1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Абе и мене ми одговара да не ги знам и се однесувам колку што можам повеќе и тие мене да не ме знаат,ама што да правам кога сите се ненормални.Едно кафе во двор да испијам,збиени се куќите,нема шанси нешто да не чуеш,а баба ми жена у години,радио Милева не и е рамна,па сабајлечки кога ќе ми дојде кафе да и варам и да си муабети жената (стара е,си сака внимание) кога ќе си почне да ги реди и да и речам,аман не ми збори,не ме интересира,се лути и одма,аман човек на вас младите ништо да не ви каже,да не може ништо да каже и ќе почне да плаче.Неа тоа и е животот...наставичка во пензија,внуци нема за чување,сите сме пораснати и тоа е.Ќе помете,ќе зачисти,ќе направи ручекот,серии не гледа,не ја интересираат...маалски муабети ќе тера.
    Еве прееска,комшиката на тој лудиот,згодната,по купачи се соблече и излезе да се сонча...и тоа на страната на куќата што е кон улица,зошто од таа страна има сонце (претпоставувам заради тоа,не за да се реклаира или па...),детето во базенче и се шлупка и?!Да мижам ли?!Јас во двор седам,кој патем е цел испозаграден со триста зимзелени чуда за да се заштитам од погледи,ама нема бре брате,се гледа,што да и правам.
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Не Ангелче не ми се мене соседи, туку на баба ми и дедо ми они живеат во друг град и маалото им е лудница :)
     
  3. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Не да е лудница :D :D
    Ама пак и никогаш не им е досадно. Се нешто ново се случува. :D
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    се мислам дали да ви раскажам за моите соседи....100% некој ќе препознае ама ај вака започнува приказната :D
    живеам на мала уличка, има некои дваесетина куќи и секоја со свои препознатливо жители :)
    на почетокот имам 2 куќи браќа се и не прават скандали ама никогаш немаат пумпа за точак па еве веќе 20 години како ги знам цело време позајмуваат...имаат синчиња кои сега се пораснати ама ич не се убави :rofl: и куќите им се во сите бои шарени ала цигани!!! исто има и еден брачен пар со мали деца само кутрата жена си начекала женкар па кај женкар и педофил МАНИЈАК прва класа....се караа, миреа, разведуваа, па еве моментално среќно си живеат...ама штом поминам мора од глава до петици да ме изгледа мене и било кое друго девојче
    малце подолу има едни мали срцки што се будни од 7 сабајле и се учат да зборат да одат па урлаат по улица, а бабата и дедото нивни пошто живеат спроти мене знаат дека излегувам во 11, се враќм во 4 (уствари 5 ама назат изгледа им е саатот) па знаат кои ми доаѓаат на гости....со еден збор записничари се ми водат сметка за животот и велат дека ништо немало да биде од човек кој ноќе скита до ниедно време :lol:
    на ред доаѓа еден ГРОМОГЛАСЕН комшија што никогаш неможеш да знаеш дали се зафркава и смее или е нервозен...дури и дома кога збори на телефон се слуша на улица човекот ВИКААААА премногу гласно!!!
    доаѓа нај ама најлудиот комшија кој ги има бркано жената и децата од дома среде ноќ да спијат по комшии, го има тужено друг комшија дека му украл труп од дрво во кој наводно имал пари, комшија кој пријавува во полиција ако тече вода по улица за да им напишат казна од 50 евра...тој си урла 24 часа на ден, а пак сега што му се погоди една снаа ич не го рецка и ја рока Цеца до даска па излегува на балкон и пее и си игра :rofl:
    уф еве и мојата омилена комшика која од прозор од купатило еднаш ми излезе на среде бањање да се кара со мене...демек не слушала под прозор дека сме биле и сега ќе делела правда :fubar: и така гола ја подаде главата и ми збореше како сум била ваква таква бла бла.....и секогаш кога чисти по дома (строго пред некој важен празник) ја има пуштено благица павловска и пее НЕКА ПУКНАТ СИТЕ ДУШМАНИ :rofl:
    надолу има така 2-3 мирни и повлечени куќи, ах да и еден кој ги плаши малите деца дека ќе ги грабнел во вреќа и ќе ги фрлел некаде, само за да не му галамат :devil:
    ќе си ги забравев комшиките кои тресат черга преку прозор и кога некој доаѓа кај мене мислам дека во секој момент ќе паднат од прозорот од толку што се наведнуваат да видат кој има на врата :lol:
    од спроти имам дечиња кои кога се надвор и им се јаде или пие викаат по мајка им ама таа се прави дека не ги слуша па нашле некој ѕвонец и сега се дерат по неа и ѕвонат како крава некоја да е
    од музички жанрови се слуша кикирику, цеца, зона радио, сузана спасовска, благица павловска, балканика тв....а згора на се од кај мене има рап, хип-хоп, рнб миксови ЛУДИЛО :rock:
    уште 2-3 пијаници имам ама тие се сосема друга приказна ....ај засега толку...
     
