Од кај да почнам,хмм. Десно од мене има една ретардирана и оболена комшика,која од дома ретко искача. Како желка е, чат-пат ја видам излегла од тоа оклопот да виде сонце,сиротата.Инаку има околу 70 години и кога ќе излезе не ја пропушта можноста да ни префрле нешто или да проколне. Лево од мене имаме едни, живееме си со нив,ама тоа ќерката мала летоска до ниедно време надвор писка. Напред имаме една продавница, фини се газдите,иако цените не и’ се толку фини. Позади продавницата има куќа,односно продавницата се наоѓа во дворот на куќата каде живеат поранешните газди на истата продавница. Немам забелешка за нив. Позади имам едни очи не сум и видела.Имаат син, голем немажен, како ретардиран е. Имаат и ќерка,тазе разведена со две близначки малечки и понекогаш слушам ги како пискаат и влечат камиони и други играчки. Имам едни комшии, роднини инаку,стари се,ретко излегуваат надвор.Порано таа старата не ни даваше да си играме на сокачето.Имаат син во Германија,денес си дојде, три пати летово доаѓа со кола, си оди со авион,колата оставе ја да се продава. Фин е, живееме си со него, се ни донесува харибо бомбони,а преска на брат ми му даде 5 евра. За другите комшии немам забелешка.
Моите комшии се оф леле мајко... Наспроти нашата куќа живее една баба.. Али жената е ко некој детектив бре. Неможе човек од дома да излезе а она све то да не види да не прокоментира... каде и да одам секогаш ја гледам у двор или на тараса... Потоа дао неа има еден лудак кој ги тепа мачките во маалото со пушка. Татко му на дотичниот господин има околу 70 години али по девочиња мали очите ќе му истечат.. Наспроти нив живеат еден баба и дедо не многу стари околу 60 и кусур години али дедото ко ќе го видам како е облечен.. Тренерки портокалови и бела кошила а на нозете неизбежни се пластичните влечки.. Потоа има уште една детективка само она незабележително работи.. Има на тараса едно мало столче и таму седи и посматра кој каде оди, што прави. Потоа има еден стар човек кој собира дома се и свашта.. Има куча на 2 спрата а живее во подрум.. И ај сега кажи дека живеам у нормално маало
Моите сите до еден се чашитки..пред мене има еден во 5 саат сабајле станува да копа во бавча,ама пијан камен,не можи да стои на нозе,па уште копа и тоа ги погаѓа сите камења,а жена му опасна е..како крокодил личи..а другите комшии пуууу катастрофа жената е газда,а мажот го жалам све тој работи,таа ги има све четири у вис..само одмара и се швалерисува,детето и е на факултет,а момичето ке се мажи..другите се океј добри се
Моиве соседи се ... нема зборови за нив. Ги мразам.Ко бев мала едно дете,малце помало беше од мене и секој ден ме тепаше,плукаше и често и по газ ме удираше.И кога подпораснавме малку,еден ден коа ми ги "разниша" нервите [не трпев веќе] и го удрив два шамари,една клоца во газ,пак клоца и нокаут Сеа се крие ко полуден глушец од мене,сечам кога ќе го погледнам,татко му пијаница,мајка му на секои 9 месеци трудна.Нека си се множат,сите ќе ги отерам у пи**у материну.Само нека навалат на мене :evil: А со пола се "немаме" x] Имаме две куќи.Во едната живееВМЕ,сега сме во Гевгелија а другата е мн поубава од оваа во која живееВМЕ и беше сопственост на мојот покоен дедо.Дедо му ја препиша на татко ми а татко ми планира да му ја препише на брат ми.Сестра му на дедо ми,која почина [да гориш во пеколот маааа се извинувам,морав] ја сакаше куќата и кога беше жива велеше дека куќата е нејзина а всушност мојот пра-дедо ја дадол на дедо ми и сестра му ко мува на го*но зуеше дека е нејзина и го плукаше дедо ми по народот.Таков бил,ваков бил.Дедо ми беше душа од човек ама го нема [ почивај во мир дедичко ] Па и тие што се до таа куќа ... ајде пак и тие .. масовна распаљотка,нивна била,па други па нивна била.Умрете сите Сега оти не нема таму,кога ќе одиме ѓубриња до колена.Фрлат во дворот.Аххх,безобразни
Комшиите кој ги паматам од детството ... беа едни предобри баба и дедо кои мене и на брат ми ни го разубавуваа денот кога ни дозволувааа да им помогнеме со некои работи кои требаа да ги прават ... по добри комшии не сум имала од тогаш... Кога умреа и 2цата 1ви комшики ми беа некој 8 русинки во 2собен стан( ги „чува“ за онаа работа)- ужас од ситуација со Полициски завршеток една мнн „забавна“ вечер - ко на филм исто .. Моментално ми се комшии 1 семејство со 3 генерации застапеност баба и дедо- кој воопшто не се како оние 1вите маж и жена - кои се уште се мислат дека се на некоја техно журка и братче и сестриче - кои имаат сирени а не нешто друго... ХАОСССС без лаос
Порано многу си ја сакав мојава прекрасна улица и комшиите. Но сега од секоја куќа младите што беа се преселија на друго место и останаа старите т.е. нивните родители. А во последниве 2 години се доселени 4 фамилии од по селата (многу прости луѓе). Значи неможеш да поминеш на улица а да не си забележан и тоа во било кое време. Пример за тоа е пред околу 1 месец малку се задржав и дома си дојдов во 5 часот. Другиот ден комшивката и вика на мајка ми.. Аааа сношти ќерка ти ја донесе едно машко во 5 дома со црна кола. Да не може човек на рајат да прдне и тоа под ќебе во тек на спиење.
