Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Читајте назад во темава
    Солзи ми имаат течено како ги објаснуваат комшиите
    Многу ме расположува темава
    И ја би ја стаила у Насмевка
     
    На злоба, cresa-jagoda, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.983
    Допаѓања:
    7.256
    Пол:
    Машки
    Ме нервираат. Гледам што помалце да се сретнувам, повеќе сведено мие само на здраво и толку. Завидливи, злобни, озборувачи, како да немаат друга работа. Сиктер.
     
    На katalina, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.444
    Допаѓања:
    12.970
    Пол:
    Машки
    Море ко ќе ми текни какви маки сум тргал со претходните комшии, на раб на лудило бев. :doh:
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.374
    Пол:
    Женски
    Ја пробувам да издржам ради моите веруј
    Вакво невоспитање од возрасни особи не сум ни сањала дека ќе спознаам човече
    Бушење, тропање, влечење столици у ниедно време
    Карање, трескање врати
    Истото со години чоек. Четврта година ќе фати уште малце
    Знаеш како сакам да се искарам и да ги прашам за кое онакво живеат у зграда и заедница ако се понашаат како од планина симнати.
    Па дедо ми, чоек шо е буквално симнат од планина, има поголема култура, манири, воспитание од нив.
    Овие над мене жими Господ луѓе секој ден праат нешо, или бушат, или влечат столици по под, или количка влечат по дома да успијат дете, ако детето е будно си игра со топка, си ја тапка. Навечер одат како Рамбо. Слушаш туп-туп-туп
    Сеа на 31 према 1ви
    Дека покасно дојдов дома нели, и дур се средам едно друго малтене 5 сабајле ме фати. И таман да легнам.
    слушам одење од горе, и пак вратата БАМ
    си викам добро спијат ли овие ненормалниве, факинг 5 саат сабајле беше као.
    Не се здрави едноставно.
    Сфаќам ја и дете и сѐ, ама исаф малце
    Истите работи ги праат
    Бушење, влечење, трескање врати
    Ко Свето Тројство
     
    На AneSk и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  5. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    6.255
    Пол:
    Женски
    Idioti I idiotki.no comments l.da mozev bi gi zadavila.prostotilak zlo I strasna nekultura neadretalci pravi.
     
    На Kate karate му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.478
    Допаѓања:
    127.190
    Пол:
    Женски
    И овие на другото место не се поарни.
    Оговараат 300 на саат.
    Една па нема друга работа, освен да се дере.
     
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    13.470
    Пол:
    Женски
    Очигледно сегде е исто срање, и ретко кој има нормални комшии.

    Овие моиве, оговарачи не се (оговарачи биле постарите генерации, веќе голем дел не се ни живи, или се многу стари, па не им е до оговарање, овие се новодојдени и релативно помлади), мислам не знам дали се пошо неаме контакт некој, освен она "Здраво - здраво" и не се ни глеаме шо се вика, секој си брка работа ама дека знаат да бидат неподносливи, знаат.

    Посебно па преку лето, топло кое е и отворени прозори, врати од терасите па се слуша.
    Главно расправии, дерења ко да ги колат, плачења, кршења, довикувања коа праат ручек на тераса па сите да ги дознаат што ќе јадат денес, некад и знаат да галамат со пуштање музика, и од кола посебно.

    Се десило така спијам и ќе ме разбуди, пуштила музика у кола до даска и тоа не е само преку ден, се дешава и навечер у 2, 3 саат, зависи, а најјако и ептен мерак им е со алармите од колите, не може бе сам од себе да се активира, цело време мачки ли скокаат на хауба па да се пушта нонстоп, изглеа апла си играат со нервите на луѓето, едно 30 тина пати го пуштаа намерно да свири.(facepalm)

    Еднаш беше врв, цел саат може и више, навечер у 2 саат не се гасеше алармот, па цела населба се дигна на нозе, да го најдат газдата кој не бил дома. :|

    Стварно ко неандреталци се понашаат.

    И после викате само у згради се нема мир, а у куќа демек поарно е?
    Епа не е баш, поготово у населби кои ги угушија со куќи и згради околу па џабе ти е куќа.

