансии.
    Која би ми била најдобрата опција ако сакам да почнам?
    Еве некој поискусен нека ми каже.Немам имот на мое име.
     
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.740
    Допаѓања:
    16.383
    Пол:
    Машки
    Со проектот за самоврабоѕување.
    http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-samovrabotuvanje-so-kreditiranje.nspx
     
  19. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.786
    Допаѓања:
    173.145
    Пол:
    Женски
    Ова баш и не е сјајна опција, подобро да чека кога има оглас за неповратни 4 т.е 5 илјади евра.. јас не би отворила бизнис со пари што треба да ги вратам. Понатаму за развој би земала кредити ама за старт никогаш..
     
    На blue_butterfly, eliesaab, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.