1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сосови за месо, тестенини, салати....

Дискусија во 'Рецепти' започната од bile991, 13 октомври 2010.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот последен сос, беше експеримент но одлично успеа, тие што го пробаа ептен го испофалија и кусо ни дојде.

    2 главици кромид
    2средно големи моркови
    1 паковање кечап во кесичка ( не малото од околу 10 ден големото од 20и нешто)
    2 мали лажички мед
    1 чаша за млеко јогурт
    2 мали лажички сенф
    300 грама маринирани печурки
    зачини по вкус, јас ставив сол, кари, буковска и магдонос, бибер.

    Се сецка ситно кромидот, морковот го изрендав на крупното на рендето, го запржив кратко на маслиново масло па додаов од око од водата во која се вареа тестените. Се пропржува додека омекнат кромидот и морковот, потоа ги додадов печурките, кратко пропржив па додаов јогурт, додав сол и по неколку минути мед и кечап - може и свежи домати но јас во моментот немав свежи домати. Пред самиот крај додадов 2 лажички сенф, кари, буковска сол, магдонос и бибер. Пропржив колку да се растопат и готово беше.

    Овој сосо е за некаде 300 гр тестенини.
    Подготовката не трае долго, од прилика колку што им треба на тестенините да се сварат.

    Преубаво за мој вкус, кој сака нека проба па нека пише.
     
    На Hecate, joy1 и Bebulleee им се допаѓа ова.
  2. Quincy

    Quincy Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2015
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    8.009
    Јас имам пробано со јогурт. Во моментот немав крем за готвење. И супер излезе сосот. Мислев нема да згусни, ама со текот на варењето се направи супер.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Кажете ми идеално како да направам сос од сенф и мед. Или испаѓа многу благ или горчлив. Зачини нешто ова она?:?:
     
  4. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Можеш да додадеш малку кари и сок од портокал или да додадеш соја сос, лимонов сок и маслиново масло.
     
    На Bebulleee и Tan4ence им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    Kazete proveren recept za pesto sos.
     
  6. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била некој голем обожавател на тестенини ама после овој рецепт на братучетка ми почнав со задоволство да ги јадам.

    Потребно:
    - Макарони (јас користам Дивела);
    -Павлака за готвење (народски кажано-неутрална хопла);
    -Свежи печурки;
    -Чадено месо по избор (врат, печеница и сл.) Или варен стек искинат на парчиња;
    -Спанаќ (една рака);
    -Кромид.

    Количините се прозиволни, зависи од вкусот, нема одредена мера, ако сакате да ви биде повеќе на месо ставете повеќе месо, ако сакате повеќе печурки ставете повеќе од нив, ако сакате да биде потечно ставајте повеќе хопла...
    Јас го правам со едно парче стек, 400 грама печурки и половина литар хопла.

    Се лупат печурките и се сецкаат. Се пропржуваат со кромид, сол и црн пипер. Откако ќе се пропржат се додава исецканото чадено месо (или искинатиот обарен стек). Сето тоа убаво се пропжува додека да испари водата што ја испуштаат печурките. При крај на пржењето се додава исецкан спанаќ. Откако спанаќот ќе омекни се додава хоплата. Се крчка сето тоа уште 5 минути и сосот е готов.
    Макароните се приготвуваат на стадарден начин. Можете целиот сос да го истурите во тенџерето со макарони, а можете и на секоја порција да им ставате на макароните од сосот одозгора. Тоа е ваш избор. А дека е превкусно - гарантирам.
    Мажот ми го фатив кај што срка од сосот од што му беше преубав.
     
    На hermosa, SunnyGirl2 и joy1 им се допаѓа ова.
  7. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Женски ај ве молам за помош. Бел сос како се подготвува, што производи ми требаат?
    Сакам да правам пилешко во бел сос.
    Ви благодарам
     
  8. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    81.363
    Земи си крем за готвење,наједноставна варијанта
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Бешамел сос се прави на следниов начин: на загреано масло пропржуваш 2 лажици брашно и кога ќе се запржи, додаваш чаша млеко додека континуирано мешаш со маталка да се згусне и да не се направат грутки. Мешањето ти е клучно. Зачинуваш со сол, бибер и готово. Ако е за со пилешко, можеш и сенф да додадеш, вкусно е.
    Количинава можеш да ја дуплираш ако сакаш повеќе сос.

    Попроста варијанта ти е хопла, во која исто можеш малку сенф да додадеш. Сенфот супер оди со пилешко.
     
    На Orchidea, mal.ecka, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.381
    Пол:
    Женски
    Имам јас една цела рецепта за пилешко во кремав сос и испаѓа таков бел сос.
    Се загреваат 2 големи лажици маргарин во тава и се става пилешкото се пржи од сите страни и во меѓувреме се додава сол и бибер и зачини по желба на пилешкото по 5 мин. Се вади и се покрива со фолија.
    200гр. Шампињони ги пржиш на истата тава со маснотија, се вадат и се тргаат настрана па пак во истата тава се пржи 1 лажица маргарин и иситнет лук се става додаваш и 1 лажица брашно и 75мл. бело вино. Потоа додаваш 150мл. павлака, 50гр. пармезан и 100гр. спанаќ се вади и врз таа тава одозгора се додав пилешкото заедно со печурките. Ако сакаш и во посебна тава можеш. И одозгора се става магдонос.

