1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Соседи-учтиво поздравувам кога ќе се сретнеме,друго не ме интересира.Живеам во изнајмен стан веќе подолго време ,не сум се замерила со никој од нив зашто како што кажав на почетокот од коментаров,само културно кажувам Добар ден и толку.

    Кој како рекол,што рекол ,па дали стоел на прозор кога сум се прибрала навечер ама ич не ме интересира,ако нивните животи се бедни и неисполнети па мораат да трачаат некој за да си го нахранат егото-бујрум!

    На крајот на краиштата некој убаво си рекол дека зад добриот коњ прашина се крева ;)
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Супер ми се соседите, штета што не се баш толку комуникативни оние децата поголемите.. А помалите неможеш да ги сопреш :rofl:
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    немам проблем со соседите, освен со оние кои си седат по цели денови во двор и те гледаат како вонземјан да дошол :D :D
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Соседите ми се само пензионери... :) едната сабајле станала во 8 и пред зграда се дери на другата комшивка :еве комшивке станав,па излегов одма од дома да не ја разбудам внуката од спиење касно си дојде синоќе......

    А се ова го вика на цел глас,не само внука и и мене ме разбуди ...абе излегла од дома да не ја пробуди а вака цело маало пробуди смешки...
     
  5. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    јас бидејки живеам во зграда и тоа на втори спрат од секаде сум опкружена со досадни соседи,до мене тие стално имаат гости и стално се караат,карши мене тие се супер само ме нервира во недела секојпат чистат и со таа правосмукалката уште сабајле ке се разбчат и ни е спие ни ништо :D ,тие над мене само тропаат се бркаат најверојатно секој ден и тие под мене се тинејџери и секој ден системот им е до даска пуштен :rofl: ама бидејки е зграда мораш да се навикниш на таков живот
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Кај мене у зграда комшии има какви сакаш :lol: Тие што се над мене џамбази, тие на втори си имаат дете и тоа само си пишти и доаѓа кај нас за да си игра со сестра ми, па има една жена на први само се качува кај некој галама праел баби (само си оговараат) :D Има еден на спрат со учето си шета па тие од доле од бурегџилница си печат навечер и цел стан мириса на тесто...Има една у маало Џема (малце неарна е жената) и секат ко ќе ме види мене или некој друг си бара цигари... :D Имаше еден дрогираш ама тој си отиде во Хрватска. И тоа е што друго да кажам :D
     
  7. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Моите соседи не се опишуваат,нивното соседство може само да се доживее :D Ќе кажам само за тие над нас и тие наспроти нас во зградава,бидејќи нивното присуство најмногу и го чувствувам,другите се луѓе на место.Значи,над нас живее сама жена,вдовица,кај која внуците од ќерката се повеќе таму,отколку дома.Момчето е уште малечко,али цурата и за него вреди.Јас не знам како се издржува од сабајле до полноќ непрекидно да се трча,тропа и тоа тропање до тој степен да нашите јадни лустери,уште не знаат како стојат на таванот :D А еднаш барем некој да и‘ рече да престане..ајде на мене што ми смета,јас не знам како на нив не им смета,луѓе без осет.Насабајле ги донесува мајка им(која патем ништо не работи,а ги носи децата баба им да ги чува),и тоа така посабајлечки и кога идат,се урла по цела зграда,дури да се качат до 5ти,цела зграда е веќе будна.Уште одоздола,девојчето вика(читај-се дере) по мајче и‘,а мајка и не може да и каже да не вика,нели :D И така зпочнува секој луд ден,во присуство на едно лудо дете :D
    Комшиите отспротива бетер.Секое утро нашиот вреден комшија,ритуално го тресе чергичето пред врата,ама не на нормален начин,туку на ненормален :!: со трескање на истото со сета сила,од оградата коај се наоѓа покрај скалилата.И така тој треска едно 10тина пати и чергичето е готово(таа работа се прави оклу 7-8 насабајле,он ни е во инвалидска пензија,а е поздрав од сите нас заедно и е одморен,па затоа за други баш го боли дали спијат или не).Тој и неговата фамилија не знаат врата како се затвара,врата се затвара стриктно со трескање,најсилно што се може.А :!: ,и овој комшија за кој зборувам,има една за мене чудна навика-преку тераса се дере по луѓето кои минуваат по улица,за некој кој шо му е познат крене глава и да си попраат муабет малце :D И уште ова,комшиката пак над нас,зимно време,проблемот со ситни дрва за оганот,си го решава на наједноставен начин-си цепне у купатило и готово,сеа кој го брига па ако на другите се тропа,битно е да се има ситни дрвца,студот не прашува за тропање :D
     
