Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Аааа, па јас ви немам кажано за мојов нов комшија.
    Епа тука, во Скопје, си имам еден комшија така на 50ина години, човекот е шизофреничар. И си знае така во ниедно време да се развика, да ги турка масите со сета сила во ѕид, а вие така слатко си спиете, па како аларм ви доаѓа. Абе милина! :x И обавезно барем еднаш месечно му доаѓа полиција во посета, ако не и почесто.
     
  2. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Комшивката ми е како Гугл,се знае :D Имам една таква,стално прати кој кога си дошол од излегување,со кого..итн :)
     
  3. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Ауу, моите соседи се убиј Боже! За секој се знаат, се пратат, сите се радознали, уште малку во кревет ќе ти се напикаат. На прстите од едната рака се бројат некои посалам :D . Да не почнам да зборувам за комшиите над нас .. во никое време се тропа, се пее, се зборува, се влечат маси, столчиња, веќе не знам што уште не прават! Некои старшни звуци како во хорор филм. Се ежам кога ќе помислам. Имаа некои се муртат кога ќе те видат, добар ден не знаат да кажат. Култура на ниво. А пак има некои со сите се испокарани. И не знам како така можат да живеат, навистина се чудам ..
     
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас откако сум во СлО мирно спијам живеам и дишам еве какви се моите комши во Струмица....бабите умреа остана уште една ама они не се проблем него младите снајки....со сите бев на здраво само со комшото моја генерација секој ден кафе и една друга девојка веке жена моја генерација и се така муабети за нас тројцата арно ама јас откако се разведов луге им станав топ тема...ке сум останала стара мома идам до продавница гледат што купувам,ке ми дојдат другарки со дечко или сами на гости па лето седнеш во двор го имам голем па да се искористи :) они одма по двор и тераси кај нив....следи најинтересното...на едните комшии керката која ни здраво никому не кажува се разведе и она...а јас тај период фанав дечко ( сегашниот што живееме заедно ) е тука е љубомората почна да работи и јас еден ден со дечкото одаме кај мене ( се секавам тоа беше да соопштиме на моите дека ке дојдам овде во сло да живееме заедно ) и не пресретнува она и јас и велам здраво нели културно а она мене; Зорице абе да те прашам нешто јас и велам кажи и она;абе ти судски се разведе конечно? :o и поглееднува накај дечкото и му вели; знаеш дека е разведена нели? :^) со намера да направи проблем,и јас и велам слушај те трпам многу време ама сеа ке ти кажам значи не сум будала да кријам оти сум разведена немам деца а ако ти е криво што керкати нема кој да ја прифати не ми се мешај во живот оти ке зажалиш што сум ти преговорила....и така си продолжив а мојот дечко неможеше да верува што слушнал ипак ово је балкан балкан балкан :D :D :D а другите се следни;комшика до мене што лепиме со куки е демек професорица а незнам како не е паднала уште од тераса по тоа нејно гледање секогаш во наш двор...другите се два брака кои едниот е пијаница другиот наркоман па кога ке се затепат тоа е шоу,нивниоте жени (двете од село немој некоја да се навреди не е ништо за врегање ама они ти се типичен доказ на поговорката;гледај сеир кога сељак ке облече кондури а соблече опинци ) сепак ништо не е за врегање..се знат,најпаметни се и за секоја фамилија демек знаат некоја црна тајна |( е следува комшиката од спроти значи јавна тајна е дека нема грк или некој печалбар што дошол во Струмица а да не ја е*ал и така си зема мирно пиле за маж ем помлад ем неискусен и додека он работи по цел ден она се расправа со комшиии и вреге а некогаш и колни...а кога некој ке се пожали на маш и она плаче и кажува како нејзе ја врегале а сега сакат да и прават проблем во брак :^) а имам едни богаташи младите работат имат 4 деца на возраст од 5 месеци до 12 години и бабата ги чува мада двете одат во школо ама кога се сите дома и дојдат на керка и од бабата уште 3 сите во двор викане урлаље неможеш тв да гледаш камо ли да спиеш...откако дојдов овде знаеле на мајка ми да ја сопрат на пат да ја прашат дали сум во брак или само живееме заедно дали сум добила пребивалиште и кај сум го нашла нив им е уште понејасно како тоа он 29год, никогаш не е бил во брак ме прифатил мене разведена...а мајка ми со сите е на здраво само со една си оде на кафе ( со на овој другарот мајка му ) и не оговара и на овие прашања само дала одговор;секој нека си гледи во свој двор или прашајте неа (за мене) да ви одговори...а овде незнам ни како се викат само на едно Добардан-дан сме ама има едни Македонци цела фамилија и кога дознале дека сум од Мк оваа женава еднаш ми дојде на кафе демек да се запознаеме ме викна да идам кај неа не отидов еднаш ме сретна демек кога ке пиеме кафе и реков дека не сакам иди ми дојди ми и нејзе и стана јасно се...си имаме наши пријатели негови другари со жени па кога ми се пие кафе преку смс се договараме и идаме во кафич или ни идат/одаме на гости 100 пати поубаво.... 8)
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Секој со своите комшии си има исти проблеми и ситуации. И јас кај мајка ми имав такви кои се за сите „знаеа“, често се случуваше да се возам со такси и тие веднаш на прозор, па после муабети ние сме имале многу пари јас секојден со такси сум се возела, од каде толку пари. Незнам што ги боли нив уво тоа, дали јас се возам со Јсп или такси. Јас почнав да живеам со вереникот а тие извадиле муабет демек сум била трудна и сум се омажила, дека сум заминала надвор од државава и слично. И еден куп други муабети за се и свашта, ќе ми дојде другар на гости и одма имам нов дечко, јас незнам како се успеваат да снимат и како тоа ги интересира.
    Мајка ми не се замара со таквите муабети рекла-казала и не се дружи со никоја од тие маалски оговарачки.
    А сега кај вереникот се исти, одам во продавница и одма која е што е, од каде ??? Јас не се замарам многу многу со нив само со неколку сум на Здраво, тие што имаат доаѓано кај свекрва ми и ги познавам, но непланирам а не ни сум остварувала блиски контакти со комшии, едноставно немам потреба од тоа.
     