    На AnaKlarc и Flower27 им се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    јас,главно,не можам да се поажалам на моите соседи,си гледаат своја работа,секако со исклучоци-има и тоа како некои што само ѕиркаат,гледаат како си се дотерал,кога си се вратил ама многу ми е гајле за нив.и има еден веќе повозрасен брачен пар,мажот си е има проблем со пиењет па веќе со години се слуша како и се дере,ја пцуе,ако не и повеќе.ама си се навикнавме
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Мојата зграда е релативно нова и не знам ни дали сите станови се полни :^) А и малечка е, нема повеќе од 20 станови така да...

    Не ги знам сите комшии. Само со едни си имаме оди ми - дојди ми, фини луѓе, онака за некој поголем повод - слава, роденден. Кафиња со комшии не паметам ама никогаш да сме практикувале.
    Секој си ја гледа својата работа.

    Има многу млади брачни парови и бебиња, ама за чудо не се слушаат како што очекував на почетокот. Или се некои мирни бебушки, или изолацијата е на завидно ниво ;)

    Знам дека има два пара близнаци. Едните живеат над мене и имаат поголема сестричка. Претпоставувам јадат благо накај 20h навечер бидејќи тогаш очигледно им се качува шеќерот и почнуваат да лумпуваат. Немаат изгледа тепих, па се слушаат некакви метални топчиња, си ги тркалаат секоја вечер. Ако, брзо им поминува и се уморуваат. И после е штама. :)

    Не можам да се пожалам од комшиите. Често правиме забави со караоке и сме прилично гласни - ниту еднаш во животот ми нема никој чукнато на врата да се пожали и да ми пререче нешто.

    Со оглед на тоа што го прочитав, моите соседи се ОДЛИЧНИ! :D Поздрав до комшилукот
     
  7. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    имаш право бројче, и јас живеам во куќа, и мора некој од соседите да е на дворот кога јас излегувам
     
  8. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Моите соседи т.е. бивши соседи (се преселив во др. град) беа приказна за себе :D Бевме мнооогу деца и бевме сложни ама бесни.Редовно си игравме фудбал на улица и топката ни одеше кај еден комшија кој во таква градска средина се правеше паметен и си чуваше кокошки и крава :D И тој така разбран човек ни руши неколку топки-ѓубре безобразно :devil: Си имав едни две комшивки-стари жени кои постојано се караа и така во една караница еднава на другата и го пушти цревото со вода и трчаше по неа до кај што и стигаше цревото :rofl: За озборувачки си беа така собрани една група од жени кои не работеа-домаќинки и ги викавме одбор за дочек и испраќање :rofl: бидејќи постојано гледаа кој доаѓа и си оди и му зборуваа и го испрашуваа.Знаеја буквално се за цела улица.После си имав за соседи едно лудо семејство каде таткото и синот не се поднесуваа и татково ќе си го убиеше синот со секира кога ги редеа дрвата затоа што синот не ги редел како што овој сакал :rofl: Имав едни соседи за кои се знаеше само како се презиваат-беа многу повлечени.Имав соседи кои имаа една стара кола и секој викенд ме будеа нивните синови кога ќе се враќаа в зори.Имав една сосетка која постојано и правеше нешто на куќата и се слушаа само машини.Најсмешно ми е кога ќе се сетам на денот кога се асфалтираше улицата :rofl:.Сите старци се бунеа бидејќи водата ќе им влегувала во дворовите ако се направела улицата и во знак на протест легнаа пред камионот кој го носеше асфалтот :rofl:
    Од овие соседи сега не можам да се пожалам освен од оваа гускава над мене која постојано нешто тропа и преместува и од машките кои постојано седат пред продавница и оговараат па да не можеш ко човек да поминеш.Сега за жал живеам во зграда.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ех комшиите. Ги има секакви. И добри и лоши луѓе. Оние добрите кога ќе им кажеш „Добар ден“ со благослови те испраќаат. Лошите стојат со намуртени фаци, трујат мачки, прават проблеми...
    Си имам и едни „посебни“ комшии. Анат ги знае, пошо и таа ми е комшика ;)
     
