тартарот..за поховани јадења РАЈЈЈ,погоре рецептата е сосем на место..а тој со сенф и мед е слатко кисело..првпат у мцд го пробав и од тогаш нонстоп купувам..совршено иде со пилешко
Едно прашање.Нане,лукот и чилито се додаваат ако се сушени печурките? И какви печурки оние во кеса што се? И млекото какво? Добро не е едно прашање три се
сос за месо ке го испржиш месото а останатата маснотија ја чуваш .во едно гезве ке ставиш 2 лајчиња шекер да почне да се карамелизира и ке му туриш дотуриш вода и ке го оставиш да извриет убо убо да немат остатоци од шекерот.маснотијата ја вракаме на оган и коа ке вриет го додаваме горениот шекер.додаваме 2 3 лајци брашно и со жица убаво да се растворит брашното да немат грутки.додаваме едно финџалче вино и оставаме малку да повриет околу 3 минути.по желба печурки сецкани,а за сол по вкус,само ако беше солено месото внимавајте да не го пресолите и сосот.
ај некој ако знае некој посен сос за макарони нека ми пише :/ Сакам со сос да ги јадам сеа си купив макарони ама немам некоја идеа ... ;/
Запржи кромидче, па додади сецкани печурки ... ако сакаш луто може да ставиш или сецкано чили или обично луто пиперче или што имаш од таков зачин ... сецкано лукче, домати сецкани или ако немаш можеш сос томатело и уште малку кечап за да згусне. Зачини ова се со сол и бибер, на крај лажичка павлака измешај да се растопи и босилек на крај. А истово можеш да го направиш исто само без кромид, без печурки. Ако сакаш поедноставно. Ова во комбинација со винце е мх, мх
Бел сос за тестенини 50 гр путер 1 главица сечкан кромид на ситно лажица брашно чаша млеко вода по потреба 100гр. крем сир 100 гр. рендан кашкавал 100 гр. рендано сирење, овчо маслиново масло сол, бибер, кари, рузмарин. Во длабока тава, со малку масло, пропржете го кромидот, да стане жолтеникав, но да не потемни. Кога ќе биде речиси готов, истурете го во чинија. Во истата тава додајте го путерот и стопете го, на тивко. Додајте лажица брашно и направете мека запршка. Кога ќе биде златножолта бојата на брашното, додајте ја чашата млеко и варете бешамел сос. Посипете бибер, сол, кари и многу малку рузмарин. Кога ќе биде веќе зовриено, додајте го кромидот и крчкајте на тивко. Сосема на крај, намалете го шпоретот, додајте го крем сирот, ренданиот кашкавал и сирењето. Мешајте додека да добиете хомогена смеса, и оставете ја на тивко да добие густина. По потреба налејте вода. Се служи топол со макарони, њоки, а добар е и за прелив врз пире.
Не знам за кој мислиш конкретно, јас го правам со бешамел и ставам кари ( се купува зачин е), обично го правам запржувам печурки 5-10 мин додавам хопла, ставам сол, вегета и кари и така околу 5 мин, за тестенини е идеален. Се надевам помогнав
Со пилешки прсти е многу вкусен,се вика слатко-кисел сос,се прави со мешање на сенф и на мед Убав е тој во Мекдоналдс,ако јадеш таму побарај слатко-кисел сос да го пробаш,или во било кој ресторан
ллееле луѓеее....што сум направила еден бешамел сос.....абе поужасен не сум пробала.... а оти не ми излезе не знам.....да не има некој трик во правењето а јас да не знам....хм....а мн го сакам жими се ми доаѓа да се удавам во него....
Не знам дали има финта, ама мене па секогаш ми успева (пу пу да не се подречам ) Го топиш прво путерот да се направи пена, па го додаваш брашното со постојано мешање и полека. Откако убаво ќе се измеша со путерот (да не потемне) го додаваш млекото малку по малку, најубаво е ладно, и пак постојано мешаш. Треба убаво да се згусне, па го зачинуваш по желба, јас ставам сол, црн пипер и морско оревче.
Посен сос за макарони или шпагети : Ставаш свежи шампињони во тавче со маслиново масло и ги пржиш..Додека се пржат на тивок оган,ги зачиннуваш со лук во прав,кари,печено пилешко(така се вика зачинот-посен е)мешани зачини,веѓета,црвена пиперка зачин и чубрица и кога ќе бидат при крај тестенините ги ставаш во тавчето со шампињони и додаваш рендан растителен кашкавал(мене Ана ми е највкусен црвениот)мешаш една минута и го добиваш највкусното посно јадење.. Истиов сос можеш да го користиш и за пица-нема да зажалиш,ќе ја вкусиш најубавата посна пица..
Ај помагајте за сосов, зошто јас заглавив. Имам печурки и хопла. Што да додадам, како да го смешкам? Ми треба брз одговор, уште малку и доаѓаат моите од одмор, а сакам да ги изненадам.
ajde pisete nekoj recept za sos za pilesko za testenini, nesto kako makalo ili preliv, so pecurki ili sto bilo drugo mnogu sakam da jadam ama nemam recepti ajde pomosokolu ova [mod-kirilica:1e6red1b][/mod-kirilica:1e6red1b]
Вкусни сосови за чипс Сос со сенф и мед Потребни состојки: 100 мл мајонез 2 лажици мед 2 лажици сенф ½ лажица лимонов сок Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад, сè додека не добиете хомогена смеса. Покријте го сосот со фолија и оставете го да преноќи во фрижидер. Крем-сос Потребни состојки: 100 мл павлака 50 мл мајонез 1 лажица лимонов сок 10 г свеж копар, исечкан сол и бибер по вкус Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување. Тексашки тартар сос Потребни состојки: 1 кромид ситно исечкан 3 ситно исечкани краставички 5 зелени маслинки со пиперка, исцедени и исечкани 200 мл мајонез свеж магдонос Начин на подготовка: Во блендер ставете ги маслинките, краставичките, кромидот и магдоносот и нежно измешајте ги. Во еден сад ставете ја смесата и одозгора сипете го мајонезот. Убаво измешајте ги состојките и оставете го сосот во фрижидер, барем еден час пред послужување. Моцарела сос Потребни состојки: 250 мл мајонез 100 мл павлака 100 г рендано моцарела сирење 2 рендани лажици пармезан 1 лажица шеќер 1 лажица сечкан кромид прстофат сол Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување. Лут сос Потребни состојки: 250 мл мајонез 250 мл павлака 50 мл луто доматно пире ½ лажица црвен пипер Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки во еден сад и оставете го сосот 1-2 часа во фрижидер пред послужување.
Tsatsiki сос домашно направен. Јас ке го пробам, за вас не знам. Еве рецепт. http://www.youtube.com/watch?v=2bgDrHAC ... re=related
Денес направив еден сос, без рецепт, по мое и супер испадна. Во тенџерче ставив малку масло, го загреав и додадов 2 лажици брашно и мешав за да се направи бела каша како за запршка. Му додадов пола тегличка домашен кечап и една павлака од 200 гр. и тоа убаво го измешав за да се растопи павлаката. На крајот му додадов сол и црн пипер по вкус. Го комбинирав со варени јуфки, и сосот и јуфките да бидат топли. Баш е лесен за јадење и како за прв пат многу ми се допадна, а и дома ми го пофалија .
БОЛОЊЕЗЕ СОС Потребни состојки • 200 гр мелено месо • 50 гр сушена сланина • 60 мл маслиново масло • 1 средноголем кромид • 1 морков • целер • магдонос • 1/2 филџан црвено вино • подготвена инстант-супа со говедско • 250 гр доматно пире • сол и црн пипер по вкус Подготовка Ставете ги зеленчукот и сланината на масло за да се пржат. Кога ќе поцрвенат, додадете го меленото месо. Откако месото ќе се пропржи, сипете го виното и оставете да се динстува некое време. Потоа додадете ги: доматното пире, една црпалка од инстант-супата и зачините. Вака гответе со повремено мешање, дури сосот не стане богат и густ.