  6. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Во секое маало/зграда има по некој забеган, а радознали има највеке кој кај вас гледаат што е како е а дома тие се кој од кој не си гледаат за себе туку за комсиите :?:
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Од сите мои комшии само една комшика си ја почитувам и сакам. Со сите сум имала некој мал проблем. Некои ќе земат се глупираат нешто коли кршат составуваат, други музика рокаат навечер па иди спиј :^) , трети ќе земат во 8 сабајле ќе излезат на сред двор па ќе земат да го разбудат комшилукот со совој "милозвучен глас" пеејќи некои песни од Џастин Бибер и слично.

    Многу ми е глупо вака бидејќи немам некој во комшилук да е на моја возраст, многу би сакала да имам некој врсник во комшии па да си идеме те кај мене те кај нејзе/него на кафе и слично , вака ми е ептен досадно. :^)
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Не знам како до сега сум ја пропуштила темава?
    Па моите соседи се приказна за себе, бреј!
    Имам комшии побожни до немајкаде, секој петок палат темјан, варат манџи и праат ајвар во подрум, пржат риба на балкон, па иди пружај алишта ако смееш! Други - цел живот ни прокиснува вц-то само зошто ете, тие над нас, решиле дека не им треба када. А можеа да си ја дозволат секако!
    Крадење ѕивани, саксии, штипки што случајно ти паднале, влечки недајбоже да оставиш пред врата...
    А ајде ќе си речеш, живеам овде 23 години, нешто ќе се смени = жими ашима ќе се смени.
    Ден денешен некои од соседите не ми враќаат кога ќе кажам Добро вечер, Добар ден. А демек постари, култура, ова она. Како да не!
    Има и асални соседи, со кои си зајмуваме ловоров лист, чат пат клуч за во лето кога не сме дома :D , ама генерално, сликата за Соседство, е ужас.
    Баш си замислувам кога ќе се мажи сестра ми или јас, како ќе испоизлезат по балкони и ќе дремат зјапајќи.
    Стандард појава, во станбени згради, нели. :lol:
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уууу,нејборс.
    Па,од кај да почнам :^)
    Воглавно,бабишта,што ако излезеш да проиграш партија жмурка со овдешните сељаци,си неприбрано детиште,невоспитано,и твоите не водат грижа за тебе. |(

    Ги спомнав децата сељаци.Јеааах,маваат бабички со гранчиња,мислејќи дека е интересно.Ако поминеш дур играат фудбал,и останеш неудрена,ау,тоа некое чудо е,сигурно си Бог во нивните очи.
    Неписмени,прости,го*нојадачи.
    Ако си се смувала со еден од маало,си најголема ку*ва,и во иднина сите ќе те плеснат.

    Има и нормални луѓе,навидум.Пријатни се на улица,викаат добар ден со милозлива насмевка,и се им е океј откако ќе излезат од врата.А Господ знае дека дужни се ко Грчка.

    Има една ненормална,со 2 деца,со тоа гласот од 3889 децибели,што може земјотрес да предизвикаат.Мажот кутриот,срце е,вреден,мирен,го оболеа.Имав една мачка,многу си ја сакав,ама тоа детиштето глупо секој ден идеше да ја гали.И оваа ненормалнава,земала ,ми ја однела во контејнер :o
    Кога дојдов од школо,лелееее тоа беше карање за сите пари,плус кусурот.Паднаа навреди од моја страна,и ден денес не жалам за нив. :lol:

    Има еден чиче,ги брка сите деца,не дај Боже гласови пред врата да слушне.Ама всушност фин е,многу фин.А може и е некој психопат... :^) (Ова ме натера да подразмислам :lol: )

    Има една,со 2 сина,разведена.Синовите тешки пропалици.Животна желба им е да фатат нешто поише на спортска,а воедно истото да го потрошат на ку*ви и златни ланци.
    Аама ,какви родители,такви синови. Мајкава,се сака да знае.Па кај учиш,дечко имаш ли,кај си тргнала во ова време.Не дај Боже да не и речеш добро вечер,ауу ќе излезат гласини низ цело маало колку си невАспитана.

    И така,моето маало е ненормално,100 години назад,просто,и така натака,ништо поразлично од вашето. :lol:
     
  10. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Штета како не сум ја видела порано темава, има за моите комшии да пишувам цели книги :D :D :D

    Една спроти мене е алапача невидена. Искача на тераса и со комшиите од спротива се довикуваат ко Мујо и Хасо. Оди во продавница и по 2 саати дреме таму. Чека некој да дојде да разбере за некој нешто. Колне, вришти, се дере по маало. Кога ке и дојде внучето, абе сиииите да разберат, го шета у двор и вика.
    Кога се мажеше братучедка ми која живее до мене, на керамидите на гаражата се качија за да гледаат кој дошол, што донел итн.

    Другиве до мене, кога и да дојде некој кај нас на гости,они се тука како одбор за пречек. Ако седиме со гостите во двор летно време, и они седат надвор и ѕиркаат што правиме. Мажот е исто како матичар. За сите од мојава и околните населби знае се што и како. Ама кога пишувам се, мислам буквално на СЕ!!!

    Другите комшии, ако се накашлаш надвор одма се сите на прозор, да видат и да разберат се. Јас во двор со другарка пиеме кафе, она до оградата седнала и дреме, слуша што муабети правиме.

    А имам една, Google може вода да и носи. Дошла другарка ми кај мене, ама јас не сум била дома. И рекла комшиката бејби не е дома, искочи, дојде дечко и ја зема и една другарка беше со неа, излезе околу 2 саат, мислам дека се договараа да одат во гтц имале работа, па на кафе ке оделе ке дошол и дечкото на другарката. Се во еден здив се кажува! Жената е чууудо!!!

    Морам и да ги пофалам комшиите со кои супер си живееме. Си ја гледаат својата работа, не ги интересира за другите. Ако можат ке помогнат за што и да треба, ама оговарање кај нив, скраја да е.
    Супер се луѓето, имаат мн фини и културни дечиња, кои мн ги сакам.

