И јас живеам во зграда И имам едни соседи под мене тоа не се луѓе, тоа се ѓаволи пред роденденот беше ситуацијата аххх...готова....само ајде оти има мало девојче 3 години премногу е убава и ќе прават име и нормално нема да му појдиме ние и потоа ќе дојда со слатки, како да ја направат ситуацијата подобра...или пример ќе го боли заб па ајде кај нас..а аптека има на 5 мин од мојата зграда..но било помино...последно што ме изнервира тој беше за мојот роденден. Се договоривме со родителите дека 18ти роденден е сепак од 22h до 05-06h ќе правам забава кај менее в стан, тие му кажаа на претседателот на куќниот совет, тој е срцка + млад е ( има околу 28 год, но сепак е млад... за разлика од сите други станари е млад ) и тој не направи никаков проблем И нормално имав покането и другари и другарки...и когаа го испратив дечко ми во 04h почна да вика по мене да ме кара, многу сум била мала за дечко ( како што напишав имам 18 год ) потоа ајде не беше тоа доволна причина па ми викаше што имам пуштено гласна музика а сите спијале...потоа се извинав и ми се закани со полиција луд е ! Потоа по 5 дена дојде со поклон за мене -.-ТОЈ ЛИЧНО со жената негова ! и јас за среќа моја бев сама дома...и му реков не го сакам ни вашиот подарок. Повеќе не ве почитувам ни 2 % нема шеќер да барате после поноќ ! нема ништо...и тој пак ми викаше како можам да да разговарам со него, не сум знаела што е тој и кој и се насмевнав само и му реков ќе дознаш која сум и јас и моите родители па си замина и немаме повеќе ни добар ден и здраво А да напоменам дека родителите има 3-4 пати разговарано со него, пред ова. Ама како што напишав луд е. И има една под мене на први кад...Ххахахаха жената е љубопитна многу...има 30 години и не е во брак и нема дечко...и ќе види дека пред зграда правам муабет со повеќе машки или пак се договарам нешто на телефон и таа ќе ме викни од балкон...дојди дојдиии...и јас нормално ќе појдам...и таа ќе прашува за мој другари ( кои се 18/19/20 год ) ајдеее нека се фати со некој да не ми досадува повеќе
Па..има и добри и лоши соседи ,но веднаш до мојата куќа има едно машко мало детенце ама само беља врз беља.Еднаш се качи на нашето дрво,а под него даски,шајки... и неможеше да се симне па му помагаше татко му,потоа па се качи и набра листови од пола дрво,јас го скарав ,тој ми вели дека е негово дрвото и упорно не попушта .Сакам помали деца ама него не го поднесувам си го ставил тоа во главата дека сите дрвја во нашиот двор се негови.Исто така со брат му гаѓаа со тежок предмет замалку ке скршеа прозорец.И мене ме гаѓаше со камења,инаку останатите соседи се супер.
Живеам во куќа,се разбира во населба. Мислам дека ги имам најбучните соседи!!! Секој викенд во 6 одсабајле наоѓаат да тресат теписи,косат трева,да се соберат на кафе(каде што btw се гласни колку што ги држи гласот!!),се довикуваат од двор до двор.....Е како да се наспие човек со вакви соседи?!Но тоа беше на почетокот,сега спијам како труп и немам гајле. Не ги ни слушам ако прават некоја бучава. Но дефинитивно најлошо е кога ќе пуштат некоја селска српска музика и тоа до даска!Е тогаш косата ми се крева!Ама зато дома си имам вуферче и јас кога ќе си пуштам до даска не се слуша ни А од соседните песни.
