1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сосови за месо, тестенини, салати....

Дискусија во 'Рецепти' започната од bile991, 13 октомври 2010.

  1. Melek05

    Melek05 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Дали некој знае да го прави Цезар сосот?
    Многу ми е вкусен посебно во Боними, ама незз како се прави...
    Плис хелп :D
     
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас дома прво го пржам пилешкото на поситни и потенки парчиња.
    Потоа во друго тавче ставам неутрална хопла и чекам малку да се згусне за да го додадам веќе прженото пилешко.На не многу јак оган се остава така да се згусне и се додава околу 2 -3 лажички кари зачин,сол и бибер.Овој начин мене ми е најлесен за правење а и премногу е вкусен.Ние дома го јадеме или со рижото од ориз или со компири некои комбинации.Поздрав
     
  3. livingluxury

    livingluxury Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Макарони

    Дали знаете некој вкусен сос за шпагети? Но, да биде без лук.. :lol:
     
  4. StylishGirl135

    StylishGirl135 Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    16
    Да прашам нешто...!?

    Сакам да прашам- дали знаете рецепт за оној сосот со печурки кој се става одозгора на месо. Најчесто тоа го даваат на свадбите. Ааа? :^)
     

    Прикачени фајлови:

    • месо.jpg
      месо.jpg
      Големина на фајлот:
      68,4 KB
      Прегледи:
      603
  5. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    Мислам дека е нешто како бешамел сос со печурки, ама не сум сигурна да не те лажам. Рецепти имаш на нет, еве и од фемина http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86 ... 0%BE%D1%81
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158

    Јас нешто слично добивам на следниов начин.

    Го ставам месото да се пржи на масло (јас го правам со стек сецкан на коцки). Откако ќе се запржи месото сипувам малку топла вода, ставам 2-3 лажици брашно, промешувам и оставам така околу 10-15 минути да крчка. При крај додавам варен морков и грашок (можеш и печурки). Кога ќе испари водата се добива убаво сосче . Добар апетит
     
  7. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    600
    Како да направам томатело сосот да ми биде малку погуст?
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Томатело се згуснува со кратко варење.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Морам да се пофалам со една рецепта за сос за тестенини што денес ја измислив и одма ја направив и прекрасно ми испадна и сите дома ме пофалија :$

    Во едно тенџере исецкав на многу мали коцки 2 помали парчиња пилешки стек. Откако зарумени стекот му додадов свежи печурки сецкани на ленти (така повеќе-зависник од печурки сум :lol: ). Кога тие омекнаа додадов 750мл вода и содржината од 1 ќесе кашеста супа (конкретно јас ставив супа од карфиол и брокула и тие 750мл беа затоа што во толку пишуваше на ќесето дека треба да се вари супата). Целата смеса вриеше некои си 7-8мин. додека да се згусне. Му додадов на крај малку сол и вегета за мирис.

    Го сервирав со макарони, оние вртени, како федери (или како и да се викаат :lol: ).

    Пријатно јадење!
     
  10. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.199
    Пол:
    Женски
    Јас ви ги препорачувам готовите сосови од maggi, само што си направив пилешки стек со сосот - 4 вида сирење.
    Многу е лесно за подготовка, ви треба 400гр. пилешки гради и една хопла.
    Сосот се меша со хоплата и со неа се прелива исечканиот стек. Се печи на 200 степени, 30 мнути.
    Мене ми е многу вкусен, месото дури и не го пробав, се најадов со лебчето натопено во сосот.
     
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Има еден сос за стек, со хопла за кување нешто беше и со печурки. Еднаш сум го пробала одамна, не знам ни како се вика, ако може некоја да го напише доколку знаете за што зборувам :)
     
  12. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    ^Мис јас пилешкото во кари го правам вака :) незнам дали на тој сос мислиш...
    Инаку се сецка стекот на ситни парчиња, се пржи, па се додаваат печурките и откако ќе се испржат и двете се става хоплата и една лажичка кари (јас си ставам и оригано :lol: ).
    Вака се остава неколку минути на исклучен шпорет колку да се згусне целата смеса..

    Јас најчесто го јадам со златна мешавина и превкусно е!
     
    На Mishela, MandyLane и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  13. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски

    Тоа е кари сос, стекот се посолува, се премачкува со сенф и се посипува со кари зачин и откако ке е скрос готов врз него се истура неутрелна павлака за готвење (хопла, халта, мегле... било каква) и се остава додека да се згусти сосот. Најважна состојка е кари зачинот, од него многу убаво мириса и добива жолта боја.... мммммм, прекрасно е!!!
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Јас мислам дека зборуваш за пилешко со бел сос,односно тоа е бешамел сос со печурки.Навистина е многу вкусно.
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да, баш на ова мислев. По вкусно нешто нема, може викендов ќе спремам. Значи можам засекогаш да го јадам ова чудо :D :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас преливот го правам со јогурт,посен мајонез и пармезан(понекогаш ставам и многу малку сенф).По рестораните додаваат и малку оцет,но јас млеко и оцет не мешам. Наместо јогурт може да се стави и павлака ,но ние не користиме дома ,па затоа јогуртот ми е одлична замена.
     
  17. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.731
    Пробав минатата недела да го направам бешамел сосот, ама нешто не ми се погоди па ај тука да си прашам :)
    какво треба да биде млекото- топло, ладно, млако и како го ставате? Дали ја тргате тавата настрана па се сипува млекото или додека е на рингла се додава и меша? Јас го направив со топло млеко и не тргнав, ама ми се направија грутки. Ајде помош молам
     
  18. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    7.731
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Сос од сенф

    Потребно :
    150гр сенф
    600мл слатка павлака
    мелен црн пипер и сол
    сок од лимон

    Приготвување: Сенфот се става во еден сад, се додаваат сол, црн пипер и сокот од лимон и полека внимателно се додава слатката павлака