    Ете такви се моите комшии :D
     
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Лелеее моите комшии како трачарско списание се жими се!
    Одма кога ке дојдеме дома не прашуваат кога сме дошле во колку саат, па тука како ни е абе глупости.
    Имаме така неколку коишто си имаат трач партија на ограда, абе се знаат. Одма некој ако дојде кај мене дома седнуваат у двор или :!: на прозор пијат кафе.
    Тие до нас порано што живееа мислам пред 3-4 години беа предобри. Со нив многу убаво сме си живееле и со ќерката нивна по цели денови моите беа, ние со внуката абе идила беше стварно. Исти огради имавме и меѓу дворовите имавме пониски ѕидчиња да може да си прескокнеме од едни кај други. Ама починаа двајцата, ќерката се пресели и толку беше :(
    Сега едни се преселија и кога и да дојдеме мажот или жената било кој е иселен, или се караат и лупаат како ненормално таман да ти посакаат добра ноќ. Светло не палат внатре а камо ли надвор. Само телевизорот им работи и патеката хорор ни е навечер.
    Од другата страна имаме една многу стара жена што собира мачки. Ги храни сите мачки во малото и сега ги има милијарда а пошто кај нас дома нема никој дворот ни е јавен тоалет за мачките затоа кога ќе го исчисти татко ми ѓубрето и го остава пред врата :lol:
    Тоа што се бунат ако навечер седат децата на улица не го ни спомнувам. Помалите играат жмурки, граници а тие се дерат како ненормално. Прво не се до тооолку бучни, второ секој има право да игра на улица пошто улицата не е ни моја ни твоја... Има една тетовчанка никој не сака сите и сметаат и кога ги переше теписите со црвен лак и ги нашљакавме и плус со лепак, башка што и беа бели, милина :D Деца :D
    А тука кај што живеам веќе 3 години нит ги знам нит ги познавам комшииве, чудно ама македончињата ни се најдружељубиви и најљубопитни дури ми фали некогаш тоа :wasntme:
     
  12. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Денеска од баба ми дознав дека сум со верила :D
    Сите комшии знаеле ја прашале баба ми: Зошто не се фалиш па внука ти се верила?!
    Баба ми збунка, се смееше и ми раскажуваше.
    Го изрежирале филмот зошто имам 2-3 "другарки" од населба на ФБ, а фотографијата на профил ми е како мојов ми дава прстен, а јас делувам многу изненадено и среќно!
    Се е тоа шала, НОРМАЛНО!
    Ама комшииве толку чекаат. Среќа што го најдов изворот па си поврзав на кој начин се пуштил муабетот.
    Не сум изненадена, не ми е прв пат да дознаам нешто за себе што не сум го знаела. :D
     
    На MartinaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
    Камењарки жени, немаат друга работа. :D
    Мои другарки ги направија лезбејки, пошто ги виделе во 12 навечер, кај шо си седеле пред зграда и си муабетеле.
    И мајка на другар мој трудна стана од нив. И покрај тоа шо сите знаеја дека жената нема матка. :rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132

    Леле исто, кога правев матура дечко ми ми беше партнер и дојде со поклон и букет цвеќе, и утре дента излагам и една баба ми вика ај со среќа чедо, и јас си мислев за матура дека сум завршила.... и кога си дојдов дома баба кога ми кажа што се зборело се изнасмеав... хаххаха
    Ама тоа е, такви ми се комшиите едните сител. другите а1, третите телма, имам и такви машки кои само седат пред продавница и кое и да бло женско они се вртат по неа и нормално следат коментари...

    А има и баба па кога и да доѓа дечко ми кај мене она му вика добар ден, го прашува како е..... и моите пред да дојдат дома да видат кој има она им кажува..... хахаха
     
  15. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    кога бев у македонија си имав најдобри комшии,сега ваму незнам ни кој ми е комшија нема:„ај на кафе„или „како си ,што има,што нема„понекад и боље е така што ќе ти се комшии пак на крај те оговараат :D :D ќе пие ќе јаде со тебе и на крај лошо ќе ти мисли
     
  16. Ragazzina

    Ragazzina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    56
    Ооф, моите комшии.. :D
    Да почнам..
    Јас живеам во зграда и ќе почнам да ви раскажувам од мојот влез, зааа сите!
    На приземје живеат две семејства, фини луѓе, никогаш не сум имала некои недоразбирања со нив.

    На прв кат. Во едниот стан живеат луѓе накај 40-тина години, со едно дете малку поголемо од мене, фини луѓе.
    Во вториот стан живее најголемиот шпион у цело маало. Таа жена кога и да ме види ќе ми рече: кај идеш срце? кај беше? со кого? а мајка ти кај е? ааа поздрави ја. |( знае за секого кој, што, како. Не дај боже дома да си славиш нешто. Она е одбор за дочек и испраќај, после ќе им раскаже на сите кој како се облекол, каков подарок ти донел итн..
    Во третиот стан живее една бабичка. Фина жена.

