Запржи кромидче па додади печурки ,да заруменат и додај павлака за готвење или кисела павлака,нека се крчка на тивок оган, кари по вкус ставам јас околу една мала лажичка а некогаш и помалку Ако сакаш да ти е потечно додај малку вода Убав сос за со пилешко или за со тестенини
Здраво. Сакам да направам слатко-кисел сос ама на google неможам да најдам оригинален рецепт. Има некоја што знае како?
Имаш на сајтот рецепт за слатко-кисел сос, од @do-re-mi. Спојлер: ЛИНК http://www.femina.mk/рецепти/ваши-рецепти/пилешко-во-слатко-кисел-сос Јас го приготвувам вака и одличен е.
Јас правам нешто со компир чадено месо и на крај сето тоа го поливам со хопла за готвење па би сакала малку помош дали наместо ова хопла да ставам бешамел сос дали може да биде замена за хоплата
Во Austrian Palace во чаршија имам јадено пилешки прсти со преубав сос од мед и сенф, па сакам и сама да си го направам. Да не знаете некој рецепт, количински колку треба да се стави од медот и сенфот, сигурно има и други состојки?
Не знам колку е Цезар сос, меѓутоа на вкус ми е многу сличен. Количините секогаш ги дозирам од око - мајонез и кисела павлака во сооднос 1:1, и малку сенф. Во зависност од количината го дозираш сенфот, колку смесата да добие боја и да смени вкус. Јас додавам и оригано, а ако ти е премногу густа смесата, можеш да ја разредиш со малку вода, ама многу малку за да не стане ко супа.
Сос за тестенини со риба. 1 конзерва туна Доматно пире Зачини Се подгрева туната во тава со се зејтинот во неа, се става доматоно пире и зачин, се крчка некоја минута и се полева врз тестенините. Овој сос ми е испробан над 10000 пати и е многу вкусен.
Авокадо сос за тестенини и салати Едно авокадо се лупи, се сецка и се става во блендер. Внатре се додава една главица кромид, лимон една лажица, маслиново масло, зачини и две лажици павлака. Откако ќе се изблендира, може да се запржи, но и нема потреба. Ако сте фанатици на луто, се додава и чили. *Мене никој не ме праша за сосот ,чисто онака, желбовно се осеќам, па го споделив.
Јас со бифтек секогаш правам обични( читај: сосови стандардни, за било какво месо или тестенини), само готвам со рузмариново масло. Најубава фузија се прави од бифтек и рузмарин. Ова и не е некој сос, али ај, совет.
Има, да. Само друг пат може да си направиш. Јас сама го приготвувам. Чисти, измиени и исушени гранчиња рузмарин, ги покиснувам во маслиново масло 40 дена. Толку. После мас'та му ја вадам. И за масажа против целулити и слични на него проблеми, за готвење, за масажа на скалп...
Сос од блитва. Сецкана блитва и лукче , се пропржува со лажица брашно и зачини. Се трга настрана, да се олади, па во блендер заедно со кисело млеко, да се соедини. Го сакам ваков, лесен и затоа не го збогатувам со печурки, моркови и слично. Сакам кога секој сос си има свој мирис и интензитет, а не секој нов, да ми личи на претходниот.
За кари: го сечкаш ситно стекот, доколку не е замрзнуван нема потреба да го солиш. Ставаш малку зејтин и го запржуваш. Кога ќе се зацрвени ја додаваш кремата за готвење, се вари додека не се згусти убаво и при крајот додаваш од карито. Јас вака го правам, утре или во среда ќе правам, може и слики во чекор по чекор да ставам. Едит: Мене не интересира сос за шпагети како да направам бидејќи мама купила 1кг крем за готвење, немало помало пакување. Многу ќе ми е целото во стекот да го ставам, па да го искористам да не се расипе.