Лудо маало друго што Јас живеам во куќа и лево од мене има зграда на 5 спрата на приземје живеат баба и дедо кои имаат 3 ќерки и војска од внуци 7 внуци имаат, децава повеќе се кај баба им и кај дедо им отколку дома а колку се немирни тоа да не зборувам скокаат, тропаат, пискаат, се караат што не доаѓаат секој ден од 18 часот до сабајле лудница А тие над нив на 2 спрат се млад пар со бебенце абе по це ден викаат само Јанааа мамичко, Јанаа сонце мое абе девојчево го викаат на секои 5 секунди само се слуша Јанаа па Јанаа Десно од мене живее баба инспекторка која ма информации за цело маало Само е во двор и дежура Еднаш не сме биле дом и дошол поштар а надвор врнело таа ги зела сметките и утредента ја гледам на врата и ми вика Вчера дојде поштарот па врнеше затоа јас ги зедов вашите сметки и јас ок што друго се грижела женава сметките да не наврнат на дождот Од спротива имам баба и дедо бабава знае да гледа на кафе и голема озборувачка е и секое сабајле во 8 часот сите бабишта од маало пијат кај неа кафе и таа им гледа Подолу има еден дедо кој е премног комуникативен и кога и да го сренам мора да ме испраша за сите по дома Во една зграда во маалово тука блиску до мене има еден човек кој свири на труба тој по цел ден е на балкон и само си свири некои досадни композиции абе што да кажеш има талент човеков Мали деца си играат цело време фудбал викаат Гооооллл! Ајде мали деца Децава играат ама таму има еден комшија кој ако му падне топка во неговиот двор веднаш зема нож и пуфф отиде топката ама децата одма другиот ден нова Секакви случки секој ден ама мојава комшивка Баба ИНСПЕКТОРКА е прејака дури и не пречека кога се вративме од одмор во 3 по полноќ Радознала жена само што се отвори мојата рата таа ете ти ја во двор и веднаш каде одиш ? кога ќе се вратиш? зошто вчера татко ти се врати покасно од работа ? Ќе ме испита се и ќе влезе дома или кога одам по леб да купам таа излегува ќе одела во продавница и по пат испрашувањето започнува Што да правиш тоа е тоа ако кашувам за сегого посебно до утре сабајле треба да пишувам
живеам во зграда , постара ама се се слуша и тоа е ужас! кога го купувавме станот мислевме дека во новите згради се слуша па купивме стар стан ама . срека ни е погодија комшиите по и над, под нас живее стара бабичка која по цел ден не е дома кај синот ги чува внуците, над нас живее самец , човекот цели денови не е дома ама кога е обавезно слуша турбо фолк и тоа од оној баш турбо фолк и нагоре се до 7 ми се фамилии со мали деца и е интересно . тропањето е 24/7 и е ужас, ама се навикнавме веке. бабите се посебна приказна знаат кај сме што сме што работиме , ги интересира зошто сме во брак 2 год а немаме деца све ама баш све . некогаш ми доаѓа да отидам некаде у некое село да си направам кукицка мала и таму да живема раат од бучните соседи , на моменти кога сум уморна толку ми смета галамата у зграда да е неверојатно, ама тоа е ! феминки вие како се справувате со бучните соседи?
Многу ми е убаво живеам на почеток прва кука имам само едни комшии со кои не си живееме ни ние ни цело малоо..НЕМААТ ВРСКА ОД ЖИВОТ...
Шта да ви причам. Маалото ми е зона сумрака Никој со никој не збори. Ретко кој, а меѓу кои и моето семејство да збори со сите, чисто од култура, зш не е возможен муабет со поишето од нив. Сите од некој се жалат, се нешто не им е као шо треба, се им смета, само моиве дома си се мирни по природа и нејќат да оправаат криви дрини, ко демек нас се ни е асално, си ќутат, си трпат и никад не се распраале со никој, добри се со сите. И како и во секое маало, и ја иам бабички шо ако не запамтам кое време сум се вратила од град, секогаш се тука да ме потсетат, секој чекор будно го пратат на цел комшилук, нели..да се во тек со настаните Ги викаме тројната оска
ужас се сите кој љубоморен кој љубопитен,пушачи цела згрда е полна со отпушоци оговарачки прислушкувачки и студенти е ова е мојата зграда
Живеам во куќа, и сум опкружена со 3 куќи. Тие од позади летно време уште во 8, 9 ќе почнат да работат, викаат ( а мене од позади ми е собата), или комшијата ќе буши нешто па нема спиење. Тие од лево не ги приметувам, а од десно се најинтересни. Кога и да искочам комшиката е на прозор. Гледа кој каде оди. Летно време се враќам накај 4-5 сабајле она на прозор мора да види кој што. Ќе дојдат гости во двор ќе искочиме да ги пречекаме/испратиме она гаси светло и гледа, слуша.