    На вториот кат. Во првиот стан живее една бабичка. Исто така фина жена.
    Во вториот стан живееше една жена, сега поим немам што се случува со тој стан.
    Во третиот стан живее една жена која ни ги чисти скалите.

    На третиот кат. Во првиот стан живееме јас со моето семејство. :D
    Во вториот стан живеат нашите најдобри комшии, како едно семејство сме. За добро, за лошо секогаш се тука. Се заедно славиме, заедно се веселиме итн. :D
    Во третиот стан живее една малце не баш саглам фамилија.

    Многу често се имаат случувано караници, понекогаш тепачки, па полиции, свадби, веридби. Сите главите на прозор да видат нели, кој бил најубаво стокмен, со какви коли дошле, кој со кого се степал, кој што кажал. Се се има случено во мојава и соседниве згради.

    На паркинг ако некогаш има некоја туѓа кола, одма се познава дека не е некој од комшиите, па бабите-оговарачки ќе се туфкаат чија е. Летно време, цела геријатрија е собрана и си седат на ѕидче и гледаат кој кога излегол, како бил облечен, кај отишол, кога се вратил, што купил..
    А ако не им кажеш „добро вечер“ некое време те сметаат за државен непријател, додека не заборават. :tmi:

    Ајде јас ама се распишував, за моите соседи можам да напишам едиција од 5 тома. :rofl:
     
  17. MartinaSk

    MartinaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    4
    Стварно интересна тема..Кај мене соседите се многу луди...секоја недела ни доаѓа полиција бидејќи се караат за глупости...како на пример..зошто колата си ја оставил пред мојата врата како сеа јас да поминам...а тој сирот нема колаа па неможел да помине..хахаххаха... :D :D
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Соседите мои-како впрочем и сите соседи :lol: сакаат све да знаат ...зиркаат од прозори ,врати од секое могуче место,да видат со кој си,што си облекла...кога се враќаш од продавница,видела што си купила и ќе праша-а тој сок колку е ,убав е? |( оговарање колку сакаш -а секако не ги гледаат нивните деца...мало место е можеби затоа така...еве гледам по скопјево никој не се замара,во зградата кај шо седам сите се на некое здраво,а првата комшивка -постара жена еднаш ни рече-леле откако почнаа куќниве совети видов кои све ми биле комшии :lol:
     
  19. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Моите соседи... :@
    Стоиме кај мене пред врата и се испраќаме со една другарка што живее во истиот влез само неколку спрата погоре и бабицана до нас подотворува врата да слуша што збориме |(
    Да убиство спремаме!!
    Еден дедо ги тепа кучињата пред зграда и 'рка во влез :puke: , го остава ѓубрето пред влез, а ни се дере нас што сме оставиле канче за мачињата..
    Сељаци!!
     
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Уф, уф ....каква темаааа хахахах

    Македонија и секаде истиот менталитет. Седиш во свој двор, а гледаш во туѓиот.
    Ама да ви кажам, јас сум оперирана од такви работи. Просто речено, не се замарам со комшиите ;)
    Кај мене во двор си правам што сакам и кога сакам. Си дремам по пижами, си учам, си седам со другарките........

    Се наоѓам помеѓу двете најголеми трачарки во целото маало.
    Едната во лето седи на тараса во темница дури до 3 саат. Се случило да седам со друштво на тараса и да не ја ни приметиме дека прислушкува.
    Другата, јас не знам од каде се’ дознава. Ако сакаш нешто да дознаеш за некој, таа е вистинска дестинација.

    Ајде, ќе го тргнам ова со трачов на страна. Вториот проблем е што и двете имаат мали внуци, кои се ужасно темпераментни (цела среќа што се плашат од мене хаха), луѓе ....тоа е тортура. Сега како се стоплува времето- така се подосадни |(

    Со другите во маало не се замарам воопшто. Ги поздравувам сите и се однесувам убаво со сите. Не ме интересира кој што купил, па од кај му пари и слично ;)

    Ама не правам муабет со едни двајца. Маж и жена. Е тие го поминуваат маалото по 100 пати на ден и главите никако не им се пред нив, туку во туѓите дворови. Антипатични ми се и не ги поздравувам :)

    А и мајка ми во последно време (изгледа старее), а збрчи кола на улица- она завеси мести хахахах
    Многу и викаме со брат ми, ама изгледа синдром си е :D