Комшииве ми се бог да чува! Овие позади мене еднаш у 2 саат пуштив музика али не беше гласно почна по прозор со ореви да ми маваат еј! И тоа жена со добри 40 години. Со овие десно ко да не се познаваме пошто они излагаат од друга улица. Овие лево таа бабата многу замараше али сеа се пресели она. Таа пред нас ми е нешо као баба али цел ден плаче дека и умрел мажот а тој пред едно 13 години умре. Така да секој ден да плачеш 13 години тоа е.. А има и едни сиромашни што се таа бабата се пијанчи стално ми бара пари, ластичиња за коса и алките ми ги бара дека сум имала 2 исти Има и други забегани што седат 24/7 надвор на жешково дури телевизор си стаиле.. и така
Уу како ми ја погодивте темата. Живеам во зграда. Цееееела, значи ЦЕЕЕЕЕЕЕЛА зграда се НЕ ДАЈ БОЖЕ од прв до последен (со чест на исклучоци) Не се можни значи. Седнати по цел ден пред влез, насобрани женишта, и оговарање до даска. Да излезам 5 пати денеска, тие плеснати на клупа. Сега пак и сијалица огрооомна си наместија, се осветлува. Од 10 до 24 надвор надвор. Некогаш се мислам, абе добро вие семејство имате?! Децава покрај што и тие по цел ден надвор, јадат барем нешто?! И тие уличари. Па што можат да се, кога мајките им се такви... Ииииии само оговарање, оговарање...... Лел види како е облечен/а, оваа е со онај, овој со оваа.. Веќееееее... Да земеш една пушка и сите со ред П.С. belieber убаво им текнало на твоите комшии со телевизорот
Кај мене сите во улицата што седат се чувај боже станува од 6 сабајле и излегува надвор и седа пред порта со цигарата пуф цуф и кој помини го мера од глава до пети и кажува по некој коментар , за сите знаат се никој не чини само ние сме арни (така вика сите) и сите меѓусебно се испокарани па се заканува меѓусебе абе театри . Ако ти дојде некое машко на кафе било да ти е дечко било да е другар ти одма леле вака така ова само машки носи незнам што абе толку што ме нервира само гледа другите што прават а не си ги гледаат децата абе овај македнскиов прост народ (секоја чест на исклучоците) до каде вака
Моите во глобала се добри. Тука се кога нешто ти затреба, си одиме на кафенце, муабетче Има и такви со кои не се знам, а и такви кои ме вадат од такт - чуваат кучиња а не ги хранат, не ги бањаат , а овие лаат како луди и смрдат, не можеш во двор да седиш
Ааа браво за темава. Јас за моиве соседи и цел роман можам да напишам. Абе за озборување се први за сите знаат што и како. И за крадење ги бидува и то како. Само човек добро да се пази од нив, опасни се
хехехе имам една комшика сега по ново ја завикавме Есма реџепова со татко ми иста е како неа само шета и ужива и ок најголем трачар е без неа се не може
Добри се во глобала, со исклучоци нормално. Имам една комшивка која е секогаш многу намуртена, едвај добар ден вика, не сака со никого да разговара .. Еднаш и заѕвонев на врата зашто по грешка мачката се качи во нашиот стан и буквално како по хорор филмовиве, ја подотвори малку вратата, ѕирна само со очите, ја држеше раката на уста и чекаше да и кажам што сакам. Чудна е многу. Како и да е, другите соседи се океј.