  8. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Хохо моите комшии - Долг поим :D :D :D

    Живеам во зграда на 5 спрата - сите комшии си ги знам - кај сите имам отидено :D

    Ги има од секаков вид - забавно е да живееш со толку занимливи луѓе ( и заинтересирани за туѓите животи ) :D
     
  9. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Добри ми се соседите во главно,али имам една над мене ненормална што со сите комшии се расправа :D
     
  10. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    ах соседи соседииии:) јассс па и немам некој проблем со соседите :)
    овие десно од нас се стари луѓе и не се нешто досадни, ама ме нервираат коа ќе почнат да зборуваат за овие карши мене шо се, као демек зш доаѓале кај нас речиси секој ден, шо не е баш, ама ајј.
    Е со овие од левооооо уффффф, значи секој ама баш секој ден ке дојдат као демек да му објаснам нешто на детето за у школо (ја нели паметната сум у маалото хахахахх), па ке си заседнат и си седат и си седатттт и ич гајле си немат!
     
  11. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Шо бе да кажам за моиве легендарни соседи..?! Комотно можам да ја запеам: "Запааааличу поооола зграааадааа..." :D Од прв до последен кат, воглавно се дојдени од околниве села и со себе си ги носат своите селски навики. Имаме секакви категории, од бебиња па се' до 60-тина години. Хомосексуалци, педофили, шпански серии, исфрустрирани, интелектуалци (за жал само 2-3 фамилии се такви)... Се' што може да ви падне на памет, јас си го имам во зградава. Имам и доста нови комшии кои се неодамна вселени, ама нит ги знам, нит ме интересираат. Комуницирам само со неколку луѓе кои ни' се и домашни пријатели. Сите други се рекла-казала и за секого знаат кога излегол, со што излегол, во што бил облечен, што носел со себе, кога се вратил, со кого се вратил.. Аман бе луѓе, гет а лајф!
     
  12. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Леле моите се истии |(
    само што овде сите сме од село :D еден пушта музика баш кога ќе решам да спијам (а музика шо да лафум :D, катастрофа :tmi: ) на цел глас а дома има 3-4 месечно бебе :x , друг застанува на прозорецот или излегува на улица и сите жени ги изгледува, е сега се доселија едни нови (уште ги немам видено :D ) си свират на тарабуки по дома :D на првиот спрат немаме светилки (скржави комшии :D )
    Запаааалучу ЦЕЛААА зграадаа :lol:
     
  13. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Имав едни до мене, нашите многу се мразат, т.е мајка ми со бившата комшика, а јас и сестра ми многу се дружевме со девојчето :)
    Имаше жалби од типот: Намалете музикаа, дечињата спијаааат, лигавење и сл. ствари.
    За среќа, се преселија, ама другарчето ни отиде -.-

    Цела улица се трачарки ( баби ), а се деси нешто одма сите на улица се собираат и трачарат! јбг, досадно им е...
    До мене живеат Роми, чиј син се женеше 5 пати. Па размислете колку е интересно 5 пати по 3 дена да слушаш такви прекрасни мелодии, уште повеќе и собири, па и караници... :)

    Како и да е, ја сакам мојата улица :)
     
  14. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    комедија се моите соседи сите се од село дојдени и уште имат такви навики се дружиме со некои соседки пиеме кафе имам и другарки тука што живеат ама има едни што неможам да ѓи поднесам шпанска серија се трачари прва класа се расправат со сите комшии и секогаш ме пречекуват или на врата или на прозорец добро што не сме во добри односи иначе ке има последици.
     
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас моиве години не ги имам видено,има блиску 2 год каде што сум тука,не ги имам видено :| едноставно се повлечени,и да седнат да пијат кафе назад си имаат двор,масички ова она,и да сакаш да ги видиш,не можеш,а замисли лепенка сме :!: како и да е мене ми одговара вака :) ******************Bо Oхрид додека живеев,немавме и некои гласни,живеев на крај на улица и со тие до нас,сме скарани и воошто не зборувавме,само бабата нонстоп детектив изиграваше,ама стар човек не можеш да му замериш :) а од другата страна имавме уште една кука,ама тие со години не беа тука,во Aмерика се преселени и така. :D
     
