Во моето маало соседите се или постари или бебиња и деца колку моја возраст немам никој тука, што е штета неможам да си појдам на кафе муабет кај комшика Постарите се бог да чува озборување 24/7 на порти.. повеќе од добарден немам со никој. Одма до мене имам соседи какви што не би сакал да има никој.. цел ден се во дворот и нон стоп во движење имаат дечина цел ден пискаат баба му и мајкаму по нив а таткото и дедото само еден трактор поправаат и никако не му е направен Секој ден во 8 9 час сабајле чукаат теписи и нормално ме разбудуваат бидејќи мојата соба е близу до нивниот двор. И така јас си ги трпам секој ден
Си имам јас многу интересни комшии во негативна гледна точка за Жал кои само на оговарање мислат тоа му е воо крвта еве една случка со тој до мене дедото значи секоја зима ко некој аларм ми е во 6 часот цепи дрва а пред некој ден во 23 00 вечерта дали вежбаше нешто или не незнам битно од Памет ме изваде
Па во моето маало ми се наоѓаат двете најдобри другарки со е добро , а до мене шо живејт комшивкава е катастрофа, од лоша полоша ама то е шо ке се прајт...
Долго време не ја ни познавав мојата сосетка после некое време ја запознав али не официјално туку ја видев која е тука лугето се многу ладни само едно здраво ке ти кажат и толку
УФ, моите соседи се посеба приказна, не зборуваме веќе подолго време и со соседот од напред и со тој од позади. додуша не сме се карале ниту со едните ниту со другите но ете од одредени причини не сме во добри односи.Ма да што се однесува до мене и подобро, бидејќи се тешќи алапачи се знаат за дтугите а за себе не гледаат какви се. Инаку што се однесува до поќирокото опкружување да речеме на мојата улица умам корекни односи со останатите, не нешто претерана блискост туку онака колку за добар ден и по некое кафе одвреме навреме. Инаку мое мислење во рска со темава соседи е дека соедите се многу битна карика во човековото живеење, соседот е побитен дури и од роднините за недај боже прво ќе се обратиш кај соседот но проблемот е што ние лугето станавме толку завидливи што по секоја цена гледаме да го уништиме соседот а не да му помогнема.
Со моите соседи (од мојот влез) сум само на здраво или добар ден. Само со една сосетка и со нејзините двајца синови си муабетам понекогаш. Нити одам кај соседи, нити сакам да ми доаѓаат. Поарно е што се држам на дистанца од нив. Повеќето се озборувачки и ако ми доаѓаат дома после тоа ќе слушам низ маало: прашина на избришала, долу имаше трошки, прозорите не и беа чисти, и слично. Е па, не фала, ама такви сосетки не ми требаат.
Комшиите-душмани Кај мене у мало е така! Ти му велиш добар ден,му посакуваш се најдобро,им помагаш тие те озборуваат,те колнат па има и по некоја магија шо ке ти напрај Во секој случај поздрав до комшиите!
Соседите ни се ОК! Нема некој со којшто не зборуваме. Можеби некој ни се допаѓа повеќе, друг помалку, но со сите добро си живееме. Имаме едни кои ако имаш нешто повеќе од нив ќе изумрат од љубомора, но јас не им обрнувам внимание. Едно добар ден ќе има кажам и си терам кај што си имам работа...
Соседите ке ме полудат еден ден ! Прво сите деца од моето маало и од 3те соседни пред врата ми се собираат , ја не знам тие родители имаат ли осет !? Еднаш ми пукна филмот излегов и им реков и на родителите и на децата , како не ви е срам по цел ден тука да седите и да ни правите галама , дури децата и по двор ни шетаат , а соседите одма тие до мене имаат 2 мали деца ,мислам ја разбирам мали галама,ама ова не се издржува луѓе , уште во 8 сабајле се надвор и вриштат децава , родителите по нив , мислам ај сега јас седам будна до 6 сабајле и да им се дерам пошо сум ја будна нели и сите ајде ке ги будиме ... а криво ми е никогаш не сум пуштила ни музика гласно ниту некогаш сум славела нешто до доцна па да сметам на некого ...
