пааа во глобала добри се,покето се фини луге..има само еден шознам одприлика 30тина години и значи многу голем манијак е..чоекот си има и жена(емто преууба жена,права лепотица е) и 2 дечина и не му иди умо никако..неможам никако чоечки да си поминам а да не измерка..и другарките истото ми го забележаја,па една фаца шоо прајјј...ама кој го знај можи таква му е -.- xD
Моето маало! Кога дојдов во оваа маало воопшто не ме тангираа луѓето во моја околина, освен фактот дали има или нема врсници со кои можам да си го поминувам времето (мада и тоа не ме занимаше ). Едиствени соседи-луѓе со кои јас и моето семејство сме во одлични односи, машкото и женското ми се како дел од фамилија, и така живееме уште од почетокот кога се вселив овде. Имав неуспешен обид да се спријателам со девојчиња на моја возраст. Неуспешен затоа што простачкото, селското и примитивното однесување им е во срж, уште од нивното раѓање прибидејќи нивните татко,мајка,баба,дедо потекнуваат од село, и всушност староседелците од моето маало имаат потекло од село. Всушност и мојата населба иако е населба, од ваквите луѓе добива епитет на село и можеш да спознаеш дека некој е од оваа населба по своето однесување, говор и слично. Но најтрагичното е секојдневие. Малограѓанството! Да ги мериш улиците, да го знаеш секој еден поединец од секоја фамилија (дури и ти се чудат, како ти си од овде, а не го знаеш ?! можеби затоа што НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА на пример..), да бидеш манијак број еден и да залажуваш и им зборуваш глупости на млади/постари девојки, да бидеш ерген, да дремеш пред продавница, да прикажеш низ комшии кога дошол другиот комшија синоќа и сл. е редовна појава кај мене. Затоа и ретко излагам во маало.
Големи озборувачки и баби кои цело време дрдорат! Ух не можам да ги поднесам...Ќе чујат нешто и веднаш трчаат кај друг да кажат! Па најинтересно на тие години се збираат и играт карти или се расправаат за некој филм
Во новото ми маало, со новите ми соседи, освен добар ден и како сте, друго си немаме... Една упорна комшивка ме убеди да отидам на кафе, ајде си реков, може ќе излезе некој квалитетна дружба...аха, мало сутра... И почнува со лајт муабети како припрема, за да на ред дојдат вистинските прашања-брак, пари, однос со старите...Е не можам. Секојпат кога некој ќе успее да ме испровоцира да зборувам за себе и своите проблеми, после тоа се чуствувам лошо, се каам, па затоа решив дека е подобро мудро да си молчам...Да зборуваме за кошарка, времето, облека, филм, шминка, не е проблем... За ''интимни'' работи имам да, понекогаш потреба да се испразнам, но не по цена на ризик тоа да биде било кој, и секако не на првиот 'состанок'... До последната голтка на кафето ни стана јасно и на двете дека 'врската' уште на старт ни е осудена на пропаст па затоа културно си се поздравивме, и од тогаш доволно ни е добар ден и како си...
Тука соседите со Ок ...Само еден добар ден од чиста култура и толку, не ме интересира ни што се дешава кај нив ни нив кај нас... а в село каде што имаме куќа е таму соседите се држ не дај...Абе пред куќа не ги сакам не в куќа, баба ми вика „пљуниси в пазва в куќи да не ти се родит“...и во право е. Секој 2 ден викање, баш како што оди Сердарот: Пискотници се слушаат од Галичник до Река. Многу пати и полиција се случило да дојде, па потоа комшивката да вика кај нас дома за помош...Ужаси
Убава тема Јас ако почнам да зборам за моите комшии ке потрае Во кратки црти Порано во мојата зграда имало некаква живеачка , секој со секој добар ден , муабетче , кафенце .... Повеќето постари баби и дедовци беа , а и ние бевме многу деца . Секој ден игравме пред зграда , имаше дружба .. Памтам кај нас дома често доагаа комшиките и ке почнат да се жалат за домашните работи . Не се живеело со свекрва па види шо ни прави , па ме колне магии прави , и ти ако немаш попаметна работа седни слушај ги. Иначе кај нас секој за секого сака да знае , приказни да раскажуваат .. бла бла Во наш влез (зграда) има самоназначен Газда на влезот ,неговата кола ја паркира директно пред самиот влез (демек он има само кола) он се замара за сите стручни и нестручни работи .. и ете заслужи јас Никад више Добар ден да му речам. Освен тоа се љубоморни штом купивме кола , после некое време мораат тие љубоморни да обележат .Цела кола гребана Ама тоа ни е
Можам да кажам дека се ок, имаме некои соседи со кои на вистина имаме добар однос, си помагаме во добро и во лошо. Е сега исклучок се само едни , уште од времето со нив немаме контакт и не верувам дека ќе имаме некогаш.
