1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.390
    Пол:
    Женски
    Моите баш се ок, добро освен што се љубопитни кој доаѓа, другото е ок.
     
  2. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Блазе теби ;)
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не се замарам со соседите воопшто: помини-добарден, како сте-замини
     
  4. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Е тоа ми е многу одвратна работа кога те гледаат и шпионираат со кого си,кога си дошла,кој е тој што влегол кај тебе,која или кој е тој што се паркирал со кола пред куќа,кога наслушнуваат муабети што ги правиш во двор и слично.Македонија дефинитивно има најголем број на воајери во светот.Сите соседи се шпионираат и манијачат едни со други свесно или несвесно не поради тоа што ги интересира туѓиот живот туку поради тоа што немаат свој :)
     
  5. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Изгледа дека сите соседи се исти :D :D :D
    Нека гледаат, нека шпиунираат ако немаат попаметна работа, многу ми е гајле.
    Посебно се истакнува една бабичка што ѕирка од портата. Еднаш ја поздравив баш во тој момент, мислев ке се посрами, ама не бреееееее, каков срам :lol: :tmi:
     
  6. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Па јас мисев само моите комшии се такви...како министри за гајле се па берат гајле за другите. Најсмешно ми е кога комшивката ќе ми каже точно во колку саат сум се вратила од град (а јас не се сеќавам и не обрнувам внимание баш кое време било тоа) :lol: :D
    Се нервирав дури се нервирав ама веќе се навикнав и не се змарам повеќе...тоа е јбг.
     
  7. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.233
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Моите соседи, УЖАС! Наркомани, Пијаници.. Ку*ви. Добро тоа е во еден стан се собрано. :tmi:
    Другите се најОкеј :lol:
     
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Моиве соседи се катасторфа. На приземје прават еден стан, ама го прават три месеци и тоа секојдневно работат од осум наутро до осум навечер, главата ми пука секој ден. Над мене живее една баба, која на плехот си чува цели саксии со цвеќиња и се има случено една саксија да и падне доле пред зграда, среќа никој немаше во тој момент да поминува, и се уште не и текна да ги тргне саксиите. Инаку секојдневно ги полива, така да кај нас на тераса секојдневно тече вода, секоден наоѓаме трошки и остатоци од храна, влакна, листови од цвеќиња па дури еднаш најдовме гаќи и крпа :^). До мене живеат постар брачен пар со синот и куче, фини луѓе, иако некогаш знаат да претераат со гласната турбофолк музика, месечните забави, а успат додека им одат гости на секакви прослави, секогаш звонат кај нас на врата мислејќи дека тоа е светло, така да ние неколку пати ќе отвориме врата, а после не го ни слушаме звоното. Инаку со нив може да се каже дека моите се во најдобри односи, затоа што често си одат на гости и си носат разни торти, колачиња, кифли и такви работи. Има едни на четврти спрат, брачен пар со три деца, децата немирни и невоспитани, а мајката уште повеќе. Не комуницираат со никој од влез, а не па од цела зграда, само на добарден и пријатно сме. Има исто така едни на четврти од кај кои често се случуваат проблеми. Три пати имаат поплавено дома, а има течено дури до кај нас (на трети) а и кај тие под нас. Два пати им поплави машината, а еднаш кадата :^), а имаат направено проблем и со болјерите на сите од нашата вертикала. На петти спрат има една девојка која живее со нејзините родители и брат-се дрогира, фрла ѓубре од прозор, па кај мене на прозор секоја недела има по 10-15 пикавци, на дрвото карши мојот прозор, ќеси од продавница, тоалетна хартија, а под прозор има кондоми :doh: :|, а со бившиот, а може и е и сегашен дечко, секогаш се караа или во влез или пред зграда, кај неа дома никако, така да едно време, редовно слушавме врискотници, шамари и плачење. А на еден спрат живеат се баби, три вдовици и еден брачен пар, само брачниот пар се асални, другиве огорварачки невидени. Седат пред зграда и гледаат кој како поминува, познат-непознат не е важно, оговараат како е облечен,за тие што се од влез коментираат што купиле, каде работат, колку пари имаат и кога се враќаат дома. А едната баба секогаш ме нарекува со името на мајка ми :fubar: , и секогаш ги заборава клучевите на врата и јас и ги прибирам па и ги носам. И за крај, во соседната зграда има дилери на дрога, т.е. беа семејство од мајка, татко, син, ќерка и син на ќерката(односно внук), ама ќерката и таткото умреа, ќерката од дрога, таткото од маки(иако само тој не се дрогираше), па сега детето остана без татко, па вујко му и баба му го чуваат. Од кај нив имаат излезено многу луѓе, секој месец доаѓаше полиција, брза помош, а еднаш на сила имаа дадено дрога на една девојка која само поминуваше со другари пред зграда. Така да додека бев мала, бегавме од тој влез, моите не ме пуштаа кај другарки да одам заради нив и често наоѓавме шприцеви низ паркот, едно дете од љубопитност го фати и малку се боцна, ама ништо не му се случи.