    Нема кај игла кај да фрлиш од што е натрупано, ни приватност ни интимност, ништо не остана.
    А да не зборам за тоа што имавме едни, пар беа, кои беа претерано гласни за време на секс, па смеења, стенкања, све се знаеше, коа, што и како.
    :x

    Или една тетка, жена возрасна, лагано си се соблага у соба до прозор по прслук и ја глеаме со брат ми.

    Друга па, странкиња, црнкиња беше ама ја лично ја неам видено, не можам да тврдам, мајка ми ја видела, искочила на тераса да пие кафе, угол гола. :x
    Ваљда нема да ме лаже за глупости, не знам, ми нема смисла.

    Е до толку да се нема осет.
    Ама бар интересни се. :|

    И со Американците до нас имало дешавки, ама не до толку да било ептен ненормално.
    Тие пак не можеш да ги запамтиш кој се и шо се, колку луѓе све не се смениле, дека од амбасада ги праќаат, живеат привремено па си идат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    9.278
    Пол:
    Женски
    Преглупи се, премногу зркнати манијаци има во маалово. Децата немирни и гласни... Немам муабет со никого, бегам од нив и ги игнорирам.
     
    Последна измена: 8 ноември 2023
    На Nate- princeza, Kate karate и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    1.986
    Пол:
    Женски
    Бидејќи живеам во странство, релативно тивка природа ама едни многу се издвојуваат си чуваат коковчиња ово оно. И така едно многу убаво утро таман за викенд коковчињава ги фанало некое беснило, и еднава да пребега во комшии и од сите кај нас кај оградата, и ја наоѓаме и он иде да ја бара и му викаме на шала нареден пат ако прелета тука во тавче оди право :rofl: Па им даде некоја васпитна изгледа и од тогаш нешто тивки ми се.
     
    На Аргентина * и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.312
    Допаѓања:
    36.991
    Пол:
    Женски
    Овде соседите ми се ок. Секој си ја гледа својата работа. Со нив само здраво и толку. Ништо друго не ме интересира.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. @oneday

    @oneday Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2024
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Сите се добри освен едни, неподносливи се стари луѓе се но секој ден доаѓа керка им до децата и а сега и син им со зена му и децата е тука инаку во Германија живеат, (џабе им Германија ништо не научиле од култура) летен,зиме, до 3/4 сабајле е дерење, смеење на цел глас, гласно зборуваат, пуштаат надвор музика на појачало, палат надвор оган, тие ѓубре не знаат во канта да фрлат , го фрлаат покрај улицата ,дете не може нормално да спие ни јас не сум се наспала, а за разбирање нема разбирање со нив толку се невоспитани , дома си биле ке правеле што сакаат. Буквално се како да излегле од затвор, добро зет им лежеше затвор згази човек,или се симнале од планина а не во населено место.
    Мене ми се преку улица па ептен гласно се слуша а тие до нив уште потешко. Пред некој ден таа до нив збореше со нив да се разбереш е невозможно и мора ко нив да бидеш па и полуд ако треба и во последно време одозгора преку тераса ги полива со вода па да видиш како одма се стивнуваат. Ама не трае долго по пола час иста приказна .
    И зиме цело време се надвор, само за спиење влегуваат внатре . Комплет сите со деца , внуци а полнолетни се не се мали, не се со сите, нешто сериозно им фали.
    И се се слуша секој муабет само оговараат некој и се смеат ко нездрави, често се и пијани
    И нема спас
     
    Последна измена: 12 август 2024
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.315
    Допаѓања:
    23.366
    Пол:
    Женски
    Леле и ваква тема имало :D

    Да ме советува некој како да се понашам со невоспитана кокошка што мисли дека паркингот е на татко и имовина, па се понаша бетер од животно ако паркираш на прво место?

    Читај: неписмена е за паркирање, доаѓа 2 пати месечно и ако има некој паркирано на право урла се дере по цела зграда. Го фатила комшивчето за врат оти тој тазе положен ја замолил да ја помести колата за да не ја удри случајно при паркирање. (facepalm)
    На нас катаљон пати ни има направено проблем оти доаѓале од друг град ( моите ) и се паркирале тука. А ние тогаш ја вадиме нашата кола надвор и пак има слободни места на паркинг.
    Ние сега треба на гравчиња да гледаме нејзе кога ќе и прдне да си дојде дома и да и стои првото место слободно.

    Ќе се пукам од нејзе (lalala)