Сега каде што живеам, ми е 4то маало Ама не и најдобро! Живеам во зграда, и терасата ја делиме со едни многу чудни луѓе. Онака, на добарден сме, во ред ни е односот, но ме нервираат што цело време снимаат. Нон стоп се на терасата и само зјапаат, гледаат кој каде оди, кога се враќа. Немаат свој живот воопшто. Претходното маало каде што живеев, и таму бев во зграда, ама сите бевме ко едно семејство. Мала зграда со 18 станови вкупно. Е таму многу сакав да живеам.
Уфф ме погоди со темава. Од тие до мене наутро нема спиење. Мали деца се и стануваат уште во 7 саат и само викаат и скокаат.
за темата..хех моите соседи се први оговарачи, поголеми од нив здравје знаат се,многу пати кога ќе направам нешто,моите знаат пред да им кажам јас, кој ви кажа,па кој може комшиите цццц ме невираат страшно еднаш јас поачувам за јадење и ми носат дома и комшијата на мајка и и кажал ќерка ти си порачи јадење од кинг и имаше еден тост,па се прашувам од кај знае што имало внатре ццц живеам во мала во која што се знае се,они повеќе знаат од моите дома а и нема никој на моја возраст,сите се стари
Многу лоши!Повеќето се намќори,оговарачи,не сакаат никогаш ништо да помогнат,не сакаат никаква комуникација со другите комшии,се се постари луѓе тоа од секогаш ми пречеше што никогаш немав со кого да си играм, но тоа еве и не е толку битно..барем да се погодеа нормални луѓе ! Се се сведува само на едно добар ден,и толку!
Па Прилично сите добри али има една комшивка значи БЕДА БЕ БЕДА:.......Незнаете колку пари има цифрата е со шест нули и тоа евра.. И дека зивее Во Соње. Доагја до другата кукја во Драчево само за ДА се вози во Петок и Вторник Бидејки им Е БЕСПЛАТНО..ОМГ ОМГ ОМГ.Абе незнам....И на некој човек нејкела да му доплати 500 ден...И секад кога иде во продавница прашува колку е чипсот. И ако и казес 15 ден скапо и било....
Ејј, морам да ви искоментирам еден комшија.Цела зграда ми е полна од разновидни суштества,ама човеков е спешл едишн.Има некаде 70-тина години, ќелава глава покриена со искинато капче, огромен пивски стомак и уста поголема од сите жени во зградава.Стар е за да работи, очигледно досадно му е и седи по цели денови надвор.Е сега еве го најсмешниот момент-пред неколку месеци прскавме против бубачките дома.Дојдоа прскачите, ми рекоа да чекам пред врата и јас си се симнав во меѓувреме да го фрлам ѓубрето додека тие си прскаат.Го сретнувам човеков во лифт и ми вика-Еј ти стигнаа прскачите! Јас останав ваква Значи, не само што ги сретнал луѓето, туку ги прашал и каде одат, па заклучил дека одат кај мене и одлучил да ме потсети дека ќе дојдат, случајно да не заборавам
Нашево маало најдобро на цел свет! Сите си се имаме, можеме два дена муабет да правиме кога ќе се затекнеме во исто време во двор.. Па кога правевме ајвар, во 3 двора во исто време! Си разменивме по некоја тегла после. А, дури и нашите мачки се спријателија.
Со сите соседи сум во добри односи, никогаш до сега не сум се скарала со некој од нив иако сум имала доволно добри причини Имам стари бабички во маало што се доста љубопитни и се за секого знаат. Има и такви што меѓу себе се караат за некои банални работи, на пример чива била оградата што им ги дели дворовите и кој има право да ја фарба. А има и сеирџии што тогаш излегуваат на прозор и пукаат сеири кога некој од соседите се кара. Моите први соседи што живеат веднаш до мене се толку бучни што ретко кога ме оставаат убаво да се наспијам. Секогаш мораат да се дерат, да се довикуваат од едниот на другиот крај на дворот, едноставно не знаат потивко да зборуваат. Имаме и неколку кучиња во маало што не се смируваат навечер и по цела ноќ лаат. Summa summarum - весело маало имаме.
Имаме коректен однос со сите соседи,добро со некои подобар. Никогаш се немаме закарано. Имаме една соседка која нема друга работа,па се знае за цело маало.Кој што купил,кога дошол од град,каде бил и слични работи. Секој има таков сосед.
Едниот сосед е пијаница и како деца го избегнувавме, и сега не е променето. Другата соседка е баба, ја поздравувам понекогаш. Третиот сосед е колега на мама, е тој се снима и ме нервира.
xexexe ме изнасмеавте со одговорите!! хахахахаха иначе спроти мене има многу дроби комшии кои секогашги поздравувам ги прашувам како се и така имааат мало бебе и мн е слаткооо пупупу да не го урочам си викам у себее живеам на 4 кат тие на 1 кат соседите имаат мн голема тараса и сега кога ја чистиме тарасата со мајка ми сето ѓубре иде кај нивв не баш цело и тиее да не ви се верува го собираат во кутија за ѓубре и ни ја носат пред вратаа господее колкуу бедни луѓе има на световв цело време се расшправаат и на пр некоу утро кога кје им посакам добро утро тие со намуртени лица кје се прчат пред мене господе господее Еххххх