  16. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    порано немав проблеми но сега имам. сите комшии се големи трачари и измислуваат приказни безвезни. немам едни асални комшии, сите се некои постари луѓе што кога ќе ме видат знаат само да се завртат и да почнат да си шепкаат нешто -.-
    инаку моите комшии имаат ќерка која се труди сда ми го разубави секое утре со нејзинито "милозвучен" глас, пеејќи во дворот со сета сила и играјќи на "големите" хитови на лејди гага и џастин бибер -.-
     
  17. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Моите комшии си се прича за собом. Не знаат за мир и тишина. Тие што им е лепен станот до нашиот се млад брачен пар, и ептен се гласни додека водат љубов, постојано ми се чини дека има порнич на телевизија. Тие под мене постојано вклучуваат перална, али ваљда му е ептен стара и брчи како трактор, кај нас ептен се слуша а камо ли кај нив дома, а и често си се расправаат меѓу себе, син им е едно бесно суштество... и да не ја редам цела зграда сите се кој од кој бетер.
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Чиста среќа е што во мојава зграда не се сите станари трајно населени :lol: ,бидејќи и тие што сме сме си ту мач едни на др.
    Прво,излегување на тераса е опасно по зивот досега „летале„ делови од мебел,стаклени шишиња,врело масло,саксии со цвеќе,манџи и се извинувам ако некого заборавив и не испочитував :lol: .
    3 семејства чуваме домашни миленичиња(ние имаме мачорче и др.2 имаат кучиња),ама врв беше кога еден сосед чуваше кокошки на тераса :lol: .
    Се препукуваме со музики од сите типови и максимална јачина,ама малава до мене ме победува не само што слуша до даска турбо-фолк,туку и пее на цел глас истовремено,а 45кг.заедно со кревет е,од каде вади таков глас да се чудиш :^) ?!
    Дека се интересираат барем повеќето сум разбрала индиректно,јас имам таква репутација што не се впуштаат во такви разговори со мене,тие малку што пробале добиле по брза постапка впечаток да не го повторат истото пак.Ама ги приметувам како висат на прозорци и тераси во сите периоди на деноноќието и кога се разминуваш ти праќаат од оние коси рендген погледи од глава до пети или вниманието им е насочено кон кесите да ја доловат содрзината во нив :lol: ...
    Ја нема повеќе една од соседната зграда(се исели) која на општо задоволство на цела машка популација изведуваше некои утрински истегнувања по долен веш само :lol: .
     
  19. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Кај мене во улица може човек да најде луѓе какви шо ќе посака. Бабите ни се поделени на баби трачарки и баби џандари воедно си ја делат работава која ќе испрашува а која ќе памти и ќе си до измислува неа како што и одговара и да шири низ улицата... ама едноставно многу ме нервират порано и добар ден и здраво им велев ама сега не се трпат да не те видат со некое машко да напрајш муабет па макар и внук да му е... одма разгласуват и си измислуваат нешто. Има и наркоманчиња :worried: па има еден така малце забеган човек а куче види зема некој алат и го брка се до дека не го убие... има една жена па ечи турбо фолк од неа... една мажот и свекрвата си ги тепа, а за дечишта да не зборам цел божи ден се слушат да не можиш на рает да се одмориш ;( а овие до мене шо се воедно се е ок со нив. На лето има еден многу ме нервира :devil: моите си практикуваат приквечер кафе да си се напијат во двор и а тие излезат тој одма до нив ни муабет да си напрат ни човек да му дојди на гости... а си имам така згодин комши сите ми се генерација и со сите си живеам а и најмала му сум во улицата од таа генерација и како помала сестра ме гледаат... си ги сакам какви такви и да те расположат и да те изнервират тука си се тие :D :inlove:
    аа ќе ја заборавев нај популарната комшивка..жената е во години има окулу 53 години и иди лето она топлес си се сунча на тераса и си нема гајле што зборат и како зборат важно она си го праи кефот ;)
     
  20. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Ух моиве комшии се катастрофа
    Со првите не правиме муабет затоа што имаат озбилно пореметување во главата, дури и не вредат за да ги спомнам
    А овој другиов си е приказна за себе - ПРАВ МАНИЈАК
    Нема ден, особено кога ќе се затопли, а да не се појави кај мене под прозор, штом ја види тргната завесата :o Колку пати го имам слушнато како си дреме до куќа ноќе, кај 2-3 саат...Нема нема па ќе се закашла...И одма станувам и идам да затворам прозор, да не му текне случајно да си се прекачи :D