Немам никаков проблем со комшиите, живеам во куќа па и ретко ги гледам. Околу мене се само старци, но во ред се , фини кулурни луѓе. Само еден поздрав од почит и тоа е тоа. Нема висење по прозори, снимање што се случува, секој си гледа во својот двор.
Побудали од моите комшии ни имало ни ќе има. Еден ден озабени до уши,ти се чини колку им е мило што те гледаат (чиниш ќе ти се фрлат да те изгушат ), од 1 километар ќе те поздрават,друг ден ќе те изгазат ама едно здраво нема да ти речат,како во живот да не те виделе Е,ова е нормално однесување?
Ме нервираат кога остануваат доцна на двор и зборуваат гласно и се смеат, ама океј, сепак заспивам, ама не е во ред тоа, сите да те слушаат... Со другите сум океј, се поздравуваме, има и од оние кои не ме поздравуваат, ама уатевер.
Скоро со сите сум во добри односи, а некои по расположење кога сакаат викаат здраво кога не сакаат не. Малце се мрднати и збудалени ама ај што да им правиш.
да прашам некој ако имал проблем со бучни соседи како го решил? над мене има еден брачен пар откако се вселени а веќе има добри 15 години ги трпам нивните деца како ораат по куќа, а сега се и големи односно прават журки по стан касно навечер, кај гласна музика па и рипаат ко биволи, ги трпам и дење и ноќе, на родителите и нема фајде да им се каже, кажано им е сто пати, тие ушто со нив си се журкаат , страшна е младава генерација на родители. Еднаш два пати им пратив полиција ама они не отвараат и така се паѓа во вода, дојде и до пријава ама некој од таму ја кине! ако некој имал сличен проблем да каже како го решил.
Воглавно се ок. Само една не можам да ја смислам, стара разведена живее сама и нон стоп дежура на прозорец. Не можеш нисто да направиш без таа да дознае. Кога ја отвора летната сезона на прозорец си става перниче за да и е меко кога се потпира
се за секого знаат, кој кога излегол како бил облечен кај отишол кога се вратил дали имал дечко, која колку месеци била трудна, кој со кого се карал, буквално се !!! ме иритирааааттттт неможам да ги трпам!
neodamna se preselivme vo nov stan ,sosedite na prv pogled se super no kolku vreme pominuva sekoj se pokazuva so vistinskoto lice , sega i ne se taka bas super,,ama edno treba site da znaeme kade i da sme postojat sebicni ,ljubopitni ,podli luge,se izraduvav koga dojdovme pred zgrada polno decinja jas imam 4 godisna kerkicka si vikav lele ke si igra so site ,nabrzo pocnaa da se delat megu sebe i toa po naredba na roditelite zatoa sto tie samite kazaa deka roditelite ne gi pustaat da si igraat so nekoe dete ,bas stasno kolku zloba vo mali deca ...tie se ogledalo na roditelite...
Соседи Чим се вработам почнувам да собирам пари за куќа во некоја изолирана област со никоооооооој во близина! Моиве соседи се како да кажам... сељаци,неандреталци се благи зборови, најубаво ги опишува номади симнати од планина. Ме опкружува исклучиво геријатрија, до душа од десна страна покрај старите има и помлад брачен пар со две ќерќи мн гласни ќерќи. Особено во 2 попладне, тој им е заштитен термин за корнење уши. Од другата страна исто стари со две внучиња мн гласни внучиња!!! Побезобразни деца од тие две немам видено Среќа само на чување во лето доаѓаат. Спроти мене пијаничиште тешко, па не ретко се слушаат врисоци од таму, пред некој ден беше благо пијан па само се каравме вербално, а нареден пат идам со палка, сериозна сум. Не се само најблискиве вакви, сите се одвратни, буљаат по ќеси да видат што си купил од продавница/пазар, знаат се за секој повеќе и од тој самиот што се знае!! Ужасни се. Да не ми беше видикот напред (кај што нема соседи ) и да не беше тивко навечер, мислам дека ќе полудев.
Ми туууууу!! ВЕДНАШ би избегала од тука да можам. Сега единствено што сакам е да ми дадат студентска виза за КОНЕЧНО да избегам од овде....надевам се дека ќе ја добијам
Кога ке се спомнат соседи обично ми текнува на трачари, луге без работа и сопствен живот, спремни да пренесуваат пошти и точни и неточни низ маало, злоби злобосани само да ти наштетат. Ич не го сакам маалово и речиси со никого не се дружам само здраво и добар ден а со некои ни толку
До пред една недела немавме проблеми со соседите но сега ми идат на живци ,дојдоа нови луѓе и кога велам луѓе мислам 20 луѓе.И се различни идат во куќата.Но тоа не ми пречи ,мене ми прачи тоа што до 5 часот пушкаат гласно музика ,цело време зјапаат и ни се врткат околу дворот
Моите соседи не би ги мењала за ништо на светов! Секој со секој се знае, нема озборување и трачеви, моеш комотно низ маало со пижами да се шеташ шо би се рекло, никој ни да ти се насмее ни ништо. ВЕ САКАМ БРЕ ЛУЃЕ !
