Море јас еден каков комшија имам 2 згради после мене, едно време се дружев со него ама тоа време малце како педерче беше. Сега какво бонбонче е, абе цела година го манијачам, само да го грабнеш и да бегаш. Единствено тој вреди од сите блиски и подалечни комшии.
Па, имаме некои прилично досадни соседи... Еден стар човек кој веднаш штом ќе слушне човечки глас или чекори, излегува надвор за да прави муабет...Многу пати ми се има случено да излезам надвоп и тој веднаш да се појави, но кога ќе види дека сум јас повторно си вегува во куќата (но ако тато минува низ дворот... има да го задави од муабет)...Останатите членови од семејството се онака..„нормални“.... Другите соседи...повторно стари луѓе на кои синот им е во Германија и доаѓа секој август. Кога син им ќе си отиде, плачат два дена и потоа чистат... На другата страна од куќата има една стара жена чиј маж го прегазила кола и умрел многу одамна...Нема деца, нема многу роднини, нема пријатели....Живее сама... Малку подалеку има едно многу просто семејство...Навистина, тие луѓе се за никаде. Во 14 часот се слушаат турбо-фолк песни низ целото маало од нивната куќа...Се замислуваат многу големи чистотници (а всушност се спротивното)...Некултурни се, влегуваат во нечија куќа од подрумот (имаме и ние влезна врата бе луѓе), ја разгледуваат целата куќа и потоа озборувааат со пријателите за тоа што виделе во нечија куќа (колку стар кревет сме имале, колку не ни биле убави завесите....уфф)... Но, колку и да сме чудни, ние сме едно среќно и убаво соседство (со исклучок на оние простаците)...Жената која живее сама можеби е малку намќореста, но има причини да биде. Верувам дека е добра...Досадноит човек и плачливиот човек многу често се караат, но после некое време им поминува и се е како порано... Се прашувам што мислат соседите за нас?
Не ми се нешто нај нај,сељачишта уште прв ден од моето вселување одма ко полицајци испрашуваат Аа ти ли си ни новата комшика,кај живееше порано,шо работиш,мажена ли си...аман луѓе оладете Не претпочитам да влагам во интимата на една персона,исто ко што несакам ни мене да ми буричкаат по мојот живот.
Моето соседство го обожувам awwww Имам еден супер-згоден комшија, постар е едно 3-4 години од мене ама човекот е рај за очи. Исто така целото мое друштво живее во моја близина па постојано сме заедно, заедно одиме нашколо, заедно излегуваме па така да никогаш не сум сама. Единствено имам една жена што постојано гледа кој каде оди што прави, но нели маалото не би било маало доколку нема по некоја таква трачарка нели ?
Моите соседи се трачари не видени. Ако излегуваш негде че те испратат, ко че си идиш че те пречекат, а некогаш можи и да те прашат кај си бил, шо си праел, шо си пијал од шо се толку радознали и дали е топло или ладно на улица дурии си замат столчина и по цел ден оговарат портарки невидени за сите знат да кажат , а за нив не се гледат какви се дека се во години како нему е страм да трачарат, ама то е то Мн ме нервират
Јас за жал повеќето соседи мни се постари леѓе, само јас и другарка ми сме од помладата генерација абе мераци , колку се досадни само ни го пратат секој чекор, па ајде викаат мажете се , глупости
Имам досадни комшии... Но, со повеќето сум пријателка. Некои помали се од мене и си излегувам со нив надвор на игралиште, си се собираме цела банда од деца со 11-13 години.
Цело маало се оговарачки и оговарачи, цел ден се претеруваат од куќа во куќа само да дознаат некој нов трач и се разбира да го пренесат понатаму во маалото Иначе не само што се такви него се и лоши недај боже да им побараш нешто на заем или некоја услуга наместо да си гледаат дома луѓе без работа окапеа по дворовите да видат што ќе научат денес и за кој лошо да зборуваат ццц
Е мојата маала има се и сешто. Од баби-оговарачки, до бебиња по цели денови и ноќи што плачат човек око да не може да склопи од нив. Никој на моја генерација, или 4-5 години поголеми или толку помали Во летото па и петел ни донесоа бе, во градот петел ти да чуваш и цело време си кукурика, бебињата си плачат, бабите си дрдорат. Ама ајде, па интересно е
Мојот комшилук, живеам во мала зграда има само 10 спрата, е крш, никој со никого не разговара и не се поздравува. Само едно девојче што живее карши мене е фино другите се ќумур. Над мене имам комшии мајка, татко и 9 год. девојче. Девојчето е многу немирно и само скока рипа и мајка и стално ја кара, ама има еден таков пробивен глас, лош глас ечи цела зграда. имам една мачкарка само ги рани мачките пред зграда и влезот пред зграда ни изгледа морбидно, полно со мачкишта, страв ми е понекогаш. Имаме еден постар г-н кој си живее тука со швалерката 30 год. помлада од него, а под мене една студентка која само прима разно разни посетители мажи и прават оргии. Страшно е...
Moиве соседи станаа еееептен услужливи, маана си немаат, веќе почнав нив да ги прашувам кај се мајка ми и татко ми, кога си дошол брат ми и колку пати беа тетки ми додека јас бев на шетање Фини луѓе, се тоа, додуша и ме чекаат пред врата после два часа од моето излегување Па си знаат луѓето колку ми е вообичаено да се задржам
Во Скопје се ептен добри и разбрани и многу си ги сакам. Ама тука во Виена, безобразни, снобови и имаме една баба, ако те сретне до утре сабајле муабети ќе ти прави. Уби боже!
Можам слободно да кажам дека имам најдобри комшии!!! Добро, има една-две фамилии кои се одвојуваат, ама другите се арни Кај едни комшии сум од 40 дена т.е кога сум била бебе, и ден денеска стално си одам кај нив
Моите соседи се бетер од камера многу ме нервираат мора се тие да знаат и се снимаат... -.- Но имам еден добар комшија единствено тој не е таков
Комшиите од зграда, ок се... ама, комшиите од куќата во која се селам, погодени! Другарка ми ми е комшивка, и нема да има ден без да поминеме заедно.
Оф мори мајкооо,секакви врсти на комшии имам овде...има понекои што изиграваат т.н. Радио Милева-се знае,се гледа,се слуша...има и мирни-фала му на Бога,има и некои така ментално нестабилни,да речам...зоолошка градина е овде,ама од различни видови комшии-не животни...
Живеам во висококатница,а тоа повлекува повеќе станари.Но,повеќе од нив се на средна возраст со деца-тинејџери за кои повеќе би требало да се грижат отколку за мене А и според мене, не се љубитни за животните активности на другите.Барем до сега не сум имала непријатно искуство со никој,а секој од нив го почитувам и го поздравувам.На катот имам двајца активни спортисти,ракометар и фудбалерка.