    На крај мој заклучок е:лудо маало.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Еве имам една во соседнава соба, си муабети со баба ми.
    Ама се нервирам, затоа што не можам да појдам и да јадам на раат. Ќе ме замара, ќе ме прашува се и сешто.. :@
     
  10. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    лелеее секојдневни се проблемите со нив :worried: за се и сешто :worried:
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    кај мене студентките ги нема, дали лето, дали нешто друго незнам. Само сум среќна што не ми ечи турбофолк по цели денови.
    Од друга страна малите деца во зградава почнаа да растат, па сеа си играат пред зградата во паркот и пиштат и вриштат по цели денови. Најсмешно кога некоја мајка ќе се развика: ГОООраааан, ајде на Руччееееек! Ама баш цела зграда слуша. Ептен се раздвижени комшиите летово, сите нешто поправаат, трчаат со децата...
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Аууф си го сакам маалото и соседите, опкружена сум со згодни соседи, се мањачиме :D :P Во добри односи сме со цело маало, а татко ми е таков човек кој сите го сакаат и ги привлекува луѓето и им помага во се па најчесто сме и најбучната куќа во маалото, имаме голем двор и тераса и најчесто сите комшии се тука :D некогаш знаат и да бидат досадни и без осет.
    Проблем имаме само во окружувањето, лево и десно од нас. Бидејќи сме лепенка, жената до нас упорно чука на ѕид еве веќе 13 години не прекинува, наводно и сметала кујната која е на тој ѕид, чука, тресе, се расправа, вреѓа цела фамилија се такви исфрустрирани и љубоморни створења, многу пати доаѓала полиција, татко ми од нервоза еднаш им скрши врата хахах. Такви провокатори немате видено, провоцираат да изедат ќутек па да зимаат отштета после аххх :@
    А од другата страна наркозависник, не прави некои проблеми али сепак е лошо.
     
  13. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    моите соседи се цуциња :D :D никогаш не им пречи ништо.. и кога ќе екнам музика до крај или кога свирам на клавир они не си се жалат .. а и никакви проблеми не сме имале до сега :inlove: :D

    а и да не заборам симпатијата ми е coceддд :P :inlove:
     
  14. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Јас пак како да живеам во зграда со духови, не се слуша ништо. А 5 стана сме на спрат. И искрено малку ми смета.
     