    Ете оваа рецепта вклучува пилешко, ама сосот можеш да го направиш и со било какво друго месо или слично.:)
     
    На joy1, Annath и Damata so marama им се допаѓа ова.
  11. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.123
    Допаѓања:
    3.468
    Пол:
    Женски
    Сос за шпагети.
    Шпагетите ги ставаме да се варат во вода со сол и масло.
    Во тавче за пржење ставаме масло да се загрее. Додаваме ситно сецкано лукче и се пропржува на ниска температура без да ни изгоре. Додаваме пршута посушена, исецкана( можете да пробате со секој вид салама чајна, врат, сланина но најубаво е со пршут)
    Во филчанче со ладна вода ставаме лажица брашно и мешаме.
    Настана рендаме мешано сирење.
    Во прженото ставаме куркума, рузмарин ,бибер.
    Додаваме една црпалка вода од шпагетите, динстаме малце, па го додаваме брашното со водата. Се добива убав сос.
    Шпагетите се цедат и се додава сосот и сирењето да се измеша.Се јаде топло и многу е вкусно.
     
    Последна измена: 10 април 2020
    На Hecate му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.361
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20220113_231133.jpg

    Здраво.
    Дали некој ги користел овие сосови од стокомак, дали се вкусни?
     
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.537
    Пол:
    Женски
    Мајонез , сок од лимон и сушен магдонос . Со панирани рибини прсти ( или како и да се викаат ) , со оние замрзнатите пилешки поховани производи , топ оди .

    Сос за шпагети
    [​IMG]
    Ова , главица кромид и мелено месо , може и лук во прав или други зачини по желба .

    Сос за пилешки стек - во масло се запржува брашно ( како за запршка за во манџа ) , се додава млеко , малку кари , куркума , бибер , сол .. може и други зачини , но ја вака го правам и печурки од тегло - маринирани ( ги запржувам посебно , па ги додавам во сосот со се течноста каде што се пржеле ) .
     
    Последна измена: 18 јануари 2022
  14. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    8.047
    Никогаш не можам да го искористам Томателото одеднаш, а после 3 дена ми е страв, иако не му е вкусот изменет.
    Го користите ли после неколку дена или треба да го фрлам?
    Не знам како да препознаам дека е расипано...
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.797
    Допаѓања:
    202.773
    Пол:
    Женски
    Мувлосува за брзо време, после три-четири дена од отворање. Купувај мали пакувања, од пола литро, а ако не ги користиш и тие цели, земи доматно пире како паста што е во туба, концентрат е, од него не треба многу да ставаш, две лажици, евентуално три, па вода ќе додадеш. Сосот ќе се згусне со крчкање.
     
    На MeowMeow, Aztec и Калатеа им се допаѓа ова.
  16. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Сакам да направам пилешко во сос со шпагети
    Гледав по нет има различни варијанти па незнам како е најдобро да ги приготвам
    Дали некоја од вас правела па да ми сподели рецепт како се највкусни
     
  17. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    зависи каков сос, бел , со кари, со домаи, се е по вкус
    месото исечкај го на коцки, пропржи го на малку масло, додај лазица сенф, зачини по вкус, ситно сецкано лукче и павлака за готвење, поклопи со капак и нека проврие 10тина минути. На страна свари ги шпагетите и полиј со сосот.
    месото исечкај го на коцки истиот рецепт без сенф, додај кари по вкус
    друг со томатело, ама тоа со мелено месо го правам така ми е повкусно
    иначе за пилешко истата постапка како погоре, на страна свари њоки, стави ги во тавче за печење од горе пилешкото со сосот и рендај кашкавал по желба, стави го да се пече околу 25 мин (ова ми е омилено)
     
    На Arja и blessed.an им се допаѓа ова.
  18. Unicorn_

    Unicorn_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Некој да ми каже каков сос можам да направам за динстано месо? ептен ми е суво така да го јадам
     
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    525
    Пол:
    Женски
    Многу интересна замена за хопла, за готвење што е неутрална ми се накиснати индиски ореви или преку ноќ или во топла вода неколку саати, ќе ги изблендам со соја млеко. Рецептот е со вода, ама јас со билно соино млеко си го правам почесто.

    Еве во моментов си јадам запржено пилешко со кари сос и после тоа издинстано со оваа „хопла“. Екстра е. Вреди да пробате. Рецептот ми е инспирација од Јанка Будимир, го има кај неа на профилот.

    Редактирам: Иначе за количина, за две порции може да идат 50г индиски, и малку отпразнета чаша за чај соја млеко или вода. Ако е погусто може да му доставите вода во тавчето додека го крчате, или ако ви е поретко, повеќе готвење и ќе згусне.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Морам да го напишам сосов пошто е ВРВ. Не знам каде го прочитав, не е целосно по рецепт, пола ми е импровизација. Состојките звучат чудно, но во комбинација се боли глава. Главно го користам за цезар салата, но исто може и за врапови во здрава варијанта.

    За цезар:
    Мајонез (јас користам Витанез пошто не јадам и најмалце ми има вкус на мајонез)
    лук (малце поголема количина, 2-3 чешниња од прилика)
    соја сос
    балзамико
    сол и бибер

    Немам мерка пошто се правам од ѓутуре и по вкус.

    За враповите кога ги правам се е исто само со павлака место мајонез.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.