  10. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    |( Комшиите мои не се ни за спомнување ама ај..
    Значи живеам во зграда и тоа е најголемото зло што мајка ми го направила.СВЕ ЛУДИ.До мене живеат едни пијандури :drunk: маж и жена ..За нив ама ич не ми е жал ама за детенцето...Да го видиш сонце со плави очи косичка..Поише седи со баба му него со мајка му ..Родителите негови (ако можат така да се наречат)кога ќе се опијанат се караат кршат све пред нив...ај доста за нив ми се смачи :puke: Овие над мене до 2 и пол вечер си прават журки,свират на клавир(уште се во фаза на учење :lol: )Спроти мене живее еден дедо.Ама така не е баш со сите.Мојот спрат е |( шо да ви кажам.Другите комшии ми се чини понормални се ... :|
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Ама јас какви соседи имам мислам дека никој такви нема :D
    Во зграда живеам и на приземје сум и на истиот спрат живее една жена со нејзиното дете и со снаата
    Ама ако ве нема дома и некој ако дојде да ве бара одма пренесуваат кај сте што правите кога ќе се вратите
    или пак не дај Боже да дојдете со некој или да застанете или па да купите нешто одма дури потстануваат да видат кој е или пак што сте купиле иначе кај женичкава можете да видите дека во секое време она пере алишта таа ни е највредна од цел влез а особено за оговарање тука никој не и е рамен :)

    Понатака

    Имам комшии и тие не дај Боже да се дома сите кога ќе почнат да се дерат да урлаат од сабајле до вечер но ајде се навикнавме и на нив.

    Што имам комшика кај и да оди во рака има чаша кока кола и не пие друг сок ако треба и од дома ќе си ја земе чашата со сокче но друг сок нема шанси

    Имам и друга комшика и од таа па недај боже да застанеш со некој и одма те посматра одозгора

    И едно нешто заедничко на повеќето комшии ако се враќате од продавница и одма гледаат во ќесето и коментираат:Ауу па што ќе правиш ти со толку (на пример) шеќер ?
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А бе дека живеам во куќа, па мислев дека е полошо :D Мислев дека во зграда се покултурни и помирни, дека помалку место има :^) :D
    Едниве мои вицкасти комшии (така си ги викам :D ) кои со никој од маалото не живеат, знаете што викаат по други луѓе? Дека во нашата улица само тие биле нормални :?: А баш им се чудам, во два синоќа се дереа по дома, не се знаеше кој вика по кого, имаат едни невоспитани дечишта кои ама буквално дома не се прибираат ни за спиење, на школо тоа едното на наставничката еднаш и рекло -кај си мори пи*ко :o :D и тие биле нормални, најнормални. Хммм :D
    Инаку да си кажам и дека си имам омилени комшии, тие зад мене, со дечките сме на иста возраст, цел живот сме заедно, и секогаш со нив ми е убаво да си се напијам кафе :)
    Само ове имаат една луда баба, која си има хоби: да фрла лисја и трева во нашиот двор и да вика дека оревот кој ни е позади и сметал, цел живот не сфатив зошто, тој кај нас си е! Ама нејсе за неа, се научивме да не ја слушаме :D
     
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    кате ми текна кога се жалеше од комшичињата твои што сакаат да седат кај тебе на компјутер :lol: :lol: :lol:
    срцки мали.... :rofl: 8)
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^А бе Гоу, тие се многу слатки, ама па кога ќе ги слушнам уште од улица се дерат по мене, и си прават планови кој прв ќе седне да игра и како виулица влегуваат правец во мојата соба и за пет минути мониторот ми е испофаќан со прсти, сладоледи, смоки и слични глупости, ми иде да го исфрлам компјутерот :rofl:
    Ама има мнооогу деца во маалово :lol:
     
