Прва куќа до нас, комшии, супер се. Ни помагаат, им помагаме, си ги чуваме куќите кога едните не се дома, се наоѓаме за кафе, шеќер, лекови, пријатни луѓе. Сега имаат и премило бебенце кое многу си го сакам Останатите комшии, не им посветувам внимание, со 3,4рица што ги знам, ќе се поздравам на улица, со другите не се ни трудам. Да одам по куќи или да ми доаѓаат? Не. Секој со своето време, простор, неможеш со секого да се зближиш, а комшиските јазици се најдолги јазици. Вака ни е најдобро
Мојата улица = шпанска серија Стварно. Секакви луѓе живеат, и секогаш има по некоја интересна дешавка. Само со едни живееме ептен, фини млади луѓе, сега имаат 3 годишно девојче и 3 месечно бебенце Со другите сме на едно "Здраво! Како си? " Е сега.. Со комшиите што сме преку една куќа можам роман да напишам. Мажот 40тина година, женава 24-25. Имаат три деца на возраст 9-7-5 години. Мажов е смотан, женава брка швалери. 5 дена е дома, 2 недели кај швалерот. Децава се шетаат голи, боси, кога врне се бањаат во вирови.. Жал ми е за нив.. Ама ич не се мирни! Од мали крадеа. Пред две недели женава "сечеше вени". Само драми прави.. А пред нас живеат маж и жена околу 45 години, невидени мрчатори. Ги мрзи здраво да кажат. Со другите немаме проблеми, тука сме и се за помош. Ама седенки, ова, она не.
Оф, бламови ме мавнаа кога го видов насловов. Во прво и/или второ одделение памтам, имавме нели предмет Природа и Општество. И правиме сега тест, и ми се паѓа прашање: Кои луѓе се соседи? Е сега, тоа било премногу двосмислено за мојот 8 годишен мозок, па сум си почнала да си ги набројувам соседите по име: чичко Ацо, тетка Маја, Кики итн итн. Ко ми го вратија тестот, кога се налутив зашто не ми го признале само тоа прашање за да имам чиста петка, абе фурија станав. Убедена бев дека сум во право. Е да бре, учителката знае мене кои ми се соседи, па се дрзнала да не ми го признава одговорот! Па кога и’ појдов: Зошто вие не сте ми го признале ова прашање? Па вие не знаете кои се’ ми се мене соседи па да не ми давате поени оти не сум ги набројала сите! Грев бре, грев гревосан! Малку надвор од контекст, ама морав да спомнам. Инаку фини соседи имам, претежно се постари, сериозни луѓе. Дали во 10 стана не` има помлади. До мене има еден 36-7 годишен вол кој се понаша ко дете, нон-стоп пее ко петел и има дупло помлада женска што многу вришти кога ќе се клецаат, ко демек највечи јебо ја опнал. Имавме и еден тежок наркоман над нас, ама фати јабана во затвор, па сега е мирно. Има и една немажена, сентиментална професорица во пензија чија животна опсесија е да посвои и да чува дома две деца од Арабија, па ја малку напнува мајка ми со тоа, а оваа грев слуша само. Другиве не ги ни знам искрено, може има уште некои интересни, ама не би да ги запознавам. Сепак фино е воглавно, не се жалам па ич. Мирно маало е, за разлика од претходното.
моите комшиии ти се нати прст ти земаат рака во 3 ноќе ко обезбедување проверуваат јас и сестра ми од кај се враќаме па со другарките кои се и триста глупости
Пред нас тие се невидени луѓе, додуше жената и свекрвата и, мажот е супер чоек. Другите деца не смеат да играат на улица кога нивните деца спијат, било кое време и да е. Одма се пудат децата. А насабајле во 8-9 саат нивните што се најгласни и шо викаат само по улица тоа нема врска. Шо не те оставаат да спиеш на раат нема врска бе, нивните битно уживаат. Кај нив у двор не смее тока да влезе, ако влезе веќе а снаата или свекрвата се во дворот опростете се од топката. Другите си се просечни така-така. Еве сега во дворот доле има 3-то заседание на АСНОМ. Васка, Стојка, Трајка, Деса, Загора - не видени политичари. Знаат кој во колку си дошол синоќа, кој го донел, со шо го донел. Па сега и на тој му ги испитуваат предците, од Петранови ли биле или од Стојанови. Сабајле ме разбуди еден комшија, дошол у двор и праат муабет со дедо ми, ама он не зборува, писка. Ми се идеше да му фо црлам телевизорот врз глава, од нервоза.
