help de4ki.... zna4i pravam pismena i mi treba tema na naslov приказни од училишните часови (клупи), ve molam pomognete ako mozite, nekoja ideja mi treba kolku da po4nam.....
На ина веќе и се заблагодарив во ЛП, па мислам дека редно е и на тенкаи да и кажам едно најголемо БЛАГОДАРАМ за составите...Благодарам, фала, грасиас, тенкју, сасиба и уште на многу други јазици!! Благодарам девојки
ЗДРАВОО!! Здраво Ми требaaт состави по македонски јазик итно за утре еве ги темите па ако можете нешто да ми напишете поздрав. 1.Светот е убаво место за живеење. 2.Моето Живеење ми овозможува остварување на сите соништа. 3.Училиштето може да не потикне да бидам поблиску до науката. Фала однапред се надевам ке добијам одговор!!
ve molam dali mozete da mi najdete ili da mi napisete nekoj tekst za nekoj sto zaminal prerano i mnogu vi nedostiga..
Види колку би ти помогнале.. Светот е убаво место за живеење Спојлер Удобно сместена во фотелјата, со чаша какао која ми ги опива сетилата си реков:‘Светот е убаво место за живеење‘. Општо во животот малите работи колку маково зрно ми го исполнуваат животот и барем за момент ми извлекуваат искрена насмевка. Ме прави исмолнета едно Здраво, Како си? - од соседот, неочекувана прегратка од некој близок, смеење додека не ме заболе стомакот, омилена храна.. Пред некоја вечер мајка ми од под креветот извади кутија со стари фотографии и два слоја прашина која ги покриваше. Седнати на подот до доцна во ноќта ги разгледувавме тиа извиткани, поткинати и пожолтени парчиња хартија кои раскажуваа тони приказни и мене и на мајка ми ни примамуваат насмевка. Ги обожавам оние т.н ‘машки‘ денови кои ги минувам со татко ми. Негова пасија-риболовот, а ја чудо од дете и целосна негова спротивност, не ја гаам истата љубов. Мислам дека тоа е толку досадно и монотоно, а тој постојано ми повторува дека така си ги прочистува мислите и се релакцира. Често му правам друштво покрај реката, тој со трската во рака, ја со книгава во рака и заполовувам низ фантастичните приказни. Заедно играме фудбал, компјутерски игри, а понекогаш и под една чаша пиво ќе се напиеме за ручек. Покрај моите родители, без пријателите сложувалката не би била целосна. Заедничкото безделничење низ парковите, шегите кои ги редиме како на синџир, заедничките излети и прослави, делење на сендвичот на пола.. да, тоа е мојот кислород без кој не би можела да дишам. Сите овие работи го разрешуваат крстозборот на Животот, својственото судоку, мистерија која е разрешена и загатка откриена. Светот е убаво место за живеење едноставно ако самиот си го направиш таков и си ги подредиш коцките по свој вкус, инаку тој би бил изопачен и апатичен, но јас му давам доза Љубов која го омекнува. Моето Живеење ми овозможува остварување на сите соништа Спојлер Живеам. Дишам. Творам. Умеам да си го направам светот како да тече мед и млеко, понекогаш и сок од јаболко кој инаку овде е напишан во негативен контекс затоа што тој вид на сок не го обожавам. Кога би го претставила животот на хартија најверојатно би нацртала морнарско кормило, би се означила со цртка горе, потоа доле, потоа некаде на средина.. тоа ќе ги асоцира моите подеми и падови, па и ретките балансирања во животот кои не можам долготрајно да ги одржувам. Така сум воспитана и без незаштитена од изопачесноста на светот, според дефиницијата на моите родители треба да ги почувствувам сите благодети на светот но и лошите работи, бидејќи патот не е секогаш асфалтиран, а мојата кожа не би била имуна на секој напад. Мојот труд и мојата љубов ми овозможуваат работите од сон да ги претворам во реалност, како со магично стапче од цртаните филмови. Штета што не се случува магијата во интервал од неколку секунди, туку ми требаат денови, месеци, а и години. Иако нетрпеливоста ми е лоша карактеристика, за некои работи вреди да се чека затоа што потоа доаѓаат слатки како јагода на шлагот. Амбициозноста, надежта и трудољубивоста ми ги оставруваат моите соништа. Не оставам моите соништа да се одвиваат единствено во креветот пред спиење и набљудувајќи ги ѕвездите.. не, ја станувам наутро и со сите сили го зграпчувам Денот и го трошам својот последен атом сила за да оставам белег на моето постоење.
