1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соработка со наставниците

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 23 јануари 2013.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    93.531
    Прават, затоа и искоментирав. Мене ми кажуваа какви тестови и кога да ги правам.
     
    На LollySky и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.320
    Допаѓања:
    7.968
    Пол:
    Женски
    Ние како родители си го познаваме само своето дете, кое надвор без присуство на родителот може и те како да го промени однесувањето за да биде поинтересно за околината, поприфатено од другарчињата и сл. Но наставниците секојдневно во пракса работат и следат многу деца, не само нашето. Сум за соработка родител-наставник, која нема да биде сведена на надмудрување, сепак се е за доброто на нашето дете, кое во школо не е само туку во колектив.
     
    На LollySky и Emy867 им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Не сакав да спомнувам во оваа тема за здравство и доктори. Но, еве штом ти спомна ајде и за тоа да ти пишам.
    Еве искуство со баба ми. Оди на доктор-интернист. Тој и препишува одредени апчиња за притисок. Почнува да ги пие како што и е кажано. И се јавуваат отоци на нозете. Се сомнева дека е од апчињата и не се напива апче. Отоците на нозете и се намалуваат, но притисокот и се покачува, па мора да се напие апче. Закажува да оди на контрола кај истиот доктор кој и ги дал тие апчиња. Во меѓувреме се додека да отиде, се распрашува за тие апчиња и дознава дека на многу пациенти тие апчиња им ствараат оток. Кога оди кај докторот-интернист, му ја кажува маката и му кажува дека приметила дека отоците и се јавуваат поради апчињата. Тој, еј доктор, знаеш што и вика?? Браво што си приметила од што ти се отоците, но ништо страшно, продолжи си со истата терапија.
    И што сега, да продолжи така да тера со отоци на нозете? Му рекла како бе докторе, одвај облекувам кондури, не е ова нормално и други се жалат од апчињава, дај смени ги со други.
    Ама тој тврдоглав и кој знае колку е стручен и рекол и други да ти дадам ќе ти прават отоци затоа продолжи си со овие.
    Но, потоа отиде кај друг доктор-интернист, кој одма штом ги видел отоците и рекол дека не е нормално да има отоци и дека не смее да продолжи со тие апчиња штом не и одговараат и и ги замени со други, соодветни.

    И ај, сега како да не му се мешаш во работата на докторот. А, особено, ако се работи за дете.

    Квалитетен и стручен наставник кој умее да ги истрпи толку различни деца и умее да се справи со нив во секоја ситуација. Тогаш исто толку успешно ќе ги истрпи и родителите.
    Еве од тоа што ти го даде за пример и излегоа 100тина родители, да те прашам колку од нив навистина се заинтересирани за своите деца каков успех постигнуваат, како се однесуваат кога не им се пред очи и колку од нив имаат некоја своја идеја, сугестија за подобрување на наставата?
    Еве и да замислиме нереална ситуација, каде имаме околу 100 родители кои сакаат да дадат одредена сугестија. Сигурно тоа нема да го направат сите одеднаш, во ист период.
    Па така наставникот ќе има можност да разгледа одредена сугестија да размисли околу тоа, па како што и претходно кажав, не мора наставникот сè да прифати што ќе му биде сугерирано од родителите. Може и ништо да не прифати наставникот, ако смета дека е неприфатливо и неприменливо во наставата, но сметам дека секој родител кој дал своја идеја, треба да се испочитува и дури и да не биде таа идеја прифатлива од страна на наставникот, наставникот треба да му даде краток, стручен одговор на родителот зошто не може тоа да го прифати и примени. Само така ќе има позитивна комуникација меѓу родителите и наставникот. И исто така колку повеќе се почитуваат меѓусебно родителите и наставниците и колку повеќе меѓусебно соработуваат, толку и поуспешна ќе биде комуникацијата и соработката меѓу наставниците и учениците. И меѓу самите ученици во одделението. Бидејќи, учениците како да се однесуваат, како да комуницираат и соработуваат најдобро ќе научат преку практичен пример од возрасните (нивните родители и наставници).

