Имам комшии што не можам да ги поднесам,уф Постари се и значи,многу ги мразам,поради тоа што сум толку голем љубител на животни,и тие не можат да ме поднесат,дека на бездомните кучиња и мачиња им давам храна,понекогаш,ако им треба грижа,дека живеам во стан и не ме пуштаат моиве да си приберам некое дома,им постилав ќебенце на тресална,ама ништо.Имаше една случка,пред неколку години,мало кутренце го земав,го оставив на тресална,ми беше страв да не му се случи нешто,и тој ненормалниот ми го фрликутрето од први кат право на земја Друго,ми кажуваа моиве,си влегло некое кутре у зградата,и овој го земал го ставил во вреќа и го удирал од ѕид!!!!! Ненормален,сегде крф имало И сите ги труе,сакав да го пријавам за малтретирање на животни,ама немам доказ..Нека цркне!
Се си мислев дека во Америкава луѓево си живеат секој за себе и никој не се замара со никого, ама комшиката од први кат ми ги поби сите верувања. Женава живее сама, пензионерка и знае за секого се. Само да те начека да испаднеш, муабет ќе ти прави цел ден. Под нас, живеат македонци. Е, од таму се слуша секој ден пукотници. Дури и полиција им дојде неколку пати Со другиве комшии по едно здраво. Мирни луѓе
Кај мене различни се сите.Живеам во зграда и има секакви луше.Со некои сме кучни пријатели, со некој се имам само на едно здраво.Со некој ни тоа, најчесто тоа се стари самобендисани стари луѓе, кој или не враќаат кога ги поздравуваш, или те вреѓаат иако имаш само 14 години .Сериозно , една стара жена додека имавме другарките по 10/11 години ни викаше ку*ви, кобили, свињи, ама тоа ти е, толку Господ им делел. Тоа е тоа, се на се, средножалосни се.
Неможам да ги поднесам,во 5 часот наутро косат трева. исто така се секавам дека се карав со едно девојче Соседката.
Имам одвратни комшии. Колку пати ми се случило во маало или во влез да сретнам некои, од култура им кажам добар ден/здраво а тие се направат глуви Што ги кошта луѓето едно Здраво да кажат.. Ама штом не ми враќаат не им ни кажувам од тогаш. Има едни спроти мене што седат,обавезно пратат кој кога доаѓа,со кого,во колку саат. Порано ми пречеше,дури и на татко ми му кажале дека дечко ми ме испраќа до дома,дека доаѓа кај мене .. како незнам што да е тоа толку чудно. Многу се завидни..Кога видат нов автомобил се распрашуваат од каде толку пари. Денеска бар секој може да си приушти некој скромен автомобил.
Во старата зграда сите беа кој од кој. Еден наркоман, други ненормални, ретко се наоѓаше нормален комшија. Сега во новава зграда сум неколку месеци и тие што ги знам се ок. Со поголемиот дел од соседиве не се ни знам.
Какви соседи имам подобро да не знаете. Една стара баба колни клетви фрла до 7 колено,и обавезно знае кога сум прибрана,а кога излезена. Другите позади мене од 5 сатот стојат на прозорец (посебно бабиштето) и не се трга цел ден. Чак и перница си има ставено под лактата за да не ја болат од дремење. Муабет на улица никако. А куќниот распоред дома ми го знаат од тоа зјапање. Син им кога имав куче на секој 10 мин звонеше на телефон ако залаеше. Татко ми на времето имал гулаби и бам инспекција, ќе им се разболеле децата цел ден биле во двор преку жицата пуштале раце и ќе се разболеле,а јас кај бев не играв одма до кафезот? Заради нив ни куче имаме ни гулаби ништо. И нивните внуци(особено машкото) тропаа на оградата од 7 на сабајле летно време и тогаш кога ние ќе им речевме нешто одма се бунеа си играле децата, дрн дрн јариња. Се најдуваат некој арни ама ретки се. Кај ја видов оваа тема сафрите ми се кренаа дур пишувам.
