1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Какви се вашите соседи-комшии? Сте имале некогаш проблеми со нив, дали ве нервираат и зошто? :lol: Јас немам некои големи проблеми освен соседите над мојата куќа кои имаат неподносливо куче, кое деноноќно лае и не не остава да спиеме. Имам и една комшика што е толку љубопитна која често знае и во 3 ноќеска да се испрчи на прозор и да посматра кој кога ќе си отиде од излегување и со кого. :D
     
    На Dinamickid му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    jas nemam problemi so sosedite posebno so toj nad mene zatoa sto sum vljubena vo nego.<3
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    :lol: е браво Анфејфул, кај ти текна на темава :clap:
    СИ имам јас многу комшии, секакви, никакви, досадни, лоши, добри :D
    Моите живеат со сите( и јас ама ај тие се постари :) )освен со едни кои всушност не живеат ама баш со никој од маaлово :o
    И тоа со нив циркузи се, ама ај да не раскажувам какви се глупости има. Инаку со сите сме блиски, си имаме одење на кафе, помош кога треба за било што. Имам една комшивка љубопитна како твојата, пиле не смее да прелета ако не го види таа :lol: Во добар однос сме со сите. Знаат понекогаш да излезат недоразбирања, кучето им било кај нив, радиотот било гласно пуштено, ама се се надминувало до сега. Е сега како беше онаа поговорката со комшијата, да му цркне козата. :D Ама менталитет е тоа де. И без комшии па не го бидува :)
     
  4. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    34
    Ма добри се моите соседи ;) Си го сакам маалото,макар што има и некои кои не се толку за "сакање" :lol:
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Оооо, јас живеам во зграда и не е една таква, кај мене си се имаат опремено со двогледи (не се шалам) , па преку домофон прислушкуваат.... еее секакви примероци има кај мене во зграда :D
    Инаку некој посебен проблем немам, онака стандард, ги има секакви.

    Еднаш на дечко ми му се расипа колата па ме зема со колата на мајка му, другиот ден дојде со друга кола да ме земе (му дале на користење од сервис ), третиот ден ја позајмил колата од другар за да ме земе. И нормално имаше муабети од типот: А што фино девојче беше, види ја сега, секоја вечер со различен е... :D

    Имав и една што секој ден поплави ми правеше, дефектот беше кај неа и никако не даваше да се поправи, и нудевме ние да платиме само да не ни поплавува кујната, ама не сакаше. Со неа едвај излеговме на крај.

    Над мене живее страстен пушач па еднаш на балкон алиштата ми ги запали со отпушок, па се прекачувал, гасел...

    Можам книга да напишам за моиве комшии, ама така е кога се живее во зграда.
    3 влеза по 30 стана = 90 стана , во просек живеат по 4 во стан тоа би дошло околу 360 луѓе во зграда.
    Сосема нормално е да има секакви.

    Инаку јас до сега нешто посебно глупости не сум правела, луди журки дома не сум организирала. Ваљда не сум лош сосед :D
     
  6. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    катастрофа, само нешто оговараат или па не дај боже да купиш нешто старкине те застануваат да си прашаат, или пак кај си била со кого, од кај идеш :rofl: дома не ме испрашуваат така :rofl:
    ама ако пак си ги сакам сите :P
     
  7. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Моите се без конкуренција :) До мојот стан има 2 малечки дечиња со по 4 и 6 години и 24/7 трчаат, плачат, викаат, урлаат... Немам ништо против децава, ама кога ќе ме разбудат од 8 сабајле ихх што црни мисли ми идат :?: Другата комшивка што ми е на спратот си работи како проститутка и онака си знае клиентите да си ги носи дома и да водат љубов на цел глас :D Мене не ми смета што си ужива типкава ама сигурна сум дека да дедото и бабата што живеат над мене и имаат таа 93 тој 96 години им смета - ако воопшто ги слушаат :?: Амааааа немам ниту еден убав, млад, згоден комшија со кого би пиела кафенце ;( Иххх како би било добро онака да му ѕвонам на врата и само да му речам - комшиии бујрум на кафица мхмхмх :) Се занесов малку :lol: Поззз
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.202
    Јас тука живеам 5 години, а комшиите не ги знам. Не знам ни како изгледаат, освен четворица што често ги среќавам, па сум ги запамтила. Ептен ако видам некој во двор во куќите во околина викам добар ден под претпоставка дека таму живеат. Дали ме оговараат - појма немам :D

    Тоа што ме изненади е што додека градевме куќа сите ни измрчија по нешто, не ова вака, не така, ааа ова мене ми смета, дрн, дрн.. Многу се изненадив зошто порасната сум во маало што се смета за полошо од ова во кое живеам сега, ама никогаш немало такви работи. Не сме се дружеле со никој, ама немало ни расправии. Едноставно никој не го интересираше ништо за другите.
     
