Добро ми е соседството, не можам да се пожалам! Само што повеќето се пензионери па мора да внимавам кога ќе се враќам дома да не биде тоа во ниедно време...
Супер соседи Има една стара е и разведена, и живее одма до нас. Таа живее со нејзините две разведени ќерки и ппо цел ден само полиција вика, многу сме и се дереле, сме и цркале па ја болело глава . Има едни баба и дедо стари околу 50-60 години, и син 40 неженет, о синот цело време се кара, а таа старата ... поминува по улицата и само нешто колне, да ви умре она да ми се стори она . И се нема избањато 3 години. Абе смрди смрди , ќе падниш у несвест ако поминиш покарај неа или таа помине покрај тебе , има една фамилија цело време шо се кара, мислиш се испоубила БОЖЕ , абе синот за у лудница е, секој ден се кара вика по тато му, па со нож се пребоделе, па незнам уште што А другите се сренца
Епа мајка ми ги знае повеќето, ама не е многу блиска со сите... Јас живеам во куќа со татко ми, такашто немам соседи... Но кога живеев со мајка ми во Скопје, имаше една бабичка на приземје... Деца доаѓаа да ја нервираат, цвеќињата и ѓи турнаа, но таа им излегла со нож... Бог да чува... Сепак, околу 80 години има, без семејство, сама живее, но има и ментални проблеми... Жал ми беше многу...
Јас имам еден пристар сосед кој секогаш ми ги фрлаше моите кучиња. И јас цело време си траев (колку сум била глупава) и пред една година ми го отрови кучето,а јас дигнав толку паника што цело маало излезе па и полиција повикав и му ја проколнав внуката која почина по 2 месеци и оттогаш не смее ниту да ми прозбори.
Имам и добри и лоши соседи пред еден месец дојде братучетми од Германија и излеговме во град кога се вративме беше 3 часот а еднен сосед утреденнта му вика на татко ми аа керкат ти дојде во 3 часот. Не знам зошто соседдите се мешаат каде што не им е место.
хех моите соседи се оговарачи и љубоморни кој каде бил , што купил знаат се,многу пати кога ќе направам нешто,моите знаат пред да им кажам јас, ме невираат страшно овие што живееат пред мене се катастрофа човек не може да спие од нив колку викаат цел ден по двор..
Во мојава зграда соседите се супер! Не можам да се пожалам ама баш од никој.Има само поздравување ако се сретнеме во ходник и тоа е се.Е една комшика со мајка ми се генерација, па знаат да се викнат на кафе ,ама тоа е 2-3 пати во неделата.Комшијата наспроти мене е нешто помал од мене,па ете понекогаш пиеме кафе заедно,имаме некои теми за разговарање. Овие под мене знаат да пуштат многу гласна музика некогаш,ама не се жалам,не е тоа често и толку неподносливо.Нема ѕвонење по врати кога ќе им текне,нема доаѓање ненајавени и верувајте дека тоа е супер.Кога само ќе се сетам на соседите од старото маало,косава ми се крева . Радарот им беше уклучен 24/7 и што е најтрагично,само што си влегол дома,небитно дали од работа или од школо еве ги на врата,демек им треба зејтин или не знам што.Не дека е за зејтинот,туку чисто поради "контола" . А пак ако видеа некој непознат автомобил (кој што предходно не го регистрирале дека доаѓа кај нас) а бе веднаш "тајните служби" беа во акција ...Па толку да не се почитувала нечија приватност ..... Ама ете сега зградава е супер,си немаме многу поџи ми-доџи ми,не е гужва по ходници и нема лупање на врати.....
Секои различни.Некои се лиши,добри,љубоморни,оговарачи(трачери).Кој немал проблем со сосед?Јас имам со една стра жена (баба) која говоре се за мене низ мааалото (ама она ене е крива туку тетка ми која и ги дава буцките).Исто цел дене седе на терасата и може слободно кој поминал,кога и колку пати и ке ти одговоре,ама па и нокеска. Кај мене искреноо многу ги иам друг пат ке кашувам и други случки а сега еве ке кажам една Имам другар со кој шивееме во исто мааало и сме заедно од забавиште.И на овааа и текнало да не оговара заеднп сме биле и там ти незнам уште што дека сме се скале дека цело мааало знаело и дома едвај на баба ми докажав дека не е така на мама и тато да оти ја знааа ама на баба ми и е втора брачетка и оди та кажи и дека не е така.Ама у тава се мешат и „тетките ми „ и така некои од комшиите поверуват.