А девојки, ако има некоја нешто маалку подетално околу Климент Охридски нека постира, за Похвалното слово имам ама за Климент немам многу податоци, а само уште тоа ми остана. Ви благодарам уште еднаш!
Ајде ве молам побргу ми треба за утре состав поврзан со македонските драми, значењето на македонските драми и традицијата го чува минатото /поврзано пак со драмите/ фала однапред...ве молам помагајте <3
Проза, поезија, цитати, извадоци може ли состав за образованието-пат до успехот и за летото-инспирација за нови авантури фала однапред
треба да напишам состав за драмата Печалбари. значи воведот ќе си го напишам. е сега треба главниот дел да го поврзам со воведниот а првата точка во главниот е мотивот на парите,љубовта,судбината на македонските печалбари.. ако може некој да помогне
Aj decki ako moze nesto ako imate ili ako moze da najdete tema pod ovie naslovi mit reba za sostav ve molam "Ulogata i znacenjeto na slovenskite prvouciteli KIRIL I METODIJ" 2.Klimentovoto "Pofalno slovo za Kirila" Oda za Sv Kiril 3. "O pismeneh" od crnorizec hrabar (potvrda za postoenjeto na slovenskata pismenost i odbrana na istata od nejzini pratiojici) ((Prvo literaturno - naucno delo, ZA BUKVITE) VE MOLAM
^Врати се на претходната страна, за тоа зборував таму имаш и за О писменех и за Похвалата, за Црноризец Храбар и за Кирил и Методиј мислам нешто..
Црноризец Храбар „О писменех“ (За буквите) Црноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна литература. Псевдонимот значи - калуѓер храбар. Се криел зад псевдоним заради засилената борба на грчкото свештенство против Словените и нивната желба за елинизација. Според податоците од неговиот текст „О писменех“ („За буквите“), дознаваме дека живеел во X век (уште се живи оние што ги виделе Кирил и Методиј), дека работел и творел во Охридската книжевна школа. Некои слависти сметаат дека зад псевдонимот се крие Наум Охридски. За жал, други податоци за него нема. О писменех („За буквите“) Текстот е напишан во X век, а е зачуван еден препис од XIII век, пронајден на Света Гора. „О писменех“ е краток полемичен текст (трактат) напишан на едноставен и конкретен начин. Темата е појавата и постоењето на словенската писменост, а идејата - да се докаже оправданоста на постоењето на таа писменост, нејзиното огромно значење, како и одбрана од нападите од тријазичниците (оние што ги сметале за свети само трите јазика: грчки, латински и еврејски). Текстот се состои од три дела: 1. историско - јазичен дел, со воспитен карактер; 2. полемички - во вид на прашања и одговори; 3. заклучок - во кој ја искажува својата љубов и гордост. Во првиот дел се изложени трите фази од развојот на писменоста на Словените. Првата фаза е кога Словените биле многубошци и кога тие немале своја азбука туку се служеле со црти и рески (некој вид на пиктографско писмо). Втората фаза е кога Словените почнале да се покрстуваат, да го примаат христијанството, но немале своја азбука, туку се служеле со туѓи писма: грчко и латинско (римско). Третата фаза е создавањето на словенската писменост од страна на Кирил и Методиј. Појавата на Кирил е претставена како божјо чудо. Тој ја создал глаголицата со 38 букви, од кои 24 биле создадени по образец на грчкото писмо, а 14 ги измислил сам, според гласовниот систем на словенскиот јазик. Во вториот дел тој полемизира со непријателите по класичниот систем: теза, антитеза, синтеза. Тезата е прашање, антитезата - одговор, а синтезата - заклучок. Тој се запира на три прашања: 1. Зошто бројот на буквите во словенската азбука е 38, а не 24 како во грчката? Одговара историски и аргументирано, па дури и со голема доза на подбив дека Грците не знаат со колку точно букви пишуваат. Бидејќи тиа навистина имаат 24 букви, но при пишувањето употребуваат уште 11 дифтонзи (двогласки) и три знака за броевите 6, 90 и 900, па така и кај нив се збираат 38 знака. 2. Зошто се потребни словенските книги и словенската азбука? На ова прашање одговара користејќи библиска и културно-историска фактологија. Со изнесувањето на податоците за постоењето на писменоста пред Евреите, Грците и Римјаните - Еѓипќаните, Персијанците, Асирците, тој ја разобличува лагата дека писменост постои само на трите од Бога дадени јазици. И во овој дел има остар јазик, нарекувајќи ги непријателите - безумни. А, тој секако докажал дека е многу умен и образован. 