Сос за крокети Здраво ! Многу ми се допаѓа сосот што го даваат со крокети кога ги служат, а истиот сос мислам го има и во цезар салатата. Како што приметив има мајонез павлака и друго не знам, па ако некоја знае како се приготвува нека пише.
Сос за крокети Крокети се служат со тартар сос, во него има мајонез, павлака, кисели краставички и малку сок од лимон. А се купува и готов, во има во кесички во маркетите, ќе побараш кај што стои мајонезот, има на полимарк Тартар сос, а може и на други фирми...
Барав низ форумов и мислам дека нема ваква тема Ме интересира дали кога готвите ставате преливи на храната и кои ви се омилени? За салата мене многу ми се свиѓа 100 острови или така нешто беше. А за месо оној со сенф и мед, ако знае некој рецепт за него како точно да го погодам нека пише, се некако не ми испаѓа.
Сакам да прашам...? Лазања (со мелено месо) Потребно е: - 500 г. лазања кори - 500 г. мелено месо - 400 г. кашкавал - 800 мл. кечап - 150 г. сос за шпагети - 2 големи лажици масло - 2 чешниња лук - 1 мало лажиче сол - 1 мало лажиче шеќер - 1 лажиче оригано - малку пипер Приготвување: Прво се приготвува сосот од месото со сите состојки, на следниов начин: Се става маслото во подлабоко тенџере, се потпржува меленото и му се додаваат сите наведени состојки, се меша добро да не запече. Сосот треба да биде густ, така да кога ќе се помине со лажицата на дното од тенџерето да остави трага и тоа е знак дека сосот е спремен. Во меѓувреме се варат лазањите (во вода, со малку масло и сол) да омекнат околу 10-15 мин., па се ладат во ладна вода. Во тава 22x33 cм. се редат прво лазањата, па еден ред сос, рендан кашкавал, па повторно лазања, сос, кашкавал и така се’ додека не се потрошат сосот и лазањите, а и последната лазања мора да биде со сoс и кашкавал. На крајот се покриваат со фолија и се печат 30 минути на 180C (или 350F) Инаку еве ти ја и страната : http://www.tugjinojabano.com/cuisine.asp
Едноставен рецепт за да си направиш сос со сенф и мед дома е да измешаш мајонез, сенф и мед... Пример 100 гр сенф , 100 гр мед и 200 гр мајонез. Јас обично го правам без мајонез, само мед и сенф, полесен ми е некако. А за 1000 острови, кечап, мајонез и кисели краставички.. Е сега ако сакаш, можеш да додадеш и малку сок од лимон, оцет, масло, сол и црн пипер.
Скај, за да направиш лазањи ти требаат 2 соса, бешамел - белиот, и болоњезе... Бешамел сос се прави на следниов начин - На оган ставаш тава и во неа ставаш малку маргарин да се растопи - една полна лажица на пример. Кога ке се стопи ставаш 1 полна лажица брашно, и промешуваш брашното да пожолти. Потоа додаваш млеко, околу 250 милилитри на пример, и ставаш малку сол.. Мешаш додека не се згусне.... Во зависност од потреба, може да се зголемува количината на состојките... За болоњезе сос, може да купиш готов во тегла, можеш целосно да го подготвиш сама, но јас ке ти кажам како е наједноставно... Купуваш мелено месо, го купуваш сосов Спојлер http://parthenonfoods.com/images/FantSpageteBolognese60g.jpg и готов е за 15 минути Со среќа во готвењето, па кажи што си направила
Лукав сос Потребно: * мајонез * павлака * лук (свеж или во прав) * вегета или сол * кари * малку оригано. Сето тоа се меша, количината на мајонезот и павлаката треба да биде еднаква и во зависност од тоа колку сос сакате да направите(на пр. 5 лажици мајонез + 5 лажици павлака). Овој сос е убав за на пица, месо, тестенини, солени палачинки итн.
Mанго Kари Cос 1 зрело манго, 350 грама. 2 лажици масло од кикиритки 1 1 / 2 лажички кари во прав 2 лажици свеж листови од нане 1 / 2 шолја пилешка супа 2 1 / 2 лажици свеж лимонов сок, 1 Mангото се лупи, се сече , и се става во блендер. 2 Cе затоплува масло на средна топлина. 3 Cе додава кари во прав, мешајте додека не се помеша смесата и отстранете го од топлина. 4.Cе додава кари мешавина нане и манго. 5 Cо мешалка, налевајте во супата. 6 Извадете на сад, додадете лимонов сок и сол по вкус и се промешајте. Bреме за подготовка 15-20 мин.
Ова е рецепт за сос за шпагети(инаку од емисијата кујната на ана-хрватицата) се пропржува лукче на маслиново убаво да се зацрви се додава и ливчиња мајчина душица и сол.5 домати се сечкаат ситно и се ставаат и тие во тавчето.шпагетите до пола варени се земаат и се ставаат во сосот да докрчка и да се доварат шпагетите.кога се сервира се става пармезан одозгора и готово е лесно и едноставно и мнооогу брзо
Сосче за тестенини секогаш правиме дома кога се спремаат макарони или шпагети Јас си го припремам ова сосче малкицчу е помрсно ама затова е прсти да си изедеш. потребно је : 200гр Сланина ( тенко исечена ) 200гр Шумкова ( тенко сечена ) Зејтин Путер 2 лажици 500гр Шампињони ( сечкани се подобри ) 1 чешне лукче пола пакување тестенини прво ги варам тестенините ( но мора убаво да се сварат ) одкако ке ги сварам нив ги процедувам и ги оставам настрана. Потоа следува припремата на сосот Во една поголема тава ставам една лажица путер и зејтин и додавам салце ( може и доматно пире или кечап ) одозгора прелевам една чаша вода, додека това се загрее сечкам сланина на ситни коцкички, исто и шумковата, одкако ке изврие пола од водата ги ставам Сланината, шумковата, шампињоните, и лукчето. Си додавам и по еден грст оригано на това а понекојпат наместо оригано морско орефче. Кога ке сде пропржи све това го додавам во тестенините ( предходно процедени ) и тенџерето повторно го вракам на шпоретот, повторно све заедно пропржувам едно 10 минути додека да се упие.одкако ке ги ставите во тањир може одозгоре да изрендате и малку кашкавалче,илои да ставите една лажица павлака на здравје тестенинки
Прелив за месо и риба 200 мл. кисела павлака 3 лаж. мајонез 1 лаж. лимонов сок 1 чешне лук сол по вкус Татар сос (за поховани јадења) Рендани кисели краставички оригано или сушен магданос мелен црн бибер сол 1 лаж. бело вино мајонез
Сос за тестенини Потребно е - мелено месо, печурки, 2-3 моркови, кромид, доматен сос или пире, Хопла за готвење таа што јас ја викам безвкусната, значи без шеќер што е, магдонос, босилек,Вегета. На кромидот кој ќе се стави на загреано масло дури не добие убава боичка се додава меленото месо. Намерно не пишав количина на мелено месо или печурки бидејќи јас ставам буквално колку што имам, или па ако ми останала од нешто др. што сум готвела извесна количина. Кога месото ќе биде веќе добро пропрзено, се додаваат печурките кои се динстаат со малку вода дури не се зготват добро, потоа се додава морковот рендан. После извесен период се додава доматен сок или пире јас имам готови кои ги пастеризираме во теглички од половина кг. па ја додавам тегличката, ама како замена овде мислам дека би било добро да се употреби „Томатино„ или „Томатело„ се викаат готови доматни пиреа во тетра-пак ги има по продавниците. Откако ќе проврие во доматниот сок/пире се додава и Хоплата, па на самиот крај се додаваат магдоносот, босилекот и Вегата или др. сличен зачин.
Вака и јас спремам (само што јас ставам оригано, а не босилек), затоа пред некој ден прашав дали хоплата е посна, немаше да ставам мелено месо... Е сега прашање-Дали вака приготвениот сос може да се стави на пр. во ватостално, да се измеша со претходно сварени тестенини (шпагети или макарони поконкретно) и да се потпече, дали може одозгора да изренда кашкавал и да ја изоставам хоплата? Пробал ли некој вака нешто?
Лолита, босилекот е секогаш добитна комбинација кога се приготвува нешто со домати ! Не за џабе кај Италијанците е неизоставна оваа комбинација. И на тазе скинати доматчиња за салата се додава тазе набран босилек . Јас лично не сакам мешање на сосот со тестенининте и взаемно потпекување иако не верувам дека би било лошо по вкус, а Хоплата му дава покремаста структура на сосот, ама кашкавалот не е никогаш на одмет да се употреби јас го сакам неизмерно, посебно така изрендан и потпечен би било превкусно сигурно .
Бешамел сос мојот омилен.. две-три лажици маргарин или путер се топат на загреано тавче се додава малку брашно.Треба да добиете кашеста смеса во која потоа се додава млеко, вегета , црн бибер и печурки (понекогаш сакам да користам сушени печурки и уште додавам нане, лук во прав, чили и кари)Обидете се смесата да биде хомогена, да нема грутки.На крајот се додава сецкана или рендана шунка и кашкавал. Сосот се става во шпагети ама мене некако со се ми оди особено со топчиња од соја во сусам
Кој зачин најмногу оди со тестенини ? Моментално моите не се дома и не знам со што да ги искомбинирам, да не бидат суви т.е само обичниот сос од кесичка.. Хелп ?
Зависи како сакаш да ги јадеш...Можеш, откако ке ги свариш да ставиш една туна,една павлака до 2 максимум и една лажица мајонез...ке му ставиш оригано, сол малку бибер и готови се...се јади ладно...... Или пак пропржи печурки и шунка на путер и додади една павлака и мн малку сенф ...да проврие 2-3 мин и потури ги ...можеш одозгора и кашкавал да нарендаш... Друго шо ми текнува во моментов е откако ке ги свариш да ги ставиш во тавче во кое претходно има кечат на дното зачинет со пипер,оригано и вегета ...потоа да исечкаш сирење на коцки да го ставиш врз макароните и врз сето тоа оригано...Во релна 5 мин, после јас ставам лентички шунка, краставички кисели,маслинки и ги ставам уште 5 минути и на крај рендам кашкавал и пак 5 мин во релна...многу е вкусно....