  9. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    е :clap: за темата
    и јaс си имам многу комшии, одиме-доаѓаат на кафе, ни-им помагаме, со сите сме во добри односи. само мене лично ме нервираат некогаш, кога се љубопитни, на излегување кога сум, нормално ги поздравувам, а тие, ејј денеска ќе одиш да шеташ а |( ? како ти е дечкото (иронично) :geek: ? или кога се собрани 2-3 комшики и само оговараат нешто :| е тогаш :@ :lol: :lol: но ако :?:
     
  10. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    убиј боже се радознали прва класа,братми ако донел некоја женска дома јас од нив ке дознааама не од него, било шо и да е прашај ги комшиите и се ке знаеш :devil: :devil: :devil: така пред три години со таа комшиката под мене ама сум се степала муабетот беше као у стил зашо јас сум си го ноела дечкото дома мене моите не мизабраниле а не па они и така мн се мешасе ми се дереше и крена рака на мене ја таква имплусивна као со поѓнав да мавам удри мавај удри мавај ја она ја она и едно време глеам некој од прозор фрла абе летаат лажици вилушки крпи гезве знам имасе и пластично капаче од еурокрем :lol: а тоа да ти била мајками пошо немала време да се симне да ја затепа и вика вака побрзо реагиав ахаха срека тука се најде и братми па он некако среди и така значи боже чувај не од лошите комшиии...
    и тоа е тоа :lol:
     
    На AnaKlarc и snegulka21 им се допаѓа ова.
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    71
    kakov problem bi imala koga sve u zgrada se babi i dedovci covek da nemoze oci da isplakne :lol: mirni ko bajcinja,i sega koga fatija zestinive se krijat i nemozes ni zdravo da im kazes.no vo nedela obicno taa nad nas vo posledno vreme go tupi so toj nejziniot razmazen vnuk,tropa ,,trca vristi ko nezdravo i znae od koza da me izvadi.tuku sreka roditelite mu se razvedoa pa zivee so majkamu inaku ne bi mozelo da se trpi, sekoj den nekoj nad glava da ti lupa.toa e toa kakvi takvi toa se moite sosedi
     
  12. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    лол, ти авантури доживуваш со нив :P
     
  13. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Соседи
    Тие се специјализирани, обучени за извршување на детективска работа
    Разузнувачка служба бр.1 пред американската ФБИ, руската КГБ............
     
    На Hkikica, senza.parole и C.Bradshaw им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.517
    Ако го опишам моето маало,одма ќе ме идентификува некој,неповторливо и уникатно лудо е.
    Се опасни бизнисмени се,не потенцирам од која дејност,ама сите различна и сите си ја вршат дејноста во двор...па се слуша лупање,тропање,урлање уште во 4-5 сабајле,вриштење на очајни деца и така...и секој на секого си пречи,сите се оговараат,а немаат храброст да си кажат директно.
    Имавме еден брачен пар со деца,жената испадна парасупра,а сите се чудеа од каде пари има,па маж и ја претепа и ја испрати од кај што дошла.Третиот има 30 години е неженет и сто посто сеуште е девица,по невротичните испади се познава,знае и да скрши некој прозорец.Четвртите се социопати,плус циници,а патат и од синдром на снобизам,најпаметни се од сите и најграѓани (покондирени тикви де),за нив поим љубов е срамна работа,а па на дело,со ароганција се гледа.Се сакаат да знаат и испитаат,за да се подсмеваат,простаци.Петтите се семејство на бивши затвореник,лопов кој пред неколку години ограби еден комшија,сите знаат дека е тој,нема доволно докази па си викаат секое утро,добро утро комши.Шестите,синот е шизофреничар,женет за згодна женска од северните соседи,имаат хистерично мало дете и лудо кучиште,луда фамилија,често знаат групно да се испотепаат,а детето секој ден урла како мрднато.Седмите се навидум сосем нормално семејство,ама жената го изневерува,ама добро тие со таа професија најчесто и имаат такви шанси,што е најтрагично сите знаат,освен маж и зошто постојано работи,не комуницира со маалските оговарачки за да дознае.Осмите,се пар во средни години без деца зошто мажот е премногу себичен и захтевен,љубоморен на алиштата што ги пере,па затоа не ни имаат деца,зошто жена му нема да му доволно внимание.Деветите,бабичка со швалер,син,снаа и внуче,снаата ја збори по цело маало дека свекрва и е дроља,се затоа што не и ги препиша куќата и продавницата пред да умре женава.Десеттите немаат пари за леб,а секој ден кока кола пијат и доаѓаат за цигари да се гребат.
    Најинформирани се кој кога си доаѓа од работа,како си дошол,младите кога се прибрале,кога излегле,кој ги донел...и така.Симпатични се бе!
    А ние,ние сме ок како комшии,не сме гласни,секогаш отпоздравуваме,не идеме по комшиски кафиња,освен кај тие до нас од двете страни,ниту пак би биле информирани за сите овие работи,ако не беше баба ми,господ да ја поживее,ми носи радост и вицови по дома,а рака на срце,знам да бидам и јас сведок и сеирџија,зошто знаат да бида тооооолку многу гласни и луди,да не можеш да одлееш на сеирот.
     
