1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сорта (The Strain) [2014]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 19 април 2015.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Серијата „The Strain“ се заснова на трилогијата книги напишани од страна на Гиљермо дел Торо и Чак Хоган. Двајцата го напишаа сценариото за првата епизода „Night Zero“, со тоа што Дел Торо и ја режираше, а во понатамошниот тек на сите епизоди ќе се потпише како извршен продуцент. Преговорите за „The Strain“ да се појави на телевизискиот екран траеја извесно време, на Дел Торо му била потребна понуда согласно која телевизијата нема да се меша во екранизацијата и тоа го добија од FX. Планот е серијата да има три до пет сезони, ништо повеќе од тоа.

    Дејството започнува со авион што се подготвува да слета во Њујорк. Кога ќе се појави на аеродромот, светлата се исклучени, ролетните спуштени, а луѓето од авионот не се обиделе да контактираат со никого преку телефон. Кога од Центарот за контрола на болести ќе пристигне Еп Гудведер (Кори Стол) заедно со неговата колешка Нора Мартинез (Миа Маестро) има што да видат во авионот.

    Но, комплексноста на приказната не завршува тука. Првата епизода трае повеќе од еден час и дава мало навестување за начинот на кој ќе се развиваат работите. Освен претходно споменатите ликови, прикажан е старецот Абрахам (Дејвид Бредли) кој знае каква опасност претставува авионот и што носи тој со себе. Освен тоа, тука се клучните фигури кои се во очекување на новиот поредок и хаосот што треба да се случи во иднина.

    Вирусот кој се заканува на луѓето, на сцена носи вампири. Да, Дел Торо знае како да ги меша приказните и да ги направи уникатни. За волја на вистината, ќе наидете на по некое клише, но никој досега не успеал да ги одбегне, а овде не се злоупотребени, така што лесно ќе минете преку тоа.

    Дел Торо кој е познат како режисер кој е заљубен во необични суштества и овде го остава својот потпис. Неговите суштества се поинакви од она што обично го гледате и бидејќи отскокнува од вообичаеното, има луѓе на кои неговата уметност не им се допаѓа. Но, тоа е веќе прашање на вкусови. Визуелно, барем првата епизода е направена речиси совршено. Има доволен интензитет да сакате да дознаете што ќе се случи понатаму и претставува вовед кој секако дека не открива сè, но барем навестува доволно интересен тек на настани - доколку сте љубител на жанр кој меша научна фантастика, хорор и фантазија.

    Во случај да сте во потрага по нешто свежо на телевизискиот екран, ова може да биде идеална опција за вас. Освен тоа, ако некогаш сте ѕирнале барем нешто од она што го сработил Дел Торо ќе ви стане јасно барем малку што може да очекувате од ваква серија. Серијата има речиси сè за да ве привлече како гледач.

    Секако, ова е суд само после една гледана епизода, а ваквите серии речиси никогаш не се просечни. Или развојот ги прави неверојатно атрактивни за публиката која знае како да го рашири добриот глас или после неколку епизоди умее да здосади бидејќи сценаристите не знаат да го задржат интензитетот. Останува да видиме каде ќе се движи „The Strain“, но првата епизода има доволно потенцијал да се надевате на подобрата варијанта. Планирани се 3 до 5 сезони, не повеќе.

    Се емитува на Fox, секој понеделник од 22ч.
    Јас случајно ја загледав токму на почетокот и ми изгледаше интересна.
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    The Strain season 2 official premiere date – July 12.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Летово ќе излезе и новата 3та сезона