1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    24
    Јас живеам во зграда па да не ви кажувам за соседите :lol: Ќе издвојам само неколку :lol: Едните соседи на спрат се млад брачен пар со 2 деца.Тоа машкото си ја тепа мајка му а има 5-6 год,плаче и урла како некој стар човек а и таков глас има.По цел ден само пискотници викотници.Другите се бабе и деде.Бабето по цел ден е на окцето на вратата.И често пати кога си влегувам дома или испраќам гости ќе ја отвори вратата да види кој е,шо се работи.Има и едни шо се неколку спрата под мене.Е тие пошто живеат многу души заедно и не ги собира обавезно има некој на тераса да посматра.И шпоретот им е на тераса така да не можам многу да очекувам алиштата да ми мирисаат на омекнувач :(
     
  2. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    ти си имала ептен луди комшиии ме утеши ова дека имало и полуди комшии и од моите
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    темава е :clap: само за моите соседи :rofl:
    значи не сум скарана со никој... секогаш кога поминувам на сите здраво здраво, како сте... ги почитувам, па постари од мене се :) цела улица ме сака :$ лелеее сонце тоа, кога ќе го видам како сонце да ме грее :lol: и потоа глава ме боли , уроци ме фаќаат :D
    ама кога иде дечко ми да ме земе, одма ставаат од двориштата за да видат кој, како, зошто... ами да ме земе со неговиот автомобил... да ме врати со на татко му... и да ме земе вечерта со на мајка му... :o која узбуна му ја правам :rofl: :rofl:
    одма се прашуваат сега кој е овој, како зошто :rofl: абе стари луѓе...
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ме погоди темава, демек ќе си легнам , јас ја начекав и сега ќе си ги оговарам малку моите соседи во 4 сатот по полноќ, ама ми е гајле.
    Си ги сакам соседите иако има едни што многу ме нервираат, само да се оговарало , кој како направил, кој излегол, што купил и триста глупости.
    Едни во соседната куќа маж и жена и едно дете, тој мажот секој ден на тераса и само свирка некои народни песни, ако не е на тераса е во двор и пак си свирка ко забеган малку ми делува, ако не свирка со ќерка му се брка.Има и еден самец, загреота па кога ќе пушти вода од тераса цело мало го поплавува :D Има многу мали деца, не може да излезеш надвор да не видиш и да не слушниш дете што се вози со бицикла , што вика, што трча, што плаче, секакви деца има.Едни баба и дедо околку 50 и нешто години си живеат со син им така мирни се не прават некоја галама.Уште многу има ама лудо мало,па кога се сите надвор излезени посебно летно време што да ви кажувам, ама ако кажам некоја детал повеќе можат да ме препознаат,па ќе се задоволите со ова.Какви такви комшии се :D
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ааа да, не можам да редактирам... и затоа вака ќе дополнам :rofl:
    соседот спроти мене не живее со никој, и намерно секое утро во 7 праве голема узбуна чукања како демек нешто мајсторе :envy: а уствари под прозорец ми чука и ми доаѓа да го задавам :devil:
    овие до мене секој ден доаѓаат по 3 пати на кафе и ужинаааааа :devil: и сакаат козметички третмани кај нас да прават :D ама јас цело време им бегам... другите пак бараат ташни, фустани, кошули, одела, врски... а гаќи ќе побараат некој де? :?: баш сакам и тоа да го видам :rofl:
    на четврти пак им писка детето цеееееел божји ден, и баба му и дедо му, му се обраќаат - магареее не викај срамота е...вол :o а детето е само 3 год :rofl:

    и онака ние сме си супер маало, живо и здраво :rofl:
     