Сакале или не,моите соседи слушаат најдобра музика ! А по детално:На нашиов спрат се се добри луѓе,фини и пристојни.А па на втори има една жена(читај:недозреано 50 и нешто годишно створење) што така ме иритира и не можам да ја поднесам,па дури ми се обраќа и индиректно.У глобала,добри соседи имаме,со исклучок,нели А исто како што кажа Памелче,пред зграда собрани едно 10,15 баби и кој како помине оговараат и стално се преместуваат,те на оваа те на таа клупа.И сите знаат кога си излегол од дома,со кого си отишол,кога си се вратил,кој каде работи,кој колку деца има,кој со кого живее,кој е чив дечко/чива женска и така...
Јас како што си живеам во зграда, знам од прва рака каков тип на музика сака мојот сосед - сељо! Абре дали е нормално, во четворток, во 9 сабајле да рокнеш турбофолк , м? Јас мислам дека не! Боже, како што бев нерасположена поради фактот дека сум будна толку рано, за да се качувам по планина, уште тој ми фалеше тука да ми изигрува сват! Бевме на Водно, се враќаме дома накај 3 саат и како што можам да забележам, мојот сосед (читај погоре - СЕЉО!) обожава да слуша и реклааамии! О да, пуштил тонот до даска и мува не го лази! Почнав да си правам филмчиња, што ако почнам да му чукам по ѕид, и да му се изнадерам? Ај не, ја сум добра личност, смирена личност, разбирлива личност и сите тие срања..... И да, не му е прв пат да сака да ја сподели неговата страст за турбофолк музика со нас населениците на 12тиот кат
Абе во нашето мааало кога ке седнат лето по тараси,дворови,прозори кој што има и тоа се баби и да ги прашаш кој кога излегол со кој кога се вратил и што бил облечен и кога ке поминеш покрај нив се почнам да оговарааат...ама ајде тоа да е само лете ама и зимно време по прозори...кога идеш до продавница одама витад што си купил и пак оговарааттт и цело маалоо г вика стари вештерки...и после кога засене накај 3 сааато коа се здерат во дворо на баба **** и на мене дечката ми е на тааа страна и коа почнат да ги редат комшиии која каков бил а они се скокат и на мене еден ден ми здосади се они да се правите а други да се кривите ојдех таму и коа и се раздерах цело маало се насобера и тие таму 10 шо се коа почнах некои работи и шо се и шо не се за кажување да и ги кажувам...па седнале и секој шо помине анализират го мислеш модни стилисти се тој во кратко бил не ми личело..друг слаб трет ти ензнам шо па дај свестете се и вие не сте совршени ...
Градот си го сакам ама не и соседите , мислам не ги мразам само не ги сакам ништо страшно. Тешко се преживува во моето малце , сега ми е смешно ама кога ми трештат гајди по 4, 5 саата у дено е ми се плачи од нервоза а јас спремам испит или мајка ми ја боли глава абе лудница. Капак на се па и оговарачи прва класа си ги вадат очите еден со друг, и се некој нови вицови раскажуваат за другите. Досега со никој се немам скарано само со една што ја навреди мајками. Инаку со сите си зборувам ама се држам на дистанца. Ај да имаш еден комшија да пушта музика ке преживееш ама преку една куќа е иста песна. Или ече музика или чуваат кучиња за кои не се грижат. И тоа кучиња што се опасни а комшиите наместо со разговор со сопственикот на кучето, тие кучето го троват . Абе убавини што да ви кажувам само дупли нерви да имаш и преживечеш и то сигурно
Моиве соседи се што да ви кажам! Многу викаат,имаат бебенце и само плаче а тие наместо да го смират се дерат како ненормални. А на пример јас да играм со топка на улица одма ке ми се раздерат, а они коа викаат јас си ќутам.
