Сосови за месо, тестенини, салати....

Дискусија во 'Рецепти' започната од bile991, 13 октомври 2010.

  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.698
    Пол:
    Женски
    Да. Само пази кога ќе купуваш има и со помала масленост таа тешко се згустува. Земи со поголема масленост.
     
    На Leo-nora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.800
    Допаѓања:
    202.786
    Пол:
    Женски
    За кари ти кажале претходно, за карбонара вака оди. Вариш тестенини по желба. Во тава запржуваш сецкана панцета или сланина по избор. Во длабок сад убаво матиш две-три јајца, рендаш многу пармезан или пекорино или кашкавал ( кое сакаш од овие три) и мешаш убаво. Потоа врелите исцедени тестенини ги ставаш во јајцата и мешаш, значи пожелно е тестенините да бидат врели, оти јајцата така ќе се зготват. Потоа ја додаваш сланината, сол, црн бибер по вкус, сервираш и посипуваш со рендан пармезан/пекорино/кашкавал. Ова ти е основна верзија на карбонара, може да се прилагоди по желба. Внимавај со јајцата, секогаш да бидат свежи.
     
    На Petar80, Acka22, Leo-nora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    15.727
    Анет ова јајцата ги ставаш во исцедени тестенини,или има и од водата во која се вареле?
     
  4. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    За карбонара: Се варат макароните настрана а во меѓу време во тавче се запржува малку луче, потоа се додава сецкана сланина. Откако ќе се запржат убаво се додаваат макароните/шпагетите и се меша убаво. Настрана се матат јајца во зависност од количината на тестенините и во нив се ренда кашкавал и заедно се меша. Јајцата и кашкавалот не смеат да се турат во тавчето ако е на оган уште за да не се направи кајгана туку се трга од на оган па се истура јајцето со кашкаватот и се меша постојано додека не се соединат и кашкавалот не се растопи.

    Ова е моја модификација за макарони алфредо, мислам така се викаа: Во еден сад се ставаат макароните да се сварат, се цедат и оставаат да се оладат, во тавче се става луче да се пропржи, потоа се додава пршута и сланина и тие да се испржат , па се трга тавчето на страна. Во вог тава се реди ситно сечкан стек да се испржи и потоа се префрла во пајнче. Во истата тава се става спанаќ да се обари и потоа во него се додава павлака за готвење и се меша додека не се згусти. Во нив се додаваат макароните и се меша, потоа се додаваат стекот и сланината и пршутата, повторно се меша и на крај одозгора се ренда пармезан.

    За двава рецепти мерки немам, зависи за колку луѓе правам од око ставам се.
     
    На Acka22, anaja1 и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.800
    Допаѓања:
    202.786
    Пол:
    Женски
    Леле, дури сега го видов ова... исцедени тестенините, односно, ги вадиш од водата и директно во јајцата ги ставаш и мешаш, така што може да има малку вода. Најбитното е да не ги ставаш јајцата на оган, инаку ќе се сварат.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.217
    Пол:
    Женски
    Еден од моите омилени сосови е следниот.
    На загреан зејтин се ставаат околу 300 мл. томатело малку да поврие. Потоа се додава рендан димен кашкавал (стотина грама) кој ќе се растопи и ќе ја згусне малку смесата. Се додаваат и 2-3 големи лажици павлака при што убаво треба да се замеша за да не останат топчиња. Исто така во сосот се става малку мешан зачин и сушено нане во количина по желба. Пред да се извади се додава на врвот од кафена лажичка сода бикарбона и се меша при што сосот наеднаш станува пенест и густ. Јас обично не ги мерам количиниве туку од прилика го погаѓам. Со овие количини излегува сос од прилика за две порции тестенини.
    Во комбинација со варени шпагети е лудило иако и со обично лепче да се мацне е прсти да изедеш. :inlove:
     
    На srcence1607, Giovanna, Rubiii и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Многу често правам сос од зеленчук. Во масло запржувам кромид, морков, пиперка, тиквички, модар патлиџан (сето тоа ситно сецкано) потоа додавам 2-3 излупени и исечкани домати и оставам да проврие. Зачинувам со оригано, вегета, босилек. На крај излегува супер сос за тестенини.
     
    На eliesaab, TRANSPORTER086 и Mishela им се допаѓа ова.
  8. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.243
    Пол:
    Женски
    Дали некој го знае оној сос што го служат со пилешките прсти во кафаните?
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.126
    Допаѓања:
    81.627
    Пол:
    Женски
    Тартар? Јас имам моја верзија која ми е многу вкусна. :)
    Мајонез и павлака во сооднос 2:1, се мешаат добро. Се додава малку лук во прав и неколку ситно изрендани корнишони. Некои ставаат и кромид ама мене повкусно ми е со лук.
     
    На Rubiii и LanaDelR им се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.707
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Кој е тој димен кашкавал?
    Таков знам само на Здравје радово, чаден димен...
     
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    31.217
    Пол:
    Женски
    Па можеш од тој, тој е млечен и со него најубаво излегува. Исто така има и растителни димени ама тие не се баш убави.
     
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    recept za bel sos ako znae nekoj....
     
  13. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    23.448
    Пол:
    Женски
    Јас вака го правам. Во тавче ставам путер да се растопи. Откако ќе се растопи додавам брашно и мешам, па на крај постепено се додава млеко и се меша добро за да не се направат грутчиња.
    На крај ако сакаш ќе си додадеш зачини по вкус.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Девојки и женички, ајде некој да ми каже лесен рецепт за карбонара (макаронки) ? :)
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.126
    Допаѓања:
    81.627
    Пол:
    Женски
    Нека сподели некоја ако знае интересен сос за тестенини со авокадо. :)

    Обично го гмечам со вилушка и ставам зачини, но сакам да пробам нешто ново.
     
  16. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    908
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    http://gotvimesofico.mk/гвакамоле/
    Може не е конкретно за тестенини,ама мене ми одговара и за со шпагети пример :)
    https://moirecepti.mk/post/шпагети-со-авокадо-песто-посно-без-мас
    Ова го немам пробано ама вкусно личи.
    Јас обожавам авокадо,многу вкусна салата ми е варен компир,сирење и авокадо со маслиново и зачин за салата,или па ајсберг авокадо,зачин за салата и балсамико .мммм :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.126
    Допаѓања:
    81.627
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу @jok и @bebaa, не ми текна на импровизации со гвакамоле на пример. :lol:
    Ќе разгледам, најдов веќе неколку интересни рецепти кои морам да ги пробам, ви благодарам уште еднаш. :)
     
    На jok и bebaa им се допаѓа ова.
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.126
    Допаѓања:
    81.627
    Пол:
    Женски
    Покрај гвакамоле (кое наместо во тестенините, заврши како сос за чипс :lol: ) го приготвив овој сос од рецептов горе.
    Одвај се одлучив што да одберам од рецептиве, ама ги имав сите состојки во моментов и не ми беше пробан овој, па изборот падна на него. Навистина испадна многу вкусен и прелесен за подготовка.
    Препорачувам ако некоја не пробала.
    Фала Беба уште еднаш. :f:
     
    На didi1982 и bebaa им се допаѓа ова.