Имам нездрав комшија!!! Во зградата кадешто живеам јас има еден комшија лудак што го мрази моето куче.... Нонстоп се обидува нешто да направи против него.Еднаш одев накај дома и моето куче беше пуштено и овој коа го виде се исплаши почна да се трга,да бега и моето куче е такво кога му мрда нешо скока по него да си игра...и овој почна да го клоца и моево куче почна да му р'жи и овој се исплаши па напраи скандал дека кучево било опасно ,лоша раса било можело да го изеде.Фрчеа закани дека ако нешто би им направил на неговите деца ќе го убиел ..После тоа збореше дека имало буви кај него у станот од моето куче..Незнаејки дека син му кога он и жена му не се дома доаќа девојка му со куче..Почна да лепи по лифтови дека тоа било опасно.Све за да го избркаат од зградава..Моево куче почесто од него се бања..Два пати на ден го бањам и он нашол да ми каже дека бувите се од него ... Џабе објаснувањата дека моето куче е мило спие,јаде,шета све со мене..тој и понатаму го мрази..Што мислите како би можела да му објаснам дека моето куче не е опасно???
Имам нездрав комшија!!! Никако прави се на Тошо, игнорирај го.Ако е мирно твоето куче, веројатно другите твои комшии се свесни за тоа, не им смета, остај го нека си дума колку сака, ништо неможе да направи.
Имам нездрав комшија!!! џабе со такви неможиш да се разбериш..единствено ти е тоа погоре напишаното да го ставиш на ignore оти колку повеќе се трудиш да му објасниш на чоекот и постојано да се караш со него,толку повеќе ќе се нервираш а нема да постигнеш ништо...
Имам нездрав комшија!!! А знаеш ли дека постои закон за ова , кучето кога го шеташ надвор не смееш да го пуштиш без ланец и без маска на устата.Па потоа викаш бега од кучето , па кој нема да бега ако си го пуштила така да шета ? Мирно или не , незнаеш како ке изреагира на некој друг човек или дете па ако касне некој ке си имаш големи проблеми ке се влечеш по судови.
Имам нездрав комшија!!! Биди среќна што до сега не ти го отрул кучето, бидејќи има секакви луѓе на светов. И јас имам нездрави комшии, посебно еден комшија кој има свое куче и кое многу го тепа. Мислам негово куче тепа, а замисли што би направил на некое друго куче. Ти игнорирај го него, не се вовлекувај многу во конфликти, али подобро би ти било кога ќе го шеташ да му ставиш една маска на лицето и ланец, па ајде да видиме што ќе ти каже тогаш комшијата.
Абе што да ви кажувам... Со најблиските соседи (лево и десно од нас) немаме проблем затоа што едниот живее сам, а другиот живее сега за сега на друго место, само повремено доаѓа сам или со друштво. Заедничка мана на цела улица (вклучувајќи ги татко ми и брат ми) е гласното зборење, да не речам викање. Ќе помислиш луѓево само се караат, а нема врска тиа најнормално си разговараат. Па едни деца што има размазени, невоспитани, коишто пиштат вриштат ако нешто не им е по кеиф. Мајките и бабите нивни мора да се присутни на лице место за да ги "надгледуваат", немој молим те ајде да свртиме по некој трач работава... Абе лудница.... Ааа да тука се и старците, пензионери кои се застапени во голем процент. Знаат се за секого, не само за луѓето по улицата, туку и многу пошироко. Нешто што најмногу ме иритира е тоа што кај најголем дел од нив кога ќе влезат во својот двор се затвараат и забранет е пристап за гости. Што куќи ќе се тие што никој не влегува??? Ќе ги заборавев и соседите ни албанци (единствени се по нашата улица) кои седат ноќеска до ниедно време, па зборуваат гласно, се смеат. Да не можеш прозор да отвориш, чиниш под прозор ти зборуваат (посебно кај мене во соба најмногу се слуша), а не дели една куќа со нив.
Нај мразам кога ќе се соберат во двор Петка, Васка, Стана и тоа попладне кога човек треба да се одморе. Геријатриско заседание зачинето со кафе, евентуално сок и дневна доза трач, придружено со ретардирано смеење.
Бидејќи една година живеев во Сан Франциско, можам да кажам дека нашите соседи таму за разлика од овие од Македонија се прва лига. Кога отидовме во Сан Франциско минатата година, луѓево веднаш се зафатија да помагаат - ни помагаа во средувањето на куќата и градината, па не запознаа со околината (најблиски продавници и слично). Заедно одевме на кампување, излети, одмори. Ни даваа подароци за празниците. Ма се бре. Прекрасни луѓе, ми недостигаат
Живеам во стан на 7 спрат.И комшиите се сварно фини,мн е тивко,никој не го интересира кој кога излегол,кој кај отишол.Јас се дружам со едно девојче до нашиот стан што живее,а мајка ми и татко ми не се пријателит мн со комшиите,ама не се караат и секогаш во влез било кој/а да е од зградава се поздравуваат.Така да нема од што да се жалам.
Уфф..Моиве комшии..Море добри се..Али некад знаат да те разбудат и во 5 саат.. (Кај нив нема ТИШИНА) Т.е не некогаш туку скоро секој ден станувам у 5 саат..^.- и то нивното куче..-.-’ Али комшии си се комшии..