Со сите соседи живееме добро пола ни се фамилија 10 тина куќи се од кој 4 ми се стриковци баби тетки останатите само комшии со сите сум добра но не одам многу затоа што како и секаде така и кај мене за зборење еден меѓу друг се сите арни и тоа ме нервира многу затоа и слабо одам ајде сега ке дојде кај мене една и ке се изназбори сто не за друга и на одење дома ке наврати и кај неа бегај подалеку од такви луѓе
Порано ме нерњвираа зошто знаеа да дојдат баш коа човек спие и да се разгракаат сеа пошто не живеам кај жто живеев порано и моите се по работа и местово си е такво не одат комшии кај комшии ретко да дојде некој ама роднина што ни е во близина
Само 3 куќи од можни 12 не се прислушкувачи и ѕиркачи. Абе седам на тараса зборам на телефон земала една зјапа у мене ее боже абе ми идеше очите да и ги ископам позади еден чаршав скриена и ѕирка или пак ке се прави дека гледа телевизија и се регирстрира, нездрава Требаше да се најдам со другар на една ширинка таму во маалото пошто живее блиску до мене и после требаше да искачаме да се најдеме со други.Висок е пошто тренира кошарка, и една селска торокуша што би рекле седеше на тараса , јас искачам се средена и идам ми прави “да пукне’’ другар ми јас му возвракам и идеме натака. Оваа чавкава му кажала на татко ми дека јас сум отишла да се сретнам со некој си 20 годишен и дека ме земал со кола! Боже сачувај ! НИЕ СИ ИДЕМЕ ПЕШКИ ОНА РЕКЛА ДЕКА МЕ ЗЕМАЛ СО КОЛА БЕ! . Се враќам дома и ме гледаат сите на криво. Им викам што ви е бе? Они ми викаат со кој искочи денес? Јас викам со Никола (така се викаше другар ми) и ми викаат не лажи баба Љубица те видела со некој 20 годишен . И мене ми текна. И директно идам у соба му се јавувам и му викам , доаѓај одма. Дојде и го покажувам на таа гуската го видоа плус сликан на таа од школо сликата, го знаат, па учиме заедно.. И одиме сите , оваа вика - паа.. тој беше де..ама.. И татко ми вика ајде, доаѓај дома и не ја шишам веќе оваа идеме сите, и фала богу имаше се хепи енд ама толкава идиотка не сум видела
Соседи ХОРОР. Вчера вечер комшијата ја тепаше жена му во 3 по полноќ. Урлаа како да се сами во планина. Па полиција дојде, па галама по влезови... Овие до нас се сите шизофреници. Цел ден се дерат. А бре награда за таа издржливост треба да добијат... Не ми се свиѓаат комшиите.
Соседите ми се поблиски од роднини, значи тие секогаш се тука за мене и за моето семејство. Имаме воспоставени односи кои се навистина ретко да се сретнат.
Јас имам повеќе видови на соседи. Имам едни кои се тотално полудени,музика ечи 24/7,се караат,се дерат,некогаш се сакаат бог да чува Имам едни кои се тука но како да не се тука. Мислам дека ги немам видено со години Има и трети кои живеат едно 4 фамилии во еден премал двор. Четрврите се од тие педантните.-Секој час пружаат алишта.Еднаш станав во 3 часот по полноќ-што да видиш они алишта пружаат И мислам дека тие се најблските
Не сум имала никаков проблем досега со нив, наспроти кај едни комшии сум уште од 40 дена, кога сум била малечка, и ептен си ги сакам
4 години живеам во оваа зграда, во овој град и не си ги знам сите комшии, а 15 стана сме у влез. Тие спроти мене, тераса до тераса сме бегаат да не се сретнеме. Само од прослава на прослава се покануваат. Исто има и други на овој спрат и имат внука која што е моја генерација а не си живееме многу со неа. Спојлер внуката и тие сите информации и ги пренесуваат на нив. А онака добри се, фер испаѓаат во некои ситуации, ама брат за фалење и оговарање први се! А под мене живеат едни старци, и 24/7 се караат, ама урлаат, викаат! А тој дедото стално е на тераса да види точно кој со кого е, што прави и слично. Еднаш тргнавме у 4 саат сабајле на пат, и тој слушнал звук од автомобил и нели нормално од сон неможел да стигне да излезе на тераса, и ај од прозор виде дека сме ние .