Да да, пошо тука ни е блиску у маало продавничката, често може да сретнеш некои од нас помладите и по пижами да тркне накај продавница. Па у главно сите се знаеме меѓу себе, затоа нема замерувања или смеење. Мислам океј, не викам не би се насмеал некој, ама не е толку дрзок да ти го спушти или да те збори низ маало, пошо знаете одма се дознава се. Фини се, дури и музиката ми ја трпат овие шо се до мене
Соседи... Па,живеам во мала зграда,соседите од мојот влез се повеќето постари,пријатни,цивилизирани луѓе. Е сега ги има нели оние што се од куќниот совет знаат да бидат малце повеќе галамџики и да даваат репорти за секого. Воопшто не им се замарам. Имам интересна случка со сосетка од друг влез. Ко помала се облакав повеќе во црно,маици со групи (металка бе ) Доаѓам еден ден дома и мајка ми соопштува каков муабет извадила за мене таа сосетка. Наводно дека сум била дел од секта. Значи девојче од 12-13 години,оф мори мајко А што е најтрагично секогаш кога ќе ја сретнев сосеткава,се поздравувавме,си правевме муабет. НЕ,Не НАЈТРАГИЧНО значи не е баба некоја па ајде се собрале на трач-партија. Не бе,млада мајка. Ах,тоа е сегде не има секакви,кој се дел од секта,кој не. А,да додам си ги обожавам постарите комшии,ме знаат од мала и многу ми е интересно да си правам муабет со нив
Живеам во куќа, а околу мене се згради. Соседите што живеат во зградата зад мојата куќа се ОК, не се многу фамилии, нова е зградата, а и повеќето станови се издаваат на туристи. Во зградата пред мене има секакви луѓе, но сепак во глобала би ги класифицирала како луѓе со кренати носови. Никогаш не се собираат во продавница да гледаат натпревар и да испијат по едно пиво како што гледам дека функционираат во други соседства. Ми се чини дека никој со никого не комуницира. ВИП луѓе бе, доктори и директори, видни граѓани, шта да ти причам. Да не станува збор за собиранки како што е палење василичарски оган за Стара нова година. Нема такво нешто во нашето маало. Единствено се собравме така за Стара нова година кога бев седмо одделение. Тогаш ние неколку деца што бевме, со помош на нашите татковци запаливме оган и татко ми донесе маса и нешто мевце од дома за мезе. Потоа сите почнаа да се собираат. Братучед ми, кој инаку живее во куќата до нашата, на неговиот балкон истави звучници и ни пушташе музика...Најпрекрасната Стара нова година во мојот живот. Бевме пресреќни што дел од соседите дури ги откажаа плановите за да седат. Пред точно 1 месец се опожари еден напуштен објект во нашето маало. Сите беа излезени и некои им помагаа на пожарникарите, а останатите гледаа. Јас излегов и си се смеев. Па гледам луѓе кои ми живеат во соседство, а прв пат ги гледам. Во зградата што е наспроти мојата куќа, погледот од спалните соби на становите паѓа дирекно во мојот двор. Понекогаш си велам и нема да се мажам со ритуали, бидејќи сите глави ќе бидат на прозор кога ќе ме изнесат од дома Има една постара комшивка, која најголемиот дел од денот го преседува на прозор и снима што се случува. Во куќата до нас живеат на татко ми први братучеди, со кои сме многу блиски. Имаме и фризерка која зборува 100 на саат и знае се за секој во маалото. Само еднаш сум на фризер таму бидена и уште еднаш-ноу веј. Единствени знаци на живот на маалото се од децата кои си играат на улица, но се се поретки во последно време. Дали луѓево не раѓаат, или па децава се такви и не сакаат да се дружат и да излегуваат на улица. Трето нема.
Живеам во Неготино, во куќа. Иам многу соседи, но на никој не му обрнувам внимание, едните ми се супер, дека поелитно маало ни е ова, сите имаме големи куќи со дворови, и не се слуша шо кој како, ама има едни понастрана абе сељаци, викаат уште од посабајле, две три фамилии се тие, а јас дека од пред 3 години живеам тука и во ск преку годнина студирам ич не се замарам со нив, пола и повеќе не ги знам како прво и не ни сакам да ги знам, оние бабетинине, како обожавам да им се перчам, и да е зборуваат после, ако само да не ме заборават хахах, не живеам јас за нив, ама дека јас сум им секојдневна тема не се сомневам, или моето семејство, такви се, едноставно сакаат да озборуваат, ама ги знаеме кои се тие сите, и никој не се замара со нив, сите ние си живееме наш живот, а тие 3 фамилии живеат во нашите сенки хааах