Мене свекрва ми ми е прва комшика, соба до соба сме. А бе уште од сабајле кога ќе и ја видам тумрук фацата како цел свет да го носи на грб ми иде да се пукам со нож... Инаку комшииве ми се сите геријатрија. Има само две девојки што не се мажени ама си живееат во некој свој свет, не се многу многу дружељубиви и комуникативни. Петта година како сум мажена, а 3-4 пати сме пиеле кафе. Чуден народ.. А кај мене во маалото кај што си живее сите беа кој од кој повесељак, јес да беа собрани и прилепчани и тетовци и кичевчани супер детство си имав, и супер комшии...искачаш на улица и гледаш, слушаш луѓе, џагор, деца трчаат, играат...овде бре нема живо пиле да пролета. Имам еден комшија чува гулаби, секое сабајле во 7 саат ги лета , нема промашај. Најтрагично е што ми ги лета пред прозор, а не знае да свирка со уста, па само шушти..секое сабајле ме буди и рипам да затворам прозор за да поспијам барем уште некој саат.
Темава како нарачана. Уф, од каде да почнам. Вака, живеам во зграда, што значи имам нели доста соседи, кои ги среќавам секојдневно по скали, пред зграда и сл. Прво, викаат здраво/добарден, кога ќе им текне, па некогаш кога нема да ти речат чуди се ти што си им згрешил. После, ми се чини дека ја имаме најнечистата зграда/влез во градов, никако не сакаат да платат за чистач/ка, аман еј, како им се живее вака, луѓе зградава мириса на штала. И еден проблем со хидрофорот, си слегуваат комшиите од први да го исклучат затоа што им БУЧЕЛ, па ти немај вода цел ден. Страшно. После, не сакаат да платат и струја, па сега ке немаме ни светло во влезот, а маалото и онака е темно и преполно со манијаци. Никој со никого не комуницира од возрасниве, едвај, се некој се искарале, се замериле. Ауфф. Немате видено ова..
Xaxax значи во секоја мала има оговарачки и двогледџии Во мојава мала најмногу ме нервира еден комшија се враќа од излегување накај 3 - 3 ипол може и покасно ..значи има кола стара мислам од на дедо времето и кога ќе се разбучи навечер ми доаѓа да одам да го задавам..Само ги собира другарите со моторите цела вечер брмчи .Стар ерген ееден
Ооо соседи ли се соседи.....маки за очи, уши а богами и за нерви големи Од каде да почнам, прво живеам во зграда полна со намќори, ќе се сретнеш во влез ќе кажеш добар ден или што и да е 90% се праваат глуви, ако не им кажеш ништо ти држаат часови по бон тон Бабава до мене што живее кога доаѓаме во Скопје believe it or not не пречекува со список кој влегол во станот и колку се задржале, со дата и време да ти треба нешто да и ѕвониш на врата ќе ја чекаш пола саат да ти отвори ама ако некој ѕвони на мојата врата уште пред да отворам таа веќе се од а-ш ги испрашала Овие под мене се ок луѓе само од 9 докај 10.30 се неподносливи имаат ќерќа која прво ќе почне бабата од тераса да ја вика за дома, па таткото, па мајката, па сестрата, и така од 9 докај 10.30 само слушаш СИМОНА, СИМОНА, СИМОНА, СИМОНА АЈДЕ ДОМА а малава не ги ферма пак на крај некој се симнува да ја прибераат дома. Карши мене тој што живее вечно нешто реновира што и не би требало да ми пречи ама тоа што реновира го прави во ходникот на спратот и почнува од 7 сабајле па надаље, буши, сечи се пред врата А овие над мене се дефинитивно приказна за себе, мислам дека живеат стадо на слонови над мене константно се трча, скока цел таван ми се тресе, нема мир од нив ни дење ни ноќе. А алкохолното лудило на комшијава е причина за моето неспиење. Прва фаза на алкохолното лудило е земање на гитарата и пеење, пред да се опие и не е толку лошо ама кога ќе се здрви добро само пее...пусто, пусто, пусто ми е се, нема, нема моје драгане over and over and over. Втора фаза е тепање и бркање на жена му од дома. Трета фаза е кршење на флаши, чаши што ќе докачи а вечерва во недостаток на материјал за кршење ми се чини како да докачил хебла и го корне паркетот, па во секој момент го очекувам да ми направи дупка во таванот и да ми се појави како Џек Николсон во Shinning....here`s Johnny И алкохолното лудило на комшијава се повторува на секој 3-4 дена Комшииве ми се со еден збор ЛУДИЛО
Super tema ! Jas imam sekakvi komshii ! -.- Imam 2ca manjaci -.- Mnogu se dosadni, za vreme na ruchek ili po ruchek koga site se odmaraat oni ni doagjaat na vrata i se rasprashuvaat kako nekoi alapachi -.- ve molam ako mozhete pomognete mi okolu ova, dajte sovet kako da gi otkacham??
Сите соседи се љубоморни, алчни и гледаат што поголема штета да направат кај мене во населбата..... не ги сакат воопшто зошто сите се виновни за смртта на моите миленичиња( или ги изгазиле, отруле) воопшто не се друштвени и фини луѓе