Во главно имам океј соседи, освен едни со две деца. Пред мене живеат, тоа ви е дефиниција за хаос. Секој ден, значи буквално не испуштаат прилика да се дерат на цел глас, незнам што гласни жици ќе имаа.. Мене карање, тепање на децата ми е за дома, а не цело маало да те разбере. Па од кај децата па и тие се караат, мислам срамота е маж и жена од по 40години седнале во двор и се расправаат. И навечер влегле дома, таман мислиш готово можеш да излезеш на балкон, во двор како човек да не бидеш вознемируван од пискави деца и родители, оп тие прозор отвориле и сфаќаш дека нема крај дур не заспијат.. А да, да не заборавам да ги споменам постарите баби и тетки кои немаат работа дома па си водат дневник за моите излегувања, прибирања, љубовен живот и така натаму и редовно ги известуваат оние кои пропуштиле нешто .. фала ви ако не бевте вие незнам како ќе знаев што ми се случува во животов
Јас пак немам проблеми со соседиве што се околу мене, ама се ќе беше супер ако уште куќата на чичко ми не беше лепенка до нашата, па луѓе таа стрина ми не се трпи по цел ден само вика по децата или се смее онака дури хистерично смеење за без врска, и кога ми се ролетните тргнати од мојата соба она се префрла со главата преку нивната тараса само колку да ѕирне што правиме дома и се ја интересира кога излегуваме мора да не испраша се, кај одиме, што, како пробувам да ја игнорирам во последно време ако излезам на балкон да поседам се ќе почне да ме прашува од приватни работи до фамилијата од дечко ми ќе стаса абе да неможе чоек на раат да да си поседи
уФ Комшииве се сачувај боже Добри се некои не велам не..тука овие до мене што седат имаат едно куче лае деноноќно ноонстоп..Се собираме тука од маало другарки другари и знаете ќе се насмеете,ова она и одма тука овие бабите излегуваат да видат кој вика кој се смее а инаку се океј
Речиси во секоја куќа кај нас на улицата има мали деца, така да, постојано има пискање, брчење на телевизорот од цртаните, некои се степаат, некој паднал, триста глупости. Е сега, имаме и од младите, кои ноќеска додека стерите спијат, нас младите не расположуваат со добра музика и плачење од што се опиле премногу. Во секое време има некој буден. Живееме во чудна хармонија. Кога се готви зимница, секој ден различна сосетка прави, бидејќи некои немаат дрвена голема лажица, а и помош треба. Можете да замислите, на есен, 5-6 деца собрани во една соба, си играат, прават џумбуш, додека надвор нивните мајки пијат кафе и лупат пиперки. Кога е лето пак, бебиња има на секоја страна, особено годинава. Нечии внуци, некои се породиле, па обавезно некоја мајка ќе те викне да и` го причуваш бебето додека отиде во бањата. Па потоа ти вели дека бебето многу те сака, па одиш дома кај нив да го нахраниш, па мора да седиш додека да заспие, оти иначе ќе плаче. Па кога ќе забрчат со колите што ги поправаат, јас морам дома, бидејќи ќе си умрам од миризот на бензин и сл. Па пред есен, оп, дрва се сечат. Ти мора да излезеш во друг град, да прошеташ, иначе ќе ти пукнат ушите од машината. Па кога една сосетка зготвила нешто, во огромна количина, опааа, низ цело маало оди и раздава колачи или торта. Најсупер ми е мене со соседиве, една направила сок, друга торта, трета сварила клавче, некоја сасвим друга кафица, јас само може да си пуштам музика и цело маало е среќно. Се` додека не списка некое дете и почне да плаче бидејќи другото го бутнало во тревата, па после мајките прават муабет два саати за тоа кој певеќе треало да внимава, кој не е кривиот и што да му стави на детето поради гребаниците. И тоа ќе да е.
Во мојава маала нема деца, само возрасни луѓе Или пак јас немам ги видено, и така повеќето од соседите не ги знам Има една жена, баба е ама не од старите баби, се нешто и пречи Тогаш се закануваше дека ќе го отрула кучето, многу лаело, а кучето колку беше мирно, абе душа Па ништо чудно и таа да го отрула А ја ништо немам и кажено за нејзиното куче, ситно ама динамитно. Немаше ден да излезам а да не бегав од него Арно шо умре, секој ден стресови си преживував од него, да ти е страв од дома да испаднеш Другиве па, ги знам ама исто ко да не ги знам Порано секој ден кога ќе ги видев Добар ден ова она, а тие оваков поглед Аман нема да ти паднат забите ако кажеш едно здраво Сега летово дека продаваат домати кога ќе ме видат ми се насмевнуваат, сакаат да им купам од доматите ама нема Сега јас не ги приметувам, памти па врати Овие спроти нас не ни ги знам, пред неколку месеци се доселија, ама овој еднаш се опијани и зема да ги крши стаклата од сопствената кола Само едни соседи се онака баш фини. Ги немаме оние соседи што пратат се, ама затоа тука е баба ми, она ја врши работата И онака нема на кој да каже, само на мајка ми и раскажува, дека многу ја интересира де
Комшиите ми се тотален промашај, барем повеќето. Се немаме скарано ама неподносливи се. Посебно овие што лани се преселија овде одма од нас жената има 2 мали деца а е бремена со трето и моментално не работи и по цел ден се мава лево десно а тие децата и се многу лоши и по цел ден само вика ја незнам како фрлото не и се фати. А тие пред нас ќерката нивна им е другарка тој мажот па еден глас што има исто и тој по цел ден само вика се кара со жена му цело маало ги слуша тој абер си нема. Да сака човек по пладне да си легне да одмори 1 саат од нив неможе лудница по цел ден само викаат.
И не ги знам баш ама и тие што ги знам не се нормални. Со едните се скарав оти мачката моја спиела кај нив в двор . Мачка е. Ајде објасни и кај смее и каде не и ќе те разбери. Другите па се знаат. Овие третите имаат едно улаво куче по цел ден лае само ама фини се барем луѓето.
Ufffff kolku gnasni komsii imam jas ne znajte, ma voopsto go mrazam moeto maalo, pocnaa da se prepiraat protiv nas zatoa sto se razlicna politicka partija od moite, i koga si kupivme ubava da recam skapa kola, go slusnav gnasniot komsija kako mu veli na dr covek, ete kola si kupi, so gradonacalniko sigurno e svrzan, ufff be grdi lugee