1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сосови за месо, тестенини, салати....

Дискусија во 'Рецепти' започната од bile991, 13 октомври 2010.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ова еднаш го имам направено и беше пре, пре, превкусно, баш истото со 4 вида сирење.
    Во продавница ги немам сретнато, се продаваат ли уште овие од Маги? Дури ни оние зачините за пилешко (Маги сочно од рерна) не сум ги видела.
    :!: Или не сум побарала како што треба?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Поубав и полесен сос за тестенини од овој - амин!
    Онака од ракав ми дојде на ум, испробав и резултатот беше неверојатен. Дури и татко ми, кој патем ми е најголемиот критичар ми го пофали јадењето. :wasntme:
    Си ги варите тестенините најобично, со зачините можете да експериментирате како сакате - јас секогаш додавам магдонос, сушен босилек, малку ситно сецкан лук, морков, пашканат, вегета и оставам да си се сварат.
    За сосот ви се потребни само домати - еден поголем или два, зависи колкава количина тестенини приготвувате. Им ја отстранувате лушпата, ги рендате и кога тестенините се при крај, ја цедите/истурате водата од тенџерето и го додавате сосот од домати. За да биде нешто погуст јас додавам 2 лажици кечап (по можност пикантен, ама било каков ќе заврши работа) и мешате, оставате да си прокрчка малку и тоа е тоа - никакво Томатело, никакви бучкуруши.
    Прелесно, превкусно и илјада пати подобро од купечките макарони на Подравка или било кои со концентрат за сос или што и да е тоа чудо во прав внатре во кесичката. :lol:
     
    На Kitten и Divajn им се допаѓа ова.
  3. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    имам нов рецепт за сос за зелена салата,одлиЧен е и лесно се прави во еден мал длабок сад се става три големи лазици зејтин мозе и маслиново масло зависи како сакате,две лазици оцет,една мала лазиЧка сенф,две Чесниња лук ги секцкате и ги додавате,додавате и сол,црн пипер или било каков зацин по вас вкус и толку ја месате целата смеса и ја истурате врз зелената салата :) вреди да се проба многу вкусно е ;)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.349
    Обожавам шпагети со томато-сос! Со вас ќе го споделам мојот омилен сос кој воедно е брз и лесен за приготвување, не содржи месо, затоа што не сум голем љубител на месните производи.

    Во тавче со загреано масло, пропржувам малку кромид (половина главица за две особи). Додека се пржи кромидот му ставам многу малку сол за да омекне ;) . Потоа правам запржка - значи една лажичка брашно и една лажичка црвен пипер. Додавам околу 250мл томатело сос (или уште подобро ако имате домашен сос или ако не ве мрзи да рендате домати). Ставам вегета и чекам да зоврие. Откако ќе почне да врие додавам малку оригано и босилек. Кога сосот ќе се свари и ќе ја добие потребната густина го тргам од оган и ставам малку лук (а нема да погрешите и со лукче во прав) колку за вкус.
    Го сервирам врз шпагетите со пармезан...
     
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Дечки знаете ли некој убав сос со брокули што се прави на блендер? Или воопшто каков било сос од брокули? :)
     
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Кажете некој вкусен и испробан сос за чипс? :)
    Тенкју.
     
  7. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    можеш да пробаш со домашен кечап (мене поубаво ми е со домашен кечап ) или Томатело и да ставиш оригано внатре и убаво да измешаш. Доколку лутко, земи пикантен готов Томатело. Стави го чипсот во еден чорбалук и и одозгора изрендај повеќе кашкавал или нареди цели парчиња кашкавал и во микровална стави го дур се стопи кашкавалот или пак во некоја друга чинија и во рерна.


    Друг сос можеш да пробаш а е многу вкусен е да ставиш 2 лажици мајонез и 1 лажица сенф и оригано да ставиш и се убаво да измешаш. Меѓутоа да гледаш да не ти испадне многу течно, погусто нека е и чипсот макај си го во сосот.. прсти да излижеш :inlove:

    сега ми се пријаде :lol: ќе идам да си купам и напраам :lol: :rofl:
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Дали знаете некој убав сос за тортељини со спањак ? сум го пробала бешамел и тој со сланина и печурки ама сакам да сменам малку :))
     
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Незнам дали е за тука прашањево, ама ај..
    Знае ли некој рецепт од тартар сос, оној што иде во комбинација со пилешки прсти...мх мх
    На нет гледам различни рецепти, ако има некој што го има правено нека пише постапка :)
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Рендаш на најситното од рендето кисели краставички. Ги цедиш со раце од сокот. Додаваш мајонез, мн малку павлака, сол малку и бибер, и најважен е зачинот за тартар ( го има во веро,тинекс), и можеш малку сушен лук во прав. Се меша и треба да има средна густина, и да е хомогено, да не е ни водесто, а ни премногу да има кисели краставички рендани.
    Ние вака го спремаме дома, зошто купечките не ми се убави.
     
    На Hipica и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  11. redheaded

    redheaded Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Девојки дали знаете како се вика сосот, пред неколку години го имаше во продавници во сребрено - целофанско пакување, прашок со кафена боја, имаше прекрасен вкус, се раствараше со вода и се варење 2-3минути, со пилешки стек одеше перфектно, но за жал веќе одамна го немам сретнато по маркетите, не знам дали го сменија пакувањето, а името не му го знам.. :/ Еднаш кога бев на скара "Кај Злате" и таму послужија сличен, но ми беше срам да прашам ( дали воопшто и ќе ми кажеа за што станува збор) :/
     
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    ^^ Да не е сосот за пилешко со 4 вида на сирење?? Тој ме потсеќа на тоа, боженствено иде со стек :inlove:
     
  13. petrovalide

    petrovalide Нов член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Знае ли некој добар вегетариански сос за макарони/шпагети?
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Измиксај во блендер босилек, маслиново масло, малку лукче, индиски ореви и пармезан, ќе добиеш песто. Или ако те мрзи купи ги го готово го има во поголемите маркети. Не е скапо до 100 денари му е цената:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  15. redheaded

    redheaded Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Девојки конечно си го најдов сосот што го барав со години! :rock: Пакувањето му било сменето, затоа не сум можела да го најдам. Станува збор за Сос за печење од Подравка, го има во пакување од 500гр. и суп пресреќна :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    83.766
    Пол:
    Женски
    Како да направам бел сос со брокула за со тестенини ? :$
    Имам некоја замисла но доколку некоја прави и знае би сакала да ми каже :)
    фалааа
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Зависи што сакаш да ставиш. еве јас како правам. Брокулата ја цепкам на ситно, рачките исто ги сецкам и ги ставам и нив. Запржувам многу ситно кромитче и лукче малку и морковче, јас додавам и малку печурки свежи и обарената брокула да се спои се, додавам зачини од кои сол, бибер, дополнително лук во гранули, кари од мелница и малку оригано, јас ставам и вегета домашна, но ако немаш домашна стави си купечка. Откако се ќе се спои ставам убава количина павлака кисела, не слатка или за готвење и откако ќе се спои ги додавам сварените тестенини но сварени алденте, точно колку што пишува на кесичето, не како што знаеме ние да ги превариме. Кога варам тестенини за во сос, никогаш не ја истурам водата во која се вареле, напротив завршува со варење тестенините и ги оставам на страна во тенџерето со вода и со лажица црпалка за тестенини ги префрлам во сосот, ако ми е густо додавам од водата во која се вареле тестенините, таа е полна со скроб и ќе го разреди сосот но и ќе го згусне потоа да не биде течно, или пак доколку сосот ми е многу течен ќе ми го згусне ;)
     
    На galapce, Giovanna, Domakica и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена салата во поново време е цезар, па еве ви го мојот рецепт за прелив за оваа салата или мозе да си го искомбинирате со нешто друго.
    4-5 големи лажици мајонез
    1-2 мали лажички сенф
    1-2 големи лажици доматно пире или кечап
    1 голема лажица маслиново масло
    малку вода за да се разреде да не е многу густо
    неколку капки лимонов сок
    малку бибер, вегета, и јас си ставам и буковец.

    Се меша се заедно без вода, и водата на крај се додава за да можете да ја добиете густината која ја сакате. И готово спремен е за употреба.

    Ептен е вкусно. мњам

    Го постирам овој прелив затоа што се помачив додека го најдов.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве еден од моите најомилени сосови или намаз кога станува збор за тестенини (паста). Песто ала џеновезе. Му нема рамен а многу е лесен за подготовка. Еве ви комплетен рецепт со слики онака како што го приготвувам јас. Поздрав.

    Домашен намаз од босилек (Pesto alla Genovese)

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    еве ме повторно во рубриката за храна, овојпат со еден многу вкусен рецепт за намаз од босилек кој, верувајте ми, просто ќе ве воодушеви. Овој вид на намаз оригинално е познат под името песто ала џеновезе (Pesto alla Genovese), и е дефинитивно еден од моите најомилени намази кога станува збор за убав тањир паста. Во продажба може да најдете и готови теглички, меѓутоа во некои марки има конзерванси. Доколку обожавате да готвите и експериментирате во сопствените кујни, еве како да го подготвите сами дома.

    За 4 лица потребни ви се:

    [​IMG]

    - 100 гр. свеж босилек;
    - 15 грама индиски ореви;
    - 50 грама пармиџано;
    - 1 чешне лук;
    - малку маслиново масло

    [​IMG]

    Во еден блендер ставете ги сите состојки и блендирајте се додека не добиете убава кремаста структура. Ете вашиот намаз е готов. Обично во оригиналните рецепти наместо индиски ореви се користат пињоли, меѓутоа прво многу е тешко да се најдат кај нас, а друго доколку успеете да ги најдете чинат 2500 денари за кило. Оваа замена со индиски ореви е најверодостојна по вкус на овој намаз.

    [​IMG]

    Обично традиционално се подготвува рачно во сад за толчење на зачини, меѓутоа за тоа е потребно доста време. Доколку немате толку време или пак таков сад, може да го подготвите и во блендер како што ви прикажав погоре.

    [​IMG]

    Откако ќе ги сварите тестенините (по ваш избор шпагети, макарони или друг вид на паста), нанесете малку маслиново масло врз тестенините за да не се залепат и потоа врз нив ставете го намазот и убаво промешајте.

    [​IMG]

    Вкусот на овој намаз е фантастичен и незаменлив и доколку сакате да ги изненадите вашите гости со нешто уникатно ви препорачувам да го направите. Пастата може да ја конзумирате само со намазот, или по ваш вкус да ја збогатите со домат и моцарела.

    [​IMG]

    Се надевам дека и овој рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите.
    Поздрав и до скоро читање.

    Вики
     
    На Mishela, joy1 и Annath им се допаѓа ова.
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Карбонара сос (можеби на мој начин, но превкусен е :) )

    Потребни состојки:
    - кромид
    - сланина
    - макарони
    - вегета
    - сол (и други зачини- во зависност од вашиот вкус)

    Ситно исецканиот кромид и ситно исецкана сланина се пржат се додека не зарумени сланината.
    Се додава вегета и сол, се припржуваат уште малце па се додава 150 мл неутрална хопла.

    Мешате додека не згусне хоплата и послужувате додека е топол со претходно сварени и изладени ситни макарони.

    Толку :)
     
    На joy1, simoncelicius, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.