    Не знам во кое училиште им е дозволено на родителите да влегуваат по училниците.
    Бидејќи, на родителите од страна на обезбедувањето и дежурните наставници не им се дозволува шетање низ училиштето и влегување по училници, пред сè поради безбедност на учениците во училиштето. Родителите можат да ги донесат своите деца само до влезната врата на училиштето, а потоа кога се помали ги пречекуваат одделенските наставнички или пак сами одат во своите училници. Исто кога се помали учениците одделенските наставници ги испраќаат до влезната врата на училиштето, каде што ги чекаат родителите за да си ги земат.

    А со тоа средување на шкафот, родителот премногу греши што не му дозволува на своето дете да се развива. Што го прави да биде неспособно и зависно од други. Но, тука и одделенскиот наставник е виновен што не му укажува на родителот каде греши и зошто. И што на родителот како позитивен пример не му ја кажува Марија Монтесори и како тоа се спроведува во странство и како децата уште од мали нозе се учат да бидат самостојни. И дека сето тоа на крај резултира со успешен образовен систем во тие држави каде што се применуваат идеите на Марија Монтесори.
    Тешко е да возрасни луѓе да се превоспитуваат, но и наставникот треба да биде упорен, трпелив и цело време да влијае позитивно врз таквиот родител.
    Точно дека децата кога не се пред очите на родителите можат драстично да се променат. Но, исто така и наставниците не можат целосно да ги познаваат учениците со кои работат, особено предметните наставници кои поминуваат премалку време со тие деца, за разлика од одделенските кои имаат можност да бидат најголем дел од денот со тие деца и добро да ги запознаат. Затоа нема ништо лошо, ако некој родител му каже нешто на наставникот за своето дете.
    И како што рече и ти, комуникацијата родител-наставник не треба да биде сведена на надмудрување, туку насочена на изнаоѓање најдобро решение во интерес на детето, а решение кое ќе биде прифатливо и за наставникот и спроведливо практично.
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Имам многу лошо искуство, конкретно со одделенска наставничка, и родители кои и' се 'другарки'.

    Некои се- да ти е мерак муабет да си напрајш, некои- да ти е мерак да им треснеш една по муцки.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Секое :)
    Бар 4 ко од пушка ќе ти набројам. Јас внуциве кога ги земам си одам и шетам кај сакам. Никому не му е гајле.
     
    На Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Вина кај директорите на тие училишта кои не знаат правилно да менаџираат.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    93.531
    @cresa-jagoda само ќе ти кажам, кога ќе бидеш наставник, дојди, ќе збориме.
    Вака, навистина само на памет зборуваш.

    И тоа дека колку поголема комуникација родител-наставник, толку поуспешна ќе е истата на релација ученик-наставник, нема врска. Се си е до детето. Ако не чини, родителот и наставникот може и да си спијат заедно, пак исто ќе е.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Соработката меѓу наставник и родител е неопходна за детето да биде добро образовано и полесно да го совладува материјалот. Секако има наставници:puke: но во најголем процент вината е во родителите кои не им пружат внимание на своето дете во процесот на образование на своето дете и очекуваат дека е завршиле работата со тоа што ќе го однесат до школо и ќе го земат, а што се однесува до воспитувањето и општа култура на децата во никој случај наставниците не се криви туку исклучиво родителите, сепак детето најдобро учи од нивните родители.... Најголем проблем во образованието е тоа што децата можат и на глава да им се качат, да ги вреѓаат и мн др раб. на наставниците а тие не можат да превземат ништо, зошто за родителите нивното дете никогаш не е криво секогаш е наставникот, директорот, вработените во тоа школо...Не било добро порано кога стапчето на наставникот ќе заиграл, сега е добро кога децата се башибозук
     
  9. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.320
    Допаѓања:
    7.968
    Пол:
    Женски
    Со тоа што родителите не ги почитуваат наставниците автоматски не ја почитуваат и установата школо, па како сакате тогаш децата да ја почитуваат. Ако навистина наставникот не го заслужува местото има каде да се жалите,неможете вие да го превоспитате.
     
  10. Lava30

    Lava30 Нов член

    Се зачлени на:
    14 декември 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали имавте родителски средби? Како поминавте? Има ли најава како ќе се изведува наставата?