Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Имам едни неподносливи комшии.
    Се рашириле тука како цела улица да е нивна. Се им е малку.
    Да можат и дворот ќе ти го земат.
    И само гледаат некоја беља да ти направат и да ти наштетат.
    :x
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
  3. J.Lo91

    J.Lo91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    14
    Е вака сеа кога сме кај соседите барем тука можам да се пожалам ! Кај и да се жалам никој ништо не превзема само се крстат ! Живеам во Н.Л во зграда на 3ти ! Тука живеам едно 10 години и од самиот почеток до ден денес си имам јас проблеми со моите комшии. Цела зграда е полна со шизофреници ! Да ти е незгодно да си пиеш кафе на тераса... над мене има едни ненормални комшии маж и жена со еден 30 годишен син , кој од кој се ! Се што зборам на тераса они тоа го пренесуваат на цела зграда сите комшии да знаат ! Еве една случка што ми се деси со нив ...
    Се спремам ја со сестрами да излеземе да се прошетаме , а пред тоа сестра ми си седела на терасата а комшиите одозгора ја гледале ко демек дремела на тераса ! И доаѓа малава кај мене у соба вика доле некој се расправа ! И јас ај да видам што се дешава , глеам некој тип штотуку што се вселил у зградава , ама онака младо типче , си стои доле до колата .. али браат кола некое ново ауди огромно се дере и се кубе за коса некој фрлил јајце од озгора и прснало една капка доле кај вратата што неможе ни со микроскоп да се види ! И комшииве одозгора му викаат оваја малава на 3ти фрлаше јајца (за сестрами) Онаа зеленана кола е нивна да знаеш врати им ! И зима типов на нашата кола со нога крши таблата за регистрација а ние ни криви ни дужни ! Се дере одоздола ! И ја будам мајка ми дека ни ја кршат колата без причина ! Се симињам доле типов се заќуте , ја спремна да го убијам ... али некако жал ми беше (згодно младо типче) да го тепаш нема смисла :$ :wasntme: А комшиине над мене снимаат и префрлаат одозгора вреѓаат ! Па мајка ми викна полиција за типов што ни ја скрши таблицата . И овие одозгора шизофреник фемили шпринт да ги нема си се прибраа дома заклучија врати и се ! :D И така си го казнија типчето и сите нервозни дома си отидофме , дури и не излегов да се прошетам седеф дома на мама и беше страв да седи сама дома од психопатине одозгора ! :fubar:
     
  4. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Епа вака, влезот ми е полн со богати, себечни комшии кои се стиснати и 5 пари не даваат. Сите се повлечени и некако немаме комуникација со никој. Во мојов влез никој со никој нема комуникација :^) сите се повлечени. А во Кратово (таму имаме куќа) шо имаме едни лудаци од комшии, па тоа да не ви се верува.. Ни си ги пуштаат децата да искочат на улица, никого не викаат кај нив дома, ниту пак одат на гости, затворени се, повлечени,а воедно и многу злобни и подли. На комшиите што се до нас им имаа залепено на портата лопата со гом*на. (тоа баба ми го видела) :lol: :o
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.658
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Женски
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Денеска се запознав со едно бабе што живее до нас. Ауу, ептен мила беше, додуша малку наглува и само ми се смешкаше. :D Ми се обраќаше на Вие, веројатно и изгледав постара. Срцка бе, имаше сини очи и така мииилно гледаше. А комшииве имаат и куче со сини очи, изгледа фамилијарно се такви. :rofl:

    Мислам дека и го разубавев денот кога и реков дојдете на кафе. Не дека ќе дојде, не дека ќе се разбереме нешто ако дојде, ама мислам дека одамна никој не и направил толку муабет како јас денес. :|
     
  7. Poppy

    Poppy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    ауу сега ке ви кажам за моите комшии. :wasntme:
    Живеам во стан и комшиите се шта да ти пришам кад све знаш.
    Лево од мене живеат маж и жена во години, ќерка и се омажи пред кратко време. Абе све знаат знаат, во кое време си излегла, кога си се вратила, а не дај боже некој другар да те испрати до дома, абе одма таа жената на цела зграда ке раскаже како имаш нов дечко.невозможни се. :tmi:
    Над мене се трочлено семејство (мајка татко и ќерка).Абе око неможам да склопам од нив.Кога ке почнат да викаат уште од сабајле ,девојчето пак кога ке почне да плака, дојди па смири го се дере како да го колат дома. |(
    Под мене се некои студенти па секоја вечер музика главата тапан ми ја направија цело време вртат песни од слаткаристика. :fubar:
    Останатите само висат на прозор и се расправаат :swear:
    Струја несакаат да плаќаат во подрум и во влез па затоа сме во темница. :tmi:
    многу ме нервираат уфф :@
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    мојот комшија е оперски пеач, абеее кога ќе се распее и расвири хехех спобудалувам :drunk:
     
  9. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    епа вакаа
    живеам во зграда на 6 ката во која има 24 стана...од кои само 4 се празни
    епа замислете колку луге има во зградата
    сите се различни типој..
    значи тие н први секогаш му сметаш оти се стари и спијат од 6 сато.. а пак тие на втори млади се вселиле сеа и ке ми кажва да не викам оти му спие детето
    а истото то дете насабајле во 8 сато се дери ко некое дефекно..
    значи цела зграда се вакви само јас паметна :P едноставно си живеј мајакми со некој а јас со никој само со комшивката под мене шо многу ја сакам ...и та мене и секогаш муабети едно друго та едниствено е паметна ....а со другите едно добар ден и чао
     
  10. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Соседите над мене ми се ноќна мора нон-стоп се караат.А останатите се во основа добри.
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    луди кретени се моите соседи...Едниот напиен до гуша пукаше во моето куче бидејки му сметало што лаело .А неговото што лае 24/7?тоа не се смета?
    Другите соседи не се ни дружат со останатите.Се скршум да се праело.Имаше две веридбио кај нив дома а никој ни да дознае,ни да им се пофалат ништо...Ах.
    A oстанатите се срцки...немам зборови.
     
