Ова е тренд најчесто на тик ток и се вика "hear me out". Целта е да покажиш нешто шо не е атрактивно (можи и да е ама најчесто треба да е нешто шо би ти било "срам" да го кажиш), ама тебе ти е атрактивно. Многу често се работи за славни симпатии или анимирани ликови. Многу често група другарки имаат торта и на неа закачуваат стапчиња со глави од нивните "hear me outs". Пример: https://vm.tiktok.com/ZMk65pKxT/ Така да идеја на темава е да си споделиме свои "hear me outs" и е од забавен карактер. Така да, hear me out...
a bop fr fr (знам дека значењето на боп се смена со новата генерација ама одбивам да го прифатам) Ова е мојата песна за 2024 so pls hear me out people оти треба срам да ми е дека од летово ја пеам со полни гради
Човече значи не можам, отиде шминката. Од почеток до крај masterpeace, али 2.25 е моментот "But now I am вајзер" gives "I will survive" vibes a whole different meaning.
Е вака ќе налетам на нешто срање на нет и толку е со мојов мозок... Што песна ќе беше втор ден не можам да ја извадам од глава и си ја пеам..