  15. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Генерално, моите комшии не се некои покварени и злобни луѓе, али во маало сме поделени на два табора и едниот табор не збори со другиот табор :lol: Јас не сум во ниеден табор, имам комуникација со сите(посебно ги поштувам тие што не се замараат со туѓи животи и си го гледаат својот пат :) )...А, мајка ми е дел од едниот табор :lol: , па со неколку од комшиите не збори :lol: А и еден згоден комшија што имам, ама ретко го гледам зашто патува негде нон-стоп :inlove:
    Имаме и една јавна фаца во маало(девојка е), ама нема да ја споменувам..А, ја немаме ни спомнато воопшто во темава за македонски јавни фаци :) Топ е девојчето, а и останатите од нејзината фамилија-срцки луѓе :) Али преку улица што има еден, во години човек, со две деца и ќерка му мажена со дете - верувајте дека таков трачер немате видено, пред неколку години дури и за една бабичка тука кај нас извади муабети дека имала швалер(а, таа 85 години :lol: )...А, во својот двор не гледа, жена му 2% не го рецка, со денови ја нема дома :D Еее, за моиве соседи можам до сабајле да зборам, зашто се од една во друга крајност :)
     
  16. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Дај да се преселам во твоето маало, да си исплакнам очи и јас. :lol: Јас не живеам со моите, и во моето сегашно маало претежно се стари баби и дедовци или семејства со средношколци, па често имаме и понекоја "претстава" во паркот пред зграда кога ќе се испровоцира некоја средношколска љубовна караница. :D
     
  17. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Неможам да се пожалам од своите соседи,до сега со никој лош збор си немам кажано.Кога сретнам некој обично го поздравам и тоа е.Со некој од нив така повеќе комуницирам,обично со тие што се моја возраст. Има некои што се мешаат во туѓите животи но јас со тоа не се замарам а немам ни намера.Но во глобала е ок и не се жалам.
     
  18. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Имам една комшика радио милева е жената, знае се. Способна е да ни виси на ограда со саати (ладно,жешко,врнежливо ништо не и смета).Вчера гледам дури и стол си донела и отекувале нозете, само се чудам како устата не и отече од (о)зборување. :lol: :lol:

    Другиот комшија е супер, млад дечко е сам живее. И за чудо некое не прави проблеми. Нема гласна музика,пијанки до зори и сл. Немам забелешки.

    Другите околу се претежно фамилијарни луѓе. Тоа децата по некогаш знаат да ме налутат,ама па се тешам дека кај и да е ќе пораснат и ќе се опаметат. Сега имаме и едно бебенце во комшии , душичка,глас не му се слуша. :)
     
  19. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    аааа ова мајка ми да не е :D мајтап не е до толку во 3 сатот, ама знај да си седни на вечер некогаш на тараса со цигарчето и стално и викам да не седи така, ама сепак не озборува .... инаку повеќето од комшиите ми се катастрофа знаат ито убо да ме нанервираат па посебно маливе офф леле не знам шо е она по цел ден на улица само вреват нешто и ќе направат пауза за озборување :!: и тоа не онака детски работи .. и сега кога да ги видам бегам од нив и почнаа чудно да ме гледаат некој фаци да ми прат и кога ќе заминам да шепнат нешто , ама сепак гајле ми е .... инаку не знам дали сме лоши соседи ... иако живееме овде 10 години татко ми не ги знае ни четвртина од комшиите ако него сите го знаат :lol: и знајме да повикаме малку со брат ми ама не сме многу гласни мислам, и така сме мирни, а и во куќа живееме со голем двор па не верувам дека се слушаме, инаку морав ова да го споменам не се мој комшии туку на брат ми другар му уфф злобен комшија позлобен нема дрфинитивно :lol: пушташе музика со појачала, а откако му викнаа полиција комшиите ги премести појачалата на тарасата кај од кај комшиите шо му викнаа полиција и пошто е забрането од 23 до 06 мислам да пушта почна да станува детето во 6 сатот и да пушта музика в крај за да ги нервира :devil:
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Јас веќе немам соседи...се преселија едните кај мене, жално :( :rofl: :rofl:
    И тоа цел ден мама и тато не се дома, ама јас и бато мора да си седиме со нив, де едната па другата, па децата, па пак едната...е аман веќе...а мислев да учам, ми се одуче :@ (додуша ова ко изговор малку :$ :lol: )