  15. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.328
    Допаѓања:
    5.841
    Ех кате ме потсети на мојата комшика која ја заборавив
    Женичкава кога е пијана (тоа е секојдневно) ќе излезе од дома и ќе оди од врата на врата и се крсти,потоа ќе земе солна киселина и истура од тераса и ако види некој да стои доле и одма ја чисти терасата и со вода ќе го испопрска :D
    И да не заборавам со сите се кара :D
     
  16. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    93
    Хаха темава ме изнасмеа...
    Јас па не можам да се пожалам од моите комшии...
    Освен една, што мора да знае се клој кај бил, што правел, со кој бил, кога дошол.. цело време седи на тараса, пуши цигара и посматра...
    Обично со сите блиски комшии стојам убаво, сите имаат деца баш на моја возраст, и секој ден или сите се кај мене, или јас сум кај некој... Обично кај мене е собиралиштето, се дешавало десет комшики у исто време да ми се дома,.. ама сите си се дружиме уште од мали, со некој заедно и сум учела, генерациски тука сме негде.. најстарата е 22 години, а најмалите се прва година... ама со сите сум у нај ок односи...
     
  17. KrystalTears

    KrystalTears Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    29
    Може да се каже дека моиве комшии и не се баш толку ненормални, луди. Овие до нас што се, се префинети, културни и понекогаш жената си доаѓа на кафе, мајка ми си оди и така. Овие од другава страна се некоја фирма, и можеш секој дел од денот да ги слушнеш дека си праат муабети, а највеќе ме нервира кога ќе ја треснат вратата а таа една дебела железна еден тон, и мислиш како некој дома нешто да ти треска. Имаше едни над нас, нон стоп врескаа, се тепаа, урлаа до 5 сабајле. Често се има случувано. И накај 6 или 7 кога стануваат, мажов само кашла, и тоа гласно како се слуша во вецето од вентилацијата. Нивните деца не беа некоја посебна или поразлична приказна. Не знаеа што е култура. Од нив само погрдни зборови можеш да слушнеш. Што да ти кажам. Сега па дојдоа едни баба и дедо. И тие урлаат, а јас пак мислев некои фини се. Има уште многу за раскажување. Има сега едни мали пред зграда кога и да излезеш те поздравуваат. Срцки се. :)
     
  18. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Немам некој проблеми со мојте соседи .. сите си ги сакам иако некогаш се лоши добри досадни груби ..
    Со некој повеке се слозувам и дружам со некој помлаку .. но сите ги сакам еднакви и сите ги почитувам но има моменти кога многу ме нервираат :D :D


    Порано можеби имав (односно имавме) јас и мојот поголем брат како помали почест се тепавме и каравме .. па затоа некој од лудите соседи не пријавил во полиција :worried:
     
  19. Tabby

    Tabby Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Хахахаха :) Се изнасмеав :)


    Јас си имам само неколку проблематични соседи со другите сум ок!

    Често ми даваат де цреши де сливи од се по нешто :D

    Само ме нервира комшијата до мене шо нон стоп први нешто чука лупа демек ГОЛЕМ мајстор бил нема грешка...

    И Една ВАМПИРКА што не да боже да ти падне топка кај неа веднаш се дере...Еднаш на децана им падна топчето и почна да им се дере и јас и излегов и и кажав На твоите деца кога топката нивна им паѓаше на татко ми колата јас ништо не им кажав а ти тука ќе се дереш што топката само паднала на АСВАЛТОТ во твојот двор? И така ја отерав у 300 лепе ***** ******* и жената си заќути..!

    Еднаш се случи една комшика да ми рече ГОМНАРКЕ :fubar: И Тогаш сме се изнавреѓале и до ден денес немам ништо прозборено со неа!


    Хахаха! А има една жена што ни е како портир на улица. Кој каде оди со кого оди женава се знае! Информ биро :D

    И мислам дека тоа е се за моите ЛУДИ соседи
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    заклучок:
    не живеете во нормална населба ако немате една баба џандар :lol: :rofl: :lol: