Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Соседи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 15 јуни 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ау како не сум ја видела темава?! :)

    Јас и моите соседи, абе лепота. Најинтересното е што не ни знам кои ми се соседи освен тие до мене што се. Од десно еден 70 и кусур годишен дедо кој ништо не слуша, што значи бинго за мене. Бинго за него кога гледа вести па немам потреба да го вклучам мојот телевизор, бидејќи слушам се од кај него. Сликата е доволна.
    Штета што спалната ми е залепена со другиов комшија од лево - кој не е глув, ама е многу фин и секогаш има некоја „се те слушам, знам што правеше вчера“ насмевка :) Поточно ваква му е насмевката кога и да ме сретне ^_^ Ми е гајле, возрасна сум и немам намера да ги загушувам моите оргазмични воздишки кога ми е убаво :lol:
    Останатите во влезов не ги познавам, но еднаш ги запознав преку анонимно заканувачко ливче оставено на мојата врата - доколку не прекинете да правите бука ќе се обратиме во полиција. Педери! И од тогаш колективно не ги сакам :)

    Е сега во соседниот влез имаме една комшика од која ме лазат морници. Буквално. Не знам како живее но со оглед на тоа дека веќе година и пол и се искршени прозорците зад кои се нагледуваат некои стари, излитени завеси со здрава сива боја од немиење имам чуство дека се работи за онаа лудата баба од Great Expectations, ако ви текнува. Има огромен мачор, ама навистина огромен со кој си се шета секогаш во ниедно време и правилно ме вади од памет кога ќе излезе од некоја грмушка или сокриено ќоше правејќи си муабет со мачорот - срце, ела ваму. Симни се од дрвото. Ќе има бура! Ќе ми накиснеш на дождот. Хм. Како сакаш. Јас те предупредив.
    :o
    Кога би почнала да зборам за бабетинава би го зафатила целиот простор на Фемина. Воглавно ме буди скоро секое утро во 8 часот бидејќи прави театрални сцени затоа што комшиите не паркираат како што треба. Затоа што паркираат под нејзиниот балкон. Затоа што никој не ја остава да спие. Си застанува бабата под балкон и се дере мислиш all world is a stage and she's just a mere player |( Слика коли и потоа вика полиција. Ме слика и мене со цигарата на балкон и ми се заканува дека ќе викне полиција бидејќи пушам. Кога сака некој да ја препаркира колата застанува пред неа и не му дозволува да мрдне а потоа вика полиција дерејќи се - сакаа да ме згазат! И слични лудачки навики :D

    За другите случки во друга прилика. Препрочитувајќи што сум пишала ми доаѓа да си кажам само една реченица - damn, there goes the neighbourhood. Село весело, шта ќеш.
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Аххх соседи, прекрасна работа се додека не ги познаваш.
    Јас живеам во висока зграда 9цели 9 ката) па затоа ги имам многу. Е сега процентуално најзастапени се старите. Имам една бабичка абе жената не знае ни за запирка ни за точка. Кога ќе те сретне по 15 мин ти држи монолог. Еднаш дури успеа во лифт и слики од свадбата на братучетката на другарката на ќерката да ми покаже. Од дедовците, имам неколку кој редовно те изгледуваат од глава до петици кога се возиш во лифт, не онака дискретно него баш те зјапа. :geek: Имаме на 6 еден пијаница, цел лифт смрди на ракија од него.
    Дополнително на приземје ми живее една многу забавна фамилија. Таткото со поглед те убива, мајката е фина ама ќерката има ептен забавен обичај да седи на прозор и да ги зјапа сите што влегуваат и излегуваат во влезот. А изгледа е малку и налудничава бидејќи цело време се дере, и се шминка буквално како кловен. Ама буквално. Мене не знам зошто ич не ме сака, јас кога се доселивме тука и фина бев и се здраво и викав она ни еднаш не ми врати. Ама брат ми затоа го обожава. Секогаш му покажува индекс и слики преку прозор. :^)

    Уф на другите комшии ич не ми текнува.
     
  3. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Прекрасно утро, сонцето те милува, и хистеричното врискње на оние до нас што незнаат да си ги воспитаат децата те буди! К`мон ман, не си само ти тука. Значи, зимо-лето, секогаш нешто се чаде, се се прави нешто, бел чаршав да ставиш да се суше не очекувај бел да го најдиш. Обавезно ќе си добие фина нијанса на сиво, а мирисот на пржени риби го преовладува оној на детергентот. Па, ќе те испитаат се по ред, и после мене ми е незгодно што сум ги откачила дрско, цц. Ајде, белки ќе се опаметат. (Мхм, секако, ќе биде и тоа кога и тие ќе научат дека на тераса не се пржат риби.)
     
  4. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Ја морам да се пофалам дека моите комшии се фини :) Можеби зашто живеам во куќа и пак друго е со дворот. Од едната страна имаат мали внуци и кога ќе дојдат на гости куќата во вис ја креваат и најмногу ми пречи во летно време кога ме будат уште во 7-8, ама со тек на време научив да ги игнорирам.Иначе се добри, пр. кажуваат предвреме кога ќе распалуваат скара или слично да си ги затвориме прозорците. Од другата страна живее прва братучетка на татко ми, ама потемница човек од неа не постои, и да напоменам дека живее сама иако има околу пеесет години и никогаш не и идат гости, исто како да не живее никој во куќата.За останатите од улицата не се жалам пошто и не сме блиски... некогаш знаат да дојдат на кафе, и една култура си покажуваме при минење, добар ден и сл.
     
  5. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    За мене соседите не знаат дека сум жива ..
    училиште - дома
    дома - училиште ...
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Соседите ми се како Гугл-се‘ и сешто знаат за секого.Љубопитни што доаѓа до граница кога се толлку проѕирни и кога се кријат за завесичките |( Имам и други комшии што се неподносливи затоа што знаат во 3 часот на пладне да пуштат музика, а затоа што живеам во зграда тенки се ѕидовите исто како јас да сум пуштила музика, нит‘ можеш да се одмориш, ниту да учиш. :envy:
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Соседите ми се онака, сите се селат, доаѓаат секакви.. Али неможам ја да ги бирам. Има некои и шо не ни знам дека ми се комшии, или има такви шо ни имињата не им ги знам.
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    тие што ми се отспотива, не ги ни познавам(не сме се запознале) а со другите нормално комуницираме нормално иако половина зграда е со станови под кирија на стиденти, така да ние повозрасните се држиме, другите се птици преселници :)
     
  9. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Си имам јас многу соседи и добри и лоши.
    Со некој се согласувам подобро со некој полошо.Иначе повекето се кој од кој ! |(
    Сум немала со некои некој посебен проблем освен со тие старците под мене! -.-
    Тие се да ги фатиш да ги утепаш! На нив се им пречи некогаш ке им прекутиш пошо се постари али па некогаш и не се трпат кога ке ги видам ни здраво не им викам пошо органски не ги поднесуем.!
    Порано имав некој почит али сеа не ! После има еден млад брачен пар со дете од 4-5 години.Тоа писка вриска и дење и ноке.Таа мајка му е намќур жив нит да се насмее нит да те поздрави ко човек.Маж и е некако поарен само незнам како издржува со нејзе.Има па едни од сабајле до вечер на балкон и посматраат кој како што праи! Имам и еден секси комша ауу каков е :$ .После има еден со кучишта и тој многу ме нервира али спрема него иам барем малку почит.Иначе со кучиштате сегде шета мочаат какаат надвор у паркот кај шо играат мали деца! Има уште да се зборува али ај доста е :)
     
  10. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Имам напишано мислење, ама морам пак!

    Дечиштава не се трпат!!! :devil:
    Јас да сум правела вака како мала, не ни можам да замислам.
    Едното плаче- ни самото не знае зошто, другото плаче- за компјутерска игра (фудбал).
    Леле, леле.........не се трпат. Најтрагичното е што живеам меѓу нив и кога им е досадно дома, оп-троп кај мене во двор :x

    А таа па една, само збори а ни самата не знае зошто. КОга ќе ја начекам да помине ќе и објаснам колку се два и два. Вчера стигнаа муабети до мене. Сум се ишишала, зашто сум правела операција на главата (смајли што се крсти) :@
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    4.908
    Сите имате проблеми со бучава,но јас немам.
    Комшивката "драга" кога седи лево од куќата моја, е вештерка. Во буквална смисла. Се облекува во црно и секој ден сабајле, зема мети од пред куќата нејзина(на патот) и го носи ѓубрето кај нас пред двор,и мумла нешто. А кога ќе види дека некој излегол во меѓувреме, си се повлекува дома и. А доколку не би ја виделе, си продолжува. Секој ден е истово. Сигурно некоја магија фрла! Ама штета за неа кога јас ни верувам ни пак помислувам да верувам во магии. Само што си го мати умот.

    Вештерка ... уште метла една летечка да и дам... божееее ...
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    кога бев мала имавме проблеми... уфф колку се тепавме
    ама сега ги поздравувам, ме поздравуваат... ладно се поздравуваат, така со пола уста, ама барем јас им искажувам почитт. А една моја комшика, секогаш кога ја поздравувам, таман ке се преминеме, таа ке и шепне нешто на другарка и, и се смее на глас :@ :@ :@ :@
    ууффф :swear: :swear:
     
  13. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Интересна е темава :D Живеам во зграда,имам доста комшии од кои речиси сите се постари. Ме нервира тоа што се ситничари,замеруваат за глупости,небитни работи од типот "ти денес ми се паркираше на моето место. немаш право,мое е тоа"
    Но има и фини луѓе со кои може да се направи муабет. :)
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.484
    Да бидам искрена не ги ни познавам.
    Знам кој каде живее, со кого, колкав стан има, но сето тоа ми е научено од деновите кога играв топка пред зграда, жмурка во влез. :)

    Здраво не си кажувам веќе има 1 година, освен на одредени личности.
    Ти му велиш добар ден, а тој те гледа попреку. И тоа не бил случајот само со една личност, туку повеќе и не само кон мене, тука цело семејство. Згора на се и децата не ми изразуваат почит. Па јас кога имав 8 години се топев што некој ме приметил и му велам одма добар ден, довидување, а тие ме гледаат како некоја стара баба да сум и вртат очи. |( :D

    Со галама повеќе имам проблеми со околните кафулиња. Музика до 4 сабајле, оро се вие на сред улица, ден вторник, месец март. Барем лето да беше, па да имам малку разбирање, или викенд.
    Овие над мене се студенти, не ги слушам освен кога изгледа ќе исположат се па се пее шабан на балкон. Тие под нас се стара приказна, веќе свикнав. Имало урлање по тераса помош ме малтретираат, дерење од дно, пискање, викање без прекин, фрлање мебел. Идеше ова стандард по еднаш неделно, сега заретчија фала му на бога.
    Соседите лево од нас не ги ни познавам, додека тие десно се да речам примерни па не ги ни слушам ич. :)

    Само паметам кога прв пат се доселивме во зграда над нас живееше студент кој очигледно беше на музичка академија. Десетина часа на ден поминувавме слушајќи му го пијаното, од ново на ново.
     
  15. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    искрено да ви кажам нема некој така од комшииве на моја воздраст и се се стари и помали од мене ама проблем немаме освен со овие кои лепаат до нас пооодамна сме биле мн добри комшии ама нешто стариве (додо ми баба ми )се скарале и сега не се имаме
     
  16. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Имам една гуспа под мене живее...секогаш нешто и смета ( не се жалиме само ние на неа, цел влез се жали).
    Другите се добри, не се камери да снимаат кој кога дошол и такви работи...секој си гледа своја работа!
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Секакви ги има, сепак со повеќето сум во добри односи (или барем се трудам да бидам), има некои кои се сосема нормални луѓе, пријатели и познаници, но признавам дека има и ептен забегани, во вистинската смисла на зборот.Те гледаат накриво, незнаат ни здраво да кажат што се вика. А да, има и такви кои не ги познавам баш, кога случајно ќе се сретнеме си кажуваме само едно здраво и толку. Некој на моја возраст или барем приближно, ретко се наоѓа.
     
  18. Jovanna.I

    Jovanna.I Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Моите комшии се циркуз имам фамилија се се браќа кои живеат од едната стана и сите се исти устите отворени за секого а за нив не гледаат се се проблематични едните син им е најголем багабонт секо 2 ден полиција и ќе искочи цело семејство ќе се расправа еднас идам у 2 сат попладне од продавница да купам леб тие едните сто насто се ментални пореметени се им смета и ми викаат сеа не се иди по леб сега од сабајле се иде а мене тоа ме нервира и јас одма им одвраќам и еднас ми викаат речиму на брати да не носи многу другари по улицава може некој да не опљачка ни да се смееш ни да плачеш ајас им викам не се секирајте градоначалникот живее пред нае и на камера ке ги сними одма ке ги фатиме ѓто да им кажам циркузи имам еден стар одма до нашата куќа коа ќе го стренеш 15 мин ќе ти праи моабет и се истијот а секоја вечер седи на прозор и зјапа во нашијот абе живи циркузи
     
  19. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Во глобала се ок,ама тие што се до мене леелее нервата ми ја креваат кога другарите ќе дојдеа и ќе почневме да викаме,знаете деца како деца и он одма ќе излезеше и ќе почнеше да хистеризира(внукму спие)и по 5 мин оп внукму со мајкаму си иде од некаде :fubar: или пак кога ќе пуштам музика до даске и иде и вика,еднаш и по пижами дојде :lol:
     
  20. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    хахах ги има и вакви насекаде