Замислете дека на вас е дадена можност да изберете техничка влада составена од сите политички партии во рм изберете премиер и министри за сите министерски позици во владата на република Македонија со среќа
Вауууууууу човече, па ова прашање е потешко и од сложувалка со три илјади парчиња !!! Искрено пробав да направам некој редослед по рејтинг, по образование ама никако не ми иде.....секое делче ми е некако оштетено или бледо.....Богами ова е тешка задача и се откажувам но бидејќи тебе ти текна за оваа интересна тема би те предложила за претседател на собранието.
Јас би ја ставил Солза Грчева во техничката влада , незнам дали може или не , али би сакал она да биде дел од техничката влада. Одличен политичар и не е пиун или пак индијанец на вмро.
Мразам политика и се' што е на политичкава сцена и затоа ме нема во тие таквите теми, ама на ова не можев да одолеам. Таков раздор прават меѓу народов, а тој па слеп - не гледа дека никој не се грижи за народните интереси и права, туку само го користат за доаѓање на власт. Не сум видела друго вакво нешто од ова што се случува меѓу македонскиов народ. Албанциве се контраат, не се сложуваат божем, ама штом стане збор за некој нивен интерес или се случува нешто, тие одма во стил „двајца се караат - третиот користи“ и се соединуваат. Ние сме чудо. Од политичариве и политичкиве партии јас тоа сe' би запалила на плоштад, се' би истерала од земјава и сам народ нека владее. Ај, за да не биде без ич, не знам дали сте слушнале за здружението „Ленка“ што го води Апасиев. Не е ниту партија, ниту некаква владина/невладина организација, туку здружение налик синдикат кој го немаме. Ете, јас него би го ставила во техничка влада (заедно со негови истомисленици) да видам дали ќе се исквари или ќе ја подоправи државава.
Побрзо по врати би одела и рандом луѓе би избирала за техничка влада, отколку да бирам од моментаниве 'политичари' (читај - серковци). Секој би бил подобар од нив и би се грижел повеќе за државичкава.