Само на едно здраво сум. Некои толку се тивки и мирни што не ни знам како изгледаат. И постојано нови се доселуваат.
Повеќето се ОК. Фини луѓе. Само едни спроти мене би ги преселила што подалеку. Не можам да ги сварам. Излегуваат во двор демек кола да мијат или цвеќиња да полеваат и почнуваат со фалби. Утре ќе дошла жена да им чисти. Си кажуваат мајката на ќерката или обратно ама гласно сите да слушнеме што сме надвор. Седат на тераса и мислат дека сите не интересира они што купиле, колку пари потрошиле и колкави домаќинки се што планирале да готват после.
Здраво на сите. Имам проблем со еден сосед кој чува кучиња (ги сакам животните и не сум против чување миленици). Кучињата се пуштени 24/7 и дворот не е заграден, кучињата излегуваат на сред пат, агресивни се, лаат и трчаат по сите. Јас чувам мачки, во последните 7 дена, 4 мачки ми снема (удавени се од кучињата на соседот, ги најдов распарчени мачињата). Сите кои живееме во близина го имаме замолено соседот да ги врзува кучињата или пак да го загради дворот за да не излегуваат кучињата, но тој никако не го прифаќа тоа. Пред некој ден и самиот призна дека видол како едно од неговите кучиња дави моја мачка. Не би сакала да го пријавам на шинтери затоа што кучињата ќе живеат многу бедно, но не сакам и мачките да си ги загубам. Ве молам предложете ми некое решение за проблемов
Пријави во полиција. Јас имав проблеми со комшии од друг тип, пријавив и веднаш интервенираа. Сепак не е мал проблемов што го имаш. И јас мислев дека не треба воопшто да пријавувам бидејќи може ќе речат дека не е нешто сериозно. Обиди се на овој начин. На никој не му е пријатно кога ќе му тропне полиција на врата. може да се исплаши и да промени нешто.
Со соседите имам коректен однос со сите сум на здраво ,а тие ќе навлезат во вашиот личен простор онолку колку вие ќе им дозволите
Овие над мене ги мрзам, овие до мене се смирија конечно нема караници трескања, станов до мене го изнајмуваат е тогаш зависи што ќе влезе внатре, едно време имаше дечишта-фудбалеришта вриштеа лупаа по ѕидови со топки, па еден Арап намќор имав, ни здраво не викаше, нонстоп збореше на телефон ама како да викаше..Ми беше страв од тој малце.
Со сите сме океј, коректен однос. Имам и комшивки што си одиме на кафе. Живееме во мала зграда, скоро сите на иста возраст.
Imam problem so komsiive nad mene, sekoja vecer vo 12, 1, 2 po polnokj ima skokanje igranje so topka. Se slucilo i od son da me razbudi so tropanjeto. Sakam da pisam na vlez nesto ama sto da pisam da si procitaat?
A sto ne im se kacis noke vo pizami i da im kazes da prestanat da tropaat zasto toa vreme se spie? Ako ne prestanuvaat vikni policija,nema sto da pisuvas na vlez.
Над нас живеат намќор луѓе. Едно цело семејство. Девојката се омажи пред некое време инаку до тогаш цело време тропаше со штиклите. Ау иритирачки беше. Повозрасниот човек намќор невиден, ни добро утро ни добар ден. Те гледа ќе те убие чиниш. Братот на девојката е полицаец ау катастрофа воспитање нула,ист ко татко му. Едино мајка им е фина и културна. Фала Богу па не ги среќавам често инаку не им ја можам енергијата што ја исфрлаат. Ми се ежи кожава.
дали некој се соочил со проблем со комшијата кој не дозволува да се влези во неговиот двор за да си завршиш работа на твојата кука, во нашиот случај мора од кај него да велзиме за да ставиме фасада на таа страна од куката, а тој не дозволува, мада што он кога граеше ограда мајсторите му беа во нашиот двор никој не им ја спореше работата.
Кажи му дека вие како што сте му искочиле во пресрет, така и он треба на вас.Или дека другпат нема да дозволите да влезат кога ќе му спотреба нешто.
Моите омилени соседи се пердувести, крзнени, листопадни и зимзелени, со нив убаво си живееме и имаме муабет, а останатите се луѓе ко луѓе, со хипертрофиран апарат за перцепција и конфабулација. Не, не сум ги прашал што мислат за мене...
Генерално не ми се лоши соседите иако слабо се познаваме, а сепак долго време живееме во иста зграда. Можеби и подобро што е така.
Чим станува збор за фасада законски мора да ви дозволи, ако не сака, можиш слободно да го тужиш, ќе добиеш и сакал нејќел ќе ви дозволи, одете преку адвокат да му стигни опомена, и на суд да одите ќе го добиете предметот и ќе си ја средите фасадата
Во мојот роден дом, во мојата населба сите соседи бевме како едно семејство во куќа живеев. Сега сум мажена исто во куќа живеам и во населбава некако многу се чудни соседите сите дивјаци еден со друг незборат не те ни поздравуваат, не возвраќаат на поздрав... Еве 8-ма година сум тука никого незнам, многу не убаво чувство.