    На Anja98 и snegulka21 им се допаѓа ова.
  15. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    абе авантуриве се лудницааа секој ден има по нешо ...стварно се ретардирани коа пука сонце надвор +400 колата прашина им фака а коа ке преврне одма после тоа црвото настапува значи кај нив се е обратно и така се е мрднато кај мене у маалооо ама нмвз хаха :rofl: :rofl:
     
  16. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    20
    Порано во зградата каде што живеев,а често одиме таму има една баба над мене што живееше ептен безобразна. Маж и имаше некоја болест и беше во количка па често тропаа (имавме разбирање), но откако тој почина таа продолжи да тропа, секојдневно нешто преместуваше низ станот, цело време крцкаше, живееше сама, а во станот ко да имаше десет души, нормално и зградата беше стара, но сепак тоа беше претерано тропање. Под мене пак исто така живееше една баба со маж, а мажот беше ептен фин за разлика од неа, која често се жалеше дека било многу топло и дека сонцето секогаш и влегувало во станот, па не знам што, а кај неа пред терасата имаше едно преубаво дрво, кое речиси и влегуваше во терасата и правеше огромна сенка, а дрвото беше високо и кај нас стигнуваше. Уште од кога се родив, постоеше тоа дрво и премногу бев приврзана за него, дури секој викенд се симнував доле со еден бокал за да истурам вода :$ , и на крај таа бабата без дозвола си повикала некои работници и со пила го исекоа дрвото и остана едно мало дрвце кое не го достигаше ни првиот кат и набрзо се зарази со некоја болест и целото овена и сега нема ни листови ни ништо. ;( А додека го сечеа јас иако имав 15 години се изнаплакав за дрвото и не ми беше гајле дали ќе бидам некултурна и се симнав на бабата и почнав да ја пцујам, да се дерам, цела зграда на нозе ја кренав...ама премногу бев приврзана за дрвото, а дедото исто така го сакаше дрвото и таа умре после 5 месеци откако го исече дрвото. |(
    На петти спрат има едни кои, слободно можам да кажам дека се симнати од планина, бидејќи секојдневно се будат во 6 часот наутро и уште тогаш излегуваат надвор, но не како што е редот, туку со урлање и довикување од приземје до петти спрат. Инаку е брачен пар со ни повеќе ни помалку туку ПЕТ деца и тоа сите кое од кое побезобразно и понемирно. Едното дете е ментално заболено и секогаш кога ќе поминеше покрај мене и брат ми не прашуваше како се викаме, каде живееме и слично и така секој пат. Кога се доселија пред осум месеци, веднаш почнаа со реновирање на станот и од што се толку запознаени со инфраструктурата на зградата, па тргнале да го рушат носечкиот столб, па среќа соседите од тој спрат ги предупредија, а тие веќе почнаа со рушење. И така тие работеа цели пет месеци на нивниот стан, а ментално заболеното дете секојдневно „чистеше“ во зградата, тропајки со крајот на метлата по зидовите во влезот, а воедно тоа се слушаше и во становите. Дури едно време почнаа и да звони по врати и да ти се смее. Има уште многу да се зборува само што нема крај. Катастрофа. А сегашниве соседи, половина и не ги познавам.
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    леле ви ги читам моабетиве за соседиве дали јас оти живеам во куќа навистина освен две три куќи што ги знам по име понатака не. онакви баби дбк има во секое мало во секоја улица али не им обрнувам внимание. па што прават пио цели денови и ноќи освен да бидат дежурни. и не ми сметаат не ме закачнале не сум ги закачнала и ги ставам комшиите на игнор секогаш. ако дојдат отворено им е секогаш а да идам не благодарам. не ми требаат трачарење од типот кој што направил, кога станал и кога се вратил, кога бил во вц и слично имам живот и не се замарам со глупости.
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем со тие што живеат над мене. Жената постојано тресе врз мојата тераса и така јас секој ден наоѓам трошки, влакна и отпушоци од цигари на терасата. Прозорот постојано и е отворен (дури и зимно време) и набљудува кој влегува и кој излегува од влезот. Голема озборувачка е.
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Уф. информ-биро. Живеам во куќа во мало место сме и сите се знаеме. Едните се незаинтересирани за ништо, баш им е гајле - село гори баба се чешла, другиот е сам и стар и си ја гледа работата, а останатите се оговарачи и оговарачки прва класа - само гледаат кој дошол, кој излегол. каква кола застанала пред куќа и само јадат г****. А сега најново е откако почна светсково првенство има едни што го откачиле радиото в крај и 24/7 има пренос од фудбал и музики на полувреме. Нема потреба да вклучиш телевизор дома-само излези на тераса и слушај.
     
  20. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    уфффф темава ме погоди какви комшии имам да не можеш на тараса да си седнеш ко човек кафе да испиеш веднаш ќе ти се тупнат све знаат кој дошол у колку саат кој кога си заминал како ние од домса сме биле облечени што сме купиле епа стварно се невозможни ќе ѕвонат на врата ќе им отвориш не те прашуваат дали смееш да влезе сами си влегуваат све тоа им го собирам али еден ден коа ке ми пукне филмот од што се толку невожможни ќе ги отерам кај што не треба