  6. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Абе дечки ве читам цело време! ова работа побалканска неможе да биде!
    Во странство, никој со никого не се замара......
    Срекна сум што жизвеам во куќа 8) 8) 8)
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    и јас живеам во куќа :D уште полошо од тоа да си во зграда :devil: тука ептен во двориштата сите испоседнати и нема бегање од нив... како папараци е :rofl:
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    хахаха јас живеам во куќа а пред мене цела улица е со згради една до друга. И тие бабите кога ќе излезат на тераса нема спас од нив, цело време ќе те посматрат да видат што се случува, кога и со кој излегуваш, со кој се враќаш... :lol:
    Ама се немам карано со никој сосед, со некои си живеам убаво, со некои сум само на здраво и коректни односи, а некои па не ги ни познавам иако живееме во исто маало.
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    А баба ми и дедо ми ( од кај мајка ми ) живеат во зграда во друг град и кога одам кај нив на гости, дури тогаш гледам што значи лудо маало :lol: Тие комшиите што живеат над нив, и на мажот и жената тоа им е втор брак, имаат две деца заеднички и плус по едно од претходните бракови, значи вкупно четири деца, ама не ни личат на деца оти се такви по 100 кила, стварно се огромни :) И по цел ден се надвор на улицата, не знам на тие родителите нели им текнува да ги приберат дома, и само се тепат, викаат, се дерат на цел глас, цело маало ечи од нив :) А навечер е нај јако. Брканица играат дома, на креветите рипаат, се лизгаат по паркетот и кој ги знае уште што прават, ама битно е дека до кај 2 саато навечер децата уште не се изморени и скокаат како луди, и јас нема шанси да заспијам оти се баш над нас, и испаѓа како во главата да ми бучат :) Можете да замислите четири деца такви крупни дебели да ги слушаш над тебе како си играат и едно време ќе падне некое и ќе се тресне на земјата, како земјотрес :)
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.016
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски
    А бе не можам да се пожалам, арни комшии си имам... меѓу нив и тетка ми (сестрата на татко ми), другата тетка (сестра на мајка ми), баба ми (на мајка ми мајка) :D Тоа за Охрид важи, во куќа живеам. И си се имаме со комшиите, ама ептен - ова важи за оние со кои не сме роднински поврзани, не дека со роднините не си живееме супер :) Ама што има цигани - леле мајко... во лето од 6 саат сабајле, па и порано почнуваат со викање, особено децата - и тоа деца, ги има бајаги многу, не можам да ги избројам :D па кога ќе почнеа да пеат „помина помина осата“ сабајле во 6 саат најгласно што можат :rofl: :rofl: :rofl: а овде во Скопје уште не ги запознав сите, само неколкумина, ама поим немам кој каде живее... претежно се постари луѓе, и немам некое особено мислење за нив. А сум живеела и во зграда, кога бев студент - најмирно ми беше во првата зграда, во Центар, комшиите беа добри, дури тие што беа на спратот многу ми се најдоа еднаш (фала им). А кога живеев во Кисела Вода, на спратот имав комшија шизофреничар што секое сабајле го слушав како се дере дека сите ќе не убие - а се слушаше преку вентилацијата во вецето - јас се спремам за на факултет, а тој се дере, страв ми беше да излезам да не си ги оствари заканите случајно. А ако беше надвор во ходник кога ќе поминеше некој во зградата му се дереше ти ваков, ти таков, ненормален, ќе те убијам итн. Ех, патешествија :rofl:
     
  11. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Живеам во мала зграда и соседите пу пу машала да не си ги урочам ми се екстра. Претежно се млади луѓе со дечиња и колку што можам да забележам добро си ги воспитуваат па не врискаат и не беснеат низ влез, ама затоа пред зграда е лудница. Имаме и 2 стана кај што живеат студенти и таму знаат да се журкаат понекогаш (родендени, имендени, положени испити) додуша и добра изолација има зградата па и не е така страшно ама се почитува и законот - до полноќ и после штама. Затоа пак имам членови на набљудувачка мисија од еден маркет и козметичко студио, знаат буквално се за сите. Кога ќе влезеш нешто да пазаруваш како да си отишол не дај боже во полиција изјава да даваш :D
     