3. Кој Ви ги создал буквите? - прашање упатено кон непријателите. Во овој дел авторот отворено ги омаловажува Грците. Им укажува дека тие пред да ја создадат азбуката се користеле со феникиското писмо, дека многу мажи и долго време ја создавале грчката азбука, а потоа по долго време, за многу години 70 мажи го преведувале Светото писмо од еврејски јазик. Многу од грчките писатели не ги ни знаат имињата на создавачите на азбуката, ниту на преведувачите. Спротивно на Грците, кај даровитите Словени тоа го направиле двајца мажи - Кирил ја создал азбуката, а заедно со брат му Методиј ги превеле книгите. Со овие укажувања Храбар јасно ја изразил мислата дека Словените се во состојба не само да им се приближат, туку и да ги надминат народите со побогата култура од нив. Во третиот дел е истакната љубовта на словенските писатели кон творците на словенската писменост, нагласувајќи дека не постои некој што не го знае нивното име и дека тие се подготвени да го чуваат, заштитуваат и продолжат нивното дело, како што тоа го прави и авторот на овој текст. *КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ* Аз, буки, веди... Кирил згрбавен над слабата светлина, на белата хартија со петлово перо ги нижи светлозрачните букви. Буква по буква, збор по збор ја создава светлината на слепите, звукот на глувите. Таа глаголицата им ги отвори очите на заслепените Словени од германската и грчка власт. Тие светци Кирил и Методиј им ја даваат храната и водата на гладните и жедни Словени. Константин е роден околу 826/827 година како најмало односно седмо дете на Лав и Марија, а Методиј е најстариот син, сеуште не се знае точно која година е роден. Константинуште како дете покажува голем интерес кон науката и почнува да се школува во високи школи. Се вработува во Магнаурската школа (во која што и самиот се школувал) како професор по филозофија. Поради големата истакнатост и напредност во својата професија го добива прекарот филозоф. Подоцна во Хазарската и Сараценската мисија, Кирил придружен од својот брат Методиј, го ослабнува верското влијание на еврејските и арабските мисионери. За разлика од нив најважна била Моравската мисија. По праќањето на писмото од моравскиот кнез Ростислав да византискиот император Михаил III со молба да им испрати учени луѓе кои ќе ги описменат неуките Словени. Но, Слобениуте немале сопствена азбука. Со голема мака Кирил и Методиј им го даваат тој благодет. Но наскоро почнува неочекуваната војна со тријазичниците. Кирил храбро им се спротивставува укажувајќи дека Бог не рекол дека христијанството не треба да се проповеда на три јазици: еврејски, латински и грчки. Во 869 година се случуваат важни промени во словенската писменост. Римската црква официјално ја признава словенската писменост т.е. делото на Кирил и Методиј. Константин се замонашува и го добива името Кирил, а Методиј добива свештенички чин. По официјалното признавање на словенската писменост, Кирил се разболува. Набргу животниот пат на Кирил престанува, а на смртна постела му остава обврска на брата си Методија да ја доора започнатата нива односно и понатаму да ја шири словенската писменост. Но бидејќи животот е тркало кое непристрасно се врти, Методиј со неговите ученици се наоѓаат во тешка состојба односно зад решетки. Методиј исцрпен од борбата со германското општество умира, додека неговите ученици доживуваат пеколна судбина. Некои од нив после долгите измачувања биле протерувани од Моравија и Панонија, некои од нив повторно биле поробувани и немилосрдно продавани како робови, некои како што бил Горазд, кој што требало да биде Методиев заменик, им исчезнува трагата засекогаш. Делата на Кирил и Методиј ќе останат засекогаш да сведочат за тешката борба за описменување на словенскиот народ и како што кажува Климент во своите дела: „...Кога тие двајца ќе дојдат слепите ќе прогледаат, а глувите ќе слушаат...“ --------------------------------------------------------------------------------------- „Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски Похвално слово („Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“) Овој текст од Климент Охридски е една од најпоетичните творби од старословенската литература. Словото претставува химна во која се искажува топлата љубов и благодарност кон учителот (тема). Идејата е пофалбата на Кирил и повикот да се слави неговото име и дело. Композициски текстот е составен од четири дела: 1. Обраќање кон народот за големината и славната победа на Кирил. Еве, ни светна, христољупци, светлозрачниот спомен на нашиот преблажен татко Кирил, нов апостол и учител на сите земји, којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното божество, осветлувајќи го сиот свет... 2. Откажувањата на Кирил од животните радости. ... овој преблажен отец и учител наш ја остави сета убавина на овој живот, домот и богатството, татка си и мајка си, браќата и сестрите... 3. Подвизите и заслугите на Кирил во борбата против тријазичниците. ...И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувај- ќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение... 4. Пофалба за Кирил, каде во вид на химна го слави Кириловото дело. ...Затоа, да биде блажена твојата уста... ...Блажен го нарекуваме твојот многугласен јазик... ...Блажено да е твоето пресветло лице... ...Блажени да се твоите златозрачни очи... ...Блажени да се твоите ангеловидни зеници... ...Блажени да се твоите пречесни раце...твоите богодвижни прсти... ...Блажена да е твојата златозрачна утроба... ...Блажени да се твоите свети нозе...твоите златозрачни стапки... ...Блажена да е твојата пресвета душа... И со ангелите беше како ангел и со пророците пророк, со сите свети толкувач на славата божја. Стилот во словото е возвишен, но сосема разбирлив. Климент употребувал многу стилски фигури создавајќи така еден многу поетичен текст. Многубројните епитети се често двојни (како кај Хомер): многугласен, златозрачни, ангеловидни, богодвижни, светлозрачен итн. Честа е употребата на компарацијата при споредбите на Кирил со возвишените нешта - хиперболична компарација (како ангел, како орел ги прелета, како сонце итн). За засилување на Кириловите постигања употребува реторски прашања (...која уста ќе ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи...), контрасти, метафори (тревлив јазик), симболи (волци - за непријателите на словенската писменост), анафора (повторување на почетните зборови: блажени) итн.
Историјата на современата македонска поезија почнува со името на Рацин. Сета негова поезија е автентично поетско сведоштво за тешкиот живот на сиромашните, на аргатите и печалбарите. Доминираат социјалните мотиви, но и песни посветени на борбата и претстојната револуција. Творештвото на Кочо Рацин не се огледува само преку стихозбирката Бели Мугри, иако е таа негово врвно достигнување во областа на поезијата. Бели Мугри е протест и клетва против „животот кучешки“ на луѓето што се присилени да слугуваат некому. Низ стиховите се проткајува и тага, со болното прашање кој е виновник на народните страдања. Барајќи го срцето, поетот верува во него, во човечката љубов која еден ден мора да победи. Таа љубов кон малиот експлоатиран човек Рацин ја носел секогаш во себе и ја искажал не само еднаш во својата поезија, во песни како Копачите, Денови, Селска мака. Таа селска мака тој ја познавал исто онака како и својата, како и на работникот.Таа е полна со монотони, тешки, мрачни денови, работа од рани зори до темен мрак. Таквиот човек наутро излегува со надеж дека ќе обезбеди леб за семејството, а се враќа со несигурност дали и утре ќе има работа. Таа несигурност го тера да си го проколнува сопствениот живот: „Ај, пуст да е, пуст да би останал живот кучешки!“ На експлоатираниот му остануваат само маките и тешкиот труд, што ги исполнуваат аргатските денови, еднолични и тешки како ланци што го симболизираат ропството. Достоинството го нема, тоа е исчезнато во суровиот свет кој од луѓето прави робови. Мрачните денови на сиромашните, обесправените „им легнале та натежнале“ на плеќите, правејќи им го животот неподнослив. Песната Копачите има изразит револуционерен карактер, изразувајќи симболика преку оружјето што ќе го исчисти „троскотот, пелинот, тратот“, т.е. сето то што стои на патот на борбата како штетен елемент и што го преставува непријателот. „На работа! На труд!“ Само со борба и револуција изморените копачки и копачи ќе го добијат правото да ги прокопаат своите полиња за доброто на себе и својот народ. Кочо Рацин целиот свој живот и го посветил на борбата за бели мугри. Имал смелост да покаже на сите оние со нечовечки и нерамноправни односи. Верувал во силитена пролетеријатот во светот кои нашле одраз во неговата поезија. Рацин пеејќи за мачниот живот, ја искажува и својата верба во животот што наскоро ќе дојде, во силно светнатиот ден, во пробудените сили. Новите мугри се чисти, во нив ќе почне нов живот, силно ќе светне денот!
1.Изум 2.Амбиции 3.Патување Ако има некој што има некоја од темите ве молам пишете ми..немам инспирација .:/
Девојки неколку мисли за македонскиот народен јазик? Нешто околу тоа дека тој е нашото најголемо богатство,дека неписмениот човек е духовно сиромашен..
Help! aj mi treba za pismena ako mozeete da mi pratite ... TRADICIJATA GO CUVA MINATOT POEZIJATA NA RACIN I NEDELKOVSKI E IZRAZ NA BUNT PESNITE NA RACIN,HIMNA NA CRNO TRUDOVIOT NAROD I NA NEPOKOROT
Обожувам авантури и патувања. Да избегам од секојдневието и од сите луѓе. Да си го ослободам мозокот од сите грижи и обврски и да уживам во нешто ново, да запознаам нови работи и да искусам нови возбудливи доживувања. Животот е премногу краток за постојано да седиш на едно исто место.Патувањето е она што му треба на секого. Авионот слета на авионската писта на аеродромот Гетвик, Лондон. Кога излегов од авионот се воодушевив од глетката. Големината на аеродромот и метежот кој преовладуваше. Брзо се качивме на добро познатите двокатни црвени автобуси и тргнавме во срцето на Лондон, во центарот. Лондон е еден од најскапите градови во целиот свет. Тој е главен град на Англија и Обединетото Кралство. Се наоѓа на реката Темза. Се смета дека го изградиле Римјаните кои го нарекле Лондиниум. Интересно не? Застануваме на нашта прва станица, Националниот Марстим Музеј. Тој е еден од најголемите музеи од неговиот вид во целата земја. Кога влегов внатре што да видам! Во музејот се наоѓаа над два милиони предмети од историјата на Британија, од картографии, модели на бродови и чамци па се до научни инструменти и што уште не. Додека ги разгледував несвесно испуштав звуци на восхит. После тоа, отидовме на моето омилено место во целата земја. Биг Бенг. Добро познатиот часовник по кој е препознатлив Лондон. Изгледаше фасцинантно. Долго време овој часовник бил сметан за најголемиот во светот. Додека вџашено и возбудено гледав во неговата величественост и висина, го слушав инструкторот како раскажува за неговата историја. Бил изграден во 1885 година а бил пуштен во употреба на 7 септември 1859. Интересно е да напоменам дека лично го видов натписот на латински кој ме остави без збор на кој беше напишано ‘’ Боже, чувај ја нашата кралица Викторија I ‘’. Лондон е најголемата урбанизирана зона во Европа, нема сомнеж во тоа. Следната работа што ми беше овозможена да ја искусам беше патувањето со брод по реката Темза. Додека патуваме до таму го здогледувам големиот стадион на кој годинава ќе се одржат Летните Олимписки Игри. Се зачудив од неговата големина. Конечно поминуваме на ‘’ The Tower Bridge’’. Најголемиот викторијански мост постар од 100 години. Никогаш не сум го замислила толку раскошен и прекрасен. Дефинитивно изгледаше како бајка! Но, и патувањето со бродот под мостот не беше лоша работа. Тоа беше најголемото и најубавото доживување. Водата се брануваше и дуваше слаб ветер, додека бродот брзо патуваше а сонцето ни ги згреа коските. Иако дождот е мајка на Лондон, сепак сонцето огреа макар на половина час.Колку би сакала да се вратам и одново да ги преживеам сите тие четири исполнети денови во најубавиот град, во градот на моите соништа. Се би дала за уште еден здив, уште еден поглед и мирис во него. Патувајте. Како голем авантурист и трагач по нови нешта, ве советувам да патувате затоа што тоа е она што ќе ве задоволи и ќе ви го направи животот поубав и поисполнет, и секако ќе ви ја збогати вашата колеција на спомени кои ќе ги паметите до крајот на својот живот.
Ejj aj ako mozite da mi napisite opis na predmet prirodna pojavaa ili proleten pejzas Itnoo mi e!!Utre pravam pismena po makedonski.Ve molamm kazete mi nesto