во мојава зграда има 49 станови и само гледаат кој со кого да се скара, еднаш проба една и со мене ама и кажав само дека јас немам време да ме замара она со било какви глупости и од тогаш веќе не пробала, а инаку не да ме нервираат комшиите до мене , кучето стално ми го буди детето а и се дерат по дома оти едната слабо слуша ... ама сигурно и ние нив ги нервираме кога ќе почне малово да плаче у сред ноќ или кога ќе вика на цел глас дури си игра
имав проблеми со нив,веќе немам Спојлер сакаа кучето да ми го отрујат лаело е што треба да праи да мјаука , ама веќе нема проблеми сите го засакаа
Живеам во куќа и сите соседи се не дај боже. Жените кои се наредиле една на прозорц,други на балкони,трети во дворови и се знаат кој кога дошол со кога во што бил облечен... абе ајде и цело маало ќе те дознае ...
Имам еден сосед што кога ќе рокне музика се слуша 3 згради подолу...ај тоа....ама бре кревет ти се тресе. И нормално никој ништо не му може.
Во мојот влез сите комшии се фамилијарни луѓе. До сега не сум имала проблеми со нив. Во влезот до мојот живее една жена која цело време виси на прозор. Инаку, живее во влезот каде што живеев пред да се омажам и тоа баш во станот над мојот. Прозорот од тераса постојано и е отворен. Постојано гледа кој излегува од влезот и кој влегува, кој со кого прави муабет пред зграда, и слично. Додека живеев таму имав мака со неа. Трошките од чаршафот намерно ги тресеше врз мојата тераса. Така јас секој ден ги чистев трошките. Тоа го правеше и со пикавците од цигарите. Кај неа дома сите се пушачи и многу пикавци фрлаа врз мојата тераса. Нејзиниот син се прави дека е главен во влезот и се заканува дека ќе тепа некој. Не се нормални тие луѓе.
Имам еден комшија..абе човеков е се му смета..секој состанок сите 9 стана ке се договорат он мора обратно..многу е лев и со никој од зграда не збори..уствари он изолиран од светот е ни гости му идат ни искача негде...само со жена му летно време у село иде и цела зграда се радува
Соседот е тука за да ти каже кога си се вратил ако не си сигурен во тоа....се шегувам,можда дека не се замарам со нив не знам колку они се замараат со мене.
јас и немам многу соседи,повекето во маало се во странство,а има 3-4 куќи и се се постари луѓе ич немам млади соседи да се подружам малку на кафенце ово оно,такво ми е маалото,досадно,сите се мирни околу нема пуштање гласна музика,имам едни оговарачи што еднаш ширеа грешка информации за мене ама не се толку близу до нас ниту пак минувам низ тој пат
моиве соседи ми се 24/7 обезбедување значи нема шанси нешто да му пребега пред очи дали некој дошол дали некој нешто купил зошто купил абе буквално за се ги интересира дури и без страм прашува... кој беше оној? зошто го купи тоа? господе...
Незнам како можеше да имам за комшии толкави дибеци, сто пати до сеа у сред ноќ ме будат пиштоли, сирени и сл а зошто затоа што мојот смотан комшија гледа филм у три сабајле со до даска глас, и јааа такаа на мука у сред ноќ некој да те разбуди му тропам на ѕид, еднашка до 5 сабајле имаше музика до даска, амаа се си има своја цена тој ќе си легне у 5 затоа ја кога му ја откачив есма до даскаа не го остаив да спие од 6 ипол сабајле до 10 до даска памти па врати хаха или мило за драго како сакате