  12. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    46
    Што да кажам за моите соседи.Оние над нас имаат секоја вечер журка, а комшивката до нас се научила да свири на хармоника и само беснее дење-ноќе. Друго нема... ;)
     
  13. Elisa

    Elisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Јас со комшиите само се поздравувам и да ме нема, мајка ми знае почесто да дојди некое утро со некоја сочна приказна, но мене многу тоа не ме интересира :D :D .Се знам со сите од пелени, и сите се многу досадни и никогаш сложни, само портарски настроени и владее љубомора и завист ако таа имала ново дипле за пред порта па гледаш сите со ред надолу искупиле нови диплиња :D :D :D :D :D .
     
  14. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    31
    леле темава хахах...само за моето мало можам роман да напишам... |( Живеам во кука, мал град сите се знаеме отприлика...а бе патешествија.Едните до нас се 4ца брака со јатрви, т.е нивни жени и сите се испокарани и се зборат меѓусебно, тие едните до мене имаат 4 деца машки малечки се уште и се во дворот се, од нив глава не можеш да одмориш...Спроти мене две куки се тужикаат со години прибидејки едните изградија вц-практично во дворот на др...па одврем ан време има узбуни од типот...ја гомната ке ви ги мирисам, па ајде како, срамота...итн итн...А што е најинтересно се повеке се стари луге во цело маало освен нашата кука и усте една онака со помлади.А од стариве брачни двојки само жените се останати :muscle: :x ...сите мужи- лека има земја отидоа по ѓаволите.Еххх што може жена да ти направи...И така....А за трачење ...па и од овие старкиве баби ги има онака...да и кажат на баба ми а бе има , нема дечко....заврши факултет, најде работа.... :D :D :D се нешто нив ги интересира.Инаку со сите сме во добри односи па дури некогас досадни ми се ... :rofl: :emo:
     
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Живеам во куќа . Никој не ми смета и не му сметам .Едноставно си го живеам својот живот како што јас сакам.
    Воопшто не се замарам што некој прави ,кога легнал,станал ,дали има швалер ,швалерка и ред други работи.
    Мислам дека тоа е нивна работа -ги почитувам такви какви што се -не остана до мене да им судам и да ги оговарам ,едноставно немам време за да ги видам нивните мани и доблести.
    Со сите околу мене имам добри односи и до сега никој не ми пререкол ни збор :)
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Воглавно ми се супер. Има доста млади парови, дечиња, по некој старец, ама сите се тука дооолго од кога сум родена, и се знаеме меѓу себе. Годинава спроти мојот стан се доселија студентки од Велес мислам, кога се тука за викенд си ечи турбофолк од сабајле до вечер, а ми се избацуваат на врата и да бараат кафе , шеќер, правосмукалка....
    Бучна зграда, што да кажам :lol:
     
  17. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Јас живеам во куќа па и немам некој проблем со соседите. Додуша и ретко комуницирам со нив, освен ако некој од нив не дојде кај моите на кафе инаку, само здраво ако ги сретнам некаде.
    А да има и такви со детективска мисија и такви со радио станица. Ама не им обрнувам внимание.
    До сега барем, ниту ми се мешале во животот, ниту јас нив. :rofl:
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Се преселив во зграда пред година дена , и пред овде да сум бев во зграда. Мала нова зграда со 8 стана . Нема многу бучава , има 2-3 бебиња мислам . Млади брачни парови . Освен едни ,има брат и сестра .. секогаш кога се сами ечи музика , и јас пуштам ама не толку , бебе има под мене и жал ми е . Цела зграда од комшииве мои врсници што се горе ми ечи зградава . Ок е понекогаш ама вака е секој втор ден. Сите се фини , мада се од други градови дојдени и мислат којзнае кај се сега.
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Сега ми текна, баба ми има еден комшија во зградата, тој и брат му се професионални музичари на хармоника свират и уште од сабајле ќе си почнат со пробите и се едни исти песни свират :)
     
  20. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Леле Вери, па ти навистина си имаш проблем со твоиве соседи. :D