Од сите страни само непријатели,гледат да ни напакостат нешто. Баш ми е криво што немам асална комшика на моја воздраст па да си идеме на кафе,да се шеткаме .. ама тоа е :Х
Соседи тие попрво ќе дознаат со кој се шетам каде сум, и кога си одам дома не мора да кажувам каде сум родителите веќе знаат. Соседите ми се за никаде. Ако сакаш да одмориш нема само тие растат мали деца (4 и 7 год.) викаат до таму некаде, во 8 часот наутро веќе се на улица и урлат, пискат Ај шо те следат секаде кај одиш и си одам дома и тие ааа гледам со убава екипа беше само да ти прашам а тоа момето со плавата коса така шатираното мислам знаеш не се разбирам јас многу ... на кој е?! само поглед и дома. Бре радознали се да ги интересира. И по некоја штица у глава и фали дефенитивно, не е нормално на голем дожд да стоеш со огромен машки чадор врз дрвата за да не изгниеле Да да врз дрвото-ломон во саксија и стое човекот да не го наврнало оти многу дожд било штетно Мразам кога ми се мешат во мојот живот и знаат да ги набуцкат родителите ццц нека си го гледат својот ќивот а за другите да не се грижат најдобро ќе е!
Целата улица мислам дека ми е портарска ! Тие крши мене намќори невидени со топка ке играм на улица ке ми појди кај нив ќе седат водвор му викам да ми ја подадат абе мавнати се прават . Другите намерно боцки наместија на оградата. Сега едниве што се домене подолу ми се роднини . А овие над мене си живеј ме онака комшиски . другиве никој ги неќам загрев се . Само муабети вадат , сум си идела ноќе пијана сум шантрала по улица ау сум одела со машки таму Бог да чува и да брани . Сите надолу се стари и само за муабет да ти извадат и непоминувам ако треба да слегувам за некаде надолу,макар повеќе пат ќе изодам ама ќе знам дека со арно сум тргнала.Тие да те сретнат каде вака по сабалје бла бла ке те исколнат мавнати .
-Секое сабајле неможам да спијам од првиов, бидејќи живее над нас и го слушаме како го помрднува столот и како гребе нешто, значи уби боже е човекот... -А на вториов пред еден месец цела вертикала му викна полиција, бидејќи неговото дете мора ролерки дома да вози! Инаку другите сите се ок и се многу фини!
Ова нашава комшивка да ја номинираме за оскар за злоба,лицимерност,озборување... сигурна сум дека ќе го добие.Не дека другиве се поарни само тоа главата на прозор кој кога дошол? со кого кого бил?.......
Моиве соседи ќе се изнаредат на ограда и посматраат и коментираат во колку саат сум станала од спиење, колку грама сум се здебелила и такви безвезални работи. Порано ме нервираа ама сега не ги ни забележувам.
Соседи ? А даа, тие се луѓето кои секојдневно се врткаат околу улицата, со цел да дознаат нешто. Со кој си,каде си... на секое прашање имаат одговор, како гугл се . Ситуација бр. 1 Еве еден настан : Стојам на улицата и го чекам најдобриот другар да дојде... и само што не стигна детето, се собраа сите соседи Доаѓа, и кај мене поминува соседката и му вели: ,,леле па кај живееш ти,машала машала,,.Па го врти,го гледа како е облечен . Нормално детето се засрами и целиот поцрвене Си оди оваа и гледам пред мене соседот излегува од куќата и ми зборува:,,ааааа дома ќе те кажам, на мајка ти и татко ти,, Бог да чува и брани смајлиштосекрсти (не обрнав многу внимание на тоа,бидејќи од дома знаат дека ми е најдобар другар) Ситуација бр 2 Од кај и да доаѓаш сите ќе ги видиш како некои црнарници, треба и да ги плаќаме како така , ни водат цел дневник Од сите овие ,,соседи,, има само една соседка која ми е многу милна, целиот ден ми го разубавува ,што и да кажам за неа премалку е , штета што другите не се како неа ....