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Неможам да се пожалам од соседите ... Супер се ... :D :* до нив :)
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Јас како и обично си немам проблем со никој на сите им кажувам Добар Ден...Моите соседи се навидум океј луѓе,ама кога ќе ги запознаете................ :^) :o
    Хаха кој од кој..сите сакаат се да знаат кој каде отишол,кој дошол,кој излегол а кој влегол.Инаку сите се прееедобри со мене( :$ ).Онака за да ти прават лице и да ги поканиш кај тебе и се да дознаат..од а до ш. Несмеат да си дозволат нешто да пропуштат од озборувањето.Ама јас никогаш не се замарам со нив,што прават нека прават и нека кршат глава.Јас си ја вршам мојата работа а останатото не ме засега баш...

    Инаку морам да признаам пунам од желба да имам со кога муабет да си направам . (од комшиите се разбира).. Ехх ама тоа е тоа.. :D Некогаш имало и сцени.Таа жената што живее во куќата до нас е разведена(што е баш најнормално во 21 век :) ) И скоро секоја недела има сцени со бившиот маж и секири летаат.( буквално секири)Тие другите се затворени и за ништо околу нив не се интересираат само кога јас ќе влегувам таа жената ќе излезе на тераса и ќе се скрие да не ја видиме а таа се ќе посматра..Господе Боже !! Има едни баба и дедо и баш се онака фини и не ми пречат.Понатака..другите се околу 40 години..и се радознали до немај каде! Јас излегувам надвор во двор си седнувам со лап топот и само таа преку ограда ќе дофрли.. Сара123 како си ?? Цел ден си на тоа компјутерот..со кого се допишуваш толку ?? |( :devil: и така понатака.Би можела да пишувам до бескрај ама ме мрзи сега.. :P
     
  14. Karamella

    Karamella Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    23
    Јас имам една стародија овде под мене (еден спрат подолу)абе демон е :devil: со 4-5 мачки живее, ако само малку поминам ако напрам еден мал звук вика, тропа па ми се качи еднаш горе па ќе му кажела на газдата па кога ќе и дојдат внуките бегам од дома сами горе си идат и ми ѕвонат, ако ја оставам вратата внатре ќе ми влезат. :fubar:
     
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.529
    Допаѓања:
    174.157
    Добри ми се комшиите,Господ да ги поживее.
    Имам судии,парламентарци,доктори,професори,банкари,екс директори итн.како комшии.
    Е сега,ќе кажете блазе си и на оваа стетоскоп,се фали....
    Арно ама,кај никој од нив немам отидено дома,ниту пак они имаат влезено кај мене дома.
    Зошто?
    Па мислам дека е подобро така,подобро да си имаме едно добро утро или добар ден кога ќе се видиме,отколку да висиме едни кај други -па после ова било,она било.
    А по потреба си помагаме,секој во можноста на својата струка.
    Најдобро е така,нели?
     
  16. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Полоши комшии од овие ако постојат на овој свет.. НЕ ЗНАМ, едноставно тие се најлошото нешто кое светот можел да ги створи. Толку се љубоморни, радознали, брбливи , непријателски настроени, гледат само да уништат. Дури и кучето им личи на нив страшно
     
  17. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па неможам да се пожалам од (едните) соседи затоа што воопшто не се лоши и тука се кога ќе ми затребаат и онака чичко ми и стрина ми и братучедите живеат во куќата. Иначе од другите (од другата страна) можам и тоа како. Многу се радознали, лоши, злобни, брбливи и уште незнам какви. А таа од другата страна исто ми е комшивка али поглупа жена од неа нема. Неписмена е, незнае да се потпише, не знае да чита, не ги знае парите, али знае да те колне и да те замара. Но што да правиш, тоа е, такви ти се погодиле. поздравче :*
     
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    3.864
    Пол:
    Женски
    Комшии.. Не се може со нив, не се може без нив.. Во лошо, добро ќе се најдат..

    Едино само со едно семејство не разговараме т.е. никој од комшилукот не разговара со нив.. Инаку не можам да се пожалам дека ми направиле нешто лошо или било што.. Имало понекогаш некои недоразбирања ама секогаш сме тука за сите.. Си го сакам комшилуков, баш ми се ок.. Одлепени се, и стари и млади.. :rofl:
     
  19. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Соседите мои на никого не му посакувам да ги има. Страшнооооооо !!!! А посебно таа што е спроти мене, не знам дали некаде на светов има друга жена да е толку навиена. Нема човек со кого не е скарана тука, абе за без причина се закача и се расправа со сите. Одамна ја игнорирам, дефинитивно е нездрава. Како кокошка е ццц ! И другите соседи не ги поднесувам, сите до еден. Избегнувам да ги среќавам и да ги поздравувам, нејќам негативна енергија.
     
  20. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Имам предобри соседи :lol: